Дали Исус Христос ќе дојде по втор пат?

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
До прашалникот требаше да стои извичник или можеби само точка, вака погрешно е разбрано. Во секој случај не се тоа мои зборови и не се прашувам јас себеси туку ги прашувам оние кои на ироничен начин пристапија на темава....
А не знам ти што очекуеш?
Тоа се све атеисти и за нив све е тоа измислена приказна.

Друго е прашањето, дали такви постови на оваква тема се игнорантна репетибилна патетика.
 
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
444
А не знам ти што очекуеш?
Тоа се све атеисти и за нив све е тоа измислена приказна.

Друго е прашањето, дали такви постови на оваква тема се игнорантна репетибилна патетика.
Сепак ова е тема религија и кој не сака не мора да учествува!
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Не. Знам дека го сметаат за пророк и дека го викаат Иса(или така нешто)

Какво толкување имаат они за неговото доаѓање, исто како кај христијаните или поразлично?
На арапски наби (пророк) Иса, кај муслиманите е сметан за пророк, не за Бог. И по нивно верување Иса треба да се врати втор пат, при што ќе го скрши крстот и ќе ги убие сите свињи (не се заебавам за ова). И во нивната верзија ќе го победи негативецот пандан на Антихристот, на арапски наречен Дажал. Тој Дажал е детално опишан како човек со едно око испакнато, нешто како оној глумецот Форест Витакер, а буквално на челото ќе му пишува на арапски кафир, т.е. неверник. После тоа ќе владее со земјата 40 години и пак ќе умре, а ќе биде закопан до гробот на Мухамед во Медина. Џамијата во Медина каде што е закопан Мухамед има уште 3 гроба. Во двата се закопани следбениците на Мухамед:

1. Абу Бакар, кој по сунитите е веродостојниот наследник на Мухамед, за разлика од шиитите кој сметаат дека Али е вистинскиот наследник.
2. Омар, кој е најзаслужен за првиот бран на проширување на исламот во Блискиот Исток. Со убивање немуслимани, разбира се.

Четвртиот гроб е празен и резервиран за Иса.
 
Интересно.Тоа е доказ дека сите религии имаат допирни точки. Малку сум го читал Куранот и знам дека и таму е спомнат Исус, но како Иса син на Мерием.Правите муслимани исто го почитуваат како и ние христијаните но онака како што е спомнато во погорниот пост. Тие не можат да разберат како е можно Бог да пострада со таква срамна смрт на крст и затоа го сметаат за пророк. Но ние знаеме дека Тој се жртвувал за да може да ни ги прости грвовите, ја примил казната за нив врз себе си. Но интересно е што и во куранот се спомнувало неговото второ доаѓање како и во библијата.Ете секогаш може бешто ново да се научи...Инаку целта на неговото второ доаѓање според библијата е да ги спаси оние кои веруваат во него и се покајале за своите гревови, а потоа живееле чисто и праведно, а да ги осуди оние кои живееле спротивно од тоа. Има доста стихови од библијата кои го потврдуваат ова погоре кажаното.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
600
Поени од реакции
1.662
Нели имаше шпекулации дека прво ќе дојде некој што ќе се прави Исус а после Исус кога ќе го види овој што дојде да се прави дека е Исус ќе му каже :
-„Еј ти што се правиш дека си Исус , јас не се правам дека сум Исус туку СУМ Исус и сега ќе видиш ти што се правиш дека си Исус, а не си Исус“. И после Исус ќе му ја скрши кичмата на тој што се прави дека е Исус ...
ако знае некој подетално да каже за ова предвидување и доаѓање ?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.511
Поени од реакции
9.410
Светото писмо завршува со зборовите "Еве ќе дојдам скоро? Да дојди Господе Исусе!"- Што мислите на ова прашање?
Vo biblijata nikade ne pisuva deka covekot ke se preseli na druga planeta, neli nekoj predviduva deka za nekolku godini ke pocne naseluvanje na Mars.....mislam deka Isus ni praka opomeni, no badijala..taka da ne mi se veruva deka ke dojde po vtor pat na zemjava..koja bi bila poentata na negovoto doaganje.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Тие не можат да разберат како е можно Бог да пострада со таква срамна смрт на крст и затоа го сметаат за пророк.
Не е поради тоа, туку поради материјализацијата на Бог во човек. Не можат да го сварат концептот на Бог од крв и месо, кој јаде, пие вода, си легнува да спие и слично. Иронично, исламот како религија е многу посличен со јудаизмот отколку со христијанството. Повеќе работи имаат ископирано од Стариот Завет, крв за крв, каменување на оние кои практицираат вонбрачен секс и слично. Христијаните се молат на исток, додека Евреите према Ерусалим. И муслиманите прво биле насочени кон Ерусалим, се дур Мухамед не добива директива од Господ преку ангел Гаврил (на арапски Џибрил) дека треба да се насочат кон кабата во Мека, која по нивно верување е изградена од Аврам/Абрахам (на арапски Ибрахим), кои и тие го сметаат за прататко како и Евреите. Разликата е што оние се сметат за лоза на првородениот син на Аврам-Исмаил, кој Аврам го имал со слугинката а со одобрение на Господ, затоа што жена му Сара била неротка. Кога станале старци Господ се премислил и решил дека ќе им даде дете и кога им го најавал на двајцава Сара се изнасмеала мислејќи дека Господ ја трола дека ќе остане трудна на 90 години и искоментирала-Бог ми донесе смеа, на што Бог возрватил-Не, тој ќе ви донесе смеа, мислејќи на детето што ќе го имаат. Им се раѓа син што ќе го крстат Исак што на еврејски преведено би било Смешко, по повод дијалогот дека ќе бидат насмеани. Евреите сметаат дека се од лозата на Исак, а Арапите од лозата на Исмаил, затоа се и во сукоб мислејќи секој за себе дека е од Бога избраниот народ. А од таму и таа муслиманска и арапска омраза према нив.
Иначе Аврам е закопан во Хеброн, моментално под владение на Палестина, во оној дел наречен Западен Брег. Местото каде што е закопан е поделен на пола, пола е џамија а пола е синагога, единствено такво здание во светот, а во центарот е гробот на Аврам, и двете страни имаат пристап по пола од гробот фасцинантно изгледа вака на слики и видеа. Затоа на Евреите им е битен Хеброн и затоа моментално се таму фокусирани на носење Евреи доселеници.
Втор ваков камен на сопнување им е Ѕидот на Плачот во Ерусалим. Таму се наоѓа Ал Акша џамија, трета најсвета џамија во исламот по тие во Мека и Медина, што по муслиманско верување е местото од каде што Мухамед се дигнал во рајот откога претходно со летечко магаре прелетал од Мека во Ерусалим а после посетата на рајот и назад во Мека во една ноќ. До Ал Акша е Куполата на Каменот, каде што се смета дека е првиот камен од кој Господ решава да ја создаде земјата. А и двата објекти се изградени врз разурнатиот храм на Соломон од каде што е останат само Западниот Ѕид, на Балканот познат и како Ѕидот на Плачот. Ал Акша и куполата се под исламска контрола и забрането е за евреи, а ѕидот под еврејска. Во 67-ма за време на т.н. шестдневната војна евреите за кратко го закачуваат знамето на Израел на куполата и одма го тргаат од страв дека ќе предизвикаат многу лоши последици со таа провокација.
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
Vo biblijata nikade ne pisuva deka covekot ke se preseli na druga planeta, neli nekoj predviduva deka za nekolku godini ke pocne naseluvanje na Mars.....mislam deka Isus ni praka opomeni, no badijala..taka da ne mi se veruva deka ke dojde po vtor pat na zemjava..koja bi bila poentata na negovoto doaganje.
Оф леле...што трпи земјава
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
...нема потреба да дојде,доволно е само да научиме да не го интерпретираме и користиме за свои небулозни цели и желби
...неговиот животен пат и неговите совети треба да бидат начин на живот за сите оние што веруваат во него
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
270
Поени од реакции
190
Vo biblijata nikade ne pisuva deka covekot ke se preseli na druga planeta, neli nekoj predviduva deka za nekolku godini ke pocne naseluvanje na Mars.....mislam deka Isus ni praka opomeni, no badijala..taka da ne mi se veruva deka ke dojde po vtor pat na zemjava..koja bi bila poentata na negovoto doaganje.
Како што првиот човек Адам се родил во оваа земја така и последниот ќе е на оваа земја..
Така да и јас мислам дека нема да ни биде дозволено во марс..
 
H

Hyperion VI

Гостин
Убаво,ама зошто во "Откровение на Јован",се спомињаат некои 144.000 евреи од 12 израелски племиња кои ќе добијат така да го наречам "premium account",нели е тоа малку пристрасно.
Зошто и мојот комшија верник да не биде во тие избрани?
Ете има теолози,нека ја објаснат книгата на Јован Богослов.
Отсекогаш ми била збунувачка,
а токму таму највеќе се говори за второто доаѓање на Христос.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Интересно.Тоа е доказ дека сите религии имаат допирни точки. Малку сум го читал Куранот и знам дека и таму е спомнат Исус, но како Иса син на Мерием.Правите муслимани исто го почитуваат како и ние христијаните но онака како што е спомнато во погорниот пост. Тие не можат да разберат како е можно Бог да пострада со таква срамна смрт на крст и затоа го сметаат за пророк. Но ние знаеме дека Тој се жртвувал за да може да ни ги прости грвовите, ја примил казната за нив врз себе си. Но интересно е што и во куранот се спомнувало неговото второ доаѓање како и во библијата.Ете секогаш може бешто ново да се научи...Инаку целта на неговото второ доаѓање според библијата е да ги спаси оние кои веруваат во него и се покајале за своите гревови, а потоа живееле чисто и праведно, а да ги осуди оние кои живееле спротивно од тоа. Има доста стихови од библијата кои го потврдуваат ова погоре кажаното.
Камо докази за ова?
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931

Можеби е метафора за будење на Исус архетип во сите нас, да ти се отвори чакрата на срцето шо би рекле во нју ејџот...

  • Jesus always speaks the truth. ...
  • Jesus asks for more and offers more. ...
  • Jesus values us more. ...
  • Jesus values all of us. ...
  • Jesus is motivated by compassion. ...
  • Jesus forgives.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Убаво,ама зошто во "Откровение на Јован",се спомињаат некои 144.000 евреи од 12 израелски племиња кои ќе добијат така да го наречам "premium account",нели е тоа малку пристрасно.
Зошто и мојот комшија верник да не биде во тие избрани?
Ете има теолози,нека ја објаснат книгата на Јован Богослов.
Отсекогаш ми била збунувачка,
а токму таму највеќе се говори за второто доаѓање на Христос.
Тоа е символичен број кој се однесува за евреите од апостолскиот број и од бројот на 12те Израилеви племиња, кој се толкува како умножување на апостолството и не се ограничува спасувањето само на евреите туку на сите луѓе и се' што е создадено....
Треба да се знае дека е заменето Дановото племе со Левииното, бидејќи од него ќе произлезе Антихристот.
Инаку оваа книга на Апостол Јован се користела како Литургиско-химнографски текст и има смисла да се толкува во рамките на Црквата преку светите отци во Светиот Дух за полезно да се разбере, сите оние надворешни толкувања сосе Холивудските проекции 99% се инфантилно, застрашувачки и промашени.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom