Дали Истокот е реална алтернатива за Македонија?

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.548
Поени од реакции
27.375
Izumiv da ti repliciram.

Kako sto pisav, nesposobnosta okolu vodenje drzava proizleguva od pristapot i sfakjanjata nasi okolu drzava i drzavnost. Toa sto go opisa ti e od edna strana posledica, od druga strana nas univerzalen izgovor deka sekogas drugite se krivi ama nie ne.
Според мене, не можеш да кажеш дека сме неспособни или не, затоа што од прв момент почнаа да се мешаат, повеќе би кажал неискусни. Прва интервенција беше уставот, кој од национален на Социјалистичка Република Македонија, не натераа да го направиме граѓански (пази го апсурдот, во социјалистичка ера имавме национален устав). Па после моравме да се откажеме од малцинствата во соседните држави. Па после неможевме да влеземе во ОН под уставно име, па ни ја залепија кованицата БЈРМ, па после промената на знамето. Во овие први 10 години на нашата независност, на некој начин имавме поголема контрола врз државата и иако трпевме притисоци како од надвор, и иако НГО-ата ровареа внатре, и иако имавме внатрешни безбедносни турболенции (Илирида 1993, Гостивар 1997), и иако имавме тешки ембарга, некако излегувавме на крај и во 2001 година покажавме дека сме спремни и за поголеми предизвици. Во многу краток период државава како нашата, без никаков проблем регрутираше 70-80К војници и полиција. Буквално имаше луѓе, доброволци кои ги враќаа. Успеаа нашите, навјеројатно преку Виктор Боут, иако под тешки ембарга, како така да донесе тенкви, хеликоптери и авиони.

Значи тоа мене ми збори дека иако без многу искуство, во првите 10 години, под неверојатно тешки услови, со 45% невработеност, со тешка немаштија успеавме некако да пребродиме многу сериозни предизвици. Што се дешаваше после 2001 година, веќе не зависеше воопшто од нас. Албанците ја превземаа државата, војската ни ја укинаа и веќе УЧК стана газда во Македонија. Тоа не е дека ние тоа го дозволивме, тоа се виде во 2001, туку дека некој друг посилен ги постави УЧК за свои сатрапи.

Значи ја разбирам онаа утеха „кога ти е за све другиот крив“. Но кога ќе видиш реално, кај нас за жал е таква работата. Дури и да сме биле неспособни, според тоа што се случуваше, нашата неспособност не можеше никако да дојде до израз, затоа што све што се деси во Македонија, беше предвидено и планирано на малце повисоко ниво и без разлика каков отпор и да дадевме, тоа ќе завршеше така.

Затоа страшно ме иритира ставот „Ваков глуп и неспособен народ не заслужува држава“. Затоа и ми беше прашањето кон дотичниот како се понашаат нашите во Германија и воопшто на западот. Ете некој ми реплицира дека е ради законите, ама видовме дека законите немаат никаква врска. Се понашаме добро, дека во нашата традиција е вкоренето тоа добро понашање, дека дедовците ни се понашале цивилизирано секогаш кога ќе отишле на гурбет. Ти си Кичевчанец, кажи ми колку пекари познаваш што отишле низ светот и кажи ми кој од нив е неуспешен? Дали воопшто има неуспешни? А претежно тие не биле ниту образовани, па некои дури ниту писмени. Значи не е како што вика дотичниот дека е ради образованието (демек необразованите останувале во МК). Значи прашањето е повеќе зошто се понашаме вака во Македонија. И затоа сметам дека е тоа од некаков револт и од немоќ да се сменат работите, а не дека сме таков пакосен народ.

Тоа размислување, тој став и тој наратив е тој што е поттикнат од НГО-ата, за да полесно западот ги достигне целите кај нас (сегашната ситуација). Тој став ја шири апатијата и ни кажува дека нема што да очекуваме, пошто „сме глуп народ“. Види го погоре муабетот и ќе видиш буквално во вистинска смисла на зборот што значи корисен идиот.
 
Последно уредено:

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.739
Поени од реакции
4.497
Што требаше да направиме за сега да бидеме во ЕУ како Бугарија и Романија?

Тоа е логичното прашање откако некој ќе се изјасни дека до нас е тоа што не сме во ЕУ.
Автоматски споено мислење:

Систем имале?

Кај пишуе у нивниот систем дека треба да се помилуваат воени злосторства?
Нигде. А сепак на нас го применија тоа.
Кај пишуе у нивниот систем дека народ не смее да има национални симболи на знаме, грб...?
Нигде. А сепак на нас го применија тоа.
Кај пишуе у нивниот систем дека за да се зачлениш у НАТО, треба да смениш име?
Нигде. А сепак на нас го применија тоа.
Кај пишуе у нивниот систем дека апартхејд треба да биде?
Нигде. А сепак на нас го применија тоа.

и да не набројувам понатаму
Проблемот е што имаш погрешна премиса.

Почнуваш од моментот дека членство во ЕУ или во НАТО е воопшто потребно.

Некои од најпамтените народи не се во ЕУ во НАТО или ниту во едната ниту во другата организација.

Тоа што го зборуваш нема врска со систем туку се работи за класична дволичност што е уште еден факт во моја корист.

Доколку си глуп и бескорисен ќе те мавтаат како сакаат.

Да имавме Д од дипломатија сигурно немаше да ни се случи се што е веќе поминато.

За тоа реално Америте и Британците се број 1.

Мислам дека овој беше цитатот на британскиот парламент.

”We have no eternal allies, and we have no perpetual enemies. Our interests are eternal and perpetual, and those interests it is our duty to follow.”

На ниво на држава не постојат пријатели само интересите се вечни.

Не сум против членство во ЕУ и НАТО ама имавме 30 години да створиме држава и институции и не го направивме тоа.
 
Ти или не си живеел во Македонија или си тотално одвоен со реалноста.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.195
Поени од реакции
30.372

Почнавме закани и уцени да ги сметаме за дипломатија :icon_lol:
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.968
Поени од реакции
5.115

...освен ако сметаш дека средбите на претседателско или на некое пониско политичко рамниште, се сведуваат на чисто и строго диплотамски протоколи, кои наликуваат на манирите од некогашната европска политичка аристократија...со бели ракавици, како неизбежен „декор„.

Еве, имаш непосредни учесници и сведоци меѓу македонските (по национланост) политичари, кои како живи сведоци, посочуваат дека „западните„ мудреци, кои ни доаѓаат дома да ни солат памет, на наша земја не‘ прават пониски и помалку вредни од некое африканско племе...

Да, заканите и уцените се неодвоив дел од денешната дипломатија, особено кон земји кои се ем слаби, ем самите бараат да бидат „упикани„ во некое богато друштво.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.105
Поени од реакции
83.652
Проблемот е што имаш погрешна премиса.

Почнуваш од моментот дека членство во ЕУ или во НАТО е воопшто потребно.

Некои од најпамтените народи не се во ЕУ во НАТО или ниту во едната ниту во другата организација.

Тоа што го зборуваш нема врска со систем туку се работи за класична дволичност што е уште еден факт во моја корист.

Доколку си глуп и бескорисен ќе те мавтаат како сакаат.

Да имавме Д од дипломатија сигурно немаше да ни се случи се што е веќе поминато.

За тоа реално Америте и Британците се број 1.

Мислам дека овој беше цитатот на британскиот парламент.

”We have no eternal allies, and we have no perpetual enemies. Our interests are eternal and perpetual, and those interests it is our duty to follow.”

На ниво на држава не постојат пријатели само интересите се вечни.

Не сум против членство во ЕУ и НАТО ама имавме 30 години да створиме држава и институции и не го направивме тоа.
да, да, тоа е една од најчестите куртонизми: Не знаеме да пливаме.

иначе Западот не се постави со двојни аршини кон нас, ние сме криви не знаеме да пливаме.

Сосема погрешно. Станува збор за двојни аршини, а не за незнаемедапливаме.
Те прашав, кого Западот тераше да помилува воени злосторства и тн. и тн,?

Сето она што Западот го примени кон нас, не го примени кон никој друг.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.548
Поени од реакции
27.375
Да, заканите и уцените се неодвоив дел од денешната дипломатија, особено кон земји кои се ем слаби, ем самите бараат да бидат „упикани„ во некое богато друштво.
Дали сериозно мислиш дека ако не баравме да „влеземе во некое богато друштво“ ќе имавме некаков избор, или едноставно ќе ни сменеја влада што „бараше да влезе во некое богато друштво“.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.739
Поени од реакции
4.497
да, да, тоа е една од најчестите куртонизми: Не знаеме да пливаме.

иначе Западот не се постави со двојни аршини кон нас, ние сме криви не знаеме да пливаме.

Сосема погрешно. Станува збор за двојни аршини, а не за незнаемедапливаме.
Те прашав, кого Западот тераше да помилува воени злосторства и тн. и тн,?

Сето она што Западот го примени кон нас, не го примени кон никој друг.
Ти одговорив веќе. Тоа се двојни стандарди. Ние сме слаби и прости и ќе се заебаваат со нас.

Нешто како ситуацијата во Украина наспроти ситуацијата во Тајван.

Тајван се паметни, Украина се глупи.

Доколку знаевме што правиме ќе си го теравме нашиот интерес. Светот е суров не знам што би рекол повеќе.

Во идеална ситуација ќе не биваше за дипломатија и ќе ги усогласевме нашите интереси таму каде што ни одговара највеќе.

П.С Воедно сме и сиромашни што е дополнителен проблем
Автоматски споено мислење:

Почнавме закани и уцени да ги сметаме за дипломатија :icon_lol:
Да и тие се дел од дипломатијата. Светот е сурово место. Тој што е силен користи сила тој што не е треба да биде по снаодлив.

Не оправдувам тоа што го прават они ама таму стигнале пошто биле попаметни од другите.

Британците го имаа пола свет освоено и не беше се само со сила.

Имаш тактични сојузи и војни се во нивен интерес.

Еве на пример ситуацијава во Европа Америте си јас скроија по нивен тек. Слаба Европа, слаба Русија, силна Америка.
Автоматски споено мислење:

Ти или не си живеел во Македонија или си тотално одвоен со реалноста.
Океј ти држи вода муабетов. Ама поентата ми е дека луѓето ја прават државата.

Еве земи ги Србија, Бугарија, Грција немаат они етнички проблем како нас па пак се срање скоро исто како нас.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.105
Поени од реакции
83.652
Ти одговорив веќе. Тоа се двојни стандарди. Ние сме слаби и прости и ќе се заебаваат со нас.

Нешто како ситуацијата во Украина наспроти ситуацијата во Тајван.

Тајван се паметни, Украина се глупи.

Доколку знаевме што правиме ќе си го теравме нашиот интерес. Светот е суров не знам што би рекол повеќе.

Во идеална ситуација ќе не биваше за дипломатија и ќе ги усогласевме нашите интереси таму каде што ни одговара највеќе.

П.С Воедно сме и сиромашни што е дополнителен проблем
Автоматски споено мислење:

Да и тие се дел од дипломатијата. Светот е сурово место. Тој што е силен користи сила тој што не е треба да биде по снаодлив.

Не оправдувам тоа што го прават они ама таму стигнале пошто биле попаметни од другите.

Британците го имаа пола свет освоено и не беше се само со сила.

Имаш тактични сојузи и војни се во нивен интерес.

Еве на пример ситуацијава во Европа Америте си јас скроија по нивен тек. Слаба Европа, слаба Русија, силна Америка.
Автоматски споено мислење:

Океј ти држи вода муабетов. Ама поентата ми е дека луѓето ја прават државата.

Еве земи ги Србија, Бугарија, Грција немаат они етнички проблем како нас па пак се срање скоро исто како нас.
И?

Ако и ти признаваш дека станува збор за двојни стандарди, зашто тие не важат за другите него само за нас?

Него батали тоа, објасни ми за кој курац после 30 години двојни стандарди кои само за нас важат, ние уште да гледаме кон евроинтеграции?

Нема логика.

Нема потреба од ориентирање кон Западот, кога истиот Запад работи за албанската кауза 30
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.968
Поени од реакции
5.115
Дали сериозно мислиш дека ако не баравме да „влеземе во некое богато друштво“ ќе имавме некаков избор, или едноставно ќе ни сменеја влада што „бараше да влезе во некое богато друштво“.
Самиот го даваш одговорот на своето прашање.

Да, ако во времињата од стекнување на „независноста„ нашите „стратези„ не бараа/аплицираа за влез на „нашата земјата„ во евро-атлантските интеграции, „западот„ ќе ни дадеше „понуда што не ќе можевме да ја одбиеме“.

Но од друга страна, папагалското преповторување (од „Киро енд компани„) дела влезот на Македонија во „ЕУ и ОТАН нема алтернатива„, создаде привид на „као„ немање алтернатива, без навистина да ни биде понудена алернатива и без самите (како народ и држава) да побараме и поинаков начин на битисување, како што го предложија некои мали и небитни партии, во раните ‘90-ти.

Еве, сега, во реално време, „го береме тоа што сме го жнееле„ од „безалтернативниот„ избор.

„Нашата земјата„ е премногу заглавена во својот „безалтернативен избор„ и во своето (дез)интегрирање и во догледно време ќе си бидеме вазали на својот избор.

Народот, нормално, не беше прашан дали и што сака понатаму...
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.739
Поени од реакции
4.497
И?

Ако и ти признаваш дека станува збор за двојни стандарди, зашто тие не важат за другите него само за нас?

Него батали тоа, објасни ми за кој курац после 30 години двојни стандарди кои само за нас важат, ние уште да гледаме кон евроинтеграции?

Нема логика.

Нема потреба од ориентирање кон Западот, кога истиот Запад работи за албанската кауза 30
Иницијалниот муабет беше нешто друго. Ако не те мрзи прочитај од почеток.

Запад работи за западната кауза т.е Америка за америчката, Британија за британската итн.

Да бевме ние паметни т.е ние и тие околу нас денес ќе имаше балканска федерација/конфедерација.(Али и ова е небитен муабет)

На кратко муабетот е дека 30+ години без разлика дали ќе влезевме во ЕУ и НАТО можевме да направиме реформи.

Факт е дека ние сме најдискриминирани од било која потенцијална членка на НАТО/ЕУ со можеби исклучок на Босна и Турција.

Ама не е тоа суштината.

Дали НАТО/ЕУ, Русија или Кина се виновни за милион проблеми што ги имаме во Македонија од типот на корупција, катастрофално здравство, непостоечка инфраструктура и ред други работи за кои можам книга да напишам?

Тоа ми беше поентата во инцијалниот пост.

Барем мене ми е смешен муабетот да дискутирам кај ќе идам на одмор, а дома немам за леб да јадам.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.402
Поени од реакции
5.797
Според мене, не можеш да кажеш дека сме неспособни или не, затоа што од прв момент почнаа да се мешаат, повеќе би кажал неискусни. Прва интервенција беше уставот, кој од национален на Социјалистичка Република Македонија, не натераа да го направиме граѓански (пази го апсурдот, во социјалистичка ера имавме национален устав). Па после моравме да се откажеме од малцинствата во соседните држави. Па после неможевме да влеземе во ОН под уставно име, па ни ја залепија кованицата БЈРМ, па после промената на знамето. Во овие први 10 години на нашата независност, на некој начин имавме поголема контрола врз државата и иако трпевме притисоци како од надвор, и иако НГО-ата ровареа внатре, и иако имавме внатрешни безбедносни турболенции (Илирида 1993, Гостивар 1997), и иако имавме тешки ембарга, некако излегувавме на крај и во 2001 година покажавме дека сме спремни и за поголеми предизвици. Во многу краток период државава како нашата, без никаков проблем регрутираше 70-80К војници и полиција. Буквално имаше луѓе, доброволци кои ги враќаа. Успеаа нашите, навјеројатно преку Виктор Боут, иако под тешки ембарга, како така да донесе тенкви, хеликоптери и авиони.

Значи тоа мене ми збори дека иако без многу искуство, во првите 10 години, под неверојатно тешки услови, со 45% невработеност, со тешка немаштија успеавме некако да пребродиме многу сериозни предизвици. Што се дешаваше после 2001 година, веќе не зависеше воопшто од нас. Албанците ја превземаа државата, војската ни ја укинаа и веќе УЧК стана газда во Македонија. Тоа не е дека ние тоа го дозволивме, тоа се виде во 2001, туку дека некој друг посилен ги постави УЧК за свои сатрапи.

Значи ја разбирам онаа утеха „кога ти е за све другиот крив“. Но кога ќе видиш реално, кај нас за жал е таква работата. Дури и да сме биле неспособни, според тоа што се случуваше, нашата неспособност не можеше никако да дојде до израз, затоа што све што се деси во Македонија, беше предвидено и планирано на малце повисоко ниво и без разлика каков отпор и да дадевме, тоа ќе завршеше така.

Затоа страшно ме иритира ставот „Ваков глуп и неспособен народ не заслужува држава“. Затоа и ми беше прашањето кон дотичниот како се понашаат нашите во Германија и воопшто на западот. Ете некој ми реплицира дека е ради законите, ама видовме дека законите немаат никаква врска. Се понашаме добро, дека во нашата традиција е вкоренето тоа добро понашање, дека дедовците ни се понашале цивилизирано секогаш кога ќе отишле на гурбет. Ти си Кичевчанец, кажи ми колку пекари познаваш што отишле низ светот и кажи ми кој од нив е неуспешен? Дали воопшто има неуспешни? А претежно тие не биле ниту образовани, па некои дури ниту писмени. Значи не е како што вика дотичниот дека е ради образованието (демек необразованите останувале во МК). Значи прашањето е повеќе зошто се понашаме вака во Македонија. И затоа сметам дека е тоа од некаков револт и од немоќ да се сменат работите, а не дека сме таков пакосен народ.

Тоа размислување, тој став и тој наратив е тој што е поттикнат од НГО-ата, за да полесно западот ги достигне целите кај нас (сегашната ситуација). Тој став ја шири апатијата и ни кажува дека нема што да очекуваме, пошто „сме глуп народ“. Види го погоре муабетот и ќе видиш буквално во вистинска смисла на зборот што значи корисен идиот.
Што бе во тие први 10 години од независност на Македонија? Сме успеале да се справиме со предизвици ?
Првенствено трагедија е само од себе што Македонците воопшто не сакаа независност, туку сакаа да продолжат да си живеат во идна Србославија, капак на тоа тие истите да направат невидена пљачка, воена опрема за кои моите родители, баба дедо...цела Македонија 45 години плаќале даноци за тоа да биде собрано во еден ден за некое ратиште...каков беше исходот во 2001 година,ако цело тоа вооружување беше на готовс? Мочана Бугарија да ни дава тенкови...
Кога викаш дека Виктор Боут бил посредник, запрашај се зашто воопшто имало потреба од такво нешто!

Па во тие години следи и масовната приватизација кадешто тие озлогласени приватизатори си го поделија колачот, она што 45 години се вложувало и повторно без никаков бунт сето тоа помина,што дури денеска населението ги смета за господа луѓе истите тие. Да не спомнувам БЈРМ, промена на знаме, обид за атентат на претседател, грабеж преку ТАТ...најтрагичниот дел ми е обидот за палење на туѓа амбасада! Да било организирано од гневот на народот поради постапки на туѓи земји кон нас, не би имал никакви замерки ништо! Но палењето беше поради постапки кои и штетеаа на Србија...мизерно

После сите се чудат зашто ни се исподесија срања и војна во 2001, мислиш некој ќе ја заборави таа постапка? Ако некогаш сме фигурирале во равенката од тој момент па натаму ние не постоиме за нив, не заменија со диво племе.
 
Член од
12 август 2024
Мислења
195
Поени од реакции
499

Немој така за Србија, ќе те направат бугарофил одма. Колку само има народ што го мава на србендите и си има наметнето комплекс на ниска вредност. Ова постарите генерации се прави телетабиси кога ќе ги прашаш за периодот од 1912та до 1939та и дали знаат за тиквешко востание и како завршило, за охридско дебарско востание, за Јован Бабунски и неговите злосторства по источна Македонија.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.654
Поени од реакции
4.280
најтрагичниот дел ми е обидот за палење на туѓа амбасада! Да било организирано од гневот на народот поради постапки на туѓи земји кон нас, не би имал никакви замерки ништо! Но палењето беше поради постапки кои и штетеаа на Србија...мизерно

После сите се чудат зашто ни се исподесија срања и војна во 2001, мислиш некој ќе ја заборави таа постапка? Ако некогаш сме фигурирале во равенката од тој момент па натаму ние не постоиме за нив, не заменија со диво племе.
Наклонетоста на Америка (и западот воопшто) кон Грците и Албанците во регионов нема апсолутно никаква врска со таков мал и безначајен настан како палењето на амбасадата. Ако им беше тоа битно, немаше да имаат сигурно симпатии кон народот кој има најмногу борци по глава на жител во ИСИС, а против нив. Тоа е дамбетер од палење на амбасада.
Тоа си е политика по која они си се водат стотици години веќе. Едноставно ние не им одговараме за сојузник ради тоа што сме православни словени, исто како и најголемиот непријател на западот - Русија и ради тоа никогаш нема да бидеме доверлив партнер во нивни очи. Спротивно на тоа, Албанците се најголемата контра тежа на православните словени на Балканот и со тоа си го добиваат следувањето т.е. безрезервна поддршка од западот. Затоа Британија и Франција се бореле на страна на Турција во Кримска војна, затоа цел запад го свикува Берлински Конгрес за да го редефинира Сан-Стефано, затоа беа на страна на УЧК во 2001-ва. Тоа е политика по која си се водат непрекинато цело време и нема никакво влијание (не)палење на амбасада во нашиот случај.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.195
Поени од реакции
30.372
Да и тие се дел од дипломатијата. Светот е сурово место. Тој што е силен користи сила тој што не е треба да биде по снаодлив.
Односно чиста агресија? Тоа не е дипломатија, тоа е антагонизам.
Спомнав и на друга тема, единствена дипломатија која може небитен балкански народ да ја користи е лобирање. Односно легална корупција. Но за тоа треба единство меѓу иселениците и тукашните македонци, а тоа е невозможно бидејќи патриотизмот е на мизерно непостоечко ниво.
Проблемот го гледам во тоа што како народ немаме заедничка цел кон која са се стремиме и оствариме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom