Дакар 2015

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Најпознатото и можеби најтешкото рели „Дакар“ стартува на 05.01.2014(денес). И ова издание, 35то по ред, ќе стартува од Росарио, Аргентина. Натпреварувачите поделени на моторциклисти, четирицикли, автомобили и камиони ќе треба да поминат одреден број на километри за да стигнат до крајната цел во Валпараисо, Чиле. Релито кое започна во 1979та година во Париз (со неколку промени низ годините) со крајна цел во Дакар поради безбедносни причини во 2009та година беше преместено од Европа - Африка во Јужна Америка.
Што е ново оваа година?
Оваа година рутата на релито ќе врви и низ Боливија. Географските и климатските потешкотии низ Боливија ги привлекле организаторите на релито да ја „пуштат“ патеката и низ оваа јужно-американска држава.
Најдолгата патека ќе се вози на 09.01 од Чилетико до Тусуман во должина од 911 километри, а најкратката на 14.01 од Калама до Икике во должина од само 451 километар.​
Кај мотоциклистите ќе се возат вкупно 8 734 км, кај автомобилите 9 374 км, а кај камионџиите 9 188 км.​
Должината на секоја од патеките ја имате на следната слика:​
А графички целосната патека ќе изгледа вака:​
Оваа година титулите ги бранат:​
Сирил Деспре (мотоциклисти)​
Маркос Патронели (четирицикли)​
Стефан Петерхансел (автомобили)​
Едуард Николаев (камиони)​
Едуард Николаев вели дека победата за тимот е најважна, а Џерард Де Рој најавува силен гас уште од стартот. Шампионот кај четирициклите, Маркос Патронели вели дека никој Дакар не е лесен, а овај ќе биди еден од најтешките. Подолги патеки, повеќе време поминато низ пустините.​
И оваа година меѓу натпреварувачите ќе има и жени :)
За тоа дека ова е најтешко и најопасно рели зборува фактот што до сега животот го изгубиле 25 натпреварувачи. Но, да не гледаме на таа страна и да се надеваме дека сите живи и здрави ќе го завршат релито :)
Официјална страна на релито >>
Facebook страна >>
Twitter >>
Google + >>
Инстаграм >>
То е то :D
Јас сум за жените :icon_mrgr:
Покрај жените сум и за: Деспре, Петерхансел и Де Рој. Знам дека Ивекото на Де Рој нема шанси со руски Камаз ама то е то .​
П.С. Целиот текст јас го пишев, копирани се само линкојте :)
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.615
Поени од реакции
81.327
Се натпреварува ли уште оној русинот Владимир Чагин? Само тој го поштувам од камионџиите... и нормално ако има некоја цура меѓу нив :D
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
S

Sagan

Гостин
Кој сарказам е ова, рели наречено Париз-Дакар кое се вози у Ј. Америка од Аргентина до Чиле...
Не планираат да го сменат името (у нешто као Росарио-Валпараисо или Патагонија-Анди) пошто се надеваат дека некад пак ќе се врати на оригиналната рута?
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Одлично добро потсетување. Порано го пратев додека даваа мислам дека беше на А1 телевизија од тогаш од кога престанаа немав гледано, вечерва обавезно ќе пуштам да гледам.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.899
Релито не е Париз - Дакар, туку само Дакар. Најверојатно така и ќе си остане, без разлика на кој дел се вози.
И од кога не е веќе под тоа старо име, и од кога не се вози таа стара рута, го нема тој шмек, барем за мене.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Кај ми отишол постот од вчера? Модератори? :eek:

Ќе се повторам. Сакам Марк Кома да го исплеска Депре кај моторите. Не буквално. Де Рој да има шанси со русите, рецимо со Чагин шо е лудак невиден, али имат многу поподготвен тим и технички и финсансиски. Од колите, Петерхансел наравно. Фак д' фолцика!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Кај ми отишол постот од вчера? Модератори? :eek:

Ќе се повторам. Сакам Марк Кома да го исплеска Депре кај моторите. Не буквално. Де Рој да има шанси со русите, рецимо со Чагин шо е лудак невиден, али имат многу поподготвен тим и технички и финсансиски. Од колите, Петерхансел наравно. Фак д' фолцика!
беше во дуплата тема која летна, извини од мене за мачењето :)
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Кај ми отишол постот од вчера? Модератори? :eek:

Ќе се повторам. Сакам Марк Кома да го исплеска Депре кај моторите. Не буквално. Де Рој да има шанси со русите, рецимо со Чагин шо е лудак невиден, али имат многу поподготвен тим и технички и финсансиски. Од колите, Петерхансел наравно. Фак д' фолцика!
Ја избришаја та тема оти дупликат напрајв заради непослушност на серверот, не ти е избришано само мислењето :)
И лајкојте ми ги нема сега од та тема :mad:


:icon_mrgr:

Инаку кај мотоциклистите победник на првата патека е Барера со време 2:25:31. Второ место Кома со 37 секунди каснење, трето Деспре со минута и 40 секунди зад Барера.

И да, Сахара > Атакама. Поинтересно беше низ Африка.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
И на мене ми беше во Африка поинтересно иако и делов од светов каде што се вози сега е исто атрактивен. Пејсажите се некогаш и поинтересни од самата трка. Иако мислам дека она возење 250кмх низ утепанине села беше ептен понижувачки кон локалците, а и мислам дека имаше многу реакции на тоа. На еуроспорт рекламираат некаква трка во Африка, ама се сомневам во квалитетот на учесниците.

Никогаш нема да заборавам еден уникатен за Дакар инцидент (некаде од 90-ти). На некоја од последните етапи во најголем жар на борбата, на трасата каде што се вози од ветер се формирала дина со многу чудна форма - како со нож пресечена и првите неколку натпреварувачи (како што стартуваат во групи) летаа како катапултирани затоа што залетот беше долг километри и имаа простор да развијат максимални брзини, а слетувањето доле беше на парчиња, еден куп повредени и испокршени коли....организаторот нормално си се праеше луд како и секогаш....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom