Целата снимка:
Мала анегдота:
Ова ми звучи како една наставничка по македонски јазик што ја имавме во прво и второ одделение. И таа изгледа не беше како што треба во главата, кога некој ќе згрешеше нешто го носеше во посебна соба и го шамараше, ама онака, шамарање крвнички, мислиш со некој колку неа се шамара. Тоа, кубење, стап, и тако даље. Кога имаше денови кога сите бевме безгрешни, наоѓаше начини да дува фрустрации преку местење дешавки или "грешки". И таков морон, две години го правеше тоа без никој да се пожали дома. И ќе останеше така, да не ме видоа еднаш бумбар фаца моите кога ме земаа за дома, и немаше што да измислам дека ми се случило. Толкав страв ни набута на цел клас таа рошавата. Се отвори испитување, па демек ја казнија, па ја суспендираа. Али пак се вратила да предава после некое време. Моите ме отпишаа од таму и се преселивме. Продолжив основно на друго место.
Плавиве ружи беа на власт тогаш. А оваа беше некоја нивна кучкетина. Чисто да спомнам, да не биде дека сереме само за сегашнава влада и дека сме полтрончиња на овие другиве. И да биде јасно дека не беше ич розово и со нив на власт. Со тоа што овие седат цврсто од 2006та наваму укажува не колку вемеро сториле за нас, него колку лоши биле другиве што мора народот помалото зло да го држи у фотеља.
И јас со тебе малку во офтопик, ама мора да напомнам дека денешново образование е отидено доку*ца токму затоа што денес едноставно не постои метод за спроведување на дисциплина.
Твоево искуство е дефинитивно пример за малтретирање, не го спорам тоа. Но јас исто на времето (во основно) имав наставници/чки кои применуваа одредени форми на физички казни - прачки по дланка, понекој шамар и тоа пред сите, стоење во ќош... Пар пати и мене ми се имаше десено, и крив бев 100%, и мене барем прилично едукативно ми влијаеше искуството (пошто кој нормален сака да јаде ќутек). Такви глупости повеќе не направив, барем не на час.
За разлика од тогаш, а не беше толку одамна, денес образовните работници не смеат да ги пипнат децата. Како последица на тоа брат ми ја премести внука ми во друго училиште - пошто во одделението имаа неколку копиљаци кои секој час правеле проблеми и оневозожувале настава. Проблеми од видот постојано урлање, трчање, фрлање предмети, качување на клупи, и генерално - ретардирање. Џабе посети на психолог, џабе викање родители, истите наводно биле некои фотељаши кои секогаш ги бранеле своите деца и проблемот го барале во наставниците. Што е делумно и точно, пошто наставникот е одговорен дисциплината - дури и ако нема начин да ја спроведе. Разбирањето со зборување оди само до донекаде, потоа е потребна физичка казна.
Поентата ми е, да во твојот случај ти зборуваш за малтретирање, а ова горе во видеото е дефинитвно некоја болест. Но некаква форма на
физичка казна дефинитивно треба да се институцијализира, за најекстремните случаи.
За образовните институции зборувам, не за дадиликите на новороденчиња.
