Давање отказ

Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
Многу фактори влиајат за да бидеш среќен или сјебан на работното место. У многу случаи газдата или менаџерот се кул, но ко-воркерите ке ти го направат животот мизерен таму. Тогаш е коректно до запослувачот да останеш професионален до крај.

Во спротивно доколку сум у конфликт со газдата или менаџерот тогаш секаква разврска може да се очекува освен "професионална".
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Умре времето кога по добивањето на постојана работа во иста фирма се остануваше до пензија. Како што полека не зафаќаат западните трендови за промената на работното место на 3-5 години се поставуваат и нови прашања - кога, дали и зошто да се промени работното место.

Причините за промената на работата се различни. Парите кај нас се сеуште примарен мотив за промената, но не се и единствениот. Ова е најважен мотив кога се работи за драстична разлика. Кога разликата е незначителна, сите останати фактори влијаат на одлуката - од условите за работа, можноста за напредување и усовршување, сигурноста, па дури и близината на работното место.

Според познатата Херцбергова теорија за двата вида на фактори на мотивација, мотиваторите можат да се поделат на оние кои "не прават незадоволни" во кои спаѓаат платата, опкружувањето на работното место, сигурноста на работата, односот со соработниците/колегите, како и односот на претпоставениот кон работникот. Во вторите, условно речено "вистински мотиватори" спаѓаат можноста за усовршување и напредување, превземање одговорност и одлучување, како и предизвикот на работата. Ова навистина треба да се има на ум при дилемата за промена на работното место и треба да бидеме начисто со самите себе кои фактори ни се поважни. На пример, работата која бара работа со луѓе, обуки, чести патувања или слично, некои ги доживуваат како награда, а некои како нужно зло.

Одлуката за промената на работното место не е лесна и во дилемата придонесуваат и некои други прашања: реномето на самата компанија, влучените дополнителни обуки и слично.
 
Член од
22 јуни 2009
Мислења
89
Поени од реакции
3

VAKA NA ZAPAD E NUZNA PROMENATA NA RABOTNO MESTO POSLE 5-8 GODINI. VO SVEDSKA TAKA SE DIGA PLATATA, VO GERMANIJA SE DOBIVA SEDECKA RABOTA, VO ITALIJA KARIERA ITN.
KAJ NAS SE MENJA RABOTA OD SLEDNO: ODNOS NA GAZDITE (VO NAVODNICI) SO VRABOTENITE TOA SE GLEDA PO SLOBODNITE DENOVI I ODMORI KOJ KOLKU TE CENI, ATMOSFERA VO FIRMATA-NAPNATA ILI KONTINUIRANA, I MESTENJE VO FIRMATA, IMA MNOGU FIRMI VO KOI GI MESTAT VRABOTENITE, GI SUPCAT, GI UCENUVAAT SO BRKANJE AKO NE SE SPIUNI, I POSLE GI RABOTAT
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.799
Поени од реакции
26.361
Мене ми е незгодно да дадам отказ, па затоа малце почињам да забушавам и чекам да ме избркаат. Пошто знам ако речам дека си одам, ќе почнат да ме прашуваат зошто како, па после да ми понудат да ми зголемат плата (што според мене е лицемерно и скрос погрешно, а за жал кај нас единствена практика), или па да ми се закануваат со договори што сум потпишал. Додека вака ми е најсигурно решение. Многу ретко прво сум нашол работа па сум дал отказ, значи никад отказот не ми бил поврзан со наоѓање на подобро работно место (многу луѓе ми викаат дека грашам). Но јас сум таков, и досега добро функционирам.

Иначе од кога сум почнал да работам до денеска имам сменето точно 20 работни места, само на 4 сум останал над 2 години. Моментално одмарам веќе 2 месеца, не барам баш работа, ама ако некој даде добра понуда зошто да не :).
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475

Шо има да ти е срамно дај си отказ ко човек ако имаш друга работа и крај не го ставај газдата во положба да бара чаре кажи му на време ако сметаш дека имаш шанса ем подобро за тебе ем повеќе пари.

Затоа не не бива нас Македонците само си ќутиме и се нешто тактизираме.Позз
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.799
Поени од реакции
26.361
Шо има да ти е срамно дај си отказ ко човек ако имаш друга работа и крај не го ставај газдата во положба да бара чаре кажи му на време ако сметаш дека имаш шанса ем подобро за тебе ем повеќе пари.

Затоа не не бива нас Македонците само си ќутиме и се нешто тактизираме.Позз
Значи што и да напраи чоек, нас Македонците не не бива, тоа ти е искомплексираност до даска, и стварно ме вади од такт овој наметнат стереотип, а поготово луѓето кои го наседнуваат. Ко да е мојата постапка врзана за гените.....јеботе.....
 
A

AnFem

Гостин
Едно прашање до оние кои се поупатени:
Дали и каква загуба има газдата доколку некој вработен си даде отказ (освен вработениот)?
Мислам, дали треба нешто да плаќа и сл.?

Еве зошто: Работев на место каде ни вршеа психичка тортура. Секојдневно! Бевме по една на смена, а реално, имаше потреба за двајца. Исцрпени од работа, згора на тоа и притисок психички трпевме. Кога конечно бев во можност да дадам отказ, газдата почнал да се заканува како ќе ме тужи затоа што не сум го известила порано. Потоа му дадов до знаење дека јас сум таа што би требала да тужи, затоа што на овие години искркав толку стресови. Небитно...

Ме натераа писмено да дадам изјава зошто давам отказ, напишав тоа што имав да го пишам потоа добив ОТКАЗ поради недоаѓање на работа и непримерно однесување (што нормално не беше точно).
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нема никаква загуба газдата ако ти дадеш отказ. Освен ако не заминеш после први каде мора да префрли за тебе придонеси, но не мора плата. Она што го губи е време додека најде особа да те замени.
Второ отказ од вработен се најавува во рок од еден месец пред да заминеш за да може да најде замена. Тоа треба да го пишува во договор за вработување, ако не го пишува нема право да те тужи. Има договори кој се врзани со клаузула, ако заминеш (без најава) да вратиш 6 плати и за тоа сигурно ќе те тужи. Затоа гледајте што потпишувате. Освен тоа ако вработениот даде отказ нема право да се пријавува во биро една година (така барем беше, сега незнам дали има измени).
А они ако ти дадат отказ тоа ти го пишува во работната биографија која секој нареден газда може да ја земе од бирото и да види каква историја имаш на работење. Отказот се пишува на писмено во три примероци, еден за газдата, еден за вработениот и еден за биро.
Но немој да се секираш ништо не ти значи отказот во оваа луда држава, тоа само го имаш изнервирано и сакал да заврши последен. Со среќа во потрагата за нова работа.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

Прво, 90% од договорите за работа се препишуваат од законот за работни односи, па може да те тужи ако сака, инаку отказниот рок е од 1 до 3 месеци или по договор што значи и за 2 недели може да си заминеш ако така се договориш, но не може да те држи на работа и после тие 3 месеци.
А за CV-то, ти си го пишуваш а за работната биографија во заводот, тоа само поупатени може да го направат дека си добил отказ бидејќи најчесто раскинувањето се заведува со спогодбено.
Инаку давањето отказ и барањето на нова работа е далеку поисплатлива варијанта во однос на време и нерви, отколку останувањето на местото и да трпиш некој само за тоа што е на позиција и така му се сака.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.799
Поени од реакции
26.361
AnFem,
За жал се дешаваат такви работи кај нас, и покрај све газдата е свесен дека ќе најде замена, ја користи невработеноста и очајот кај некои луѓе. Не сум сигурен што значи точно отказот, зошто сум немал никаков проблем до сега, ниту сум тужел ниту ме тужеле. Но можеби не си требало да потпишеш ништо. Тоа е една од причините што јас забушавам и чекам да ме избркаат, за да не си ја ископмлицирам работата.

leandra,
Не сум сигурен, но мислам дека фирмата губи некои привилегии ако вработениот сам си отиде или сл. Но можеби ти имаш инфо од прва рака :)

Иначе за тоа што ве малтретирал, мислам дека во Македонија постои здружение кои би ти помогнало да го тужиш за мобинг.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Никој не се замара да тужи, така да тоа се користи како средство за плашење.
Плус незаконски при вработување се потпишува изјава дека по заминување нема да бара оштета од фирмата, така да тоа што е на хартија и она реално што се случува нема врска.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.168
Поени од реакции
21.833
нов бунар копај , во стариот не плукај. да не треба пак да пијаш вода од него.
или во превод веќе ако сте решиле да напуштате работа од х причини, прво најдете си друга па давајте отказ. после многу лесно можи да се случи да излезите од тркалото и ете ви беља.
е сега во некои екстремни ситуации
You got to do what you got to do.
нема многу простор за тактика и маневри. ке им го шлепниш во лице и ке си одиш, па што сака нека биде.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Ако си нашол нова работа пред да напуштиш искористи ги овие поволности:
Користи боледување се додека не треба фирмата да плаќа,лански годишен одмор ако ти останал,иначе годишен одмор трае 21 ден без викенди и празници,после тоа земи го одморот што ти следува.Ако веќе не можеш да ги трпиш колегите искористи ги истиве поволности и во меѓу врема барај си нова работа.Со овие законски поволности можеш да искористиш од месец и пол до три месеци да земаш плата а да не работиш ништо.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.684
Поени од реакции
11.063
Баш во петокот стигнувам на работа, кога на бирото во канцеларија начекав едно плико кое ме чекаше да го отворам. Го отворив и читам решение за прекин на работен однос ти реков ми рече...и фино лепо напишано како договорот кој што сум го потпишал на 9 месеци истекол на 30.11, па поради икс причини не ми го продолжиле и ме одјавиле истиот ден (Арно ама јас немав потпишано НИКАКОВ договор, туку на образецот кој што го носев за пријава на работен однос во завод пишуваше одредено време - 48 месеци). Е сега, мене никој не ми кажа дека сум избркан. Човечки е да се каже такво нешто, а и законска обврска е минимум 15 дена пред бркање да ти кажат : ало дечко, лајно, гомно кој и да си, не ни требаш, гони се у пичку матер...поштено е нели? За разлика од пичкарското ќутење и немање муда да се соочат со едно 24 годишно прле...и ајде викам ќе отидам кај главниот да се разберам најкултурно и најчовечки, бидејќи од сите вработени, јас бев со највисока титула(читај - во Македонија благе везе нема и да си доктор на науки). И секако главниот го немаше, па веднаш ми притрчаа неговите анусолижачи со "загрижени лица" дали сум ок и слично. Им викам сами се издадовте со фациве, барем да се правевте на тошо дека не знаете...нејсе, не се тие криви, така им се диригира. Му ѕвонам на пичлето од господин, не ми крева...ѕвонам упорно од службениот мобилен, кој што ме тераа да им го вратам, ама реков дури не се разберам со фацава, нема шанса да го предадам телефонот. И не е битно, малото битолско шунде сеуште нема јајценца да се соочи со мене. Капак на се е, платата (еве и отпремнина да ја крстиме) која ми стигна и која изнесуваше 9300ден :icon_mrgr: и после тој педерски потег одлучив, ако сака да си ги мериме, редно е и јас да ги извадам моите (намерно множина), па ако треба да се докажуваме, не е проблем...муабетов ми е, за 9 месеци успеав да му фатам 4ца крадци кои го крадеа со години, и кои сеуште не ги избрка. Успешно работев на проекти, си ебавав матер по обуки, имаше цели денови не се прибирав дома, бркав луѓе, носев контакти, фирмата ја кренав многу погоре од што беше, отворивме уште една и таму ист принцип на носење здрави цврсти клиенти, спроведов совршена дисциплина за работа, здравјето си го упропастив од тој нередовен живот...небитно, битно бев посветен ко говедо на таа фирма...ни едно фала не добив. А бев најобразуван од сите таму, и сепак земав најмала плата. Сакам да ви кажам дека ваквите мамлази во земјава ги врие, т.е. само вакви мамлази постојат. И секако секој сака трудот, саатите, енергијата, живците...да му бидат наградени. Тоа во Македонија е редок случај, во изумирање. Мој совет - бидете си сам свој газда, мирна капа. Јас почнувам со сопствен бизнис и се надевам никогаш повеќе нема да работам за некој што ме гледа само за корист, зошто доблест е на еден газда да се грижи за вработениот, во спротивно ќе ги менува ко чорапи, а работата ќе му тапка, т.е. никогаш нема биде она што посакувал, туку само некоја бледа сенка на ситна душа, која мислејќи со понижување на другите, успева...а не е точно.
И најбитното, не дозволувајте некој да си игра со вашите емоции и здравје, никој не е побитен и поголем од тоа, ако не чини, отказ и тоа е тоа. Само што овде овие процедури секогаш завршуваат болно, јас не знам пример каде некој со гушки, бацки и срдечни поздрави си заминал од работно место. А мршојадци, имало и ќе има, само треба да се пазиме од нив. Мене ова ми беше одлична лекција која се надевам дека нема да му се случи на никој.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom