Давање крв

Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.570
Поени од реакции
931
За кам не сум баш сигурен. Ако е еден ден го враќа после физички т.е. црнчи без слободен ден минимум пола месец.
Може и 1 ден ама под 7 дена не е исплативо. Најдобро е 2 недели. Слободниот ден не е поврзан со денот што би го зел како боледување на пример
Автоматски споено мислење:

И нека му скинат третина од плата, не?
Толку ќе го кошта со сите ускратени бонуси од редовност, неработни недели итн. Пошо боловање е минимум недела дена траење.
Не е третина, нема врска.како што кажувале луѓе што биле на боледување кратат од 3000-6000 а може и повеќе. Под 7 дена е најлоша варијанта..
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.113
Поени од реакции
42.815
Може и 1 ден ама под 7 дена не е исплативо. Најдобро е 2 недели. Слободниот ден не е поврзан со денот што би го зел како боледување на пример
Па можеш седум дена, малце крвот да ти се поврати. Ден два за таква работа малце е.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.570
Поени од реакции
931
Крводарителство и слободни денови, да се потсетиме:

Прегледај го приврзокот 409784 Прегледај го приврзокот 409785

... сите знаеме дека со секое дарување на крв следуваат 2 слободни работни дена , односно согласно законот за работни однос член 150 е уредено дека работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на 2 последователни работни дена за секое дарување на крв.

Член 150 од Законот за работни односи носи на жалост различни пракси на терен, на пример двата законски регулирани дена може да се добијат:
* било кои 2 последователни (читај неделиви) работни дена, во рамките на наредните 3/6 месеци од денот на дарување;
* следните 2 дена по денот на дарување;
* денот на дарување и наредниот ден;
* согласно колективниот закон на УПОЗ: денот на дарување и 2 слободни дена(за кои постои пракса да бидат наредните, но не е регулирано);
* денот на дарување и 2 последователни работни дена во наредните 30 дена,
* работодавачи, воглавном во приватниот сектор, кои не одобруваат користење на слободни денови за дарување на крв.
...уште еден помалку познат, интересен факт е дека деновите од крв МОЖЕ да се водат како боледување.

Прегледај го приврзокот 409793 Прегледај го приврзокот 409794

... во 2012 год се изгласала промена во Закон за здравствено осигурување, при што во целост беше изоставен членот 76 од претходниот Закон за здравствена заштита, бенефиции кои биле дефинирани по осамостојувањето 1991/1993 сега веќе се променети односно намалени се бенефициите.

Прегледај го приврзокот 409795Прегледај го приврзокот 409796Прегледај го приврзокот 409797

...па денес според Член18 од Законот за здравствено осигурување работодавачи решиле да престанат со плаќање на дневници за време на користење на слободните денови при дарување на крв, односно правото да се оствари на товар на средствата на Фондот за здравствено осигурување
(најчесто резервите на крвта според дарувањето).
тема на кајгана форум ОВДЕ!

Во Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството предвидени се случаите кога работникот има право на платен одмор и колку време. Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности до 7 работни дена во текот на годината во следните случаи:
– за склучување на брак 3 дена
– за склучување брак на дете 2 дена
– за раѓање или посвојвуање дете 2 дена
– за смрт на сопружник или дете 5 дена
– за смрт на родител, брат, сестра 2 дена
– за смрт на родител на сопружник 2 дена
– за смрт на дедо или баба 1 ден
– за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот до 3 дена
– за елементарни непогоди до 3 дена
Во овие случаи, отсуството од работа се обезбедува и се користи во деновите на траењето на основот врз основа на кој се остварува, без оглед на барањето на процесот на работа.
Ама изгледа дека приватните фирми не го почитуваат баш законот т.е го почитуваат само ако е во нинва корист.
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.095
Поени од реакции
2.924
Па можеш седум дена, малце крвот да ти се поврати. Ден два за таква работа малце е.
Небаре 3 литри крв си дал. Стандардно се даваат 330ml. Инаку ако не му ги признаваат слободните денови време е да и каже збогум на таа фирма. Денес смешно е да си дозволиш да те малтретира работодавачот кога работа на секој чекор има.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.570
Поени од реакции
931
Па можеш седум дена, малце крвот да ти се поврати. Ден два за таква работа малце е.
Законски се тие 2 дена колку знам затоа прашав што е како е ако знае некој повеќе и добив одговори. Фирмата сакала не сакала мора да ги признае тие 2 дена слободни
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.095
Поени од реакции
2.924
Инаку досега имам 33 пати давано крв. Слободни денови сум користел само како ученик и кога бев во војска. Не сум имал потреба да ги искористам. Ама знам дека по осамостојувањето многу се намалени бенефициите на крводарителите, особено околу партиципацијата при прегледи и слично.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.570
Поени од реакции
931
Те разбирам ама во случајов за кој прашав повеќе беше за инает. Затоа што фирмата (кам) одби да ги даде тие 2 дена, просто не следеле кажале.
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.095
Поени од реакции
2.924
Те разбирам ама во случајов за кој прашав повеќе беше за инает. Затоа што фирмата (кам) одби да ги даде тие 2 дена, просто не следеле кажале.
Ти кажав како се постапува со такви фирми. Едноставно му се кажува збогум.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.307
Поени од реакции
3.696
Од се она што погоре се кажува заборавете само дека тие два дена можи да ги земите кога вие сакате...
деновите што ви следуваат и ви се исплаѓаат 100% се преку фонд за здравство и тоа е денот кога сте дале крв и наредниот ден... затоа гледајте да дадете крв од понеделник до четврток затоа што ако дадете во петок тогаш саботата ви е пропадната (освен ако сабота не ви е обичен работен ден а не прекувремено/работа во ден за одмор)

Значи даваш крв, потврдата од трансфузиологија ја носиш кај матичен лекар, тој издава документ кој го носиш во фирмата, тие тоа го предаваат во фонд за здравство и од таму ќе ти дојдат по некое време пари на трансакциска. Тие две дневници ќе ти бидат одбиени од основицата што фирмата ќе ти ја исплати како плата.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.121
Поени од реакции
1.278
Небаре 3 литри крв си дал. Стандардно се даваат 330ml. Инаку ако не му ги признаваат слободните денови време е да и каже збогум на таа фирма. Денес смешно е да си дозволиш да те малтретира работодавачот кога работа на секој чекор има.
450ml е количината на крв која се дарува ако се е како што треба
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.570
Поени од реакции
931
Ти кажав како се постапува со такви фирми. Едноставно му се кажува збогум.
Така ќе продолжат со глумење лудило и играње мајтапи со вработените..треба решение некое општо за фирмиве..
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.664
Поени од реакции
37.641
Така ќе продолжат со глумење лудило и играње мајтапи со вработените..треба решение некое општо за фирмиве..
...офф бре, тие не можат да почитуваат единствени закони за државни институции ти сакаш за приватни фирми, гледај ги новите директори поставени сега во овој вакуум период на техничка влада, немаат еден ден работно искуство (а треба најмалку 5 години на местото исксутво), која држава во светот има „Техничка влада“ ? :facepalm:
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.095
Поени од реакции
2.924
Така ќе продолжат со глумење лудило и играње мајтапи со вработените..треба решение некое општо за фирмиве..
Ајде сега јас да те прашам една работа. Колку пари се плаќа еден мајстор за бурек или фурнаџија? Или колку се плаќа еден заварувач, електричар, плочкар, ѕидар или слично. Се додека има будали кои се спремни да работат под тие услови, мала плата, лоши смени и слично се дотогаш и фирмите ќе си играат мајтап со вработените. Оди да видам дали ди играат мајтап со горенаведените профили. Пазарот си го прави своето. Покажи му заби ако сакаш да те ценат. И во Џонсон Мети имаа "генијална" идеја да воведат 12 часовна смена во одржување, што е спротивно на постоечкиот закон за заштита при работа. Пробаа да го заобиколат законот со помош на педерска анкета преку маил. Арно ама јас јавно пред шефовите им кажав дека ако ја воведат таа глупост си одам уште другиот ден и им падна газот.
 
Само така треба, покажување заби. Се претера денес од такозваните газди, години уназад си играја мајтапи со луѓето и сега е дојдено до тоа дереџе да нема воопшто луѓе за работа или се пријавуваат 1-2 на оглас. Заноните ги почитуваа фирмите дури е во нивна корист, ако е во корист на вработениот..пу пу законот не важи
 
Kajgana Shop

На врв Bottom