Крводарителство и слободни денови, да се потсетиме:
... сите знаеме дека со секое дарување на крв следуваат 2 слободни работни дена , односно согласно законот за работни однос член 150 е уредено дека работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на 2 последователни работни дена за секое дарување на крв.
Член 150 од Законот за работни односи носи на жалост различни пракси на терен, на пример двата законски регулирани дена може да се добијат:
* било кои 2 последователни (читај неделиви) работни дена, во рамките на наредните 3/6 месеци од денот на дарување;
* следните 2 дена по денот на дарување;
* денот на дарување и наредниот ден;
* согласно колективниот закон на УПОЗ: денот на дарување и 2 слободни дена(за кои постои пракса да бидат наредните, но не е регулирано);
* денот на дарување и 2 последователни работни дена во наредните 30 дена,
* работодавачи, воглавном во приватниот сектор, кои не одобруваат користење на слободни денови за дарување на крв.
...уште еден помалку познат, интересен факт е дека деновите од крв МОЖЕ да се водат како боледување.
... во 2012 год се изгласала промена во Закон за здравствено осигурување, при што во целост беше изоставен членот 76 од претходниот Закон за здравствена заштита, бенефиции кои биле дефинирани по осамостојувањето 1991/1993 сега веќе се променети односно намалени се бенефициите.
...па денес според Член18 од Законот за здравствено осигурување работодавачи решиле да престанат со плаќање на дневници за време на користење на слободните денови при дарување на крв, односно правото да се оствари на товар на средствата на Фондот за здравствено осигурување (најчесто резервите на крвта според дарувањето).
тема на кајгана форум
ОВДЕ!
Во
Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството предвидени се случаите кога работникот има право на платен одмор и колку време. Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности
до 7 работни дена во текот на годината во следните случаи:
– за склучување на брак 3 дена
– за склучување брак на дете 2 дена
– за раѓање или посвојвуање дете 2 дена
– за смрт на сопружник или дете 5 дена
– за смрт на родител, брат, сестра 2 дена
– за смрт на родител на сопружник 2 дена
– за смрт на дедо или баба 1 ден
– за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот до 3 дена
– за елементарни непогоди до 3 дена
Во овие случаи, отсуството од работа се обезбедува и се користи во деновите на траењето на основот врз основа на кој се остварува, без оглед на барањето на процесот на работа.