Давање кола на друг

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Кој се вашите искуства? Дали давате друг да ја вози колата и дали мислите дека ова е добра пракса?
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
Па старите викаат "кола и жена не се даваат на друг", па сега ти види си :D
Сеа ќе те нападнат дека жената не е твоја имовина за ти да ја даваш или не ја даваш. Тоа е нејзин личен избор и она не е твоја робинка бла бла бла бла бал балбасфбсадкјибатбиењауљтхцхбуернфрљаобгрљшаљбу
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144
Сеа ќе те нападнат дека жената не е твоја имовина за ти да ја даваш или не ја даваш. Тоа е нејзин личен избор и она не е твоја робинка бла бла бла бла бал балбасфбсадкјибатбиењауљтхцхбуернфрљаобгрљшаљбу
Ќе се вадам со тоа дека старите викале така, не е од мене кажано :ROFLMAO:
 
Член од
4 октомври 2014
Мислења
787
Поени од реакции
539
Надвор од блиско семејство никогаш не сум дал кола, ниту ќе дадам.
Ако треба да одиш некаде јас ќе те однесам, ако можам.
Ако не, барај си друго чаре.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335
кола не ми се дава, од причина што нема да ја возат нормално ко што треба, него ќе продолжат со нивните никакви табиети како турирање, возење побрзо него што е дозволено и слично.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
кола не ми се дава, од причина што нема да ја возат нормално ко што треба, него ќе продолжат со нивните никакви табиети како турирање, возење побрзо него што е дозволено и слично.
Уххххххххххххххххххх каков само удар врз колата е тоа што некој ќе ја вози побрзо од дозволеното. Ццццццццццццццццццц после такво нешто не знам како психички ќе се опорави коа ќе ти се врати на тебе.

Ќе ја турирал некој бе, ебате себичњаците.

Ти сигурно си од оние деца порано коа ќе ти побарале кругче со точакот си им викал може ама да не праиш пајкански да не ми ги излижеш гумите.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335
Уххххххххххххххххххх каков само удар врз колата е тоа што некој ќе ја вози побрзо од дозволеното. Ццццццццццццццццццц после такво нешто не знам како психички ќе се опорави коа ќе ти се врати на тебе.

Ќе ја турирал некој бе, ебате себичњаците.

Ти сигурно си од оние деца порано коа ќе ти побарале кругче со точакот си им викал може ама да не праиш пајкански да не ми ги излижеш гумите.
сеа ја си ја сакам колата моја, после кога ќе ја прегрее и изгори диктон на глава или направи друг дефект сигурно нема он да ми го плаќа сервисот.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
сеа ја си ја сакам колата моја, после кога ќе ја прегрее и изгори диктон на глава или направи друг дефект сигурно нема он да ми го плаќа сервисот.
Без разлика, себично е да не дадеш кола само затоа што ќе ти ја вози брзо или ќе ти ја турира.
Некогаш може и да ти ја спасат колата со тоа турирање и брзо возење, нарочито ако не ја возиш често на отворено.

Така се прегревало кола и така лесно горел диктон на глава.(y)

Како бе ќе ти ја прегрее колата некој? Фичо ли возиш или 128ца?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335
Без разлика, себично е да не дадеш кола само затоа што ќе ти ја вози брзо или ќе ти ја турира.
Некогаш може и да ти ја спасат колата со тоа турирање и брзо возење, нарочито ако не ја возиш често на отворено.

Така се прегревало кола и така лесно горел диктон на глава.(y)

Како бе ќе ти ја прегрее колата некој? Фичо ли возиш или 128ца?
128 имам, фабрика е. Сигурно нема да му ја давам некому да ја упропасти. Буквално сите што ги знам кои возат брзо ги прегреале колите евентуално и рамнеле глава и мењале диктон. Дизел не е толку осетлив, но бензин мора да се пази од такви шофери.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.381
Поени од реакции
8.910
Кој се вашите искуства? Дали давате друг да ја вози колата и дали мислите дека ова е добра пракса?
Зависи кому, каде и за што. Не е добра пракса во секој случај пошто ти си имаш еден стил на возење и да си присутен некој да ја вози на поинаков начин може да ти створи нерви (ако си присутен) или едноставно да се
осеќаш нелагодно.

Сум давал и ми давале во екстремни ситуации, во момент кога сум немал сопствена и морало член на семејство да се носи некаде на преглед или контрола (од здравствени причини) или мора нешто неодложно да завршиш поврзано со деловен/приватен живот од што апсолутно ти зависат некои работи понатаму.

Во други прилики сум кажувал, брат ми треба баш и мене тој ден ова и ова имам за да средам или едноставно кажи му не е исправна за сервис е, ако не ја знае.
Зависи на кој даваш возило и првенствено за што, барем јас така сум се ориентирал.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.680
Поени од реакции
2.508
Зависи до човекот. На најблизок другар му ја имав порано давано по потреба и од други луѓе слушнав дека несмасно ја возел, гас до патос и мавање во дупки намерно.

Од тогаш сум скептик да му ја давам на било кој.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Јас сум давал да возат (јас на совозачко седиште) на доста, дури еден другар и се поднаучи да вози вака пред да полага...а да му ја дадам на некој сам да ја вози, стварно би размислил. Имало случаи али есктремно ретко. Ако можам ќе го однесам јас ако не тоа е.

Мислам дека денес секој може да си дозволи некое количе кое што ќе го однесе било каде во државава. Цела држава е 150 километра. Еден хјундаи акцент од старите кошта 1000 евра и ќе те однесе кај сакаш во МК. Па краен случај има такси и автобус.


Јас попрво би викнал такси или би се качил во автобус него да барам кола од некого. Едноставно таков сум и не сакам утре да има муабети и мисли е тој ја газеше колата затоа се случи ова и ова...иако би ја возел по пропис и ептен внимателно.
 
Последно уредено:
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.930
Поени од реакции
3.621
Сите луѓе кои ги познавам имаат кола... но и покрај тоа, секако се случува некому да му затреба кола (неговата е дефек, ја продал па уште нема земено друга, истекол зелен картон или регистрација, имал една па и жена му требало да оди некаде...) и нормално дека ке му дадеш. Кола не ти бара некој непознат, тоа се обично другари, роднини, колеги.. твои луѓе. Срамота е на твој човек да не завршиш работа кога му треба а имај во предвид дека утре и тебе може да ти затреба неговата кола. Колата е алат, железо, средство за превоз... незнам зошто некои луѓе толку емотивно се приврзуваат кон купот од железо што дури се спремни и да лажат дека е дефект или незнам што само да не ја дадат на другарот да отиде до некаде. Познавам луѓе кои навистина колата ја сакаат повеке од жената, срце ги боли ако треба да ја оптеретат или извалкаат, ке одат пеш и ке влечат товар на грб како магариња со километри а колата ке ја остават оти патот не им бил убав...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom