Попаметните пензионери, ќе си одат да живеат во некоја убава и топла земја, каде животните трошоци се мали и ќе го издаваат имотот, знаејќи колку повеќе ќирија ќе добијат. После смртта целиот имот, ако немаат наследници да го дадат на некоја хуманитарна организација или организација за стипендирање на студенти.
зарем стварно мислиш дека со пензијата што ја добиваат и од рентата на станот-куќата, можат пензионериве НАШИ да идат и да живеат во некоја топла земја, т.е. надвор од мк? сериозен си со ова?
вака, со оваа солуција што ја нуди банката, на повеке начини се задоволува правдата... син1 и син2 едвај крпат крај со крај и немаат доволно финансии да го дочуваат својот татко... банката вика, јас имам финансии, бујрум пари. е сега, од оваа гледна точка, пензија+пари од банката+пари од кирија, веке може да си дозволи некој пензионер да се одлепи од тука и да иде да живее во некоја потопла земја, мирно да си ги доживее годинките што му останале... а знаеш кога ке го направи тоа некој што е роден тука, цел живот ринтал и на крај дочекал пензија? може да иде да прошета, ама да се пресели, е баш никогаш (секако, увек има исклучоци)..
и да... банката не е никогаш во зијан. колкава ке биде пресметката незнам, но не верувам дека ке се иде на поголема месечна сума од 20% од вредноста на пазарната цена од квадрат на тој понуден стан-куќа. да речеме дека има мало станче, од 50-тина квадрати... тоа се 200 месечни пензии. и не верувам дека ке има поголем лимит од вкупната вредност на станот, поголем од 60-70%...
значи прво и основно прави девалвација на вреднста на објектот, после ти калкулира 5-тина сума од пазарна вредност, девалвирана за планираната заработка. некаков лимит обавезно има.
и уште нешто.. не заборавајте дека тука се збори за пензионери. таму некаде кај што е исклалкулирано пензионерите стануваат со навршени 62 години. кај нас тоа мислам дека сега по нај ново (од пред некој месец) го напраија да биде од 67 за мажи и 65 за жени... па мајко му, 5 години не се малку.. 5 години се 60 такви месечни пензии...