ДХЛ Македонија Дерење до коска

Член од
8 јуни 2006
Мислења
7
Поени од реакции
3
Здраво до сите, Ме интересира дали некој знае каде би можеле да се пожалиме во врска со услугите кои ги дава ДХЛ во Македонија??

Еве што ми се случи, пратка од земја во ЕУ, со вредност од околу 26 еур. Испратено од правно на физичко лице, при што по сите законски регулативи за роба до 45еур, испратени од правно на физичко лице треба да се плати замо ДДВ.
Е сега кај мене ми доага фактура за наплата од 2.555 денари, за царински услуги, додека нивниот систем за Тракинг ми дава дека Завршена е царинската процедура во SKOPJE - MACEDONIA, REPUBLIC OF , на мојот маил кој го испратив до нив да ми објаснат зошто ми кажаа да докажам, за што им испратив фактура и доказ за уплата, и повторно ми доаѓа фактура од 2555 денар, а во пакетот има еден пар патики и 3 пара чорапи. Смешна работа. Има ли некој искуство, или знае некој каде можеме да се пожалиме или работава Е „КОМУ КЕ СЕ ЖАЛИШ ШТО ТАТКОТИ ТИ Е*АЛ МАЈКАТА„ ???
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Рекламен материјал со големина помала од кутија цигари (во вид на визит карти). Две такви пратки, во пликоа. Вредност - ти кажи, али како и да е, многу е помала од твојата.
Шемата им е следна: Ти се јавуваат сабајле у девет, да речеме. Ти викаат пратката ви е задржна на царина, дајте ни овластување ние да ја цариниме, ама мора одма сега, иначе ќе остане за утре. Ние за инат најбрзо, истиот момент им доставуваме документи, али ете после ни се јавуваат дека сепак за утре останало царинењето. Утре, истиот муабет - дека поради икс причини не можела да се царини, па ај за задутре.
Ни доаѓа сметка од DHL 7000 и нешто! За тие две пликоа со два триесет картици и плус некои врвци за да се закачат картиците на врат!
Ја глеаш сметката и глеаш дека за царина има помалку од пола од сумата, а за DHL поголемиот дел, од кој најголем дел е за лежарина, што лежела стоката кај нив у магацин, дур дошла на ред за царинење.

Оваа финта ја праат DHL у договор со царина. Пошто ниту пратката е за царинење, ниту беше потребно да лежи кај нив у магацин толку време. Вака им извлекуваат нелегално пари на фирми повеќе, ама ете гледам и на поединци.
Затоа после две вакви слични искуства, преземавме нешто и сега најнормално си стигаат глупите пратки, со глупиот рекламен материјал, како да сме у нормална земја.

Со пошта има сличен проблем, во кој исто така игра улога тој што е најпаметниот човек на светот, кој треба да одлучи дали нешто и колку ќе се царини. Тука нив ги боли кур за тоа како е според закон, него некад слушам базука, панда и сиријски бегалци поминуваат без ништо, а некад хартиени марамчиња ги царинат со 2000 денари.
 
Член од
4 октомври 2014
Мислења
173
Поени од реакции
54
Да, да да... и мене ми направија таква финта ДХЛ.
Пратката беше во вредност од 12 евра а тие ми бараа да платам негде плус 4000 денари!!!!!

Тоа демек за царина и за увоз и незнам ти што

Јас се јавив на сајтот од кај што го нарачав производот и реков дека ми бараат мито од ДХЛ Македонија и барав да се врати пратката назад кон испраќачот!

Парите ми беа вратени од сајтот со извинување... додека со ДХЛ - НИКОГАШ ПОВЕЌЕ!!!!

БАРАЈТЕ ДА СЕ ВРАТИ ПРАТКАТА НА ИСПРАЌАЧОТ !
 
Последно уредено:

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.526
Поени од реакции
7.115
вие сте добри јас нарачав дрес 100 евра 100евра ми зема ДХЛ за царински трошкови идруги работи :facepalm:
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Мене ми помина пратка од 40 фунти без царинење без ништо испратена со ДХЛ, е сега ај бери им ти памет?
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Здраво до сите, Ме интересира дали некој знае каде би можеле да се пожалиме во врска со услугите кои ги дава ДХЛ во Македонија??

Еве што ми се случи, пратка од земја во ЕУ, со вредност од околу 26 еур. Испратено од правно на физичко лице, при што по сите законски регулативи за роба до 45еур, испратени од правно на физичко лице треба да се плати замо ДДВ.
Е сега кај мене ми доага фактура за наплата од 2.555 денари, за царински услуги, додека нивниот систем за Тракинг ми дава дека Завршена е царинската процедура во SKOPJE - MACEDONIA, REPUBLIC OF , на мојот маил кој го испратив до нив да ми објаснат зошто ми кажаа да докажам, за што им испратив фактура и доказ за уплата, и повторно ми доаѓа фактура од 2555 денар, а во пакетот има еден пар патики и 3 пара чорапи. Смешна работа. Има ли некој искуство, или знае некој каде можеме да се пожалиме или работава Е „КОМУ КЕ СЕ ЖАЛИШ ШТО ТАТКОТИ ТИ Е*АЛ МАЈКАТА„ ???
само има една квака....на царина ја земаат вредноста на пратката+поштенски трошоци....поштенски трошоци на ДХЛ секогаш се поголеми од 45еур така да секоја пратка со ДХЛ автоматски оди на царина и те царинат....не е проблемот ДХЛ...пробемот е царина и глупите македонски закони
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Мене ми помина пратка од 40 фунти без царинење без ништо испратена со ДХЛ, е сега ај бери им ти памет?
Нема што да им се бери памет, нема тука барање логика. Едноставно бидете спремни дека со пратки од ДХЛ, Федекс, ТНТ и сл. на нив 99 % имате верјатност да ви наплатат едно мин. 3-4000 ден. екстра трошоци. Сум имал слични искуства како изнесените погоре и секогаш ВРАЌАЊЕ ПРАТКАТА НАЗАД НА ИСПРАЌАЧОТ.
Мој совет е кога сте во можност да испраќате/примате пратки испратени со регуларна пошта по можност со бројче за следење т.е. препорачана пратка.
 
Член од
8 јуни 2006
Мислења
7
Поени од реакции
3
Во мојот случај вредноста на пратката е 26еур. и ДХЛ 12 еур или вкупно 38еур. По ниеден закон не треба да се царини, само да се плати ддв. а од ДХЛ повторни ја царинеа и со дополнителни трошоци од 2555ден. чини целата работа.
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Здраво до сите, Ме интересира дали некој знае каде би можеле да се пожалиме во врска со услугите кои ги дава ДХЛ во Македонија??

Еве што ми се случи, пратка од земја во ЕУ, со вредност од околу 26 еур. Испратено од правно на физичко лице, при што по сите законски регулативи за роба до 45еур, испратени од правно на физичко лице треба да се плати замо ДДВ.
Е сега кај мене ми доага фактура за наплата од 2.555 денари, за царински услуги, додека нивниот систем за Тракинг ми дава дека Завршена е царинската процедура во SKOPJE - MACEDONIA, REPUBLIC OF , на мојот маил кој го испратив до нив да ми објаснат зошто ми кажаа да докажам, за што им испратив фактура и доказ за уплата, и повторно ми доаѓа фактура од 2555 денар, а во пакетот има еден пар патики и 3 пара чорапи. Смешна работа. Има ли некој искуство, или знае некој каде можеме да се пожалиме или работава Е „КОМУ КЕ СЕ ЖАЛИШ ШТО ТАТКОТИ ТИ Е*АЛ МАЈКАТА„ ???
Патиките тебе те изеле затоа што без разлика на вредноста (границата од 45 евра за пратка преку пошта) подлежат на даночење и царинење (18% + 25%). Од ebay кинески патики за 15$ се покаав што ги порачав ме одраа во Скопје, а дхл што си тера друга политика и што не молзе тоа е друга тема и јас сум ги имал истите проблеми со нив. За рачен часовник од 20$ платив 50 евра плус. Mожеш да пратиш емаил на царина ако сакаш odgovorcarina@customs.gov.mk или да им се јавиш 3116-188 и да им објасниш што се случува ако не си ја подигнал сеуште пратката.
 
Член од
8 јуни 2006
Мислења
7
Поени од реакции
3
Еве го царинскиот правилник, мислам јасно тука пишува.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Поради овие работи секогаш кога порачувам било што од интернет избегнувам испорака преку ДХЛ и Федекс. Точно дека доставата е побрза и ако преку регуларна пошта треба да чекаш со недели, преку овие две може да ти стигне за 2-3 дена, ама не се исплаќа нивната испорака. Случај што го имам запаметено пред 2-3 години е кога мој пријател кој има сервис за мобилни телефони и озвучување треба да прати на клиент од Скопје телефон преку ДХЛ бидејќи клиентот не сакал од Скопје да прави трошок за да доаѓа до Струмица. Пријателов мој му го праќа телефонот по ДХЛ и другиот ден стигнува кај клиентот. На овој му бараат да плати околу 2000 денари за испорака. Овој не сака да плати толку скапо и бара од пријателот мој да ја плати испораката. Се расправаа два дена кој да плати и на крај се договорија да поделат на половина и никогаш повеќе да не праќаат преку брзи пошти. За 2000 денари и двајцата може да стават нафта или бензин и самите да си одат до Скопје или Струмица и назад наместо да плаќаат толкава испорака. Случен случај имаше истиот пријател кој порача таблет Ајпад од ибеј. Му стига преку Федекс и овие му бараат некаде околу 5000 денари бидејќи бил од САД и царинските такси биле скапи за увоз на таква стока. Додека преку регуларна пошта, односно ЕМС плати само 1200 денари.[DOUBLEPOST=1412788097][/DOUBLEPOST]
Патиките тебе те изеле затоа што без разлика на вредноста (границата од 45 евра за пратка преку пошта) подлежат на даночење и царинење (18% + 25%). Од ebay кинески патики за 15$ се покаав што ги порачав ме одраа во Скопје, а дхл што си тера друга политика и што не молзе тоа е друга тема и јас сум ги имал истите проблеми со нив. За рачен часовник од 20$ платив 50 евра плус. Mожеш да пратиш емаил на царина ако сакаш odgovorcarina@customs.gov.mk или да им се јавиш 3116-188 и да им објасниш што се случува ако не си ја подигнал сеуште пратката.
Прв пат слушам некој за рачен часовник да плаќа царина. Јас досега имам порачано преку 10 од ибеј од различни вредности и никогаш, ама никогаш не сум платил царина. Ова преку регуларна пошта зборам, не ДХЛ или Федекс. Ако тебе преку нив ти стигале тогаш е очекувано, но преку регуларна пошта нема шанси да ти земат царина.
 
Последно уредено:

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Прв пат слушам некој за рачен часовник да плаќа царина. Јас досега имам порачано преку 10 од ибеј од различни вредности и никогаш, ама никогаш не сум платил царина. Ова преку регуларна пошта зборам, не ДХЛ или Федекс. Ако тебе преку нив ти стигале тогаш е очекувано, но преку регуларна пошта нема шанси да ти земат царина.
дхл ги позлатив исто и за тренерки 38$ тренерките 2800 денари шпедитерските трошоци.[DOUBLEPOST=1412788797][/DOUBLEPOST]
Еве го царинскиот правилник, мислам јасно тука пишува.
Јасно е али и не е јасно :) ти викаш дека твојата пратка чини 26 евра. Тука пишува дека пратки до 22 евра се ослободени. Идеме понатаму, бесплатни пратки до 45 евра се ослободуваат, меѓутоа бесплатна пратка е таа што не подлежи на купопродажба или купопродажен договор, тогаш се мери само тежината а ти веќе имаш фактура од истата значи си ја купол. Пратки од фирма на физичко лице ДО 45 евра ДДВ се плаќа. Е сега види како стојат. ДХЛ го наплатила данокот и плус шпедитерските услуги, пријавување на царина итн.
 
Последно уредено:

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
дхл ги позлатив исто и за тренерки 38$ тренерките 2800 денари шпедитерските трошоци.
Јебига, кога еднаш ќе изгориш од нешто втор пат пробај да избегнаш. Јас никогаш ништо не сум порачил од интернет да ми стигне преку овие две ретардирани фирми. Не сум купил авион па да им платам 100 евра царина.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Поради овие работи секогаш кога порачувам било што од интернет избегнувам испорака преку ДХЛ и Федекс. Точно дека доставата е побрза и ако преку регуларна пошта треба да чекаш со недели, преку овие две може да ти стигне за 2-3 дена, ама не се исплаќа нивната испорака. Случај што го имам запаметено пред 2-3 години е кога мој пријател кој има сервис за мобилни телефони и озвучување треба да прати на клиент од Скопје телефон преку ДХЛ бидејќи клиентот не сакал од Скопје да прави трошок за да доаѓа до Струмица. Пријателов мој му го праќа телефонот по ДХЛ и другиот ден стигнува кај клиентот. На овој му бараат да плати околу 2000 денари за испорака. Овој не сака да плати толку скапо и бара од пријателот мој да ја плати испораката. Се расправаа два дена кој да плати и на крај се договорија да поделат на половина и никогаш повеќе да не праќаат преку брзи пошти. За 2000 денари и двајцата може да стават нафта или бензин и самите да си одат до Скопје или Струмица и назад наместо да плаќаат толкава испорака. Случен случај имаше истиот пријател кој порача таблет Ајпад од ибеј. Му стига преку Федекс и овие му бараат некаде околу 5000 денари бидејќи бил од САД и царинските такси биле скапи за увоз на таква стока. Додека преку регуларна пошта, односно ЕМС плати само 1200 денари.
Кога не знаат за карго и глобко кој им е крив
И во двата случаи зимаат 2% од вредноста плус 50-60 денари.
Трет случај
Македонски пошти ЕМС до 10 кг земаат 350-400 денари
Ова за низ Македонија

Од странство со дхл,тнт федекс кога ми испраќаат пакети секогаш Македонска пошта ми ги носи известијата за пристигната пратка со претходно добиен меил од custom.gov.mk. да им приложам документ за вредност на пратката.
Ова се однесува кога испраќачот е правно лице.

Кога испраќачот е физичко лице сум плаќал само 250 денари за известието за пристигната пратка која лично сум ја подигал од Македонсски пошти

Само еднаш ми се има случено ДХЛ за платен транспорт со ДХЛ во цената на производот и кај нас да ми побараат пари при што имаше колемо карање,потоа попллака кај продавачот и во централата на ДХЛ во Германија за по 2-3 дена ДХЛ да ми ја донесат пратката на домашна адреса без никаков надоместок.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
И мене ме имаат изгорено 3000 денари за два часовници од 6 долари.
Одговорот им беше: Ако реши царина дека ти вреди повеќе, тогаш ќе мора да се платат шпедитерски трошоци.

Па доставува фактури, докази, линкови од кај сум го купил сајтот... За нели, демек, да пратат жалба до царина.
И така, ми викаат жалбата е уважена - ама мора да платиш 1500 денари за неа :))))

DHL - никогаш повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom