- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
ДУИ подготвува кадровска чистка
Нови, млади кадри што ќе ја реформираат партијата и тоа од ниво на месни заедници до централното претседателство, е одлука зад која застанале највисоките тела на ДУИ викендов во Мала Речица. На удар ќе бидат старите кадри, а висат функциите на генералниот секретар Гзим Острени, потпретседателот Рафиз Алити и на Фазли Велиу, идеологот на ОНА и вујко на лидерот Али Ахмети. Кадровската чистка од најниските структури до партискиот врв треба да заврши до конгресот на ДУИ во ноември, а засега сигурни се позициите само на Ахмети и на потпретседателката Теута Арифи, велат партиски извори.Таму велат дека ДУИ мора да направи радикален рез ако сака да остане релевантен политички фактор во албанскиот блок и да го зачува членството, особено по најавата на Руфи Османи дека ќе формира партија. Незадоволството во ДУИ расте и поради подредената положба во Владата. Двајцата партиски потпретседатели изјавија дека ДУИ треба да ја зајакне позицијата во Владата и дека повеќе треба да се работи на спроведување на рамковниот договор.
Извор ДНЕВНИК ...
Конечно и успеа на ТЕУТА...
За ова се бори подолго време...
Како и да е не е лошо СДС да учи малку како се упразнува политика...