ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНА - Протеини, витамини, регенератори, топачи на масти ...

Член од
13 јули 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
02bbc16a18c655ebe12cc0c91d5680c122.jpg
Што мораме да знаеме кога нашето дете сака да зема некој додаток во исхраната?

Додатоците во исхраната не се многу различни од традиционалните намирници што значи дека не се опасни или нездрави , така што повеќето , веројатно имаат и значајно поголема хранлива вредност.
Додатоците во исхраната се многу корисни кога на исцрпениот организам му е потребно да ги осигура оптималните количини на хранливи состојки и така да потпомогнат во постигнувањето на добри резултати и со тоа сржејќи ги спортистите подалеку од допинг средствата.
Правилниот избор на додатоци во исхрана (конкретна врста на производи и произведувачи) сепак бараат поголемо внимание.
Што е потребно и каде е одговорноста?
Драги родители !!!
Движењето како и дигањето тегови е многу здраво и може да биде активност од различен карактер. Секако, корисно е кога се употребува според правилата. Бавењето со спорт е физички стрес, поединечни тренинзи сами по себе имаат негативно дејство, така што во дадени околности хранливите состојки преминуваат во позитивни, со градивна деталност (градба на мускули , појачување, постигнување подобри резултати).
Како што во нашиот автомобил мораме да ставаме гориво, масло итн, сето тоа е неопходно и за човечкиот организам т.е потребни му се хранливи додатоци. Ова му е потребно и на младиот организам дури и во деновите кога не се тренира, затоа што младиот организам се развива.
Затоа, родители ваша одговорност е да, ако веќе вашето дете тренира, да му бидат осигурани хранливите додатоци, поготово квалитетни протеини, затоа што овде говориме за разликата меѓу градбата и распаѓањето на телото! Прашање е која намирница да се внесе? На кој начин може да се оствари квалитетна исхрана како подржка на вежбањето и развојот? Овде на сцена настапуваат додатоците во исхраната.
Оценување на додатоците во исхраната

Појаснување на првите основни заблуди: забранети допинг средства, кои изворно спаѓаат во категоријата на лекови ( стероиди, хормон за раст и останати средства кои служат за зголемување на успешноста /резултатите ) и правилните додатоци во исхраната, тоа се две потполно различни работи кои не се исти.
Појаснување уште еднаш со пример , како недостаток на информации: зборот анаболичен -anabolic- на англиски, значи дека зборот е за нешто што го помага процесот на изградба во нашиот организам , и тој збор го користиме како атрибут. Така може да биде термин за “анаболички стероиди”, што е лошо, затоа што сероидите се илегални и опасни, но за таквите не одговара атрибутот -анаболични- . Ако за некој производ кажеме дека е анаболичен, тогаш говориме за нешто што е корисно, што делува градивно, што е заправо и наша цел.
Заправо, во овој случај тоа е како кога ќе кажеме – анаболичен ориз со млеко-. Додатоците во исхраната се третираат како намирници и легално се продаваат, јасно е дека тоа се производи во основа безопасни и во ништо не се разликуваат од останатата храна.

Во што е разликата помеѓу традиционалните намирници и додатоците во исхраната ?

Земајќи ги во обзир повеќето гледишта и гледајќи ги одредените податоциза додатоците во исхраната голема е сличноста помеѓу овие две категории и во одредени аспекти може да се воочи и голема предност со користењето на додатоци во исхрана!
НЕ сакаме да креваме некоја параноја, меѓутоа потребно е само да се послушаат вести да се присетите на неодамнешните информации како традиционалната исхрана е далеку од здрава и 100% несигурна. Постои едно правило поврзано со правилната исхрана – она што е прерано набрано и не може да се употреби во моментот на ловење и берење во природата- не е здраво. Конзервираните и преработени намирници се обично заслабени и полни со нездрави состојќи ( конзерванси, боја, додатни шеќери итн ).
Преработената пченица, белите пекарски производи се потполно нездрави. Денес не се потполно здрави и оние прехрамбени производи кои доаѓаат директно од природата. Месото потекнува од животните кои не се хранат на природен начин, полно е со хормони, итн. Се ова го напомнуваме затоа што во секојдневниот живот ја свртуваме главата од овие работи, затоа што на некој начин сме ги прифатиле, а за додатоците во исхраната велиме дека се вметнати, дека се неприродни и воедно дека се штетни.
Се надеваме дека успеавме да ви укажеме на тоа како поголемиот дел од нашата - редовна – исхрана е доста слична со додатоците во исхраната! Она што вашето дете ќе го изеде/испие во облик на освежувачќи пијалок, слатко, житарица, леб, нарезок итн, не е ослободено од останатите критички материи, само што составот(концентрираноста) на тие работи е помал од додатоците во исхраната!
Додатоците во исхраната не се пониско рангирани од традиционалната исхрана, што веќе и гарантирано содржат (квалитет,) хранливи состојќи, за потребната регенерација, и развој на организмот.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ...
 
S

smart ass

Гостин
Доколку сакате да слабеете препорачлив е Тоналин т.е конјугирана линолна Киселина,доколку купувате Креатин барајте го во комбинација со Рибоза и тоа побарајте Креатин 180 микрона....докажано
 
Член од
11 март 2009
Мислења
118
Поени од реакции
4
Доколку сакате да ослабите намалете го лебот за половина, јадете зеленчук, овошје, повеќе вода, зелени салати и нормално понекогаш можете да си допуштите некоја мрсна баница(без претерување), Нормално без физичка активност(трчање, спортување, скокање со јаже и др) се паѓа во вода.
Газирани работи, чипсови, пржено месо---подобро закачете се со колец в срце, барем е побрзо.
Оваа храна треба да се заборави. Ако не можете да јадете здраво поради презафатен распоред и јадете секакви јадења(буреци, бургери и др.) пред да ги јадете овие (со право гнасни јадења) каснете овошје или зеленчук и пијте повеќе вода(по можност флаширана).
И едно треба да сеа разбере НИКОЈ НЕ Е РОДЕН ДЕБЕЛ. ДЕБЕЛ Е САМО ЛОША НАВИКА.Дали станува збор за премногу јадење или јадење секакви јадења или двете тоа е само навика. Постојат одредени гени кај некои луѓе и нормално зависи од метаболизмот на човекот но немојте да ве убедат дека немаат друг избор освен да се дебели. Овие луѓе немаат волја. Дури и луѓето со тироидни проблеми и др. болести и состојби можат да ја регулираат тежината со правилна исхрана.
Брзата храна те прави уште погладен, за тоа е и направена. Додека напротив здравата исхрана не те прави погладен,
бидејќи не содржи адитиви,регулатори на киселост, емулгатори и др.
 
MiloBilderce

Bukake anyone ?
Член од
7 ноември 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
70

Wrong !!

Genetikata igra vazna uloga vo toa dali ke bides debel ili slab . Ima luge koi jadat malce a pak imaat salo , ili luge koi jadat ko zivotni , a ne mozat da kacat nad 90 kg . Ogromen procent e vo genetikata i metabolizmot , ne e se vo hranata.
 
Ако ти така велиш. Јас лично познавам луѓе од 2 типа кои ги наброја горе. Едниот сакаше да ослаби другиот да се здебели. Беа упорни и двајцата го сторија тоа. Проблемот е подоцна кога слабиот ќе ја напушти диетата од 3000-4000 калории богата со зеленчук и овошје надополнето со природни извори на протеин како риба, варено пилешко и др.
И во другиот случај со слабеењето. Човек што цел живот бил дебел, има дебели родители, дебели роднини едноставно метаболизмот но и погрешната исхрана си го направиле своето. Човекот ослабе со прости совети.
ПРОБЛЕМОТ Е ПОДОЦНА, КОГА НЕ СЕ ЗАДРЖУВААТ НА ТАА ИСХРАНА А НЕ ВО ГЕНИТЕ.
Како што велат мораш да играш со картите што Господ ти ги поделил.Позз
 
Kajgana Shop

На врв Bottom