Гурмански Јутјуб канали

Дискусија во форумот 'Гурманско катче' започната од MARCELLO, 11 јули 2018 во 15:42.

  1. MARCELLO

    MARCELLO Модератор

    Член од:
    15 јули 2007
    Мислења:
    8.655
    Допаѓања:
    3.623
    Сабајлево некаде кај 9 часот случајно загледав Утринска на Телма и гостин беше еден од членовите на бендот Новиот Почеток но темата не беше за музика туку за тоа дека он снима видеа на Јутјуб како емисија за готвење каде он готви.
    https://www.youtube.com/channel/UCTaZUYDU_bsL51B2fCeqDRA

    Сличен е како оној Филип Готвиме со Фичо.

    Конечно може да кажеме дека и Македонија има таленти за вакви работи и конечно нешто приближно на она што го гледаме на 24 kitchen, Food network и други познати тв канали а не да биде тоа како онаа клише досадна Храна и Вино емисија кај што ти го прикажуваат рецептот и ништо друго повеќе од тоа ни зборче.

    Oд странски Јутјуб канали Tasty има супер видеа онака набрзина главното прикажано во неколку минутки

    https://www.youtube.com/channel/UCJFp8uSYCjXOMnkUyb3CQ3Q


    Кајганџии пишете некој канал кој следите на Јутјуб со готвење.
     
    На Stefan-kobe и whatto им се допаѓа ова.
  2. teneke

    teneke

    Член од:
    13 јули 2006
    Мислења:
    4.780
    Допаѓања:
    1.591
    Продукцијата на youtube -риве станува рамна на телевизијава и најчесто е далеку подобра од таа на нашиве македонски тв канали.

    Дома кај нас на ТВ нон стоп youtube се гледа.



     
  3. Македонец

    Македонец мразам патетика во натпис

    Член од:
    12 февруари 2007
    Мислења:
    3.864
    Допаѓања:
    3.686
    Профи камера кај тој нашиот, многу добра фотографија, само со тоа праменот шо праиме, никако понатаму со тој прамен.
     
  4. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    6.940
    Допаѓања:
    7.477
    Almazan Kitchen, PitmasterX, BBQ Pitboys, Eater се едни од многуте канали за готвење што ги пратам
     
  5. MARCELLO

    MARCELLO Модератор

    Член од:
    15 јули 2007
    Мислења:
    8.655
    Допаѓања:
    3.623
    Еве ви го и Фичо - Готвиме со Фичо
    https://www.youtube.com/user/popovskiphoto

    Ми се допаѓа кај македонциве овој Фичо и оној првиов што го пишав дека тоа што го зборат не е напишан текст и стрикно литературно од А до Ш туку цело време си го мислат тоа што сакаат да го кажат дур се снима.

    Kaко што кажа @teneke продукцијата на Јутјуб е рамно исто како во телевизијата. Денес е многу подостапна од било кога технологијата, камери, светла, прибор за работа во кујна со пониски цени, брз и стабилен интернет и затоа може да си дозволи секој кој има желба да направи своја кулинарска емисија на Јутјуб.
     
    Последно уредено: 11 јули 2018 во 19:08
    На Tonchie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tonchie

    Tonchie BATTERY +

    Член од:
    15 јуни 2005
    Мислења:
    11.962
    Допаѓања:
    4.054
    Kaj го спомна Фичо, раката да ти се позлати :)
    Го немам видено со години, заедно идевме на курс по фотографија кај Марко Георгиев (New York Times, Getty...)

    Kaj Youtube највеќе ми се свиѓа тоа што авторите имаат многу поголема слобода во работата споредено со телевизија, што дава посебен шмек на видеата.
     
    На MARCELLO му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kicodarker

    kicodarker

    Член од:
    29 јуни 2006
    Мислења:
    501
    Допаѓања:
    541
    Ја мислев само џибери има на јутубот македонски. Топ.
     
    На Tonchie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kasabian

    Kasabian

    Член од:
    20 јануари 2013
    Мислења:
    1.337
    Допаѓања:
    2.385
    Guy Fieri легенда од човек. Има неколку емисии на Food Chanel од кој најпозната му е Diners Drive Ins and Dives.



     
  9. Almeida

    Almeida мрачна сила

    Член од:
    15 февруари 2015
    Мислења:
    4.616
    Допаѓања:
    9.244
    Цацко сакам да го прокоментирам.
    Ја гледав епизодата со бургерите. Не им се многу впечатливи интро/аутро деловите, ама верувам дека ќе ги поправат. Продукциски, се гледа дека е аматерски, ама со усул е. Па и кадарот, суптилната музика, soft jazz - не е воопшто лошо, дури и симпатично. У тој поглед, ако продолжат, сигурно ќе еволуираат и ќе се попраат. Така да, генерално ми е позитивен впечаток. Може да стекне некоја публика, па да конкурира на 24. Штом може онаа Јолисима бугаркана...зошто да не и некој наш.
    Тоа шо не ми се свиѓа (као Сергеј да се одразам сега) - стајлингот и тоа фарбаното (не знам као се вика) и посебно брадата, шо на прво глеање ти асоцира на влакно у сред плескаицата. Знам дека модава е викинг-фазон, нешо сите со тоа брадите (а не знаат да сменат дупната гума на кола, ниту дрва да исцепат), може и ја тера пошо визуелно го праи као послаб - ама хигиена е на прво место - остава нехигиенски впечаток за мене, што знам...
    Фичо исто со тоа брадата...шо знам.
    У голем процент од времето на тв ми е 24kitchen on, а па и некој Tasty кога ќе ми шерува на фејсбук...мислам...јадев скоро во Hardees (ваљда тоа беше) некој бургер со авокадо, благ кромид, трипер комбинација звучи вака на прва, ама стварно добар беше...и си викам „сеа дома, истово ќе си го напраам“ - каде беее, кој ќе трча по маркети да бара егзотични намирници, па да губи време за кување - ми се отвара апетит одма и првото ѓубре од фрижидер го јадам, безвезен сендвич ќе напраам....ама интересни се за гледање. Нормално, оние сериознине кулинарски емисии, со патувања исл., дека бараат скапа продукција, голема екипа, ама добро...да имаме и ние нешто, а да не се као сељачкине на онаа певаљкана што прегази чоек...
     

Сподели преку: