Прво се цитирани стари постови можеш да ги ринеш ако не ти се чита и да одиш директно подолу каде е поставено прашањето што ме интересита
Другар за корса правиме муабет, у основна опрема не би ме изненадило и кај мене (Шведска) да идат со челик, бар лани кога зимав и30ка пониските категории и20 и и10 најефтината опрема идеше со челик, додека ако ја зимаш ефтината верзија на и30 челик идеше на зимските, ако зимаш повисока опрема тогаш иде алуминум
Малку стар пост ти коментирам ама идев некоја страна назад за да прочитам препораки пред да го поставам доле прашањето
Нексен WinGuard (ако не се лажам) овие ми ги дадоа кога ја купив лани колата (знам дека има повеќе не се сеќавам точно кој ама можам да проверам) и мака немаат, а ги возам низ Гетеборг и околината што е најдождливата област во цела Шведска, Амстердам е сончев споредено со тука, па дури и Лондон
Гумите мака немаат, ни да ми пролизга ништо, не можам ништо да ти кажам за снег зашто ги чистат тука и најмалите патеки а не возам како брачава на ски стаза на Шапка со колата
Пред тоа во мкд на мазда 3 2006 користев 195/65 Р15 исто Нексен страшно подобри пример од Спортива, кладба ставам дека Стефан-Кобе (да не го тагнувам у тема за која не е заинтересиран знае он кај се става бензин на колата) уште ги вози и воопшто не се пожалил а скопје крушево му е дневна дестинација што се вика
Значи ете ги 4 години мака немаат Нексен гуми во мкд на летните услови (е сега нит јас нит па горе споменатиот) не сме бркале брзини од 170+ како што пиша некој дека гласни му биле кога возел толку
***************ВАЖНО************** Тука е прашањето
И сега да се вратам на тоа по кое што дојдов, дај те препорака за гуми ЛЕТНИ (зимски земаа минатата година) што да гледа сестра ми за Корса Д 2010, претпоставувам е 185/65 Р15 ама чекам да ми пишат па ќе корегирам до сега и реков да погледне Нексен и Матадор, збориме за пристојна цена на гума во ранг на 2-3к денари така што Мишелин пример може да ги скокнеме
(или што одговара на таа кола, а исто и бандажи каде да погледнат, дали пример би одговарале 16ки бандажи да се стават место 15ки, и кои предности би ги имале? или да останат на 15ки и да земат поширока гума пример 205 место 195 (ова ептен нагаѓање е во моментов зашто не знам што имаат во моментов))