На жешко време минимално се трошат, ама сепак се трошат побрзо. Ама имаат неверојатен grip.Не се проблем ладните денови туку жешките кај овие гуми.
Јас зедов all season од тие кинеските, исто на жешково на кружен тек и во големи кривини кога сум побрз знаат да сквичат, на летна гума тоа не се случува, а вака пак ги оштетуваме.
Инаку зависи колку возиш, ако си од Скопје скоро и да нема снег тука, ако немаш потреба да одиш подалеку и со летни може да гураш цела зима по булеварите.
Работата е за тие што не сакаат да купуваат и летни и зимски, да извлечат корист и максимум перформанси со едни гуми и на лето и во зима.