Губење на семејното презиме

Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Само да додадам дека презимето Папучаров е без причина изоставено. Но од друга страна, некако е премногу бледо во дадената ситуација...
Не е без причина.
Пhумата не трпи некој кој е обичен папучар. Пhумата ќе има роб кој нема ни да смее да размислува да и противречи. Папучари се за обични девојки кои сеуште не се освестиле вистински и не сфатиле колку тоа тие вредат. Пhумата е освестена и си ја знае вредноста. И нејзиниот поход само што започна. Прво битката за презимето, а потоа СВЕТОТ.
 
B

Black Guard

Гостин
Абе сега ова е само колку да се контра-карактерна особина опростено.
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Патријахално размислување и воспитување воопшто незначи заостанато размислување како што прочитав претходно. На некој не му е јасно по се изгледа дека вредностите се вонвременски и универзални.
Да се биде што по уникатен во презимето е тежок комплекс со придавање на вообразена големина или посебност.
Не гледам зошто жената не би го прифатила презимето на мажот освен ако тој нема некое шити презиме како на пример Мастурбов ( :) тогаш и ја ке размислам :) ). А жената би се сложила да си го зачува моминското презиме заедно со она од мажот само доколку ете во одредена област била препознатлива со истото, не знам... на пример уметност, култура, актерство...
Кога сите би ставале презимиња како што ке ни текне би било бесмислено, презимињата нешто значат, поврзуваат со некоја историја или корен, роднинска врска. Уште да се измешаме со презимињата ке почнат да се земаат и втори брачеди.
 

LAW

М-р
Член од
17 јули 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Трајковска до крајот на животот, само ќе го додадам неговото, истото мислење го дели и вереникот!
 

CUCULIGA

Баксуз
Член од
12 август 2012
Мислења
84
Поени од реакции
53
Лично ми е толку просто и селски помодарството каде што жената го задржува нејзиното и го додава неговото презиме. Глупости на квадрат. Афирмирани жени од одредена област ДА, уметност, култура како што имате спомнато погоре - ама останативе .... Не знам зошто се сметаат за интересни, работава видела жабата го коват коњот па и таа кренала нога ...
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Лично не гледам причина зошто женското при венчавањето мора да го промени презимето или додаде презимето од идниот сопруг. Не навивам за задржување на презимето за да не се изгубела семејната лоза туку заради можни понатамошни компликации при издавање на разни документи.Еве еден пример.Сестрата на мојата колешка е мажена двапати.Кога била првиот пат мажена го зела презимето од мажот и ги сменила личните документи нормално како што треба.Во тој период нејзините родители и поклониле стан кој според тогашната состојба е запишан под тоагашното име и презиме.Дипломата од факултетот исто.Потоа се развела, еден период си го носела повторно моминското презиме, па повторно се мажи и сега го има додадено презимето од новиот маж.Сите можни документи, дипломи од факултет, од курсеви и сл., и се каша-попара со презимињата, каде моминското, каде од еден маж, каде од друг маж.... крајот неможе да и се најде.Станот кога сакала да го продава прво морала еден куп хартии да потпишува и да менува документи па да дојде на ред да докаже дека таа е таа што ја пишува ако е со различно презиме ЕМБГ и е ист.Ама кај нас сеуште луѓево што работат позади шалтерите било у катастар било у банка не разбираат што всушност значи тој ЕМБГ туку читаат име и презиме.
 
Член од
15 јануари 2012
Мислења
652
Поени од реакции
192
Koj vika deka e tradicija da se dava prezimeto na mazot na decata?
Angliskata kralica na svoite deca im go prenela svoeto prezime so toa i na vnucite, i pravnucite i.t.n.
Ok, tie ne go koristat zvanicno prezimeto no sepak dinastijata e Windsor i koga bi imalo potreba da go koristat bi go koristele tokmu toa prezime, a ne prezimeto na princot Filip.

Ova cisto samo za dokaz za tradicijana, bidejki potradicionalna zemja od Anglija mislam deka nitu nema..
 
Член од
5 август 2013
Мислења
108
Поени од реакции
39
Не знаев како да ја крстам и каде да ја почнам оваа тема (а не знам ни дали до сега има слична). Имено, низ глава ми се провеа едно интересно размислување - доколку во едно семејство има брат и сестра, братот натака во животот роди две ќерки, а сестра му се мажи и го земе презимето на мажот, се губи цело фамилијарно презиме. На еден начин се брише цела фамилијарна историја... Малку е чудно, ама... :)
Една од најголемите глупости кои сум ги прочитал во мојот живот!!!!!!
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
ако реалноста е глупост... тогаш што да ти кажам
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
океј,се изначитав доста страни :) 24 да бидам конкретен.
сеа малце прагматизам.
кје се регистрираме наскоро.од практични причини кје го задржи нејзинното презиме(уште немаме адреса-да не вадиме документи 2 пати,имаме авионски карти купени до следниот март-да не менуваме презимиња на картите и слично)
е сеа,после март,од кога кје имаме време.како оди процедура да се смени нејзиното презиме?
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Имав школски у средно со две презимиња и он и сестра му, нормално, се со две. Интересно ќе биде ако и он кога ќе се ожени го земе презимето од жената. :D
 
Член од
5 август 2013
Мислења
108
Поени од реакции
39
Имав школски у средно со две презимиња и он и сестра му, нормално, се со две. Интересно ќе биде ако и он кога ќе се ожени го земе презимето од жената. :D
Хахаха. Ќе биде како шпанците. :D
--- надополнето: 4 октомври 2013 во 14:23 ---
ако реалноста е глупост... тогаш што да ти кажам
Па добро да реалност е се согласувам, само не ја сфаќам логиката ќе се изгубело семејното презиме голем к** !!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom