Губење на семејното презиме

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Aj дискутирајте по темата, да нема после плачки.
Тенк ју :pipi:
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.180
Поени од реакции
8.810
Дедо ми, единствено машко во семејство, сите горди на него ќе се продолжи лозата на Капчевски, ќе живее семејното презиме уште многу долго...
И фаќа војна, дедо ми се пријавувал нешто, и таму каша попара, кој како стигне пишувале датуми, имиња, презимиња како ќе им дојде и дедо ми од Мирчевски стана Буковски...(измислени презимиња)
И така сега три генерации се Буковски, па никој болен не падна.
Голема работа ако се смени семејното презиме, човек ќе си биде запаметен како човек. Не се сега веќе тие времиња како порано да се знае куќата по презимето. Сега се знае по активностите на членовите за кое семејство станува збор :D
Да се чува моминско презиме кај девојка ок ако пред тоа била познат доктор рецимо, била препознатлива по тоа Др. Момчилоска пример.
А оние што си го оставиле своето, па до нив презимето на мажот и тоа во машки род, што е финтата?
Марина Ристеска Манев :eek:
 
Член од
5 август 2013
Мислења
108
Поени од реакции
39

Така е убаво кажано. :D
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
океј,се изначитав доста страни :) 24 да бидам конкретен.
сеа малце прагматизам.
кје се регистрираме наскоро.од практични причини кје го задржи нејзинното презиме(уште немаме адреса-да не вадиме документи 2 пати,имаме авионски карти купени до следниот март-да не менуваме презимиња на картите и слично)
е сеа,после март,од кога кје имаме време.како оди процедура да се смени нејзиното презиме?
Истиот проблем го имав. Ништо, после ќе си иде она во полиција откако ќе се вратите од странство, таму ќе потпише изјава дека сака да смени презиме и ќе и кажат што треба да прави. Знам дека еднаш и до суд ќе треба да иде. Мене мајка ми ми ги вршеше овие работи за да не отсуствувам о работа, ама знам дека еднаш морав лично да идам до полиција за да ја потпишам изјавата.
--- надополнето: 4 октомври 2013 во 18:29 ---
Имав школски у средно со две презимиња и он и сестра му, нормално, се со две. Интересно ќе биде ако и он кога ќе се ожени го земе презимето од жената. :D
Како бе со две презимиња? Па јас мислев дека дете кога ќе се роди мора само едно да има.
 
Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Како бе со две презимиња? Па јас мислев дека дете кога ќе се роди мора само едно да има.
Не, не со две се и тоа прилично долги презимиња, па и имињата и на двајцата исто долги. Затоа викам интересно ќе биде ако тој го земе на жената кога ќе се ожени.

За мене, баш и не сум размислувал на таа тема, еве ако не сака да го отфрли нејзиното, барем да го земе моето. Се над тоа(читај ја да го земам нејзиното или децата да бидат со две :icon_lol: ) не иде.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
Голема работа. Има побитни работи од презимето. Јас без проблем и од женатата би го зел презимето ако изрази таква желба.
Хејтерите нека хејтаат колку сакаат
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
fala @ Srcee za odgovorot.
aj sea use malce pragmatizam.
prenup dogovor vo mkd?
predbracen dogovor dali znae nekoj da potpisal ili kaj moze da se vidi verzija na makedonski?
tnx
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
сите што мислат да си го додадат на своето презиме неговото да обратат внимание на црта измеѓу нив дали ке има или не зашто прави многу административни проблеми
Пр.Стојановска-Бојковска или само Стојановска Бојковска ако во некој документ ја има па ја нема работа неможе да завршите
Точно, ова е од особено значење.
Јас не знаев дека цртичката имала некоја важност, за среќа во полиција ме предупредија на време пред да направам некоја грешка.
 
Член од
8 ноември 2019
Мислења
106
Поени од реакции
35
Nemora da znaci deka ke se izgubi prezimeto mozes i da si go zadrzis prezimeto,mozes i dvete da gi imas tvoeto i na mazot so dve preziminja da bides
 
Kajgana Shop

На врв Bottom