Грчките пари прозбореа во Македонија!

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
кој 4 стана од кипар, кој брат???

го имаш фрчко, корумпиран арогантен со јасни антимакедонски ставови????

и гаволот кога би го кандидирале би го гласале, само од ваша/наша партија да е
па четирите станови на медицинската сестра кои се платни од нечија сметка на Кипар.
Така да не се лупајте многу од земја за вашио лидер ...

А кој рече дека ке гласам за фрле??????
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Не сакам во ЕУ која при првиот налет на криза, го укинува сушито и ќебапот за да се јаделе италијанските пици.
Владина мерка.
Бог да те чува.
По голема ороспија од Европа нит имали нит ќе има.
Вчера слушам еден француски новинар како Србија се октажала од Косово за да влезе во ЕУ а Македонија треба да се откаже од името.

А Трн добро ме потсети за Љубчо.
Никогаш нема да го заборавам Голубовски кој кажа: Љубчо не е бугарофил, него Грците го плаќаат.
И еве го па ни се појави од никаде.

Стоко каде и да сте, ЌЕ ВЕ ПОРАЗИМЕ:
Потпис:
Македоноид.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Значи таа ЕУ полека исчезнува ,а ние мора да имаме еден пат по секоја цена ,зошто?
Значи да резимираме:

Бранко Црвенковски и СДС во почетоците на независноста на Македонија тврдеа дека без југославија, Македонија не може да опстане.

ОПСТАНА

Бранко Црвенковски и СДС откако видоа дека Македонија опстана без Југославија, упорно тврдат дека Македонија без ЕУ не може да опстане.

Самата ЕУ едвај се држи, а Македонија мала, опкружена со хиени, политички немоќна, ама пак ОПСТОЈУВА. И ќе ОПСТОИ и ПОСТОИ , со или без ЕУ!!!

Ама на Бранко Црвенковски, Фрчковски, СДС и останатите НВО платеници, слатки им се парите што Грција им ги дава, па ја шират пропагандата која Грција ја наметнува, дека Македонија нема да опстои без ЕУ, а тоа значи ПОТЧИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ. ОБЕЗЛИЧУВАЊЕ!
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Абе глава ќе изгубев во 1991 зошто овие од КПМ - СДСМ имаа страшна визија, Македонија по секоја цена во србославија.
200 загинати 18 годишни момчиња Македонци.
Одговараше некој за оваа лоша политика ?
 
MaryJane

It's alive!
Член од
11 јуни 2008
Мислења
369
Поени од реакции
33
Значи да резимираме:

Бранко Црвенковски и СДС во почетоците на независноста на Македонија тврдеа дека без југославија, Македонија не може да опстане.

ОПСТАНА

Бранко Црвенковски и СДС откако видоа дека Македонија опстана без Југославија, упорно тврдат дека Македонија без ЕУ не може да опстане.

Самата ЕУ едвај се држи, а Македонија мала, опкружена со хиени, политички немоќна, ама пак ОПСТОЈУВА. И ќе ОПСТОИ и ПОСТОИ , со или без ЕУ!!!

Ама на Бранко Црвенковски, Фрчковски, СДС и останатите НВО платеници, слатки им се парите што Грција им ги дава, па ја шират пропагандата која Грција ја наметнува, дека Македонија нема да опстои без ЕУ, а тоа значи ПОТЧИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ. ОБЕЗЛИЧУВАЊЕ!
ако играш така барем кажи и дека гВујо цела кампања пред две години ја базираше на нашето членство во нато и еу,не бидете слепци,
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Абе глава ќе изгубев во 1991

Одговараше некој за оваа лоша политика ?
Глава изгубивме СИТЕ во

1993

Лисабонската декларација со која „демократската Европа“ и наредува на мојата земја и народ да не се викаат Македонија и Македонци. Лично за секој Македонец како мене тоа би значело, „заборави како ти кажале што си и барај си друго име“. Постапките со кои Македонската официјална политика одговара на овие „препораки“ на Европа се рамни на национално предавство – прифаќање на погрдната преференца ФИРОМ и менување на знамето. За ова првото и ден денес истите кои го прифатија „на 3 месеци“ не убедуваа дека било ептен соломонско решение. Може за нивните малоумни мозоци и за нивните следбеници. За вистинскиот Македонец нема компромис кога се во прашање елементарните обележја на своето постоење. Истите тие политички структури кои работат против македонскиот интерес (Македонци по род, по душа, зависно колку ќе им се понуди) и ја ништат македонската економија која е столб на сите модерни држави од чија цврстина се бранат своите интереси. Ете затоа СДСМ е најприфатлив „партнер“ на политичките елити на нашите соседи.
 
nyx

Член од
22 ноември 2007
Мислења
24
Поени од реакции
4
А мене вие ќе ми најдете работа? Прост и најнов пример е со тендерот со САНОС , зашто да се даде тендерот на наши јебига , нови 500 вработувања и оживување на многу семејства во државата ќе се случеше... Наместо да се замараат со Грција и тој проблем ТРЕБА и МОРА да се работи на внатрешна добробит и добробит на народот. Мене нема ништо да ми значи ако нешто се смени со надворешната политика и проблемот со грците. Таа политика (моменталнава) колку што гледам и после давањето на мојот глас за оваа политика моите сеуште седат дома , сеуште се бараат начини секакви за преживување. Така да искрено курац ми потече од оваа политика на патриотизам , кога основното ниво на патриотизам не се цени воопшто. Прво тргни од дворот па после надвор од него. Наместо да се движи напред државава очајно се удира со глава во зид и се враќа назад до антиката...као што ми седи ќе биде полошо наместо подобро.

поздрав и ноу хард филингз за вие што се чукате у груди кога не гледате реално како е околу вас. И јас сум Македонец и јас си ја сакам државава и нејзината историја! Ама не на начин на кој вие тоа го правите. Малце пореално. :salut:
 
кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Изминативе денови сме сведоци на тоа што се прават луѓето кога се во прашање пари. Дефинитивно, парите покажаа до каде се некој луѓе спремни да отидат за да дојдат до нив.

Спремни се да се откажат од тоа кој се, што се, од каде потекнуваат и како се викаат.

Изминативе 5 дена се случија неколку работи кој дефинитивно означија преминување на црвената линија и отворање на фронт каде преку одредени колумни, ставови и едиторијали, фино запакувани како критика кон власта за некој нејзини потези, одат чекор понатаму во суптилна сугестија за прифаќање на компромис по секоја цена и промовирање на грчките позиции околу спорот со името.

Настан 1 - Промоцијата на Љубомир Д. Фрчковски за кандидат за претседател на Република Македонија.

Фрчковски е познат како човек кој во времето на неговото министерување во министерството за внатрешни работи, изби аферата "Анафора" , во која Фрчковски примал поткупи и скапи подароци од страна на грчкиот разузнувач Грилакис.

За ова сведочи и поранешниот Претседател, Киро Глигоров: “Еден ден министерот за внатрешни работи Фрчкоски ми предложи да примам некои соработници од Службата, за да ме известат лично за нешто од нивната работа. Ги примив, а тие ми кажаа дека имале некоја средба со нивни колеги од Грција и дека тие официјално им рекле да ми пренесат лично мене дека доколку попуштам околу името, подготвени се да ми префрлат, на која банка сакам во светот, милион долари. ( извадок од книгата Македонија е се` што имаме).

Втората работа која го врзува Фрчковски за Грција, се секако неговите ставови за името, при што Фрчковски е отворено за компромис и влез во НАТО по секоја цена.

Настан 2 - наезда на колумни и огласи од страна на НВО-а

Преку константни критики за одредени потези на владата, суптилно се бара влез во НАТО по секоја цена, а со тоа и промена на името и откажување од правото за повикување на нашите антички корени.

На ова пред се мислам на колумните на Владимир Милчин, Гелески, Жарко Трајановски, Митески, Бранко Геровски... каде преку критиките за одредени потези на власта со преименувањето на одредени објекти и коридори, како и одредени кампањи и настани (сосема легитимен потег за критикување, имаат право на тоа), напаѓаат секаков вид на поврзување со нашата античка историја, го карактеризираат како сељачизам, како непостоечко... буквално барајќи тотална словенизација на македонскиот идентитет, онаков каков што постоел до 1990 година.

За последниот оглас на т.н. коалиција на НВО-а, доволно беше што ги видовме имињата на Милчин и Сашо Ордановски, за се да стане јасно.

Настан 3 - Враќање на сцената на Љубчо Георгиевски.

На прв момент сите помислија дека неговото враќање во политиката се базира на шансата за решабилитација во политиката на грбот на популарноста на Љубе Бошковски.

Други коментираа дека тој е тројанецот кој СДСМ го пушта за раздор во внатрешните редови на ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, последниве неколку месеци, Ѓоргиевски повеќе коментира за името и владата, отколку за политичките проблеми и активности.

Прв потег беше кога пред неколку месеци преку својата фондација апелираше за прифаќање на Република Северна Македонија, а дефинитивно беше интересно и неговото последно интервју со Чомовски за А2, каде отворено бара компромис за името и ја критикуваше политиката на Владата по оваа тема.

За потсетување, Георгиевски е познат за своите конекции со Грција, пред се од времето на продавањето на рафинеријата ОКТА и неговите лични контакти со Мамадакис.

--------------

Сите горе-наведени се или во минатото и денес јаделе(дат) пари од Грција, или се полтрони на една партија која за влез во ЕУ и НАТО отворено бара промена на името и идентитетот(иако и тоа фино го пакуваат).

Секој го има демократското право да ја критикува власта, Бог знае дека со одредени потези и заслужува. Можеби некој потези се пресилени, дури и инаетливи, ама од нивните зајадливи колумни, полни со гнев, омраза и потценување, отворено застапуваат откажување од овој дел од нашето потекло и историја, а со тоа и од нашиот ИДЕНТИТЕТ.

А тоа туку-така, НЕ ПОМИНУВА!!!

:aplauz::aplauz::aplauz:
Само што би се надоврзал, процесот почна пред Букурешт, беа принудени да ги откријат маските... А тоа дали поминува или не, македонскиот народ веќе го кажа и покажа на последните парламентарни избори... Премногу го потценија овој напатен народ...
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
А мене вие ќе ми најдете работа? Прост и најнов пример е со тендерот со САНОС , зашто да се даде тендерот на наши јебига , нови 500 вработувања и оживување на многу семејства во државата ќе се случеше... Наместо да се замараат со Грција и тој проблем ТРЕБА и МОРА да се работи на внатрешна добробит и добробит на народот. Мене нема ништо да ми значи ако нешто се смени со надворешната политика и проблемот со грците. Таа политика (моменталнава) колку што гледам и после давањето на мојот глас за оваа политика моите сеуште седат дома , сеуште се бараат начини секакви за преживување. Така да искрено курац ми потече од оваа политика на патриотизам , кога основното ниво на патриотизам не се цени воопшто. Прво тргни од дворот па после надвор од него. Наместо да се движи напред државава очајно се удира со глава во зид и се враќа назад до антиката...као што ми седи ќе биде полошо наместо подобро.

поздрав и ноу хард филингз за вие што се чукате у груди кога не гледате реално како е околу вас. И јас сум Македонец и јас си ја сакам државава и нејзината историја! Ама не на начин на кој вие тоа го правите. Малце пореално. :salut:
Кој сакаш да ти најде работа бе другарче?Фабриките во кои работеја луѓето барајги кај државникот.Врати се малку наназад и размисли зошто седат твоите дома?Кај работеја?Вечната транзиција не ја направи сегашниот состав.
 
nyx

Член од
22 ноември 2007
Мислења
24
Поени од реакции
4
Кој сакаш да ти најде работа бе другарче?Фабриките во кои работеја луѓето барајги кај државникот.Врати се малку наназад и размисли зошто седат твоите дома?Кај работеја?Вечната транзиција не ја направи сегашниот состав.
А зашто не одговараш на ова моево подолу напишано? Јас многу убаво знам зошто седат моите дома , сигурно дека во текот на транзицијата живеев подобро него што сега. Тоа е мојот факт , извини ако те нервира и ако мислиш дека е тоа поради некоја си транзиција низ која сме проаѓале...Транзицијата од лошо на полошо ја направи сегашниот состав.
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Значи да резимираме:

Бранко Црвенковски и СДС во почетоците на независноста на Македонија тврдеа дека без југославија, Македонија не може да опстане.

ОПСТАНА

Бранко Црвенковски и СДС откако видоа дека Македонија опстана без Југославија, упорно тврдат дека Македонија без ЕУ не може да опстане.

Самата ЕУ едвај се држи, а Македонија мала, опкружена со хиени, политички немоќна, ама пак ОПСТОЈУВА. И ќе ОПСТОИ и ПОСТОИ , со или без ЕУ!!!

Ама на Бранко Црвенковски, Фрчковски, СДС и останатите НВО платеници, слатки им се парите што Грција им ги дава, па ја шират пропагандата која Грција ја наметнува, дека Македонија нема да опстои без ЕУ, а тоа значи ПОТЧИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ. ОБЕЗЛИЧУВАЊЕ!
Зашто ме вадиш од контекст????
 
Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Никој не може да ми ја земе мојата античност!
 
Член од
8 август 2005
Мислења
456
Поени од реакции
78
Мајка и татко ми, немаа работа, ама одеа навечер да берат полжави, Мајка ми и татко ми кој атранзицијата ги остави без работа, одеа да копаат на нива 25 км, и пак назад. Мајка ми татко ми ..чекаа 8 март за да купат цвеке и да го препродадат за 2 денари, мајка ми и татко ми..везеа таписерии, за да ме школуваат, мајка ми и татко ми плетеа капи и шалови за да ме пратат на школување. Не барав од татко ми и мајка ми , да ми купат скии нити копачки, само топка која можам да ја шутирам и бос. Ми фали тоа што верувам имав талент за спорт, а никогаш не сум тренирал, затоа што после школо ме земаа за да одам да работам на нива, ама едно не ми фали, да знам дека парите не се значањи за да поцувствуваш срека, и и љубов, затоа и бескомпромисно ги љубам. Затоа што мене, нам Македонците, тоа не спојува тоа не одржува. Никој не може да ми го одземе лувстото на припадност. Сакам љубов без пари. Некогашната блудница вавилонска, сега сака повторно да ни протне курвалак, плати клати..
Јас читам темава, и некако не можам да поверувам дека ова може да е вистина, дури ги читам извадоците од киро, пак неможам да верувам дека е вистина.. ама еден па мора да лаже..и во тоа неможам да поверувам....
Ми останува само да верувам во Македонија, во подобро утре...Да ја сакам и ценам со најголем пиетет. Толку сиромашна а толку богата.
Треба да се гризиме за тоа до каде мириса на македонско , ама треба да чуеме пто се случува и во дворот кај соседите.
Добро да прашам името Македонија..не го сваќате лично? како дел од себе? И не ме интересираат античките македонци..нит словените.. ЈАс сум Македонец.. овде и сега.. Така ми кажал татко ми, него татко му.. итн.. Истото не го продавам, него ни давам.. И јас ке берам полжави, и ке копам, бидејки иамам мало парче земја Македонска која е моја, која ако не оваа година до година ке роди.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Браво.. И не се тоа само грчки пари, имаме ние широка лепеза на заинтересирани да го решат конечно Македонското прашање.
 
Токму во целта! Одлично прашање, и најдобра слика досега. Јас ти подавам рака!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom