Грција го купи "Сенки" на Манчевски!

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ЕГЕЈСКИОТ ЕГЗОДУС ЌЕ СЕ ОТВОРИ ПРЕД ГРЧКАТА ЈАВНОСТ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Грција го купи "Сенки" на Манчевски[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Баварија филм интернешнл" соопштува дека на неодамна завршеното Берлинале Грција го купи филмот "Сенки" и покрај тоа што во него јасно се спомнува егзодусот на Македонците од Егејска Македонија, кој детаљн[/FONT]


[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Грција го купи филмот "Сенки" на Милчо Манчевски за киноприкажување. "Севн груп", една од најголемите грчки медиумски групации, го купи филмот на Манчевски на изминатото Берлинале, објави светскиот дистрибутер "Баварија филм интернешнл".[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]По "Пред дождот", "Сенки" е вториот македонски филм кој воопшто ќе игра во грчките кина. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Сенки" доаѓа во Грција во екот на официјалната антимакедонска кампања со грчките притисоци за промената на уставното име на Република Македонија и на заканите за вето за нејзиниот прием во НАТО.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Изненадувачки е што Грција го купи "Сенки" и покрај тоа што во него јасно се спомнува егзодусот на Македонците од Егејска Македонија. Историскиот контекст на егзодусот на Егејците е детаљно објаснет во пропагандните материјали на "Баварија", а досега е спомнуван и во сите рецензии за филмот што излегоа во светот. Дел од главните ликови во "Сенки" се Егејци кои се самоубиле, а филмот оди под мотото, една од клучните реплики: "Врати го она што не е твое".[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Да потсетиме дека дипломатското отворање на Грција кон Македонија пред 12 години беше поттикнато токму од кинодипломатијата.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Триумфот на "Пред дождот" во Венеција во 1994 г. беше пречекан во Грција како пораз на грчките интереси. Критичарот на социјалистичкиот дневник "Та Неа" беше единствениот кој во извештајот од Венеција напиша: "Ова не е никаков антигрчки заговор. Жално е што и Грција не може да создаде филм вреден за 'Златен лав'".[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Веднаш по победата во Венеција, "Пред дождот" беше поканет да учествува на Филмскиот фестивал во Солун, но поканата потоа беше повлечена. Сепак, филмот играше на фестивалот следната година, во ноември 1995 г. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Еден филм - мост на пријателство со Скопје", тогаш беше насловот во весникот на умерената левица "Елефтеротипија".[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Две години по делумното релаксирање на дипломатските односи меѓу Грција и Македонија во1996 година, "Пред дождот" имаше кинопремиера во Атина.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Овој филм на младиот скопјанец би требало да го земе под заштита грчкото Министерство за култура и да им го покажува на членовите на комитетите на Центарот за кинематографија и на оние што доделуваат награди на грчки филмови што не успеале. Да ги повикува сите режисери и да им кажува: 'Ете што направи скопјанецот за својата татковина, зашто и името на новосоздадената земја го направи познато!'", пишуваше весникот "Апогематини" тогаш.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Пред 12 години, "Пред дождот" ги отвори вратите во Грција за македонската кинематографија - оттогаш речиси секоја година на фестивалот во Солун играат и македонски филмови.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]На изминатото Берлинале "Сенки" беше продаден за киноприкажување и во Руската Федерација и во Мексико, што се надоврзува на дистрибуцијата низ европските и низ јужноамериканските земји.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Фестивалскиот поход на "Сенки" продолжува следниов викенд со белградскиот ФЕСТ, каде што ќе има и ретроспектива на Манчевски, па Софија, Истанбул, Гвадалахара, Копенхаген, Сингапур, Брисел.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]По тримесечното прикажување во Скопје и рекордниот број гледачи, "Сенки" се уште игра низ кината во Македонија. [/FONT]

Извор.

Е ај сеа иди па разбери ги.
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Хммммммм......интересна работа. Немам коментар!
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Мене ова некако многу ми смрди . Што значи во практика откупување на правата за киноприкажување ???? Скоро добивме информација дека истото ке се случи , или можеби е завршена работата со филмот на Лабина , во кој исто како и во Сенки се третира прашењето на егзодусот во егејска македонија врз македонците. Покрај тоа што го добивме како информација од медиумите , не видов некој да се потруди да го анализира сето ова , или се смета како недоволно атрактивна случка. Дали во момент кога повеке од 85% грагани во грција сметаат дека РМ треба да го смени името и да се откаже од својата историја, ова не смрди на нешто????. Треба да веруваме дека ова е чин на некои грчки космополити кои решиле со прикажувањето да ги просветлат своите заспани сограѓани ????? Или пак со откупување на тие права , грците имаат можност да се ограничи прикажувањето , и филмовите да скапуваат во нивните архиви . Стварно мислам дека треба некој компетентен да излезе на некој од медиумите ,и да објасни што всушност значи ова . Одлично поставена тема и се надевам дека некој кајганџија кој има некое поголемо познавање ке ни ги појасни работите малку подобро.
 

IvicaPunK

Старо нов член
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.084
Поени од реакции
85
Чудна работа
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
26
Поени од реакции
0
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ЕГЕЈСКИОТ ЕГЗОДУС ЌЕ СЕ ОТВОРИ ПРЕД ГРЧКАТА ЈАВНОСТ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Грција го купи "Сенки" на Манчевски[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Баварија филм интернешнл" соопштува дека на неодамна завршеното Берлинале Грција го купи филмот "Сенки" и покрај тоа што во него јасно се спомнува егзодусот на Македонците од Егејска Македонија, кој детаљн[/FONT]


[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Грција го купи филмот "Сенки" на Милчо Манчевски за киноприкажување. "Севн груп", една од најголемите грчки медиумски групации, го купи филмот на Манчевски на изминатото Берлинале, објави светскиот дистрибутер "Баварија филм интернешнл".[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]По "Пред дождот", "Сенки" е вториот македонски филм кој воопшто ќе игра во грчките кина. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Сенки" доаѓа во Грција во екот на официјалната антимакедонска кампања со грчките притисоци за промената на уставното име на Република Македонија и на заканите за вето за нејзиниот прием во НАТО.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Изненадувачки е што Грција го купи "Сенки" и покрај тоа што во него јасно се спомнува егзодусот на Македонците од Егејска Македонија. Историскиот контекст на егзодусот на Егејците е детаљно објаснет во пропагандните материјали на "Баварија", а досега е спомнуван и во сите рецензии за филмот што излегоа во светот. Дел од главните ликови во "Сенки" се Егејци кои се самоубиле, а филмот оди под мотото, една од клучните реплики: "Врати го она што не е твое".[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Да потсетиме дека дипломатското отворање на Грција кон Македонија пред 12 години беше поттикнато токму од кинодипломатијата.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Триумфот на "Пред дождот" во Венеција во 1994 г. беше пречекан во Грција како пораз на грчките интереси. Критичарот на социјалистичкиот дневник "Та Неа" беше единствениот кој во извештајот од Венеција напиша: "Ова не е никаков антигрчки заговор. Жално е што и Грција не може да создаде филм вреден за 'Златен лав'".[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Веднаш по победата во Венеција, "Пред дождот" беше поканет да учествува на Филмскиот фестивал во Солун, но поканата потоа беше повлечена. Сепак, филмот играше на фестивалот следната година, во ноември 1995 г. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Еден филм - мост на пријателство со Скопје", тогаш беше насловот во весникот на умерената левица "Елефтеротипија".[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Две години по делумното релаксирање на дипломатските односи меѓу Грција и Македонија во1996 година, "Пред дождот" имаше кинопремиера во Атина.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Овој филм на младиот скопјанец би требало да го земе под заштита грчкото Министерство за култура и да им го покажува на членовите на комитетите на Центарот за кинематографија и на оние што доделуваат награди на грчки филмови што не успеале. Да ги повикува сите режисери и да им кажува: 'Ете што направи скопјанецот за својата татковина, зашто и името на новосоздадената земја го направи познато!'", пишуваше весникот "Апогематини" тогаш.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Пред 12 години, "Пред дождот" ги отвори вратите во Грција за македонската кинематографија - оттогаш речиси секоја година на фестивалот во Солун играат и македонски филмови.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]На изминатото Берлинале "Сенки" беше продаден за киноприкажување и во Руската Федерација и во Мексико, што се надоврзува на дистрибуцијата низ европските и низ јужноамериканските земји.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Фестивалскиот поход на "Сенки" продолжува следниов викенд со белградскиот ФЕСТ, каде што ќе има и ретроспектива на Манчевски, па Софија, Истанбул, Гвадалахара, Копенхаген, Сингапур, Брисел.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]По тримесечното прикажување во Скопје и рекордниот број гледачи, "Сенки" се уште игра низ кината во Македонија. [/FONT]

Извор.

Е ај сеа иди па разбери ги.
Vo denesen bugarski "Standart" procitav bas dobra kritika za "Senki" na Mancheski.
Izgleda e mnogu dobar filmot.

http://www.standartnews.com/bg/article.php?d=2008-03-04&article=224149
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.358
Поени од реакции
509
Мене ова некако многу ми смрди . Што значи во практика откупување на правата за киноприкажување ????
Или пак со откупување на тие права , грците имаат можност да се ограничи прикажувањето , и филмовите да скапуваат во нивните архиви
Грците не ги откупиле авторските права за прикажување на филмовите низ светот , туку ги откупиле правата за нивно прикажување во Грција . Така да , ме заболе мене доколку ги стават тие два филма во нивните архиви да скапуваат , тоа е нивни проблем:uvo:
Филмовите ќе играат низ цел свет,кадешто ќе има интерес за нивно прикажување !
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
Глупост, бог да чува, нека продадев све што имав....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom