Грција влегува во политичка криза (Втор дел)

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Нели ние ако не го сменевме името и ако не влезевме во НАТО ќе сме кризирале.
Грциве влегуваат поред економската и во политичка криза.
Допрва ќе кулминира незадоволството во Грција, сега живеат од помош, фабриките преку ноќ ги снемува во Грција, како што беше кај нас со истата таа багра која испокраде се.
Ако се распаѓаат Македонците од Солун и другите градови ќе ги прифати мајка Македонија, ќе си го направиме повторно Солун најголемиот и најубав град на Македонците.
 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
219
. . . Ако се распаѓаат Македонците од Солун и другите градови ќе ги прифати мајка Македонија, ќе си го направиме повторно Солун најголемиот и најубав град на Македонците.
Ти гледаj да не ви прифати маjка Илирида, и да остане Скопjиево "најголемиот и најубав град на Македонците".
;)
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Нели ние ако не го сменевме името и ако не влезевме во НАТО ќе сме кризирале.
А сега не кризираме? Живееме во идила? o_O

Работата е што вака само тонеме. Како членка на НАТО би привлекле многу повеќе капитал, мада и тоа сега е дискутабилно, влезе доста капитал во западен балкан, ја пропуштивме шансата 2008ма.

фабриките преку ноќ ги снемува во Грција, како што беше кај нас со истата таа багра која испокраде се.
Па не баш. Големите и профитабилните се сега уште поголеми и попрофитабилни само што наскоро странскиот капитал ќе стане управувачки, исто како и кај нас. Средните и мали претпријатија згаснуваат во Грција и пак исто како и кај нас.
Затоа на Грците моментално екстремната левица им е попотрбна од било кога.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ти гледаj да не ви прифати маjка Илирида, и да остане Скопjиево "најголемиот и најубав град на Македонците".
;)
За вас знам дека скоро ќе бидете првата ромска држава, главен град Софија.
Ќе си ги мериме уште ?
;)
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
..
Ако се распаѓаат Македонците од Солун и другите градови ќе ги прифати мајка Македонија, ќе си го направиме повторно Солун најголемиот и најубав град на Македонците...
дајте бе луѓе, спуштете се на земја, каков Солун какви бакрачи, кој ти го дава бе Солун, колку побрзо заборавиме на ваквите глупости, толку подобро за нас..да се разбереме, не дека не сакам, сакам тоа да се оствари ама и сум свесен дека тоа повеќе не е можно, заминаа сите возови за тој сон уште во 1913 година и КРАЈ Е ТУКА, ГОТОВО,ФИНИТО, не туку распламтувајте омрази со неостварливи желби!
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Пак ли сакаш лекции по географиjа? ;)
темата е едноставна, поедноставна и неможе да биде. Ако толку ти се држат предавања по географија иди на форум за географија и таму биди педагог. Мада јас мислам како и повеќето бугари, ќе бидеш само демагог.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Алексис Ципрас, лидерот на Сириза, јавно изјави дека ќе проба да состави влада од партии кои ќе го поддржат во раскинувањето на договорот со ЕУ и ММФ.

Дали радикалната левица и радикалната десница би можеле да коалицираат? Не сум сигурен за коалиционите партнери на NSDPA во 1933, друг пример не ми текнува на ваква коалиција.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
дајте бе луѓе, спуштете се на земја, каков Солун какви бакрачи, кој ти го дава бе Солун, колку побрзо заборавиме на ваквите глупости, толку подобро за нас..да се разбереме, не дека не сакам, сакам тоа да се оствари ама и сум свесен дека тоа повеќе не е можно, заминаа сите возови за тој сон уште во 1913 година и КРАЈ Е ТУКА, ГОТОВО,ФИНИТО, не туку распламтувајте омрази со неостварливи желби!
Ти ако не го сакаш, Турците го сакаат, Бугарите го сакаат, па и Албанците.
Родниот крај на мојот татко е Беломорска Македонија населена со 1,2 милиони Македонци на почетокот на 20 век со мнозинско македонско население.
После грчко турските војни се населуваат 1,2 милиони маџири од мала Азија.
Завршува ерата на западните кралски фамилии, силата се повеќе им се намалува, сите креатури кои тие ги створија ќе се распаднат.
Што не е нормално овде ?
Немам јас омраза, ниту го мразам грчкиот народ, јас само си го барам своето.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
..Родниот крај на мојот татко е Беломорска Македонија населена со 1,2 милиони Македонци на почетокот на 20 век..
на почетокот на 20-ти век.. кажи ми, колку СЕГА има или уште подобро, колку се изјаснуваат како Македонци? во Солун биле некогаш и 60’%, сега во ЦЕЛА Беломорска ако се изјаснат преку сила 10.000, дали ме разбираш што сакам да кажам? на наша жалост, нема да се распаднат бидејќи знаат како да опстанат за разлика од нас, ние не знаеме и она што ни остана да си го сочуваме!
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Како бе се со такви дефитистички бројки настапувате.
До вчера не знаевме подалеку од илинденско востание, денеска знаеме многу повеќе.
Знаењето е будење, будењето е процес.

Да ти објаснам нешто, оти ова ни се повторува некој мора да го прекине кругот.

1945, вистинските македонски револуцинери, не тие на Темпо кои извршија државен удар, сакаа со војската наместо на Срем да тргнат на Солун и да си ја обединат Македонија.
Тогаш се појавија исто овакви луѓе кои викаа, абе каков Солун, никако на Солун, ние одиме на Срем у име друга Тита и шти ти ја знам шта још.
Таа политика од тоа време е резултат на состојбата денеска во Македонија.
Ние сме отуѓени не само со Македонците од нашето соседство, дијаспората, туку и внатре.
Од нас, од овде мора да почне тој бран, да го срушиме тој Матрикс, да почнеме заедно да си работиме на нашите интереси.
Во Тетово денеска има се помалку Македонци, сакаш да кажеш дека треба и од Тетово да се откажеме ?
Куманово, Гостивар, Дебар, Струга, утре Охрид, Прилеп, Битола, Скопје, Велес.
Тоа е план на некој туѓ национален интерес.
Нашиот национален интерес треба да е Македонија и Македонскиот народ.
Не барам туѓо, го сакам своето само, а се знае кој има тапија за таа земја.

Ако падне матриксот Грција, а паѓа, брзо ќе се врати свеста кај измачениот и насилно асимилиран народ. Само соседите први да не стигнат до него, тие се мајстори за правење хаос.
 
Член од
9 мај 2012
Мислења
3
Поени од реакции
5
За прав пат во животот си ке напишам нешто на македонска тема и , но се регистрирав за да го подржам Славиаjнски , кои често сум го читал со интерес. Атилла мислам си продолжува некаква си предходна тема спорови.
Но ако бидеме обективни за македонците, барем во мислите Солун е како Арарат за арменците и не е толку важно дека и дали е нереално - човек право да си го рече што е било и што мисли. А има много неправди и ако македонците не зборуват за овие нешта нема коj друг да ги изрече сега тие вистини. Затова аз лично не се лутам много кога читам на вакви теми - во моето село во северна Бугариа имаше една - две кука бежанци от Егејска македониjа и да ви кажам честно се поразликуваа некако, ако и второ колено кога играах како дете со нивните деца, харни беха како другар и е много тажно дека лугете са се разтурнале и попаднале от турско во гр'чко и са прогонети по целиот свет. Турците и грците ке си jа играат и религиозната карта и политиката, и ке си ги прават и пропагандите и соjузите. А да не немаха гузна мисал грците не би водели таква политика кон Македониjа, исто како и турците во Курдистан и Армениа. Jаз би рекол, ако не можеме да им помогнем на македонците, барем да не им се мешаме. А форумот ви понекогаж го читам еј така заради jазикот, со интерес кон разните говори от словенските езици. Доживев и jaз да "зборувам". От мене толку - малко но ;) Хајде со здраве !
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Па самиот народ во Грција е против мерката за штедење,како што си пишува и таму.
Јасно ми е, но како ќе го отплатат долгот? Дали некој ќе дозволи да се формира влада која нема да ги почитува каматите на банкарите? Според сите лихварски примери, ова не би го дозволиле.

Тоа ми е мене цела поента, не дека не е правилно или дека не треба (или пак спротивно), но сепак околностите дали ќе го дозволат тоа...?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom