Група F (SWE, SLO, SUI, POL) - Гетеборг

Кои две екипи ќе одат во следната фаза?


  • Вкупно гласачи
    24
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Се ближи православниот Божиќ, што може да значи само едно - време е за ракомет!

И тоа каков ракомет не очекува, првото досега ЕП со 24 репрезентации. По слободна проценка најсилното ракометно натпреварување досега. Секој кој што мисли дека ќе биде полош квалитетот вака се излажал, Европа веќе некое време е зрела за ЕП со 24 селекции. Не очекуваат голем број интересни дуели - прашање е колку од нив ќе бидат достапни за гледање (се надевам Телма ќе се покаже на подобро ниво од минатиот пат, пред се на коментаторски план, дај боже да видиме и малку посериозна графичка и статистичка стручна анализа, а не само стандардните досадни полуаматерски флоскули).

Се ова значи дека е е време да се започне и со традиционалната презентација на групите на Кајгана. Ќе почнеме од назад - група Ф!

Се работи за можеби најнеатрактивната група од десниот дел од ждрепката (барем според имињата), но тоа е повеќе затоа што другите 2 групи од "десната страна", се практично групите на смртта, отколку што овие екипи не се атрактивни и опасни. Згора на тоа Македонија е на друга страна и нормално нашиот фокус ќе биде повеќе насочен кон А и Б групите.

Одиме со ред:

Шведска

Очекуван состав:

GK: Appelgren / Palicka
LW: Tollbring / Pellas
RW: Petterson / Chrintz
P: A.Nilsson / Nielsen / Darj
LB: L.Nilsson / Ekdahl du Rietz / Jeppson / Henningson
CB: Gottfridsson / Arneson
RB: Lagergren

"Најголемиот" домаќин од трите домаќини ќе биде сигурно еден од фаворитите за медал. По десетина години стагнација во последните неколку рекордерот по европски титули се врати во светскиот ракометен крем. Имаат веќе зрела репрезентација со завидни опции на сите позиции, изграден систем на игра, а овојпат и поддршка од публиката. Потенцијален рецепт за голем успех. Проблемот е што за да стигнат до полуфиналето ќе треба да минат преку Данска, Норвешка, Франција, Словенија, Унгарија, Исланд... Како и да се одвива првенството, тешкиот пат до медал ќе биде неизбежен за сите екипи од D,E,F групите. Најјака страна според мене и натаму им е одличниот пар голмани (швеѓаните имаат најдобри голмани последните години а и двајцата одлично се надополнуваат) кои заедно со црвстата 6-0 одбрана би требало да е основата на нивниот можен успех на ова ЕП. Во напад многу од работите ќе зависат од организаторот Gottfridsson. Тој е алфа и омега во екипата, но ќе има поддршка и од другите бекови.


Словенија

очекуван состав:

GK: Lesjak / Kastelic
LW: Cingesar/ Kodrin
RW: Janc / Marguc / Sostaric
P: Blagotinsek / Zabic / Horzen
LB: Mackovsek / Hennigman
CB: Bombac / Zarabec / Ovnicek
RB: Dolenec / Kavticnik / Cehte

Словенците долго време се тука блиску до најсилните. Така е и сега. Можат да победат секого во еден натпревар. Ги имаат едни од најдобрите средни бекови во светот, одлични крила и грамадни снажни 2 метраши во одбрана. Имаат и разбивач на лев бек во Мачковшкек, нешто што реално им го комплетира тимот последните 2-3 години претходно имаа доста проблеми на оваа позиција. Комплетен тим кој знае да ги казнува туѓите грешки и тоа е обично рецепт за успех на едно првенство. Потајно ми личат на екипа која може да стигне далеку. Главната пречка до медал е исклучително тешката конкуренција во D,E и F групите. Вториот можен проблем се голманите. Lesjak и Kastelic имаат капацитет за добри натпревари, но се под нивото на играчите на другите позиции и може да бидат најслабата карика во тимот.

Швајцарија

очекуван состав:

GK: Portner / Aurel
LW: Lier
RW: Gerbl / Tominec
P: Meister / Rothlisberger / Svajlen
LB: Maros / Rubin / Sidorowicz
CB: Schmid / Von Deschwanden / Schelker
RB: Raemy / Kuttel

По 14 годишно отсуство од големите натпреварувања Швајцарија се враќа на големата сцена на ова ЕП. Ракометот има традиција во оваа држава и долго време имаат и солидна лига и суперѕвезда, но до овој момент не им се поклопија коцките. Сега е шансата освен да го почувствуваат првенството и да пробаат да освојат некој бод. Се разбира се во екипата фунционира околу Schmid. Еден од најдобрите ракометари во светот во последната деценија, конечно ќе го гледаме и во Јануари. Самото негово присуство (како и неколку добри млади играчи) гарантира дека Швајцарија може да биде многу опасен противник. Ако некој ја потцени може скапо да го плати тоа. Особено треба да се обрни внимание и на Lenny Rubin на лев бек и Portner на голот.

Полска

очекуван состав:

GK: Kornecki / Morawski
LW: Krajewski / Jarosiewicz
RW: Moryto / Bondzior
P: Syprzak / Gebala / Dawydzik
LB: Chrapkowski / Sicko
CB: Kondratiuk / Olejniczak
RB: Szyba / Przybylski

Со смената на генерациите, се променија и резултатите и очекувањата. Ѕвездената Полска која атакуваше на медали во последните 10-15 години веќе одамна ја нема. Ова сега е состав кој одвај се квалификува, се мачеа и со екипи од рангот на Косово и Израел. Главно составот е со играчи од домашното првенство и тоа не од Киелце туку од послабо рангирани екипи. Најдобар играч е веројатно младото десно крило Moryto, а добар дел од товарот ќе треба да понесат и Chrapkowski, Szyba и пикерите.

Се на се во оваа група очекувам сигурен пласман на Шведска и Словенија во втората фаза. Швајцарија има потенцијал да се закани, но некако тешко е да се прогнозира дека може и да добие еден од двата кандидати за медал. Полска според мене е апсолутен аутсајдер, не само во групата туку една од 2-3 најслаби екипи на првенството.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
265
Поени од реакции
349
Љубо се мучи со "словенечки" на тајм аути дупли криж, кружење, крижање

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.432
Поени од реакции
68.566
Што мислите за Швајцарија-Полска? Примамливи 3.50 за Полска :D
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
541
Поени од реакции
284
тоа де, повеке верував во швајцарците ама квотата ме двоуме за една 500ка
Автоматски споено мислење:

пробавме на Полска, 500ка иако не су некој оптимист
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.432
Поени од реакции
68.566
Словенците ја треснаа Шведска на домашен терен, одат во наредна фаза како првопласирани. Не верувам дека ќе си дозволат кикс со Швајцарија. Со оглед на тоа што Франција си пакува куфери, веројатно Словенците ќе имаат голема шанса за влез во полуфинале.
 
Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.665
Како што изгледа Исланд, Норвешка и Словенија ќе пренесат бодови во следната фаза, а Данска, Шведска и Португалија 0. Интересна група ќе биде :D
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
265
Поени од реакции
349
Ако ја гледавте, сомнителна ситуацијата со Благотиншек и ДуРиц на 1 разлика за Сло кога резултатот се кршеше. Му ја зеде од раце, на 6 метри по одбиена од голман/статива

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.432
Поени од реакции
68.566
Ако ја гледавте, сомнителна ситуацијата со Благотиншек и ДуРиц на 1 разлика за Сло кога резултатот се кршеше. Му ја зеде од раце, на 6 метри по одбиена од голман/статива

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
Мислам дека и Благотиншек се изненади, навистина сомнителна ситуација. Мене уште поизненадувачки ми беше што не тргна да даде гол со оглед на тоа што беше релативно осамен. Сите чекаа фаул, гледам и Благотиншек само стои, и после 2 секунди си подава на своите :pos:
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.898
Поени од реакции
1.730
Ако ја гледавте, сомнителна ситуацијата со Благотиншек и ДуРиц на 1 разлика за Сло кога резултатот се кршеше. Му ја зеде од раце, на 6 метри по одбиена од голман/статива

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
Прв топката ја зеде ДуиРиц и трбаа да свират фаул за Швеѓаните е сега дали судијата не ги знајт некои правила или невиде ....како и да е јас ги гледав само последните 15 мин судиите не беа дорасните за ваква утакмица имаа грешки на двете страни а Словенците си ја заслужија победата.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Чудна ситуација беше таа со Благотиншек се согласувам, но Словенија апсолутно заслжено победи, цел натпревар беа подобри. Реално и со повеќе ако тепаа немаше да е чудно, на позицион напад Шведска дали 10 гола даде цел натпревар. Одбраната на Словенија беше фантастична + имаат добар голман во Ферлин.

Словенците се одлично склопена екипа, ептен сакав да ги именувам за можно огромно изненадување на првенството - дури и за злато можеби имаат тим, ама ми беше (а и сеуште ми е) страв од комплексноста на втората фаза и бројот на јаки екипи со кои вкрстуваат. Олеснета е ситуацијата сега со Франција, ама не е драстично полесно, со оглед дека и Португалија не е за потценување.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.898
Поени од реакции
1.730
Каков шутер добија Пољаците Сичко,нов Белицки.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.851
Поени од реакции
3.318
Полска, вака така со тие играчи во таа група доста солидно се прикажа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom