Група D (FRA, NOR, POR, BIH) - Трондхајм

Кои две селекции ќе одат во наредната фаза?


  • Вкупно гласачи
    24
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Групата Д е уште една група која ќе се игра во Норвешкиот град Трондхајм. Во нејзе ќе настапат две репрезентации кои се во топ фаворити на турнирот. Французите се секогаш во самиот врв, иако според кладилниците се втор фаворит за титула, после Данска. Тука е и Норвешка која пред некоја година беше на прагот да освои светско злато, Португалците кои се во голем подем, како и дебитантот Босна и Херцеговина, која пред некоја година беше во иста група со нас на СП.

Франција
Нема што да се говори за оваа репрезентација. Селекцијата на Дидие Динар ќе биде во стандарден состав, вклучувајќи ги и ветераните Жерар, Абало, Гигу, Сораиндо и нормално, неприкословениот Никола Карабатиќ. Тука се и Гребиј и Ричардсон, бековската двојка на Монпеље, како и нивниот соиграч Валентин Порт, како и играчите на Барселона, Мем и Фабрегас. Во составот ги нема Квентин Мае (повреден од ноември) и Тимоти Н'Гесан (немам поим). Интересно е што Гребиј е пријавен како лево крило, во отсутство на Мае. Во пресрет на ЕП, Французите ги совладаа Данците, Шпанците по изведување на пенали и ја демолираа Србија со 14 гола разлика. Во последниот подготвителен дуел, загубија минимално од Данска, главниот фаворит за злато на ова ЕП.
GK: Жерар, Пардин, Женти
P: Фабрегас, Сораиндо, Турнат
LW: Гребиј, Гигу
RW: Абало, Порт
LB: Пранди
RB: Мем, Дипанда, Ремили
CB: Карабатиќ, Лагард, Клер, Ричрдсон

Карабатиќ и Лагард веројатно ќе покриваат и како леви бекови, ако не му припадне таа улога и на Гребиј.

Норвешка
Домашната селекција во оваа група ќе се обиде да ја искористи предноста на играњето на свој терен за да избори што е можно подобра позиција за натпреварите во втората група. Се најдоа во делот од групите во кои конкуренцијата за полуфинале ќе биде поголема, така што ако сакаат да дојдат до полуфинале, ќе треба да ја совладаат Франција во групната фаза. Според кладилниците, екипата на Берге е шести фаворит за титулата.
GK: Бергеруд, Северас
P: Гулеруд, Николаисен, Оверби
LW: Јондал, Блонц
RW: Бјорнесен, Гуликсен
LB: Јохансен, Аар
RB: Рајнкинд, Танген, Род
CB: Сагосен, О' Саливен, Оверјорде
И Мирхол беше на поширокиот список, но го отпишале на крајот. Николаисен е повикан на негово место. Сагосен дефинитивно е првата виолина во составот, а тука е и младиот Род, кој се очекува да блесне на ова првенство. Четворицата играчи на Фленсбург, голманот Бергеруд, крилото Јондал и бековите Род и Јохансен, би можеле да се најдат во стартниот состав, покрај Бјорнсен, Гулеруд и Сагосен. Се чини дека пикерската позиција им е најслаба во составот.
Во подготвителниот период, загубија минимално од Шпанија и Данска, еднаш им извадиле нерешено на Данците и ја патосираа Србија со 10 гола разлика.

Португалија
Португалците се селекција која бележи константен напредок како на клупски, така и на репрезентативен план. Некако се стабилизираа со учества на првенствата. Во квалификациите ја растурија Франција на свој терен, но потоа Французите им вратија на домашен терен. Да не беше нерешениот дуел со Литванија во последното коло, кога веќе се знаеше расплетот во групата, ќе имаа скоро перфектни квалификации. Селекцијата на Переира, составена од играчи од двете екипи кои настапуваат во ЛШ (Порто и Спортинг Лисабон) може да им ги замрси сметките на двете најсилни селекции во групата, иако на кладилниците котираат како 14-ти, веднаш после нас. Сепак, ОГРОМЕН удар за нив е повредата на левиот бек на Барселона, Дуарте. Дуарте како најдобар играч на Португалија, ќе го пропушти ова ЕП, поради повреда на коленото.
GK: Квинтана, Гомес, Капдевиља
P: Боргес, Салина, Тиаго Роча, Фраде
LW: Мореира, Фераз
RW: Портела, Ареиа
LB: Кавалканти, Андре Гомес, Магалхаеш
RB: Антунес, Бранкињо
CB: Силва, Мартинс

Во отсутство на Дуарте, Кавалканти, бекот на Нант, би требало да го замени на левата бековска позиција. Тијаго Роча, пикерот на Порто е најзвучно име во составот. Во подготвителниот период, ја демолираа Полска, ја совладаа и Русија, еднаш и Египет, но загубија на реваншот од Египќаните, како и во дуелот со Шпанија.

Босна и Херцеговина
Благодарение на проширувањето на ЕП, Босанците дојдоа до својот дебитантски настап на европските првенства. Екипата која според обложувалниците има најмали шанси да дојде до титулата, имаше одлични квалификации и иако заврши трета во својата група, имаше ист скор со победникот (Чешка) и второпласираниот тим (Белорусија). Интересно е што двата порази ги доживеаа дома од Белорусија и Чешка, а на гости имаа перфектен скор 3/3. Во подготовките за ЕП, загубија од Катар и два пати од Црна Гора, но на последниот дуел извадија нерешено против Хрватска. Во продолжение е поширокиот состав на селекторот Шуман. На последниот дуел со Хрватска, не настапиле Ахметашевиќ, Граџан, Торомановиќ, Нуиќ, Кешкиќ, Пуљузовиќ, Родин. Не сум сигурен дали овие се исфрлени од списокот, затоа ќе ги напишам сите кои биле на поширок список.
GK: Граховац, Бенјамин Буриќ, Ахметашевиќ
P: Сенјамин Буриќ, Врањеш, Торомановиќ, Граџан
LW: Кешкиќ, Нуиќ, Овчина
RW: Хасељиќ, Предраговиќ
LB: Терзиќ, Прце, Вегар, Хамидовиќ, Мандиќ, Херцег
RB: Паниќ, Родин, Малиновиќ
CB: Карачиќ, Периќ, Пуљузовиќ, Тарабокиа

Вака на хартија, Босанците немаат ништо послаб тим од нас :D Браќата Буриќ се едни од лидерите во тимот, покрај Мирсад Терзиќ и брат му на Карачиќ. И Тарабокиа и Паниќ не се лоши играчи. Паниќ им здрвил 10 гола на Хрватите. Со сигурност на ЕП ќе патува и Вегар, играчот на Еурофарм Работник, а претпоставувам дека вториот нивен играч, Граџан, отпаѓа од составот. Сепак, Босанците се далеку од сериозна репрезентација, типувам дека нема да освојат бодови во групите, иако се интересни за следење.

Распоред:
Прво коло (10.1.2020)
Франција-Португалија 18:15
Норвешка-БиХ 20:30

Второ коло (12.1.2020)
Португалија-БиХ 16:00
Франција-Норвешка 18:15

Трето коло (14.1.2020)
Бих-Франција 18:15
Португалија-Норвешка 20:30
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ова е веројатно групата нс смртта на ова ЕП, ако треба таква да се избере.

Тежок удар е повредата на Мирхол за Норвешка. Него баш ќе биде многу тешко да го заменат, тој е душата на екипата. Нивниот домашен терен е по малку и фиктивен, со оглед дека дома играат само во првата фаза. На десен исто имаат многу повреди Тонесен е аут а и Род многу веројатно нема да игра (беше едно од откровенијата на минатото првенство). Сеуште имаат кој да покрие тука со Раинкинд, ама постепено им се троши длабочината. Од аспект на борба за титула некако ми се од втор план. Јаки се, можно е, ама поверојатно ми е дека ќе останат мешу 5 и 8мо место.

Франција со новата генерација мислам собра доволно искуство и спремна е за нови титули. Имаат некои повреди но ништо што не е надоместливо. Очекувам да видам игра со два десни бека и Карабатиќ. Може да биде доста забавно.

БиХ е коректна екипа, реално меѓу послабите 5-6 на првенството, но во ваква група не гледам што можат да бараат. Главна ѕвезда и можеби главна надеж за освојување на некој бод им е голманот Буриќ кој израсна во еден од најдобрите голмани во светот. На сите позиции имаа пристојни решенија, се работи за многу искусна и пред се возрасна екипа (веројатно најстара на првенството), иако е ова само втор нивен настап на големите натпреварувања. Најслаба алка по мене им се крилата. Играат цврста одбрана и исклучително бавен напад.

Португалија доживеа голем пех со повредата на Дуарте. Таман стигнаа на едно првенство и им се повреди најдобриот играч. Сепак имаат солидни алтернативи и јас очекувам да бидат тврд залак за сите, но реално се чини за неколку години ќе можеме да очекуваме повеќе. Реално главниот збор во репрезентацијата го игра сеуште претходната генерација (Роча, Кинтана, Борхес, Магаљаеш итн). Надополнувањето со новите таленти (Кавалканти, Соареш Мартинс, Диого Силва, Андре Гомес, Фраде) оди постепено и кога ќе биде финализирано мислам дека имаат шанси да влезат можеби и во таа група на елитни 7-8 репрезентации. Одлични таленти имаат кои веќе имаат придонес, но им треба искуство за повеќе. Ова ЕП е првиот чекор кон тоа.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.731
Поени од реакции
2.635
Portugalcive vodat na poluvreme protiv Francija 12-11.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Феноменална одбрана играат португалците против Франција. Комбинација на снага и подвижност која дури и за "експертите" е премногу. Водеа и +3 пред Карабатиќ искусно да намали во финишот на полувремето.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Хихи, како мајсторски Португалија ја одработи Франција во финишот.... Дури и +3 им извадија, што може да е битно во некаков си круг ако дојде до тоа.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Дали тоа Португалија ќе победи? :LOL:
Цел натпревар воделе, на крај победа од 3 гола разлика.
Заслужено ги гласав дека ќе поминат група, ама повеќе очекував дека Норвешка ќе ја добијат.
И тоа без Дуарте се на првенството :D
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.840
Поени од реакции
3.293
Франција изигра на ниво на Украина, Чешка, Србија. Традиционално првото коло го играат тапа, само што сега може да им се одбие од глава, а и сакам да испаднат. :D
 
Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.665
Франција изигра на ниво на Украина, Чешка, Србија. Традиционално првото коло го играат тапа, само што сега може да им се одбие од глава, а и сакам да испаднат. :D
Немаат голмани Франција. 7 одбрани вкупно а тоа се виде и на светското минатата година. Но сепак не смее Франција да се отпишува, ќе биде интересно против Норвешка, под ваков притисок одамна не биле.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Бреееееј каков ракомет Франција Норвешка, споредено со нас ми изглеа дека глеам у 4х брзина
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom