Група C (ESP, GER, LAT, NET) - Трондхајм

Кои две репрезентации ќе се пласираат во следната фаза?


  • Вкупно гласачи
    24
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.658
Во првата од двете групи кои ќе се играат во Норвешка, имаме два конкуренти за највисок пласман и две екипи за кои ова ќе биде дебитантски настап на Европските првенства.
Според коефициентите кои им ги даваат светските кладилници, во оваа група Германија има највисоки шанси за титула, но заедно со Шпанците се само четврти и петти фаворити за европскиот трофеј.
Шпанија е екипа од првиот шешир, а Германците доаѓаат од вториот шешир.

Шпанија
Шпанците се актуелни бранители на европската круна, која ја освоија како фаворити од сенка, на последното ЕП во Хрватска. Тогаш го вратија Штербик од дома за со одлична претстава во финалето да им го донесе првиот трофеј по 24 години.
По потфрлувањето на последното СП минатата година, Шпанците имаат добар подготвителен период пред ова ЕП, совладувајќи ги Русија, Полска, Португалија и Норвешка и губејќи по продолженија од Франција.
Со оглед на тоа што се уште не се објавени финалните состави, отприлика составот на Шпанија би требало да изгледа вака:
GK: Перез де Варгас, Родриго Коралес
P: Агинагалде, Гвардиола, Фигуерас
LW: Фернандез, Арињо
RW: Соле, Гомез
LB: Канељас, Даниел Душебаев, Морос
RB: Алекс Душаебаев, Македа
CB: Сармиенто, Ентрериос

Четата на Рибера, предводена од одличниот Де Вардас, пикерот Агинагалде, Соле кој игра се подобро, Арињо кој лично ми се допаѓа како десно крило, познатите Канељас, Македа и Душаебаев на бековска линија, без многу експерименти и промени во составот, повторно ќе биде една од посилните екипи на турнирот.

Германија
Освојувачите на претпоследното првенство, го демолираа Исланд во првиот подготвителен меч за ЕП. Претходно, пред два месеци одиграа две пријателски против Хрватска, во кои двете екипи по еднаш славеа со по еден гол разлика. Четвртиот фаворит за титулата, според кладилниците ќе има одличен состав за ова првенство.
GK: Волф, Битер
P: Пекелер, Винчек, Колбахер
LW: Генсхајмер, Цикер
RW: Рајхман, Кастенинг
LB: Бом, Вебер, Кун
RB: Хефнер, Шмидт
CB: Друкс, Михалчик

Екипата на Прокоп во која сите играчи се дел од Бундеслигата (со исклучок на голманот на Киелце, Волф) ќе настапи во прилично изменет состав во однос на претходното СП. Ги нема искусните Хајневетер и Вајнхолд, а ги нема ниту Штробл, Виде, Фет, Грецки итн. Лидери на репрезентацијата несомнено се голманот Волф, касапите Пекелер и Винчек, Друкс и секако, Уве Генсхајмер. Интересно е што од Кил кој конечно е во подем, има само двајца германски репрезентативци и тоа пикерите Пекелер и Винчек.
Според мене, Германците имаат голема шанса да дојдат до полуфинале, со оглед на тоа што вкрстуваат со групите во кои единствена посериозна екипа е Хрватска.
Значи големи се шансите една од Шпанија и Германија да заврши во топ 4 пласман на крајот.

Латвија
Латвијците се дебитанти на европските првенства. Ќе излажам ако кажам дека знам некој друг играч освен Криштопанс и Кугис :D
Криштопанс е бог и батина, сам им донесе пласман на првенството. Латвијците на домашен терен ја поразија Словенија, Холандија и Естонија, која ја добија и на гости, во квалификациите за ЕП. Домашниот натпревар со Словенија беше решавачки за да се изборат за втората позиција, па во минималната победа Криштопанс постигна 13 од 25-те погодоци на составот, додека Кугис имаше ненормална партија по која ги излажа нашиве да го донесат во Вардар. Во подготвителниот период, интересно е дека не одиграле ниту еден пријателски натпревар или пак јас не можам да најдам информација.
GK: Кугис, Пуринс, Кукша
P: Версаковс, Туминскис
LW: Арајс, Леја
RW: Јурдас, Креикбергс, Курчемниекс
LB: Стаџинс, Ерманис
RB: Криштопанс, Лилиенфеидс, Клешникс, Павлович
CB: Дуде, Шулеико, Политерс

Не познавам ниту еден играч, а и повеќето си играат во латвиска лига и тоа во екипата на Тенакс Добеле. Според стрелците во квалификациите, бајаги голови има дадено и пикерот Версаковс. Креикбергс играл ЛШ со фински Кокс, другиве ми играат за непознати екипи :D
Според кладилниците се претпоследни пред Босна, па шансите да поминат група крај Германија и Шпанија се скоро 0.

Холандија
Во слична положба е и Холандската репрезентација. Уште еден дебитант, кој се квалификува како третопласиран во квалификациската група во која беше и Латвија. Доволни им беа два триумфа со Естонците и домашно славје против Латвија за да дојдат до деби настап на едно ЕП. Нивната женска ракометна репрезентација го освои СП во женски ракомет пред еден месец, а во последно време во подем е и машкиот ракомет.
Не познавам ниту еден играч, но според ЕХФ клучни играчи им се играчот на Лемго, Боби Шаген и капитенот, 40 годишниот голман Еијлерс, кој цела своја кариера ја има минато низ Германските лиги.
GK: Еијлерс, Равенсберген
P: Бенгхамен, Куијман, Иво Стеинс
LW: Бумхауер, Тен Велде, Ремер
RW: Алек Смит, Боби Шаген
LB: Адамс, Ван Олфен
RB: Кеј Смитс, Слуијтерс, Смит, Верстејнен
CB: Баијенс, Лук Стеинс, Џери

Одиграле еден куп пријателски во последниве два месеци. Успеале да ги тепаат вториот тим на Полска, Алжир и Украина, а извадиле нерешено со Словенија. Загубиле од вториот тим на Полска, Австрија, Романија, Тунис и Швајцарија.
Се чини дека ова ЕП ќе им биде пролазно колку да обзбедат континуитет на настапи во иднина. И во женски ракомет ги немаше, па сега направија БУМ :D
Нормално, не се очекува да поминат група.


Распоред:
прво коло (9.1.2020)
Германија-Холандија 18:30
Шпанија-Латвија 20:30

второ коло (11.1.2010)
Латвија-Холандија 16:00
Шпанија-Германија 18:15

трето коло (13.1.2020)
Латвија-Германија 18:15
Шпанија-Холандија 20:30
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Шпанија и Германија се апсолутни фаворити во оваа група. Шпанците со вечната генерација која им донесе многу успеси последните десетина години, засилени со неколку релативно помлади играчи. Германците со нивното стандардно ротирање и вечно подмладување.

Не сум генерално многу оптимист за Шпанците, но факт е дека тие се експерти за користење на туѓите слабости, секогаш максимално професионално и мотивирано влегуваат на првенствата и ретко грешат против послаби екипи. Како и да е, возраста и километражата зад Ентрериос, Сармиенто и Агинагалде во напад и Морос, Гвардиола и Кањељас во одбрана, мора постепено да почне да доаѓа до израз па затоа не би се обложил на Шпанија на првенството. Нивната најголема шанса е ждрепката и леснотијата со која може да се стигне до полуфинале - а потоа медалите се на дофат.

Германците се целосна спротивност. Помлада, атлетски помоќна екипа, која има голем потенцијал, но ретко го вади максимумот. Имаат дупки во играта, киксираат против послаби репрезентации, но знаат и да покажат заби против најјаките. Од една страна ми се чини дека отсуството на Вајнхолд кој даваше одредена стабилност и интелигенција во играта може скапо да ги чини, но од друга страна, комбинацијата на младоста, потценетоста и блискоста до Шведска и Норвешка може далеку да ги однесе. Во секој случај реален кандидат за полуфинале.

Холандија и Латвија се дебитанти и објективно меѓу послабите репрезентации на првенството но се различни по структура. Латвија е типична репрезентација со една суперѕвезда која е на граница на првенство. По многу работи потсеќаат на Белорусија со Рутенка, Швајцарија со Енди Шмид, Чешка со Јиха, па ако сакате и Македонија со Лазаров (особено Македонија од 90тите). Се е сконцентрирано околу Криштопанс, не се наивни можат да дадат отпор но капацитетот им е лимитиран.

Холандија е надоаѓачка сила. Генерално ова е репрезентација во која основата е една малку постара генерација од која почна развојот на холандскиот машки ракомет, надополнета со неколку млади таленти од кои се очекува напредок во иднина. Имаат интересни млади играчи, за Холандија ова е само почеток и отскочна даска за поголеми резултати во иднина, но во секој случај и сега не се за потценување. Баш ме интересира како ќе се покажат, особено ова важи за младите кои би требало да имаат и солидна улога и минутажа.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.855
Поени од реакции
3.325
Потоп доживеа Холандија и тоа против не толку јака Германија. Овде некако пола-пола е групава, ама не би ја отпишал Летонија однапред. Ете нека решава таа последна утакмица меѓу нив и Германија.
Шпанија верувам како и на прошлото СП ќе дојде некако заситена како бранител на тронот на последното ЕП. Германциве не се толку јаки, а мислам ќе им фали Вајнхолд доста (а и Хајневетер, кој стално имал јаки партии против нас).
Летонија може позитивно да изненади. Имаат океј играчи кои се трудат, како Павлович и Версаковс. За Кристопанс не ни треба нешто посебно да се каже, освен дека ќе биде ризик неговото играње сега на ЕП за Вардар после првенството.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.658
Каков ден за Шпанците. Просто ги демолираа Германците и широко си ги отворија портите за полуфинале.
Од старт поведоа си високи 6-1, па 9-3 и 10-4, по што Германците дојдоа до нерешено, но за неколку минути повторно им избегаа на сигурни 4-5 гола разлика. Потоа следуваше уште поголемо демолирање, им направија и двоцифрена разлика која се стопи поради лабавите последни минути. Перез де Варгас ѕверотина, ги откажа денес. Какви само одбрани имаше, секоја чест. Интересно е што бранеше цело време, не се сеќавам да го видов Коралес меѓу стативите. Во нападот Душеаев имаше свое шоу, се чини ќе претендира за МВП на првенството.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Германија очај. Толку лош натпревар од нивна страна ретко се гледа. Со ваква игра не заслужуваат група да пројдат, а не повеќе. А што се не пробаа, цела екипа ја изротираа, 3-2-1 одбрана откопаа од којзнае каде 40тина минути, не се сеќавам кога последно играла Германија ваква одбрана.

Шпанија, класика во нивен стил си ги користеа грешките на германците и ги наполнија лесни голови. Интересно е дека Шпанија ми се чини игра подлабока одбрана годинава од вообичаено. Исто беше и со Латвија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom