Група B (CZE, MKD, AUT, UKR) - Виена

Кои две репрезентации ќе продолжат во наредниот круг?


  • Вкупно гласачи
    99
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 август 2017
Мислења
395
Поени од реакции
328
Сега каква е ситуацијата ако тепа вечер австрија и наредната Чешка победи, а ние славиме над Австрија кој ќе оди натаму?
Австрија може дене х комотно против Украина
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Zatoa realnite prognozi pred prvenstvo ne se nemanje doverba vo repkata, tuka realno soglesuvanje na momentalnata situacija. So ovaa naša reprezentacija ne si siguren i da imame +5 na 10 min do kraj a ne pa vaka. Posle Kire dolgi godini nema da ima rakomet kaj nas.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Отиде натпреварот на почеток на второ полувреме...После се вративме али лоша организација во последните 3 минути ни пресуди.
Последниве голови само Борко може да ги прими...И не ми е јасно зашто Пешевски дибекот ги играше последните 10-15 минути,ништо не напраи да му ебам свињата дебела,најголемо разогарување на првенството.
Кире го жалам 11 гола даде човекот,сам играше во второ полувреме.

Да имавме еден организатор како Жути во најдобрите години ќе го добивме натпреварот,толку е силата.
 
Член од
5 април 2015
Мислења
517
Поени од реакции
5.062
Брестовац воопшто не знае да ги намести коцките.

Талески катастрофа од играч. 2 метраш, скока да даде гол, враќа назад. Без карактер. Срамота! Каков млад играч, каков талент?
Кузманоски катастрофа од централен бек. Како може плејмејкер да нема асистенции, брзи голови? Секој може да стои таму да предава топки. Овие двајца никако заедно на терен, воопшто не се складни заедно.
Георгиевски под итно на трибини. Како може сите крила да имат по 6 и повеќе голови на натпревар, тој толку у повеќе грешки да направи? Што гледа овде тренерот?
Пешевски е две-три нивоа под Стоилов. Никаков осет нема за игра.
Го става Борко да брани. Борко? Цел живот оди на фудбалски проценки. Дали е нормален тренерот? До кога ќе се фаворизира овој аматер?
Од младите бекови Танкоски засега покажува најмногу храброст, пробивност и ум.

Огромно браво за Лазаров. 39 години, 11 гола. Почна и централен бек да игра само за да ги разигра овие заспани „таленти" и големи професионалци (читај сакати). Им ги виде сите дупки на чесите. Се се обиде. Се исцеди човекот. За што? Со кој да игра?
Огромно браво и за Стоилов. Изеде ненормален ќотек, направи куп исклучувања. Ракометар од светска класа.

Сериозно да размислат што прават овие останатите, а не да дават аматерски изјави како ќе размислиле што направиле, ќе виделе, ова она. А најмногу да се замислат дека по вакви игри, нивните интернационални кариери ќе згаснат.
 
Ф

Флеш

Гостин
Кога Македонија има поквалитетна фудбалска репрезентација заклучуваш дека ракометната е во сериозно срање
Коа спомна фудбал,пази факти ....Имаме поквалитетен фудбал,а мизерни клубови и инфраструктура ....А во ракометот,имаме вице и дво Европски шампион и во машка и женска категорија и одлична инфраструктура,а катастрофа во селекцијата ..... ШТО НЕ ШТИМАА ?!!!!!!
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Прв спорт во државава, во Европа сме 20ти, доволно кажува на кое спортско ниво ни е државата.

Добро бе што се учи по школиве, секој пето дете тренираше ракомет пред неколку години, а од нив ниеден асален не искочи. Последните добри ракометари што искочија се Манасков, Стојанче и Георгиевски, а тоа беше пред повеќе од 10год.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.653
Поени од реакции
4.142
Сега каква е ситуацијата ако тепа вечер австрија и наредната Чешка победи, а ние славиме над Австрија кој ќе оди натаму?
Секое натпреварување на Македонија , било во кој спорт се сведува 90% калкулации 10% игра.. :D :D
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.250
Поени од реакции
5.361
Требаше пред нивниот последен напад да викне тајм аут и да им ја ебе акцијата. Ама на Брестоац паметот му е како на ЗЗ. Шуплина.
Неможиш да викниш тајм аут кога противникот е во напад.... Легендо... :pos: :pos: :pos:
 

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.891
Поени од реакции
1.186
Епа Раул не чинеше, во странство живеел...
Што те чуди кога имаше луѓе кој го хејтаа успехот на Вардар само зошто странци играле :confused:. Престанав кошарка да гледам, сега престанувам и со ракометот, уште фудбалот ми дава некакава надеж мада и таму ради врскарите и вечните "таленти'' еден Кулушевски, Секулов ќе играат за други држави.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Малку математика да знаеа, ќе знаеа колку беше важно да дадеме гол во последниот напад, за да бркаме помала победа со Австрија.
Зема Тале шутна од 10 метра на 8 секунди до крај.

Неисе...
Убеден бев дека ќе тепаме денес, некако овие дуели во кои ни зависи пласманот секогаш ги играме најдобро, знаеме да изненадиме. Слични сме по квалитет, ништо посебно не се, но решија голманите. Четири одбрани на нашите, Галија имаше над 10, со неколку фатени зицери.
Како што Митревски ни донесе победа со Украина, така денес овој го реши натпреварот.
Толку е квалитетот, квалитативно веќе влегуваме во оној шешир на најслаби селекции кои влегуваат на првенствава. И кога ќе паднеме по шеширите, ќе биде веќе прашање дали ќе можеме да се пласираме на ЕП/СП.
Надежта ми беше тоа што играме како на домашен терен, реално бајаги публика имавме, иако Чесиве се покажаа како ептен гласни, па публиката и не ни беше некој плус. Најголем виновник е Брестовац и одлуката да го остави Никола на клупа. Едноставно не може најдобриот поединец да ти биде на клупа, па каков сака нека бил договорот од претходно. Не може да правиш договори на невидено. Николче има одлична сезона, имаше одличен воведен меч и легендата го седнува на клупа. Втора работа е килавата одбрана, која што некако ја оправивме благодарение на Мишевски. И во второ полувреме Брестовац одлучува да го седне на клупа. Чешкиот селектор ни даде фора во прво полувреме играјќи со тоа мулето афричко, после го ставија Кашпарек и ни го кажа вицот. На ура се вративме во дуелот, за да ни одигра симултанка факинг Бабак. Им влегува, 6 играчи ги нанижува, едноставно не можам да разберам како не можеш да најдеш против одговор пола полувреме. За Лазаров сфаќам што немаат решение, него не му треба да влезе, си седи на страна и ќе ја опали. Повторно гази, секоја чест. Имаше 11 голови и еден куп асистенции.
Третиот проблем е вадењето на Столе во клучни моменти. Пешевски ти промашува неколку зицери и на крај Маркоски се решава да дава невозможно ефе, во ситуација кога имаме минус 1. Столе барем вади исклучувања цело време и со сигурност е попрецизен. Дечкото одигра маестрален Ф4, има тон искуство за вакви натпревари и ти го коваш на клупа. Освен ако не е повреда во прашање, не можам да сфатам што му беше идејата на Брестовац.
Немаме игра на крила, бековите се свртени кон Лазаров, никој не проигрува на крила. Левите бекови не навлекуваат играчи, не може да го проиграат Манасков. Сите голови кои ги дадоа беа при распадната противничка одбрана.
Танкоски некако највеќе се истакнува од останатите, во неколку ситуации немаше среќа и погоди пречка. Другите двајца не вредат да се коментираат. Кузмановски беше „дефанзивец“ демек, ама некако ни одбраната не му е јака страна, го шетаа како сакаат.
Не треба на натурализацијата да гледаме од перспектива како што гледаат ракометните незналици, едноставно да имавме играч како Скубе во составот, лагано ќе се боревме за прво место, не да се мачиме со мртва репрезентација како Чешка. Уште да имавме и некој дефанзивец како Абутовиќ, каде ќе ни беше крајот :D
Многу критики имаше за Раул за последните натпревари во кои игравме 7 на 6, а убаво си кажа дека ние во друга ситуација и не можеме да дадеме гол. И навистина ми фали Филипче во составов :D Во ниту еден случај не требаше да стават дибек ко Брестовац како селектор, мораше да се оди со некој странец повторно. Ќе повторам неколку пати, не може да побараш 2-3 тајм аути и следната акција да ти заврши со цепелин. Не може при толку исклучувања на противникот, да немаш смислено акција во ситуација кога сме со играч повеќе. Не може таквите напади да ти завршуваат со удари од мртов агол или од 100 метри.
Се' на се', знаевме дека денес не чека решавачки дуел (пак ќе кажам, не само за првенството, туку општо и за иднината) и очекував да изиграме израмнет дуел кој на крај ќе го добиеме. Не можам да не нагласам дека препичкарски влегоа во однос на противничкиот голман, факинг Галија, на психа им удрија коментарите, им фати сто топки. Истите овие голмани вкупно немаа 5 одбрани против Австрија, Билик и Божовиќ ги решетаа од каде стигнат.
Загубивме, но уште сме во игра. Сега ни треба победа од 3 гола разлика против Австрија за да завршиме први :D
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.364
Поени од реакции
7.293
Сега да се надеваме дека Украина ќе ја совлада Чешка со 4 разлика,
ако тоа не го направи, тогаш ние да ја совладаме Австрија со 5 гола разлика. :icon_lol:
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Мене ми е жал што не ја уплатив, каков коефициент беше победа на Чешка :D

И да, какви играчи, таков тренер. Срамота е тренер со реноме како Раул да се занимава со основни ракометни непознавања, тоа се учи во школите, не на европско. Така да, само некој ваков ванаби тренер заслужуваат, тамам си е.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Кога ќе помислам сега дека 500 математики ќе се прават...МИ СЕ СЕРЕ. :tapp:
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Сега да се надеваме дека Украина ќе ја совлада Чешка со 4 разлика,
ако тоа не го направи , тогаш ние да ја совладаме Австрија со 5 гола разлика. :icon_lol:
So nasa pobeda i na cesite vecerta se prai krug od tri reprezentacii se gleda gol razlika vo megusebnite utakmici,
Avstrija +3(utakmica so MKD)
Ceska -1
Makedonija -2 (utakmica so Avstrija)
Pobeda so 2 razlika,Avstrija +1,MKD 0,Ceska -1.
Pobeda so 3 razlika,MKD +1,Avstrija 0,Ceska -1.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom