On this day a year ago....
Да си пробаме ние пак цепелини со овие, па да го тртиме Де Варгас
Опасен голман е да си еби векот, ако влези во серија знај да оди и до 20 одбрани на меч, среќа наша е тоа што во групната фаза до сега на тие три меча нема некој јак процент на одбранети удари, тука е горе долу колку Борко....
Вчера на неколку пати му влезе во шут на Балинг, па после и одбрани пенал на Хансен....
Таа е Шпанија, сега имаат двајца ако можи да се речи помлади играчи (иако се мажишта по 25 години) Феран Соле и Аитор Арињо кој играат солидно на првите мечеви....
Добро е шо имаме сега 4 дена одмор, па да се фокусираат на овој меч и со цел арсенал да испукаат на нив, да му покажи Раул кој е кој на Рибера и да го маѓепса во секоја смисла на збор !
Јас искрено шансата ја гледам кај Шпанија !
Кога можевме против Словенија, па после и Германија, зошто да не и Шпанија....
И распоредот ни е по мерка !
Прво Шпанија, па Чешка и тие ќе бидат заебани, ги добија Данска и Унгарија, ама во Вараждин мала сала, со протисок од трибините мислам ќе се ИЗГУБАТ КАКО ШО СЕ ГУБАТ ВО БОРИС ТРАЈКОВСКИ !
Па после со Данска, последниот меч нека биди само колку да се изигра, секако со две претходни победи треба да сме во 1/2 финале !
Имаме
ОГРОМНИ ШАНСИ,
не е летање во облаци, не е сон, ова е РЕАЛНОСТ, со овој генијалец на клупа сега ако не се направи историски успех, незнам друг пат кога....