Група Ц(DEN,NOR,AUT,TUN,CHI,KSA)-Хернинг

Која репрезентација ќе заврши прва во групата?

  • Данска

    Гласови: 24 72,7%
  • Норвешка

    Гласови: 6 18,2%
  • Австија

    Гласови: 1 3,0%
  • Тунис

    Гласови: 0 0,0%
  • Чиле

    Гласови: 0 0,0%
  • Саудиска Арабија

    Гласови: 2 6,1%

  • Вкупно гласачи
    33
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
Прво Светско првенство во 3 земји.
Натпреварите од групата Ц на светското првенство ќе се играат во Данска(една од трите земји)во градот Хернинг,освен првиот меч на отварањето кој ќе се игра во Копенхаген.
Останатите 14 натпревари се играат во салата Jyske Bank Boxen во Хернинг
Арената има капацитет од 12,000 гледачи,освен ракомет во салата се игра и хокеј,одбојка а се одржуваат и концерти.
Арената е отворена на 1 Октомври 2010 год. Jyske_Bank_Boxen_(cropped).jpg



ДАНСКА
Репрезентација која според многумина е фаворит за прво место во групата,а според многу и фаворит за златен медал.
Поширок список на играчи:
http://www.ihf.info/files/CompetitionData/aedb0ad3-ea90-4ffa-8f00-73b7121a5b24/pdf/DEN.pdf

Предводени од Николај Јакобсен кој е искусен стратег,добро го познава ракометот тоа можат да го потврдат неговите успеси на клупски план со Рајн Некар Ловен.

Главна ѕвезда во тимот им е добро познатиот Микел Хансен,од кого многу очекува цела ракометна јавност на ова првенство,тој треба главно да ги разбива противниците кога не оди и да превземе одговорност во дадени моменти.
На клупски план има одлична сезона па може да кажеме дека игра во одлична форма.
На лев бек најверојатно друштво ќе му прави Микел Дамгард од Магдебург,одличен ракометар во игра еден на еден,брзо исфрлање на топка,шут од девет метри.
Единствен проблем може да е тоа што отсуствуваше доста време поради повреда на колено,но последните неколку месеци се врати на терен и почна да ја крева формата.
На среден бек ќе игра Лауге Шмит,нема потреба да се трошат зборови за вакоб играч,главно преку него ќе оди играта,низ цела сезона ги предводи Фленсбург во Бундеслига,веќе има и солидно искуство на големи натпреварувања,така што ќе бидне еден од клучните играчи на Данска на ова првенство.
Покрај него на среден бек ќе биде Менсах Ларсен,доста силен играч кога ќе тргне еден на еден,во РНЛ главно играше лев бек,но сигурно не заборавил и на среден.
Негова работа ќе биде да ги одмара Хансен и Лауге во дадени моменти.
На десен бек можеби имаа проблем данците на претходните натпреварувања но сега и таму ќе бидат покриени го имаат Никлас Кирлоке кој може да кажеме е ѕвезда во доаѓање,за ова име допрва ќе слушаме можеби ова ќе бидне и првенството каде тој ќе експлодира.
На левата крилна позција по некоја година отсуство се враќа Андерс Егерт,кој живее втора младост во Скјерн,еден од најдобрите стрелци во ЛШ,големо искуство зад себе долги години играше во Фленсбург,може доста да помогне во репрезентацијата.
Покрај него на лево крило ќе игра и Каспер Мортенсен од Барса,одличен ракометар главно голови постигнува од контри казнувајки ги грешките на противникот,мислам дек а ќе биде прва опција на својата позција.
На другата страна ќе играат Ханс Линберг човекот кој многу болка ни има нанесено на европското 2012 во Србија,сеуште игра во одлична форма за него годините се само бројка.
Друштво ќе му прави Ласе Сван Хансен од Фленсбур,едно од најдобрите десни крила во светот.
На пикерската позиција ќе играат браќата Тофт Хансен,исти според игра во два правци играат сосема солидно,со нив на пикер за прв пат ќе игра Симон Халд од кого многу се очекува ова првенство,блесна во Фленсбург сезонава се покажа како еден од нај надежните пикери во светот,висок околу 2 метри игра во два правци без проблем,ќе видиме како ќе се снајде во репрезентативниот дрес.
На голманската позиција добро познатиот двоец Никлас Ландин и Јаник Грин,нема што да се каже за двајцата одлични голмани можат да се надополнуваат првенствово,на клубски план беа одлични,посебно првиот,овој ако се разбрани лошо му се пишува на противникот тоа ние како репрезентација го имаме искусено.
Стилот на игра на селекцијата најверојатно ќе бидне со многу трчење,брза транзиција,контри казнување на секоја грашка на противникот,цврста одбрана.
За составот горе доле ќе биде овој што го опишав,можно е да има некоја измена.



Норвешка
Репрезентацијата која на претходното светско првенство се лизна на последната пречка,во финалето.
Сега како две години поискусни ќе го атакуваат злато.
Поширок состав http://www.ihf.info/files/CompetitionData/aedb0ad3-ea90-4ffa-8f00-73b7121a5b24/pdf/NOR.pdf
Предводени од Кристијан Берге човекот кој буквално од дното ја крена репрезентацијата на врвот,само за неколку години.
Главен играч во репрезентацијата име младата ѕвезда Сандер Сагосен кој полека станува најдобар ракометар во светот,преку него ќе оди се,тој е главен мотор на екипата,од првенство во првенство е се подобар.
На лев бек на располагање ќе бидат Кристијан Осаливен и Еспер Ли Хансен двајцата се одлични дефанзивци главно го следат Сагосен и му помагаат,веќе стекнаа солидно искуство,па може доста да очекуваме и од нив.
Исто тука ќе биде и Јоханесен кој одлично се покажа во Фленсбург изминатата полу сезона,млад ракометар кој сериозно се наметнува,може доста да помогне.
На десен бек имаат 4 одлични играчи,незнаеш кој од кој подобар ќе видиме за кого ќе се одлучи Берге.
Тонесен со години игра на високо ниво ептен напредна последните неколку години,страшен шутер.
Реикинд долги години е во Бундеслига,и е еден од најдобрите бекови во лигата,игра во два правци подеднакво добро,сосема комплетен играч.
Танген експлодираше на претходното светско првенство,страшен шут од девет метри тоа му е најдобра карактеристика,ако му трге многу проблеми може да направи.
Род млад ракометар 21 година вистинска ѕвезда во доаѓање,игра во два правци,скок шут одличен доста има осет за игра,полусезонава во Фленсбург изгази ќе видиме дали ќе добие шанса да го покаже квалитетот на ова првенство.
На пикерска позиција е вечниот Бјартре Мирхол,нема старост за него, уште игра како во најдобрите времиња доста важен играч за составот игра и во напад и во одбрана по 60 минути без никаков проблем.
Покрај него шанса ќе чекаат и Гулеруд и Оверби доста солидни пикери,можат да послужат за ротација.
На крилни позиции Јондал кој веќе со години игра на репрезентативно ниво одлични,сега тие игри ги пренесе и во Бундеслигата и во ЛШ,во одлична форма е и најверојатно ќе игра по 60 минути,на другата страна е Кристија Бјорсен со години е член на Вецлар,доста сигурно крило многу ретко промашува,најверојатно и тој ќе нема замена и ќе игра по 60 минути.
На голманската позиција се Бергеруд и Крситијансен,неколку години играат за репрезентација заедно,првиот летово направи трансфер во Фленсбург,бранеше супе оваа полусезона,стекна и поголемо искуство,па најверојатно ќе биде прв голман.
Најверојатно ова ќе биде составот,ќе го бараат првото мест во групата,најверојатно тоа ќе се одлучува во скандинавското дерби со Данска.



Австрија

Репрезентацијата која главна цел ќе им биде да ја поминат групата,глевен конкурент за тоа им е Тунис.
Селектор на репрезентацијата е исландскиот статег Јоханесен,доста години е селектор ќе видиме дали ќе успее да го извади максимумот на Репрезентацијата.
Поширок состав на играчи http://www.ihf.info/files/CompetitionData/aedb0ad3-ea90-4ffa-8f00-73b7121a5b24/pdf/AUT.pdf

Предводник на селекцијата е младата ѕврзда на Кил Никола Билик,ќе видиме колку напреднал изминатава година дали има капацитет да ја предводи својата репрезентација до некој подобар успех,добро играше претходното Европско,треба да биде Алфа и омега во тимот.
Тука е и Роберт Вебер десното крило на Магдебург кој долги години е меѓу најдобрите стрелци во лигата,доста познат ракометар,може многу да помгне со своето искуство.:uzi:
На десен бек е Јанко Божович доста познат за нашата земја има настапувано и за Металург,веќе е на залезот на кариерата игра во втората Бундеслига,но ете доби шанса и за репрезентацијата,можеби ова е и полседното големо натпреваување за него.
На левата крилна позиција е Раул Сантос сосема солидно крило знае да украде топка,да истрча во контра.
Кога направи трансфер во Кил не добиваше шанса да игра,еве сега во Лајпциг може да си ја врати формата доста може да помогне на репрезентацијата.
На голманската позиција го имаат вечниот Никола Маринович,кој е влезен во 43та година во животот најверојатно и најстариот играч на првенството.:anco:
Партнер на голманската позиција ќе му биде Томас Бауер голманот на Порто,ќе ги видиме неговите квалитети на првенството.
Останатиот дел од селекцијата се главно непознати играчи,ќе видиме дали некој ќе се покаже,и ќе изненади.

Тунис
Репрезентација која ни има нанесено многу болка добро ја знаеме сите,на првенствово целта ќе им биде да ја поминат групата и да покажат караткер против поголемите селекции.
Ова светско ќе бидат предводени од шпанскиот стратег Тони Герона,ќе видиме како ќе ја спреми селекцијата и дали ќе го извади максимумот на играчите.
Поширок состав на играчи http://www.ihf.info/files/CompetitionData/aedb0ad3-ea90-4ffa-8f00-73b7121a5b24/pdf/TUN.pdf

Главна ѕвезда во составот е добро познатиот Ваел Жалуз кој во последно време доста падна во формата,меѓутоа сепак е една класа над другите.
Покрај него како втора алка во тимот ќе биде Амин Банур кој игра во романската лига и во ЛШ,каде е еден од најдобрите стрелци,во одлична форма е човекот има и солидно искуство има играно во Француската лига неколку години може доста да помогне ќе видиме како ќе се носи против посилните селекции,може да иде човекот кој ќе биде најголем проблем за противниците.
На левата крилна позиција е Бугами кој после неколку години помината и францускиот шампионат се врати во родната земја.
Доста првенства има одиграно,има искуство и со силни натпревари,сосема солидно крило.
На среден бек го имаат Суси човекот кој игра во европскиот шампион Монпеље ,полусезонава доби шанса ама се виде дека нема некој голем потенцијал,но за Туниската репрезентација ќе биде доста важен.
И како голман на репрезентацијата е Магазиз човекот кој го направивме голманиште во олимписките квалификации,брани во Романија искусен голман,ќе видиме дали може да пружи некоја добра пертија.
Останатиот дел од играчи не играат во европа и се главно непознати за нас,останува да се види дали можат да направат нешто и тие па да помогнат на својата репрезентациаја.

Чиле
Репрезентација која рално нема што да бара на ова првенство,но ајде да оставиме можност да изненадат некого.
Немаат ниту еден играч кој игра во некој европски клуб.
Поширок состав на репрезентативци
http://www.ihf.info/files/CompetitionData/aedb0ad3-ea90-4ffa-8f00-73b7121a5b24/pdf/CHI.pdf.

Саудиска Арабија
Тотални аутсајдери во групата.
Ова првенство ќе бидат предводени од словенецот Борис Денич ќе видиме дали ќе успее да направи нешто од оваа репрезентација.
Сите играчи настапуваат во Африка во некои клубови,и се реално непознати за сите.
Очекувам оваа репрезентација со Чиле да водат битка за да го избегнат последното место.
Список на играчи
http://www.ihf.info/files/CompetitionData/aedb0ad3-ea90-4ffa-8f00-73b7121a5b24/pdf/KSA.pdf



Се надевам дека ве воведов колку толку во она што не очекува од оваа група,повелете на дискусија.
Гласајте и на анкетата.:)
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
Претерано лесни групи се и Ц и Д и тотално немавме среќа со ждребот...

Мислам ајде...

Данска-Норвешка треба да биде одлична утакмица, се остало ми е мех...
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ц групата мислам дека може да биде доста интересна.
- Чиле и Саудиска Арабија се аутсајдери, освен едни против други тешко ќе можат да се надеваат на нешто повеќе.
- Тунис е една од најопаснте ако не и најјака неевропска селецја на ова СП. физички доминантни, но често им недостига доволно интелигенција во играта за повисоки дострели. Имаат реални шанси да ја минат групата, но нема да биде воопшто лесно.
- Австрија не е многу позната, но не е воопшто наивна како репрезентација. Предводени од Билик од Кил создаваат доста сериозна и незгодна репрезентација која би требало да го достигне својот врв идната година на домашен терен на ЕП. Јас би типувал на Австрија против Тунис но тука е блиску до 50/50 слично како и во Б групата.
- Норвешка е еден од главните фаворити за медал. Комплетна екипа, со исклучително опасна транзиција и со Сагосен - можеби најдобриот играч на турнирот во отсуство на Карабатиќ. Имаат неколку повреди ќе видиме колкав ефект ќе имаат пред се Осаливен и Јоханесен (Тонесен не е проблем, Норвешка има десни бекови за извоз)
- Данска + домашен терен е рецепт за сериозен кандидат за злато. Но не и гаранција. А иако според горе долу сите букмејкери Данците се први фаворити на првенството јас баш и не сум сигурен. Чкрипат на десен бек каде нема да игра Киркелоке. Ќе го нема и Дамгард. И вака се меѓу фаворитите но не сум сигурен дека се бр.1
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Megju skandinavcive ke se bara prvata pozicija, cile i arabia go home bithces, borba za tretoto ke bijat avstrija i tunis.. mislam deka tunis ke zavrsat 3ti...
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
Австрија со осум разлика изгуби од Чиле :popce:
Кој би рекол....
Мислев Австријците група ќе поминат како 3ти,незнам што се десило на оваа утакмица.
За Тунис ова е супер ситуација,мора да искористат и да влезат во следна фаза,далеку поквалитетни се од Чиле.
Можеби Чиле и ќе биде изненадување на ова првенство,сите ги сметаат за аутсајдери,тоа е најопасно за НеЕвропските држави,незнаеш како стојат со играчи.:kafence:
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Bogami gomnono Landin e u opasna forma

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.718
Австрија со осум разлика изгуби од Чиле :popce:
Кој би рекол....
Мислев Австријците група ќе поминат како 3ти,незнам што се десило на оваа утакмица.
За Тунис ова е супер ситуација,мора да искористат и да влезат во следна фаза,далеку поквалитетни се од Чиле.
Можеби Чиле и ќе биде изненадување на ова првенство,сите ги сметаат за аутсајдери,тоа е најопасно за НеЕвропските држави,незнаеш како стојат со играчи.:kafence:
едно не ми е јасно, како и по кој основ Австрија си влезе во ова лесна група ??
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
едно не ми е јасно, како и по кој основ Австрија си влезе во ова лесна група ??
Ги тепаја Белорусите во квалификациите, ко ние шо игравме со Романците.
Лани да ги тепавме чесите (со кој водевме 5 разлика голем дел од мечот) наместо од 3ти, ќе бевме од 2ри шешир и ќе ги одбегневме Хрватите.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
421
Поени од реакции
980
Хансен како им го начука на Норвежаните. 13 гола за 40 минути.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom