ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.959
- Поени од реакции
- 57.695
Полудиригираната ждрепка за Евробаскетот реши во групата Ц да спои четири балкански држави со една од истокот и една од западот.
Четирите балкански држави, како што и може да се претпостави за држави од овој дел на Европа имаат меѓусебни политички препукувања. Грција и Македонија, односно Словенија и Хрватска се тазе дуели и низ меѓународните судници. Сега ждрепката ги спои да се „решат“ и на кошаркарскиот паркет.
Локација:
Како што веќе знаеме, ова првенство ќе се одигра во четири земји, односно секоја група во различна земја/град. За домаќин на групата Ц беше одредена Хрватска, односно супермодерната Загребска Арена која со капацитет од 17.000 гледачи ги исполнува сите потребни услови да огранизира настан од највисок ранг како Евробаскетот.
Досега истата беше домаќин на Светското Првенство во ракомет 2009 година, Ф4 турнирот во европската хокеарска лига и еврошампионатот во футсал во 2012 година.
Истата ќе биде домаќин на сите натпревари од групата.
Екипи:
Хрватска:
Популарните коцкести на ова првенство освен како ко-домаќини влегуваат на истиот начин како што и ние влеговме на претходното ЕП, како минати полуфиналисти. Во 2013 во соседна Словенија постигнаа успех и по цели 18 години успеаа да изборат пласман во првите четири екипи. Овојпат влегуваат несигурни дали можат да го повторат тој успех, затоа што на ланското СП не се прославија и завршија како десетти.
Тим:
Во составот кој е спој на млади суперталенти и искуство, како лидер на тимот може да се издвои Бојан Богдановиќ. Во своите најдобри години и со НБА искуство, од него ќе се бара да повлече и да им ја олесни работата на ѕвездите во подем - Марио Хезоња и Дарио Шариќ. Освен него, НБА искуство има и Дамјан Рудеж, кој минатата сезона како руки ја помина во Индијана Пејсерс. Под кошот тука е често оспоруваниот Анте Томиќ, член на Барселона. Остатокот од тимот е воглавно сочинет од играчи на Цедевита и неколку интернационалци.
Против нас имаат половичен успех од две победи и два порази на евромечевите.
Словенија:
Јанезите традиционално постанаа не само редовен, туку и учесник на еврошампионатите кој секогаш е опасен и завршува во првата половина од конечниот пласман. Од 2005 навака, на секое ЕП, Словенците завршувале барем во топ8 екипите, а најдобриот пласман им е на ЕП2009 кога завршија како четврти. На минатото ЕП на кое беа домаќини го освоија петтотот место.
Тим:
На ова ЕП ќе бидат без својот најдобар играч и ѕвезда, Горан Драгиќ, па така неговиот брат Зоран, заедно со Јака Блажиќ ќе бидат во центарот на вниманието, секако со простор и некој од останатите да ги засени.
Против нас имаат еден меч и еден пораз, на минатото ЕП.
Грција:
Нашиот дужен сосед и воедно двократен европски кошаркарски шапмион секогаш е дел од тимовите од кои се има и најголеми очекувања. Така влегуваат и на овој, со еден од можеби своите најсилни состави, кој веќе подолго време е заедно и е во зрели натпреварувачки години.
Тим:
Иако во тимот има неколку НБА играчи, како прва виолина на тимот несомнено се двои живата грчка легенда, капитенот Василис Спанулис. Од кошаркарот на Олимпијакос се очекува да биде лидер и на теренот и во соблекувалната. Покрај него од постарата гарда тука се Притезис, Зизис и Борусис, од НБА играчите - Папаниколау, Куфос и младиот Антеитукомпо.
После лошите пласмани на минатите две СП и ЕП, овојпат Грците влегуваат со желба конечно оваа генерација да ја доведат на пиедесталот.
Ние ги исчукавме прописно на минатото ЕП, на ова малку потешко.
Холандија:
Најегзотичната кошаркарска репрезентација во нашата група е дефинитивно земјата на лалињата. Oranje немаат настап на кошаркарски голем собир цели 22 години, последен пат настапиле на ЕП 1993. На овој собир се квалификуваа елиминирајќи ги Црна Гора и Бугарија иако претходно беа казнети заради играње со двајца натурализирани играчи.
Тим:
Убедливо најанонимниот тим, каде што познат ми е единствено Хенк Норел, долгогодишен член на Ховентуд и Зарагоса. Што и да напишам повеќе за нив, ќе излажам. Така да...
Грузија:
За искусната грузиска генерација, најуспешна во националната помодерна кошаркарска историја, ова ќе биде (слично како нас) трето сврзано ЕП. На минатите две завршуваа на 11 односно 17 место. Очекувањата и сега се слични.
Тим:
Екипата е предводена од најпопуларниот грузиски играч, Заза Пачуља, кој има долгогодишно искуство во НБА. Покрај него, тука да му помогнат се и Тцинадзе и Маркошвили. Остатокот од тимот е сочинет од random-atze и random-shvili играчи кои играат воглавно надвор од Грузија.
Македонија:
“- Иии оди МекКејлеб... Ништо, Литванците се одбранија.... ЛИТВАНЦИТЕ ЗА МИГ СЕ ОДБРАНИЈА! Војдан краде, ќе ја задржи топката... не, тука нема фаул можеби на друг натпревар за три... ТРОЈКА, ТРОЈКА, ТРОЈКА!
- вака звучеше не баш милозвучниот глас на Игорче Трпески пред точно четири години, кога Македонија елиминирајќи го домаќинот го постигна својот најголем успех, полуфинале на ЕП.
Две години потоа, не бевме ни блиску до тоа, завршивме на 21 место со само една победа од пет натпревари.
На ова првенство влегуваме со драстично послаб состав од оној на претходните, па така и очекувањата се реално минимални. Влегуваме и со неочекувана турбуленција на селекторското место, откако Џикиќ беше ненадејно отпуштен на месец дена пред почетокот на ЕП. Сега, негова замена е Марјан Србиновски, па ни останува да ги правиме суеверијата за среќа, за да се надеваме на победи.
Тим:
Без суперѕзвезди, онака како што поминавме и во квалификациите (исклучувајќи го Владо) ќе влеземе во овој евросамит.
Гечевски има сто години, Перо се чува после двете НБА сезони, МекКејлеб е во катастрофална форма, Чековски исто стар, Николовски уште го боли забот. Така, од златната генерација покрај Владо останаа само браќата Стојановски, Соколов и Самарџиски.
Единствени значајни интернационалци се Војдан Стојановски и Риџард Хендрикс кои играат во шпанското првенство во дресовите на Андора и Уникаха. Покрај нив и Владо Илиевски кој ланската сезона ја помина во Цедевита. Остатокот е или во Македонија или моментално е без клуб.
На плејмејкерската позиција покрај ветеранот Илиевски, ќе се борат кумановскиот Стеф Кари - Александар Курчо Костовски и младиот Андреј Магдевски.
На позициите два и три, прв избор несомено се близнаците Дамјан и Војдан Стојановски, а воедно од вториот се очекува да биде и главен поентер на селекцијата, колку и тоа да е непоравдано. Нивни замени ќе се Дарко Соколов и Марко Симоновски, а на позиција ниско крило може да улета и Владимир Брчков.
Под кошевите, како што спомнав од старата гарда остана само Предраг Самарџиски. Друштво треба да му прави натурализираниот Хендрикс, кој беше еден од најдобрите поединци во квалификациите. Нив двајца треба да ги одмараат Бојан Трајковски (најдобриот наш стрелец во квалификациите) и Стојан факинг Ѓуровски. Принудни резерви за овие позиции се младиот Љубомир Младеновски и Марјан Јаневски.
За селекторот доволно е и таа реченица која ја пишав, а вредно е да се спомене со селекцијата повторно работи италјански кондиционен тренер, каков што пред 4 години многу ни помогна за спремноста на нашите момци.
Тоа е накратко.
Распоредот на мечевите од групата, е тука:
https://en.wikipedia.org/wiki/EuroBasket_2015_Group_C
А и затоа што ми се сјебаа сликите со составите на репрезентациите, комплетните списоци ги имате на официјалната страна:
http://www.eurobasket2015.org/
Бујрум и Да живее ВМ... Македонија!
Последно уредено од модератор: