Група Ц - Загреб (Macedonia - Gre - Cro - Geo - Ned - Slo)

Кои четири екипи поминуваат понатаму?


  • Вкупно гласачи
    121

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695

Полудиригираната ждрепка за Евробаскетот реши во групата Ц да спои четири балкански држави со една од истокот и една од западот.

Четирите балкански држави, како што и може да се претпостави за држави од овој дел на Европа имаат меѓусебни политички препукувања. Грција и Македонија, односно Словенија и Хрватска се тазе дуели и низ меѓународните судници. Сега ждрепката ги спои да се „решат“ и на кошаркарскиот паркет.



Локација:
Како што веќе знаеме, ова првенство ќе се одигра во четири земји, односно секоја група во различна земја/град. За домаќин на групата Ц беше одредена Хрватска, односно супермодерната Загребска Арена која со капацитет од 17.000 гледачи ги исполнува сите потребни услови да огранизира настан од највисок ранг како Евробаскетот.

Досега истата беше домаќин на Светското Првенство во ракомет 2009 година, Ф4 турнирот во европската хокеарска лига и еврошампионатот во футсал во 2012 година.

Истата ќе биде домаќин на сите натпревари од групата.

Екипи:

Хрватска:
Популарните коцкести на ова првенство освен како ко-домаќини влегуваат на истиот начин како што и ние влеговме на претходното ЕП, како минати полуфиналисти. Во 2013 во соседна Словенија постигнаа успех и по цели 18 години успеаа да изборат пласман во првите четири екипи. Овојпат влегуваат несигурни дали можат да го повторат тој успех, затоа што на ланското СП не се прославија и завршија како десетти.

Тим:

Во составот кој е спој на млади суперталенти и искуство, како лидер на тимот може да се издвои Бојан Богдановиќ. Во своите најдобри години и со НБА искуство, од него ќе се бара да повлече и да им ја олесни работата на ѕвездите во подем - Марио Хезоња и Дарио Шариќ. Освен него, НБА искуство има и Дамјан Рудеж, кој минатата сезона како руки ја помина во Индијана Пејсерс. Под кошот тука е често оспоруваниот Анте Томиќ, член на Барселона. Остатокот од тимот е воглавно сочинет од играчи на Цедевита и неколку интернационалци.

Против нас имаат половичен успех од две победи и два порази на евромечевите.

Словенија:

Јанезите традиционално постанаа не само редовен, туку и учесник на еврошампионатите кој секогаш е опасен и завршува во првата половина од конечниот пласман. Од 2005 навака, на секое ЕП, Словенците завршувале барем во топ8 екипите, а најдобриот пласман им е на ЕП2009 кога завршија како четврти. На минатото ЕП на кое беа домаќини го освоија петтотот место.

Тим:

На ова ЕП ќе бидат без својот најдобар играч и ѕвезда, Горан Драгиќ, па така неговиот брат Зоран, заедно со Јака Блажиќ ќе бидат во центарот на вниманието, секако со простор и некој од останатите да ги засени.

Против нас имаат еден меч и еден пораз, на минатото ЕП.

Грција:

Нашиот дужен сосед и воедно двократен европски кошаркарски шапмион секогаш е дел од тимовите од кои се има и најголеми очекувања. Така влегуваат и на овој, со еден од можеби своите најсилни состави, кој веќе подолго време е заедно и е во зрели натпреварувачки години.

Тим:

Иако во тимот има неколку НБА играчи, како прва виолина на тимот несомнено се двои живата грчка легенда, капитенот Василис Спанулис. Од кошаркарот на Олимпијакос се очекува да биде лидер и на теренот и во соблекувалната. Покрај него од постарата гарда тука се Притезис, Зизис и Борусис, од НБА играчите - Папаниколау, Куфос и младиот Антеитукомпо.

После лошите пласмани на минатите две СП и ЕП, овојпат Грците влегуваат со желба конечно оваа генерација да ја доведат на пиедесталот.

Ние ги исчукавме прописно на минатото ЕП, на ова малку потешко.

Холандија:
Најегзотичната кошаркарска репрезентација во нашата група е дефинитивно земјата на лалињата. Oranje немаат настап на кошаркарски голем собир цели 22 години, последен пат настапиле на ЕП 1993. На овој собир се квалификуваа елиминирајќи ги Црна Гора и Бугарија иако претходно беа казнети заради играње со двајца натурализирани играчи.

Тим:

Убедливо најанонимниот тим, каде што познат ми е единствено Хенк Норел, долгогодишен член на Ховентуд и Зарагоса. Што и да напишам повеќе за нив, ќе излажам. Така да...

Грузија:
За искусната грузиска генерација, најуспешна во националната помодерна кошаркарска историја, ова ќе биде (слично како нас) трето сврзано ЕП. На минатите две завршуваа на 11 односно 17 место. Очекувањата и сега се слични.

Тим:

Екипата е предводена од најпопуларниот грузиски играч, Заза Пачуља, кој има долгогодишно искуство во НБА. Покрај него, тука да му помогнат се и Тцинадзе и Маркошвили. Остатокот од тимот е сочинет од random-atze и random-shvili играчи кои играат воглавно надвор од Грузија.

0000000000415050.jpg

Македонија:

“- Иии оди МекКејлеб... Ништо, Литванците се одбранија.... ЛИТВАНЦИТЕ ЗА МИГ СЕ ОДБРАНИЈА! Војдан краде, ќе ја задржи топката... не, тука нема фаул можеби на друг натпревар за три... ТРОЈКА, ТРОЈКА, ТРОЈКА!

- вака звучеше не баш милозвучниот глас на Игорче Трпески пред точно четири години, кога Македонија елиминирајќи го домаќинот го постигна својот најголем успех, полуфинале на ЕП.

Две години потоа, не бевме ни блиску до тоа, завршивме на 21 место со само една победа од пет натпревари.

На ова првенство влегуваме со драстично послаб состав од оној на претходните, па така и очекувањата се реално минимални. Влегуваме и со неочекувана турбуленција на селекторското место, откако Џикиќ беше ненадејно отпуштен на месец дена пред почетокот на ЕП. Сега, негова замена е Марјан Србиновски, па ни останува да ги правиме суеверијата за среќа, за да се надеваме на победи.

Тим:

Без суперѕзвезди, онака како што поминавме и во квалификациите (исклучувајќи го Владо) ќе влеземе во овој евросамит.

Гечевски има сто години, Перо се чува после двете НБА сезони, МекКејлеб е во катастрофална форма, Чековски исто стар, Николовски уште го боли забот. Така, од златната генерација покрај Владо останаа само браќата Стојановски, Соколов и Самарџиски.

Единствени значајни интернационалци се Војдан Стојановски и Риџард Хендрикс кои играат во шпанското првенство во дресовите на Андора и Уникаха. Покрај нив и Владо Илиевски кој ланската сезона ја помина во Цедевита. Остатокот е или во Македонија или моментално е без клуб.

На плејмејкерската позиција покрај ветеранот Илиевски, ќе се борат кумановскиот Стеф Кари - Александар Курчо Костовски и младиот Андреј Магдевски.

На позициите два и три, прв избор несомено се близнаците Дамјан и Војдан Стојановски, а воедно од вториот се очекува да биде и главен поентер на селекцијата, колку и тоа да е непоравдано. Нивни замени ќе се Дарко Соколов и Марко Симоновски, а на позиција ниско крило може да улета и Владимир Брчков.

Под кошевите, како што спомнав од старата гарда остана само Предраг Самарџиски. Друштво треба да му прави натурализираниот Хендрикс, кој беше еден од најдобрите поединци во квалификациите. Нив двајца треба да ги одмараат Бојан Трајковски (најдобриот наш стрелец во квалификациите) и Стојан факинг Ѓуровски. Принудни резерви за овие позиции се младиот Љубомир Младеновски и Марјан Јаневски.

За селекторот доволно е и таа реченица која ја пишав, а вредно е да се спомене со селекцијата повторно работи италјански кондиционен тренер, каков што пред 4 години многу ни помогна за спремноста на нашите момци.

Тоа е накратко. :D

Распоредот на мечевите од групата, е тука:
https://en.wikipedia.org/wiki/EuroBasket_2015_Group_C

А и затоа што ми се сјебаа сликите со составите на репрезентациите, комплетните списоци ги имате на официјалната страна:

http://www.eurobasket2015.org/

Бујрум и Да живее ВМ... Македонија!
 
Последно уредено од модератор:
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Оливер Лафајет има проблеми со менискусот, Перасовиќ бидејќи не е задоволен од Укиќ и Стипчевиќ ја разгледува можноста за повикување на Марко Поповиќ или Диди Дрејпер...

Sent from my HTC One M9 using Tapatalk
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Очекувам победа над Холандија, реално тоа е единствената сигурна победа која можеме да ја дискутираме уште сега.
Дуелот со Грузија мислам дека ќе одлучува кој ќе помине понатака. Се останато што ќе направиме ќе биде бонус за нашите!

1. Грција
2. Хрватска
3. Словенија
4. Македонија
5. Грузија
6. Холандија

Вака типувам јас :)
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
1. Хрватска
2. Словенија
3. Македонија
4. Арсенал
5. Грузија
6. Холандија

После катастрофалното издание во Словенија, очекувам подобар пласман, но не ми се верува дека ќе го повториме успехот од Литванија. Тренерот ни е катастрофа, да ни беше Докузовски ќе очекував многу повеќе.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.168
Поени од реакции
34.279
Има ли во кладилница можност да се погодува што ќе го боли оваа година Кире Николовски и зошто нема да игра со репрезентацијата?
Јас би типувал дека го боли кур.
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
533
Поени од реакции
269
Антеитукомпо се пише ама се чита АнтеитукоБо, мп=б во грцкиот[DOUBLEPOST=1440091533][/DOUBLEPOST]ЈАс сум секогаш оптимист, типувам од составот да отпадне Јаневски, Магдевски трет ќе видиме, ама мислам Николовски сам се отпадна, Ѓуровски е ногу напреднат добар во одбрана напад и скок, без брчко не се може, добар дефанзивец но и скокач, ме загрижува играта со турција и литванија, без акција без влез без контраблок, едно 70% бевме принудени да шутираме за три, костоски подобро ги разигрува играчите од владо сега за сега, а мислам дека србинсовски врска нема кој аму е прва петорка, дрво невидено, како кошаркар повече го ценев сега, не.
Групата мислам да ја минат сигурно грците и хрватите, додека меѓу нас Грузија и словенија ке биде борбата, ама мсилам ке ОТПАДНАТ змајчеките
 
Член од
14 февруари 2015
Мислења
199
Поени од реакции
82
Има ли во кладилница можност да се погодува што ќе го боли оваа година Кире Николовски и зошто нема да игра со репрезентацијата?
Јас би типувал дека го боли кур.
Бρат не го бива затоа не игρа, а дρуг муабет е тоа што се повлеκува од подготовκите
 

Andy-95

The Slim Shady
Член од
29 јули 2014
Мислења
285
Поени од реакции
108
ВилХил предвиде дека сигурно ќе играме 1/8 финале и тоа ќе биди максимумот. А ако стигниме до 1/8 финале сигурно нема да е то максимум оти вкрстваме со најслабата група во историјата на првенствата ! ;)
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
ВилХил предвиде дека сигурно ќе играме 1/8 финале и тоа ќе биди максимумот. А ако стигниме до 1/8 финале сигурно нема да е то максимум оти вкрстваме со најслабата група во историјата на првенствата ! ;)
Не е толку слаба како што мислиш... А групата не е ништо посјајна од оваа реално гледано...

А и плус и да стигниме до осминафинале како четврти би вкрстиле со Литванија а не со некои од другите. Да се играа групи како порано во втората фаза ќе имавме поголеми шанси во таква ситуација. Ама вака со осминафинален дуел тешко ќе оди...

Како и да е треба да сме среќни ако ја минеме групата.
 

Andy-95

The Slim Shady
Член од
29 јули 2014
Мислења
285
Поени од реакции
108
Не е толку слаба како што мислиш... А групата не е ништо посјајна од оваа реално гледано...

А и плус и да стигниме до осминафинале како четврти би вкрстиле со Литванија а не со некои од другите. Да се играа групи како порано во втората фаза ќе имавме поголеми шанси во таква ситуација. Ама вака со осминафинален дуел тешко ќе оди...

Како и да е треба да сме среќни ако ја минеме групата.
Видовме во вторникот дека можи да се игра со Литванија, поарно Литванија одколку Франција или Шпанија... ;) Имат капацитет дечките за едно 1/4 финале па кој знај таму се е можно !
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
793
Поени од реакции
368
Ќе има ли пренос вечер со Шпанија?

Sent from my C5303 using Tapatalk
 

Andy-95

The Slim Shady
Член од
29 јули 2014
Мислења
285
Поени од реакции
108
Ќе има ли пренос вечер со Шпанија?

Sent from my C5303 using Tapatalk
Не стрим ќе треба да бараме. И нема да има од ниту еден од потготвителните пренос на наши телевизи!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom