Група Ц (Гер, Хрв, Бел, Унг, Чиле, С.Арабија)

Кои две репрезентации ќе отпаднат?


  • Вкупно гласачи
    32
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695

Во третата група на овогодинешниот ракометен мундијал, своите вештини со топката излепена со восок ќе ни ги презентираат четири европски селекции, една јужноамериканска и една азиска репрезентација. Претставници на стариот континент ќе бидат и неговиот актуелен владетел Германија, најракометниот остаток од СФРЈ - Хрватска, русите со променето име - Белорусија, уште еден од најзначајните ракометни адути на источниот блок - Унгарија, наследниците на Маите од Чиле и неколку дечки од Саудиска Арабија кои немаат фамиијарна платформа со нафта, па мора да заработуваат арапски доалри со играње ракомет.

Локација:



Оваа група ќе биде стационирана во градот Rouen, име кое сигурно ќе му створи проблеми при изговарањето на Зоки Видевски а Југослав Костовски ќе се обиде најдобро да ни го дослика францускиот вид на изговор за овој град.



Салата го има најслаткото име од сите во кои ќе се игра мундијалски ракомет: palais des sports de Rouen односно Le Kindarena, добиена по спонзорот, фабриката за чоклади Киндер.

(На пример кај нас ќе беше јако место VIP Arena и Тelekom Arena да се викаа Vitaminka Arena Boris Trajkovski или Agroplod Resen Arena Filip Vtori)

Капацитетот е истотака скромен, 4500 седишта достапни за ракометните мечеви од СП.

Репрезентации:

Германија:


Трократниот светски шампион, по речиси цела денеција постигнување на просечни резултати, се врати на големиот подиум на минатогодишното европско првенство, каде на изненадување на многумина, заврши со најсјајното златно одличје.

На младите дечки предводени од Исланѓанецот Дафур Сигурдсон им беше предвидувана блескава иднина, но тие успеаа пред очекуваните проценки да ги изненадат противниците и да застанат на врвот на европскиот ракомет. Одненадеж меѓу стативите се појави швабскиот волк Андреас Волф, на бомбаредерските позиции изникна Друкс, на левата крилна позиција нова ѕвезда Руне Дамке. И покрај сите повреди кои им се случија во текот на шампионатот, de Mannschaft успеаа преку страшна тимска игра да им овозможат уште еднаш на коментаторите да ја изречат поговорката дека било кој спорт е спорт во кој Германците секогаш победуваат.

Екипата што патува на ова СП е горе-доле истата која стана еврошампион. На голот ќе биде прв избор Волф, негова замена искусниот Хејнветер. Убедливо најпокриен дел од тимот се криалта, каде имаат за две репрезентации. Лево ќе оперираат Руне Дамке и оној за кој се мислеше дека е незаменлив додека не се појави претхдноспоменатиов, Уве Генсхајмер. Десно се одличните Патрик Грецки и Тобијас Рајхман. Леворак бомбардер од бековската позиција треба да биде Каи Хафнер, додека на левата страна се покриени одлично со Пол Друкс, Џулиус Кун и Фин Лемке кој ќе биде битен играч и во одбраната. Можеби најслабиот дел кај швабите е плејмејкерската позиција каде што на располагање ги имаат Ернст, Пиечковски и дебитантот Вебер. На линијата од шест метри како пикер ќе оперира искусниот Винчек, додека на моменти ќе го одмараат Шмид и Колбахер.

И покрај тоа што доаѓаат како европски шампиони сепак и на ова СП очекувањата од нив се неубедливи, а треба да се спомене дека и покрај желбата на федерацијата Сигурдсон да остане на бундес клупата, нему ова ќе му биде последно СП со Германија затоа што потоа ќе оди во Јапонија на печалба.

Хрватска


Каубојите, Коцкестите, најдобрата екс-ју ракометна нациј или најреалното: едни од најголемите лузери откако станаа светски Шампиони во 2003та. Лузери во поглед на тоа што од тогаш, секогаш се сметани како едни од најдборите 5 селекции на првенствата, но никако да на крај останат како најсилната или онаа која ќе го освои трофејот. Истата приказна е и на ова СП, индивидуално една од најквалитетните екипи, со квалитетен но тренер кој не е баш сакан од грото луѓе во репрезентацијата ради нивното плафонирано его, чиста балканска работа.

Навикнати пред секое првенство да има „шокантни“ изоставувања и варијации околу составот, Хрватите, односно дуото Бабиќ-Балиќ и на ова СП направија неколку измени, па нема имиња како Алиловиќ, Копљар, Чупиќ, Слишковиќ, Карачиќ...

Па на голот нема да го гледаме пак Мирко Алиловиќ, туку меѓу стативите ќе бидат Иван Пешиќ, Филип Ивиќ и искусниот Иван Стевановиќ.
На крилните позиции од старата гарда останати се само Златко Хорват и Мануел Штрлек, а нивни замени ќе бидат Ловро Михиќ и Јосип Павлетиќ.
На бековските позиции ќе бидат со никогаш сигурните од повреди Мандалиниќ и Степанчиќ и Мамиќ и Шебетиќ како нивни замени. На среден бек недовлно залечен но сепак ќе патува Домагој Дувњак, додека многу се очекува од Лука Циндриќ како негова алтернатива.
На пикерската позиција се Жељко Муса и Тин Контрец.

Белорусија:


Белорусите фатија некој ред па од 2013 навака се редовни на сите ЕП и СП и ова ќе им биде петто големо натпреварување по ред. Како и на претходните немаат големи очекувања и од нив се очекува да бидат една од најслабите европски претставници. Доаѓаат со доста подмладен тим.

На голот ќе бидат искустниот Макчевиќ и младиот Салдатсенка. Први опции за крило ќе бидат искусните Тситсу и Рутенка. Како пикер тука е повторно Шумак. Најискусен во тимот ќе биде и веодно најдобриот стрелец - Пукховски, додека лево и десно од него ќе бидат Шиловиќ и Кулеш. Останатите алтернативи се млади дечки кои претежно настапуваат во домашните СКА Минск и Мешков Брест.

Тренер на екипата повторно ќе биде Јури Шветцов.

Унгарија


Маџарите се речиси редовен декор од големите ракометни собири, но за разлика од Олимписките Игри каде што често завршуваат меѓу најдобрите, на ЕП и СП немаат позначителен успех, односно заглавуваат во четвртфиналето. На ова СП доаѓаат речиси како клуб-репрезентација, со оглед на тоа што воведоа тренд селектор да биде предводникот на Веспрем, овојпат Хавиер Сабате. Па така во тимот има само двајца интернационалнци, а мнозината доаѓаат од Веспрем и Пик Сегед.

Голот ќе го чуваат ветераните Нандор Фазекаш и Роналд Миклер. На крило тука е уште едно искусно дуо од Весперм, Ѓорѓ Иваншчук и Питер Гилијаш. На денсната бековска позиција неприкосновен е Лалсо Наѓ, додека лево ќе му прави друштво „новиот“ Унгарец, Иман Џамали. На среден бек, а повремено и на лев ќе покриваат одличните Габор Часар и Матеј Лекај. Алтернативи за бомбардерските позиции се Анчин и Бодо. Тешкаши на линијата ќе бидат касапите Зубај и Шуш.

Сабате на ова СП ќе бара шанса за продолжување на неговиот престој во Унгарија, затоа што се посилни се најавите дека Љубомир Врањеш ќе биде тренер на Веспрем и селектор од наредната сезона.
Чиле


Ракометарите од земјата која се простира долж јужноамериканскиот континетн ќе играат на своето четврто по ред СП. Овојпат доаѓаат како второпласирани на пан-Американскиот шампионат. Тимот им е составен од млади таленти кои настапуваат во европските лиги и неколку поискусни играчи кои доаѓаат од домашниот шампионат.

За чувар на мрежата ќе имаат три опции и тоа Бариентос, Гарсија и Олива. На десната крилна позиција ќе бидат Пабло Баенза и Ерик Каниу, играчи кои доаѓаат од домашната лига, додека лево ќе биде еден од најпознатите нивни ракометари Себастиан Себаљос, кој алтернатива ќе има во Харалд Фухштман, кој предвидливо, според презимето е пола шваба и игра во Германија. На среден бек се поискусниот Фухштман од Кадетен и младиот Рамирез. На лев бек е и третиот Фухштман (е сеа ваљда се браќа овие бем ли ги) кој игра во Австрија, заедно со Виктор Доносо. Десната бековска позиција е за најпознатиот и најквалитетниот играч во репрезентацијата, Родриго Салинас.

За тренер, како што и може да се очекува, имаат шпански стручњак и тоа Матео Гаралда.

Саудиска Арабија


На крај ни доаѓа редовниот учесник на мундијалите, тимот на Саудиска Арабија, кој освен што е постојан учесник е и постојан декор на истите, завршувајќи секогаш во последните четири репрезентации.

Тимот им е сочинет од ракометари од домашното првенство, кои веќе имаат големо искуство во репрезентацијата и голем број заеднички натпревари, но сепак не би ги претставувал оти реално појма неаме за нив.

На клупата ќе имаат Хрват за селектор, односно Ненад Клајиќ.

Распоред:


Tоа ќе биде накратко, бујрум. :D
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Убедливо најодвратна и најгнаста репрезентација на ова првнество(и години наназад) е Унгарија..оние сурати Миклер,Наџ и онај пикерот 250 кила што има се неповторливи..па и уште кога ќе ми текни дека настапуваат за најгорилската екипа Веспрем тогаш се е кажано..нека се префрлат во борење слободен стил или оној спортот за цепење дрва што го даваат на Еуроспорт..не се овие чудовиштата за ракомет
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.712
Поени од реакции
15.583
Belarus 28-32 Chile :eek: ( изненадување ?)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Калински ужива кога го изговара ХАЈНЕВЕТЕР, па уште кога ќе го спои со името негово Силвио Хајневетер ми се чини дека со бонер коментира. :D

Се уби од бранење мрднатиот, па уште и Волф на клупа па па па какви голмани имаат швабиве.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Подмладена екипа имаат Белорусита, ама па од Чиле да изгубиш... Доказ дека никој не смее да се потцени.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Хрватска:pos:
Аууу до кое дереџе дојдоа овие:tapp:
Вика Златан Сарачевиќ (легендарен десен бек)"Саудијците се Метар и Шумска Јагода високи:pos:,срамота е на овие са не им играш 6-0 одбрана".:ROFLMAO:
Ги уништија ШУМСКИТЕ ЈАГОДИ хаха.
Не дека нема да тепаат,ама играта им е криминал,една акција немаа,се насила,се спонтано.
До кај дојдоа,Мамиќ да покрива лев бек:pos:
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Se da mu ebam, skapani oprani.. koj kur gi igrav +34 gola da dadat.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Која срамота, од центар примија гол Хрвативе со играч повеќе и Ивиќ во 6 метри, кутриот со клупата се радуваше :pos::pos::pos:
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.198
Поени од реакции
4.896
Патрик Гроецки играше денес за Германија или не влезе во игра ?
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Damhke raus,Glandorf i Pekeler in the house!:uzi::roker:

Neka go spremaat trofejot za pancirive.
Posledna sansa za inovatorot Dagur,bidejki posle ke izmisluva topla voda so kamikazite.Mislam deka ke gi usovrši vo igrata t.e lazni sutevi i atraktivni potezi.:icon_lol::motorce:

Inaku utre seriozen test protiv kockeskite.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Хрватска 12 минути голот не го виде,од 3-1 серија од 6-0 за Панцирите.
И Жаљко БабиЌУ проба 7 на 6 да игра,епик фејл ефект,ги уништи централната одбрана на Германија,кои киклопи чувече,Фин факинг Лемке и Хендрик Пекелер,НАКОВАЛНА:sakasuste:,КЛАНИЦА.:sakasuste:
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Би се надоврзал на постот на Tomasino.
Каква ли одбрана играат човеече.. навремено излегуваат на секој бек, се и сешто им е затворено и апсолутно под контрола..усовршени сите играчи за во два правци.. Германска школа :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom