Група Д (SWE, HUN, QAT, ARG, EGY, AGO) - Копенхаген

Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Копенхаген ќе биде град домаќин на групата Д. Натпреварите ќе се играат во Royal Arena отворена во 2017 година со капацитет од 13,000 гледачи.



Шведска:


По повлекувањето од националниот дрес на играчи како Тобиас Карлсон и Матиас Андерсон, се појавија нови деца кои покажаа дека и тоа како знаат да играат ракомет. Водени од младиот и одличен исландски стручњак Кристјан Андерсон кој за кратко време успеа да ги склопи коцките и да најави дека се меѓу најдобрите репрезенации на стариот континент.

Никлас Екберг и Матиас Захрисон од Кил и Берлин на десната крилна позиција. Нема потреба да се трошат зборови за нивните квалитети, сигурен сум дека на секој љубител на ракометот му се добро познати. И двајцата се меѓу најдобрите стрелци во своите тимови. Захрисон многу често го гледавме и како десен бек на европското првенство во Хрватска 2018. Хампус Ване и Џери Толбринг од Фленсбург и Рајн-Некар како леви крила. Младо и исклучително квалитетно дуо. Брзи и прецизни, се што се бара од крилни играчи.

Од анонимус до алфа и омега во репрезентацијата и во Фленсбург - Џим Готфридсон и како бекап Линус Арнесон од Бергишер на централната бековска позиција. Лево: Лукас Нилсон од Кил, повратникот Ким Екдал ду Рие од ПСЖ, како и пронајдокот на Фленсбург, Симон Јепсон. Ситуацијата на десен бек е интересна. Во репрезентацијата се врати легендата Ким Андерсон, кој жареше и палеше во дресот на Кил во минатото, а денеска е играч на шведски Истад. Тука е и Албин Лагергрен кој се етаблираше во дресот на Кристијанштад, а денеска е играч на германски Магдебург.

Андреас Нилсон од Веспрем, Јеспер Нилсен од Рајн-Некар и Макс Дарж од Бергишер на пикерската позиција. Сите добро познати. На голот ќе стои дуото на Рајн-Некар Ловен: Микаел Аперлгрин и Андреас Паличка.

Генерално, се работи за исклучително квалитетна репрезентација, чии што играчи во најголем дел играат во Германија. Технички феномално потковани, силни и брзи. За мене лично можеби и најомилената репрезентација за гледање во последниве неколку години.

Унгарија:


Унгарија доаѓа со нов шеф на стручниот штаб. По заминувањето на Љубомир Врањеш, Истван Чокнаи некогашната легенда на Веспрем ќе ја води унгарската репрезентација.

На десно крило Петар Хорнјак, член на унгарски Балатон. Бендегуж Бока исто така од Балатон и Адам Јухаш од Татабања како леви крила.

Габор Часар од Шафхаузен и Мате Лекаи од Веспрем ќе го сочинуваат централното бековско дуо. Лево: како прв избор големата унгарска надеж и член на Сегед - Ричард Бодо, иранецот со унгарски пасош Иман Џамали од Веспрем, Патрик Лигетвари член на Веспрем кој сезонава игра на позајмица во Адемар Леон, како и Золтан Шита од Балатон за кој не верувам дека ќе биде на конечниот список. На списокот од 18 играчи исто така се најде и ветеранот Ференц Илеш од Татабања. Десно: Жолт Балог од Сегед и Габор Анчин, исто така член на Веспрем кој е на позајмица во Ференцварош сезонава.

Бенце Банхиди од Сегед, Тимушин Шух од Ференцварош и Адриан Сипос од Татабања како пикери. Роланд Миклер од Веспрем и Мартин Секели од Татабања на голот, доста потценето, но мошне квалитетно голманско дуо според мене.

За жал, унгарскиот машки репрезентативен ракомет со години наназад е во сенка на женскиот. Иако имаат исклучително успешни два домашни клуба, не успеваат да произведат играчи кои ќе го кренат репрезентативното ниво. Ги гледав против Данска на пријателски меч пред неколку дена и не покажаа апсолутно ништо. Како и да е, мислам дека ќе успеат да освојат едно од првите три места во групата кои водат кон следната фаза.

Катар:


Легијата на странци, на чело со Валеро Ривера. Мора кажам дека грото од играчите не ми се познати, бидејќи настапуваат во Катарското првенство и е практично невозможно да се следат.

Нидал Аиса и Алаедин Берашед од Ал-Вакра и Ал-Духаил како десни крила. Ахмад Мадади и Анис Зоуаоуи од Ал-Духаил како леви крила.

Мустафа Хеиба, Камаладин Малаш и Мустафа Хеиба на централната бековска позиција, сите тројца настапуваат за тимови од домашното првенство. Лево: Франкис Марзо, еден од двајцата играчи кои играат во Европа, член на Спортинг како и добро познатиот Кубанец со катарски пасош - Рафаел Капоте. Некаде прочитав дека и двата стандардни десни бекови Жарко Марковиќ и Бетранд Роин се избришани од списокот, меѓутоа на последниот список кој успеав јас да го најдам и двајцата се таму.

Јусуф Бенали од француски Иври, Фирас Кајеб и Амин Закар од Ал-Духаил и Ал Рајан како пивоти. Ветеранот Шариќ, Анадин Суљаковиќ и Рашид Јусуф се тројцата повикани голмани.

Немам некој посебен коментар. Валеро Ривера работи веќе неколку години во Катар и неговото влијание е евидентно. Незгодни се, имаат квалитет и веројатно ќе бидат третата репрезентација заедно со Шведска и Унгарија која ќе прејде во следната фаза.

Аргентина:


Маноло Кадењас, актуелниот тренер на Мешков Брест успеа да ги донесе Аргентинците до уште едно големо натпреварување.

Сантиаго Баронето од Суидад Енкантада како едно единствено десно крило. Игнасио Пизаро и Федерико Фернандез од аргентинското првенство на левата крилна позиција.

Доаѓаат на првенствово без нивната најголема ѕвезда, играчот на француски Монпелје – Диего Симонет. Пабло Симонет од Бенидорм и Себастијан Симонет од Адемар Леон како централни бекови (инаку браќа на Диего Симонет), како и Мануел Кривели од Ница. Џејмс Луис Паркер од шпански Аларкос и Гилермо Фишер од Теукро како леви бекови. Андрес Мојано од Теукро и Федерико Матијас од Адемар Леон на десната бековска позиција.

Гонзало Кауро од Адемар Леон, Гастон Мурињо од Ваљадолид и Лукас Москариело од Суидад Енкантада на пикерската позиција. Матис Шулц од Винтертур и Леонел Масиел од Суидад Енкантада како голмани.

Мислам дека отсуството на Диего ќе се осети многу и дека се поквалитетни само од Ангола. Но, во спортот никогаш ништо не се знае, па можеби ќе успеат да изненадат и да освојат некој бод плус.

Египет:


Поранешниот асистент на Раул Гонзалес во Вардар – Давид Дејвис за прв пат во улогата на селектор.

Мохамед Санад и Акрам Саад од Ним и Замалек го формираат е двојката на десно крило. Карим Абделрахим од Замалек и Омар Ел-Вакил од Ал Ахли како леви крила.

Ислам Хасан и Ахмед Каири од Ал Ахли и двајцата веќе некое време се стандардни репрезентативци на централната бековска позиција. Јехиа Ел-Дера, Абделрахман Абду и Омар Хагаг сите од домашното превенство како леви бекови. Десно: можеби и најпознатиот играч на Египет, барем за оние кои пратат ЛШ – Ахмед Ел Ахмар кој изигра едно пола сезона за Фленсбург пред некоја година кога им се повреди Холгер Гландорф. Јахиа Омар од Замалек како бекап.

Мохамед Мамду кој со Монпелје ја освои Европа претходната сезона, Ибрахим Ел Масри и Мохамед Махер од домашното првенство како пикери. Карим Хендави од Бешикташ и Мохамед Елтајар од Ал Ахли на голот.

Уште една прилично непозната репрезентација за мене, верувам дека Дејвис добро ќе си ја заврши работата и дека ако ништо друго ќе пружат убав ракомет за око.

Ангола:


Со исклучок на Едвалдо Фереира кој настапува во клуб надвор, сите други играчи играат во Ангола. Според кажувањата на селекторот Александар Диого Мачадо нивната цел е да завршат меѓу 20-те најдобро рангирани репрезентации. Немам што повеќе да додадам околу Ангола, тотални аутсајдери.

Голмани: Geovani Muachissengue; Custódio Gouveia;
Леви бекови: Francisco Almeida, Abigueilei Lourenço, Edvaldo Ferreira; Declerck Sibo;
Крила: Otoniel Pascoal, Claúdio Chicola, Elsemar Santos; Adilson Maneco;
Централни бекови: Manuel Nascimento, Claúdio Lopes; Romé Hebo;
Пикери: Gabriel Teca, Aguinaldo Tati; Agnelo Quitongo.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Дефинитивно најслаба од 4те групи.
- Ангола е можеби главен фаворит за фенерот на првенството.
- Аргентина без Диего Симоне мислам дека не може да се носи со останатите иако ова теоретски е група во која беше отворена можност за влез во втората фаза и за неевропските селекции. Мотор на екипата е Симоне, единствен што прави разлика во клучните моменти.
- Катар испаѓа дека ќе биде доста ослабен во однос на минатото после неколку неочекувани отпаѓања од списокот, но сеуште има квалитет во оваа екипа. Ќе си ја бараат шансата со Унгарија и Египет за пласман во втората фаза, и имаат солидни шанси за тоа.
- Египет никако не смее да се потцени, физички доста снажна екипа, ракомет типично северно афрички - како Тунис. Мислам дека и тие имаат шанси за влез во втора фаза, иако би им дал предност на Унгарија и на Катар.
- Унгарија на хартија може да има опасна екипа, но со години никако да ги склопат поединечните квалитети во добар тим. Многу се нестабилни, може да победат некој од фаворитите, но и да изгубат од неевропските екипи. Во секој случај никако не смее да се потценат и можат да бидат закана од сенка за повисок пласман. Цврста снажна одбрана + добри шутери + двата одлични средна бека кои се интелигенцијата на екипата се рецепт за добри резултати. Клучни играчи кои можат да направат разлика по мене се Лекаи, Банхиди и Миклер.
- Шведска и мене ми е можеби омилена екипа за следење (нормално меѓу "лошите", нашите не ги рачунам :cool:). Не знам зошто ама баш ниту една анализа која сум ја видел последниве десетина дена во пресрет на првенството не ги зема Швеѓаните меѓу глвните фаворити, а според мене се. Дури би рекол дека потајно очекувам не само медал, туку можеби и злато. Комплетна екипа, без јасна слабост со 16 квалитетни играчи, и пред се со, според мене, најдоброто голманско дуо на турнирот Апелгрен-Паличка. Јас ќе одам контра сите експерти и храбро типувам на Швеѓаните!
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Angola i Argentina totalni autsajderi... Argentina 50% e poslaba bez Simonet koj vprocem e povreden... Lesna grupa e ova za evropskive repki...
 

ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987
Da im ebam se najmilo na ovie Katar, kako mozat be samo 8 gola za edno poluvreme na Angola da im stavat ??? Puuh
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.356
Поени од реакции
4.877
Се знаеше дека толку е од ''катарците''.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.105
Поени од реакции
3.952
Групава е убедливо најслаба. Ќе биде епик ако на крај Ангола или Аргентина успеат да пројдат до втората фаза.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom