Група Д - Рига (LTU, LАТ, EST, BEL, CZE и UKR)

Кои 4 екипи ќе ја миинат групата Д?


  • Вкупно гласачи
    25
  • Гласањето е завршено на .
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
На прв поглед D групата може да се опише со 2 збора: неатрактивна и најизедначена. Латвија е домаќин на оваа изразено балтичка група во која нема да гледаме големи имиња, но мислам дека ќе гледаме сосема солидна кошарка. Литванија реално влегува како апсолутен фаворит, додека другите 5 помалку или повеќе изедначено влегуваат во борбата за втората рунда. Играњето во арената во Рига пред 12500 гледачи на Латвија сепак и дава одредена предност пред останатите.



Анализа на групата:

Литванија – Литванија имаше навистина среќа во ждрепката. Од една страна добија група по мерка во која патот до првото место е широко отворен, од друга страна избегнаа вксрстување со застрашувачката група Б. Благодарние на оваа среќна ждрепка за очекување е Литванците релативно лесно да поминат до четвртфиналето, но за повеќе ќе биде тешко. Оваа екипа предводена од Kalnietis и Valanciunas не е толку убоите како некои минати изданија на Литванија и искрено не верувам дека ќе можат да се справат со репрезентациите со самиот врв. Отсуството на најголем дел од нивните звезди како Kleiza, браќата Lavrinovic и Motiejunas дефинитивно ќе се почувствува.

Најдобар успех на ЕП досега: 1 место 2003

Латвија – Во отсуство на најверојатно идната европска ѕвезда Porzingis кој е сеуште премлад за вакво првенство, како и на Biedrins и Davis Bertans, Латвија како и во последните неколку години влегува на првенството со екипа без многу ѕвезди. Латвијците ги краси тимска и исклучително паметна и дисциплинирана игра со која реално се спремни да победат секого. Никој посебно не се издвојува во екипата, но како главни играчи може да се очекува да бидат Blums, Dairis Bertans и Freimanis. За очекување е да ја минат групата за понатаму се зависи од ждрепката.

Најдобар успех на ЕП досега: 8 место 2001

Естонија – Третиот екс-СССР балтички тим влегува на ова првенство со амбиции да не биде само набљудувач туку и да проба да ги помине групите. Ова е добра шанса за Естонија за дополнителна популаризација на кошарката со оглед на блискоста на Рига до Естонија. Со тимска игра без ниту еден попознат играч во екипата тешко ќе биде да постигнат некој посериозен успех, но сепак не се екипа која смее да се потцени. Секоја победа за овој тим вреди злато иако верувале или не естонците имаат фантастично 6то место од 1993. Сепак Естонија најверојатно ќе заврши како една од последните екипи на првенството.

Најдобар успех на ЕП досега: 6то место 1993

Белгија – Другиот квалификант од нашата група на првенството влегува со желба да го постигне најголемиот успех во модерната историја. Белгиската кошарка во последниве 5-10 години реално е во подем, предводени од напредокот на нивната лига. Главна ѕвезда во екипата е Axel Hervell, кој е еден од подобрите крилни центри во Европа. Тој заедно со Lojeski и остатокот од тимот ми мислам дека релативно лесно ќе ја минат групата и според мене имаат шанси да се едно од најголемите изненадувања на првенството. Четвртфиналето е сосема реална можност за овој тим.

Најдобар успех на ЕП досега: 4то место 1947

Чешка – Чешка веќе подолг период важи за една пристојна екипа која никако не смее да се потцени но реално нема капацитет за некој посериозен успех. Оваа група им дава реални шанси за пласман во осминафиналето но се повеќе од тоа ќе биде големо изненадување. Екипата е предводена од двете ѕвезди на чешката кошарка од оваа генерација Satoransky и Vesely, а искуството го носи веќе легендарниот Jiri Welsch. Чесите не играат којзнае колку добро на подготовките до сега, а и важат за прилично променлива селекција, но ми се чини дека се релативно сигурен патник во втората фаза.

Најдобар успех до сега: 11то место во 1999

Украина – Сензацјата од минатото ЕП доаѓа во доста ослабено издание 2 години подоцна. Тогаш предводена од легендарниот Мајк Фратело од клупата како и Jeter, Gladyr И Kravtsov на теренот имаше што да покаже и сосема заслужено го освои тоа 6то место. Но сега без ниту еден од нив, предводена од повратникот Fesenko ми се чини дека тешко ќе може да се надева на нешто повеќе. Мој впечаток е дека Украина е еден од главните фаворити за освојување на фенерот на ова првенство.

Најдобар успех до сега: 6то место 2013

Моја прогноза:

1. Литванија
2. Белгија
3. Латвија
4. Чешка
------------------------
5. Естонија
6. Украина

Распоред:

5 September 2015

Czech RepublicEstonia
BelgiumLatvia
LithuaniaUkraine

6 September 2015

EstoniaBelgium
LatviaLithuania
UkraineCzech Republic

7 September 2015

LithuaniaBelgium
Czech RepublicLatvia
Ukraine-Estonia

9 September 2015

BelgiumCzech Republic
LatviaUkraine
EstoniaLithuania

10 September 2015

UkraineBelgium
LatviaEstonia
Czech RepublicLithuania
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Торонто му нуди нов договор на Валанчиунас, подобрен, доколку не игра за Литванијс ова лето и отиде за Америка на потпис...

Sent from my HTC One M9 using Tapatalk
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Торонто му нуди нов договор на Валанчиунас, подобрен, доколку не игра за Литванијс ова лето и отиде за Америка на потпис...

Sent from my HTC One M9 using Tapatalk
Тоа е само на неколку дена за да го потпиши договорот, ќе се врати за првенството.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
1. Литванија
2. Латвија
3. Естонија
4. Белгија
5. Украина
6. Чешка
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Прелесна група за Литванија. Латвија, Украина и Белгија ќе се борат за второ, трето и четврто место, а Чешка и Естонија ќе го папаат.
Бонус прашање: Ако поминеме група, вкрстуваме против оваа?
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Како може Украина и Естонија, со сите слепци на ова првенство да ги ставате пред Чешка со Саторански и Весели не ми е јасно...

Sent from my HTC One M9 using Tapatalk
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
ќе видиме што ќе направат Чесите, ама на репрезентативно ниво ми се тотални непознаници ко Исланд, Холандија и Естонија што не очекувам нешто уау.:ROFLMAO:
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Блејк Шилб поранешниот играч на Ц.Звезда кој ова лето потпиша со Галатасарај ке настапува како натурализиран играч за Чешка.
 

Andy-95

The Slim Shady
Член од
29 јули 2014
Мислења
285
Поени од реакции
108
Најслаба група е ова, сите репрезентации играт променливо во едно натпреварување. И добро е шо ќе вкрсите со некоја од овие, таман за 1/4 финале.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Прелесна група за Литванија. Латвија, Украина и Белгија ќе се борат за второ, трето и четврто место, а Чешка и Естонија ќе го папаат.
Бонус прашање: Ако поминеме група, вкрстуваме против оваа?
Чешка нема да го папа дефинитивно. Со Весели, Саторански, Пумпрла и Шилб тешко дека ќе се лесен залак за екипите од оваа група. Овие четворица во една петорка заедно и тоа ти е една од 3-4 најатлетични постави во Европа.
 

Andy-95

The Slim Shady
Член од
29 јули 2014
Мислења
285
Поени од реакции
108
Чешка нема да го папа дефинитивно. Со Весели, Саторански, Пумпрла и Шилб тешко дека ќе се лесен залак за екипите од оваа група. Овие четворица во една петорка заедно и тоа ти е една од 3-4 најатлетични постави во Европа.
Moжи овие ко нас да бидат , шо бевме во Литванија 2011!
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Чешка делува страшно на полувреме Шилб и Весели по 14 поена...

Sent from my HTC One M9 using Tapatalk
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Прогноза за група Д:

1. Литванија
2. Белгија
3. Латвија
4. Чешка
5. Естонија
6. Украина

Очекувам оваа група да испадне многу појака од очекувањата. Нема да ме изненади ако Литванија киксира малку, но очекувам јасно да се издвојат првите 4 екипи. Естонија и Украина се за класа послаби од другите според мене. Белгија, ЛАтвија и Чешка ќе бидат многу незгодни противници и во следниот круг.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom