Група Д (Дан, Шве, Кат, Еги, Арг, Бах)

Која од неЕВРОПСКИТЕ селекции ќе оди 1/8 финале?


  • Вкупно гласачи
    33
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Главниот град на Франција ќе ја има честа да биде домаќин на Д групата.
Мечевите ќе се играат во AccorHotels Arena -та,или далеку попозната по своето поранешно име Берси Арена,сала во која Французите го освоија СП во 1999 против славната генерација на Шведска.
Арената има капацитет од 16394 седишта.

На прв поглед НАЈнеатрактивна група,но сепак кога ќе се погледне пореално кон квалитетот на НЕевропските селекции сепак можеби и не е така,Катар е актуелен светски вицепрвак,Египет е шампион на Африка,,Аргентина е секогаш незгодна.
Да одиме со ред.
Данска
Ростер-
http://www.ihf.info/files/CompetitionData/aeab4cf7-8762-4413-b544-1fe08827a84e/pdf/DEN.pdf
Прв фаворит за освојување на групата а можеби и помеѓу најсериозните 3 претенденти за златото.
Актуелни освојувачи на златото на ОИ во Рио,сигурно сега НАБИЛДАНИ ДО ДАСКА СО ТИМСКИ ДУХ ќе одат кон единствената титула која им недостасува,обединување на титулите на генерацијата предводена од маестро Микел Хансен.
Кога ќе се погледне ростерот на Данците веднаш на прв поглед паѓа во очи тоа што го нема веќе Андерс Егерт,ракометар кој испиша историја на таа лева крилна позиција.
Шанса да се пополни таа дупка ќе бара вечната резерва Каспер Мортесен,но сепак далеку е овај играч од неговите славни претходници,не само Егерт,туку и Ларс Кристиансен,па Николај Јакобсен пред него итн.
Негова замена треба да биди братот на голманот Никлас Ландин,многу понепознатиот Магнус Ландин Јакобсен,ракометар на Колдинг.
Кога ќе се погледне по позиции речиси е јасен изборот на селекторот Гудмур Гудмонсон.
На голот ќе бидат Никлас Ландин и најверојатно Мелер,во одбраната валканата работа ќе ја врши Јеспер Мелгард,заедно со браќата Тофт Хансен,дали ќе има место и за безвременскиот пикер Јеспер Нодесбо,ќе видиме?!
Десната крилна позиција ќе ја сочинува добро познатата двојка,Ласе Сван Хансен од Фленсбург и "младичот"Ханс Линдберг,проверена варијанта.
На бековските позиции слатки маки при изборот,Микел Хансен и Ласе Андерсен на лев бек,исто така тука е уште еден повратник во тимот,212 см високиот Николај Маркусен од Силкеборг,и тој би требало да е во најтесна комбинација за настап,Михаел Дамгарт е еден опасен бек,веќе познат и треба да е сериозна опција на плеј покрај Менсах Ларсен.
Десната бековска позиција е резервирана за "вечниот" олдајтмерСондергард,ќе го нема Кристенсен,тука се анономусите Ларсен и Киркелоке,но најверојатно само еден левак ќе биде во тој потесен избор,на сметка на десничарите.
Очекувања-Со овој состав Данците одат на врвот,тоа е сигурно.
Шведска
Ростер
-http://www.ihf.info/files/CompetitionData/aeab4cf7-8762-4413-b544-1fe08827a84e/pdf/SWE.pdf
Славните ТРИ КРУНИ се први фаворити за второто место,иако ќе имаат некоеси ривалство со Катар,реално нивен краен дострел е осминафиналето,со малку среќа максимум до четвртфинале.
Изборот на новиот селектор Андерсон е повеќе од очигледен.
На голот неприкосновениот Матијас Андерсон,како неков бекап тука се двајца сериозни кандидати,Михаил "НИК СЛОТЕР" Апелгрин и секако Паличка.
Во одбраната веќе ќе го нема касапот Тобиас Карлсон,како негов легитимен наследник тука е Јеспер Нилсен од ПСЖ кој заедно со неговиот презимењак Андрес од Веспрем ќе ја сочинуваат двојката на линијата.
На останатите позиции доста добра покриеност и сериозна конкуренција,на крилните позиции,Јонас Калман ќе бара шанса за место во првиот тим,против себе ќе го има "новиот бран",младите Толбринг и Ване се сериозни опции кои се иднината на шведскиот ракомет,на десната крилна позиција тука е Никлас Егберг од Кил и неговата вечна замена во Захрисон од Фуше Берлин.
Надворешната линија изгледа сосема солидно,да не речам и повеќе од солидно.
Лукас Нилсон,вундеркиндер-от на Кил,тука се и поискусните Готфридсон од Фленсбург,Стенмалм,Остлунд,Конрадсон би можел да биде сериозен избор на позицијата плеј,левичари во тимот се Јохан Јакобсон од Фленсбург,на прв поглед можеби и најопасниот шутер на екипата,како негова замена тука е Цедерхолм,екс Кристианстад.
Очекувања-второ место во групата и со малку среќа да се докопаат некако до 1/4 финале
Катар
Ростер
http://www.ihf.info/files/CompetitionData/aeab4cf7-8762-4413-b544-1fe08827a84e/pdf/QAT.pdf
Дали ќе успеат повторно да ИЗНЕНАДАТ?Многу Веројатно НЕ!
Легендарниот стар лисец,Валеро Ривера за ова СП се откажа од најдобриот десен бек на минатото СП,Жарко Марковиќ што е сериозен удар за шеиците,ќе го нема и Мемишевиќ на десно крило
Исто така аут е уште еден сериозен ШТРАФ во таа сребрена генерација,Борха Видал,горостасниот пивот кој растури во 2015 година,ќе го нема и Јусуф Бенали на лево крило кој бркаше сериозна работа и во одбрана .
Остануваат тие главни играчи од минатиот мундијал,Шариќ на голот,Летечкиот Кубанец Капоте како ГЛАВЕН ПУЦАЧ,тука се уште и Роан како негова замена,Малаш на позиција на плеј.
Мабрук ќе ја има улогата на џелат во одбраната.:sakasuste:
Очекување-3то место во групата,што во оваа позиција е џекпот,иако ќе треба да се изборат за ова,Египет е сериозен ривал кој може да направи беља,ако имаат среќа да налетаат на некој адекватен тим во 1/8 финале можеби би имале некои шанси барем за ТОП,ама многу тешко.
Египет
Ростер
-http://www.ihf.info/files/CompetitionData/aeab4cf7-8762-4413-b544-1fe08827a84e/pdf/EGY.pdf
Африканските шампиони,се очекува да се провлечат во групата и да си изиграат еден меч во накаут фазата и рикверц дома.
Најпозната звезда е Ел Ахмар,опасен десен бек кој е душа и срце на тимот,тука е и десното крило на Ла Риоха Хишам,средниот бек Иса,левиот Зеинелебедин.
Доста искусен тим,со многу одиграни мечеви зад себе,нивната сила е во тимскиот дух и борбеноста,секој кој ќе ги потцени многу ќе зажали,посебно се однесува на Шведска и Катар,со Аргентина и Бахреин би требало Фараоните да го оправдаат квалитетот.
Очекувања-4то место во групата,што е успех.
Аргентина
Ростер-
http://www.ihf.info/files/CompetitionData/aeab4cf7-8762-4413-b544-1fe08827a84e/pdf/ARG.pdf
Гаучосите секогаш се на границата на релативитетот:D,со овие никогаш не си на чисто.
Знаат да изненадат со далеку појјаки репки,а знаат да се лизнат кога се фаворити,ова се должи пред се на недостатокот на квалитетни мечеви и континуитетот на добри игри,се е од денес за утре.
Квалитетот е неоспорен,опасни играчи кои имаат долги години стаж во првенства како Франција и Шпанија,браќата Симоне,пивот Карју и десниот бек Вјера од Адемар Леон,крила како Фернандез и Пизаро,сериозни играчи со импресивни бројки зад себе,на голот стандарден е Шулц,голманот на Фади Винтертур.
Очекувања-борба за 4то место што во овој момент ќе биде кец на десетка,шанса ќе за изненадување ќе имаат пред се со Египет,зошто да не и со Катар?
Бахреин
Ростер
-http://www.ihf.info/files/CompetitionData/aeab4cf7-8762-4413-b544-1fe08827a84e/pdf/BRN.pdf
Класични ИНДИЈАНЦИ во групата,колку да се исполни кворумот,важно ќе се прошетаат до Париз.:icon_mrgr:
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.020
Glasav gore koj ke pomine.
Potoa citam postot na tomasino i gledam deka isto gi rasporedivme mestata na tabelta .
Posle toa, se custvuvam i jas deka razbiram rakomet :D
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
56% одбрани фараонов има, Катар не знаат кај се без Жаре
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.198
Поени од реакции
4.896
Абе ЗНАЕВ дека ќе си ги чукни Египет катарците, уште од средата ми гледаше на двојка оваа текма, толку Катар се испукаа тогаш за организацијата како домаќини скоцкаа нешто, судиите од кај нив, сега се никој и ништо !
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Браво за фараоните. Нек ги избацат шеиците уште по групи, да научат дека со пари спорт не се прави. И белорусиве не се нешто посебно. Рутенка го имаа, сега изгледа се пензионирал и од сите ќе го попијат.
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.382
Поени од реакции
248
Јохан Јакобсон го играм го нема ни у состав или јас неможам да го најдам ?
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.860
Поени од реакции
1.680
Ne e vo sostav, ko 1.00 koef ke ti go vazhat najverojatno.. i jas go imav.
На пријателската со Норвешка доби потрес на мозокот и првите 3 утакмици ке ги пратит од болница па после ќе одлучеле лекарите дали да се приклучит на репката или не .
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.860
Поени од реакции
1.680
Шведска пак убедливо славеше против Нахреин со 33-16, во натпревар во кој Џери Толбринг постигна 10 погодоци. Швеѓаните стигнаа до првата победа во Групата Д во која претходно Египет славеше против Катар, а уште се и селекциите на Данска и на Аргентина. хаха се изнасмеав со овие од Екипа ,каков Џери ,,,швеѓаните немаат Џ :facepalm: ... Јери (Јеrry )се викат.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.860
Поени од реакции
1.680
Скандинавското дерби заврши со победа на Данците од 2 гола ама по се изгледа го одлучија шпанските судии кога дозволија на крајот Данците при пасивна игра да имаат седум додавања,а најзаслужен за победата беше Ландин со 23 одбрани.Данскиот тренер за 6 мин смени три десни бека.
Швеѓаните со толку младински екипи ,ги носат децата по турнири ,имаат и младинско првенство ,не извадија ни еден асолен играч последните 10 години,освен борбеноста и мотивацијата немаат ништо .Јебеш репка каде пикерите ти се најдобри играчи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom