Група Б (Шпа, Сло, МКД, Анг, Тун, Исл)

Кои 4 екипи ќе ја поминат групата?

  • Шпанија

    Гласови: 132 83,0%
  • Словенија

    Гласови: 131 82,4%
  • Исланд

    Гласови: 106 66,7%
  • Тунис

    Гласови: 49 30,8%
  • Ангола

    Гласови: 11 6,9%
  • Македонија

    Гласови: 143 89,9%

  • Вкупно гласачи
    159
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Кајгана другари и другарки еве не уште еднаш на портите на ново првенство во најуспешниот тимски спорт во Македонија кое ќе го минеме со навивачки шалчиња. 6 последователно. 7 на оваа генерација (иако ова е на граница на 1 на следната генерација). Можност да подзаборавиме на досадното и политички обоено секојдневие и да уживаме во натпреварувачкиот дух на елитниот спорт со звуците на нашите добро познати коментаторчиња (какви се такви се - наши се). А никој не знае така добро да го исфрли гневот, но и солзите радосници како нашата машка сениорска ракометна репрезентација.

Што ги чека нашите момци во Франција? Читајте надолу.... :чда:

Б групата ќе се игра во Мец во сала со капацитет од 5127 гледачи. Мец се наоѓа во северниот дел од Франција, веднаш до границата со Луксембург, Германија и Белгија. Не е голема но и вака тешко дека ќе може да се исполни, на ниедна од екипите не му е блиску, овој пат се ми се чини главно ќе си навиваме од пред екраните (освен ако пријатно не изненадат Темелков со фамилијата и мажените за Белгија :motorce:)


А со кој треба да се вкрстат копјата? Што не очекува? Одиме со ред:

Шпанија


- Поширок список:
upload_2017-1-10_1-19-8.png

4 медали на последните 6 првенства, сите 6 со полуфинале. Навидум еден од главните фаворити за злато. Но по големиот пех на квалификациите за ОИ, составот на Шпанија минува низ доста промени последниов период. Застарениот концепт на Каденас си отиде. Доаѓа нова енергија на Жорди Рибера и целата креативност но и ризик кои тој ги носи со себе. Веќе ги нема и милениците на скопската публика Штербик и Македа. Репрезентацијата е сеуште возрасна и искусна но полека се предава на следната генерација (Перез де Варгас, Душебаев...). Ова ќе биде транзициско првенство за Шпанците. Сепак сеуште се тука ѕвезди како Кањељас, Ентрериос, Сармиенто, Томас, Ривера и неизбежните пикеришта Агинагалде и Баења. Шансите за медал се сеуште присутни, не е ова никако состав за потценување, но ми се чини дека Шпанците овојпат се поблиску до пласман од 5-8 позиција отколку до битка за медал.

Словенија



- Поширок список:
upload_2017-1-10_1-20-44.png

Вујо го воведе тој потребен борбен дух на Словенечката репрезентација кој многу недостигаше, но и доста ја испретури екипата. Непредвидлива екипа. Може и многу далеку да дотера, квалитетни состав и длабочина секако имаат, но може и да заврши во просекот. Гајиќ веќе некое време не е во комбинација кај Вујо, а малерот ги удри кај најјаките и Зорман и Бомбач нема да бидат здрави за првенството. Ќе може ли тоа да го преживее земјата на средните бекови? Теоретски нив треба да им е најлесно да најдат замени имаат средни бекови за извоз, но вакви величини мислам дека не се заменуваат така лесно. Зарабец и Скубе се добри, но не се до толку добри. Десно со младата ѕвезда во создавање Јанц, како и веќе искусното трио Доленец, Маргуч и вечниот универзалец Кавтичник, лево со Мачковшек, Безјак и Цингесар и на пикер со високи цврсти момчиња како Габер, Потеко и Благотиншек имаат состав со кој може да дотераат далеку. Младоста е на нивна страна, а и имаат и доволно искуство. Прашањето како и секогаш кај Словенците е – дали имаат доволно надворешен шут за успех. Мачковшек не е до толку квалитетен за им биде единствено шутерско решение. Одговорот ќе го видиме во Франција. Мене ми се чини дека немаат и дека дострелот ќе им биде осминафинале, максимум четвртфинале ако им се поклопат коцките.


Исланд



- Поширок список:
upload_2017-1-10_1-21-47.png

Исланд веќе долго е на ракометната мапа како една од најквалитетните 10тина репрезентации во светот кои често знаеле и да изненадат и некој од фаворитите. Но се чини, по врвот кој го достигнаа со среброто на ОИ во Пекинг се во постојан благ пад. Освен 5тото место во 2014, цело време се меѓу 10-13 место последниве 5 години. Тоа се чини е максимумот и на ова првенство. Дури и тоа може да биде под сериозен знак прашалник ако навреме не се опорави првата виолина Палмарсон (а и да се опорави којзнае во каква форма ќе биде). Згора на се се пензионираа Петерсон и Гунарсон што е дополнителен голем удар за екипата. Под знак прашалник е и Атласон. Вака на плеќите на вечниот Сигурдсон, цирузантот Густавсон на голот и Халмгринсон на десен бек се доста лимитирани. Но да се потценат никако не смее. Особено ако Палмарсон игра и е во елемент. Тогаш се најопасни. Мислам дека се во слична ситуација како и нас. Осминафиналето би требало да е максимум за оваа екипа, а и тоа ќе биде сериозно загрозено ако не игра Палмарсон (иако мислам дека ќе стегне заби)


Тунис


- Поширок список:
upload_2017-1-10_1-22-55.png

Екипа против која сме ја имале една од најдобрите победи на првенствата (онаа од СП 2015) но и екипата од која пред нешто повеќе од половина година го доживеавме најболниот пораз – за пласман на ОИ во Рио. Доста сериозна, но и искусна екипа предводени од ѕвездата на Барселона Жалуз. Со Буганми и Туми на крило, многу опасниот Банур на десен бек и легендарниот Теж на пикер (кој сеуште не е сигурен заради повреда). Опасен знае да биде и голманот Магаиж. Со оглед на проблемите со кои се соочуваат останатите екипи, Тунис ако е комплетен може од втор план да атакува и на повисок пласман во групата, дури и позиција од која ќе ја избегнат Франција во осминафиналето. Физички доминантни но и ментално доста непредвидливи, со овие е се можно. Ќе видиме со кое лице ќе се појават на ова првенство. Ми се чини дека до осминафинале би требало да дотуркаат и екипата која нема да ја мине групата ќе биде европска.


Ангола

- Поширок список:
upload_2017-1-10_1-23-50.png

Екипа за која никој практично нема соодветни информации. Ќе мора да се скаутираат на лице место. Голем аутсајдер на хартија но во реалноста ќе видиме опасни се овие физички моќни и пргави афрички репрезентации. Трет пат учествуваат на СП (биле 20 и 21 во 2005 и 2007). 2 пати биле 3 на Афричкиот Шампионат и тоа им а најголем успех. Со последната бронза од лани кога го изненадија во мечот за третото место Алжир, се квалификуваа за Франција. Сите играчи им се од домашниот шамионат. Се на се тотална непознаница, која највероајтно можноста за евентуална победа ќе ја бара во президент купот (купот на лузерите од групите кој ние се обидуваме да го избегнеме). Целта сигурно дека им е да го избегнат фенерот на првенството со оглед дека заедно со Јапонија се главни аутсајдери. Секој бод ќе биде голем успех.

Македонија

- Поширок список:
upload_2017-1-10_1-24-35.png

Tранзицијата од генерација на Кире, Борко и Наумче кон генерацијата на Талески и Кузмановски започна. Сеуште промените се благи и можеби не толку заприметливи но се многу реални. Од составот кој го започна кревањето на Македонскиот ракомет во 2009 во Хрватска, со поголема улога практично останаа само Лазаров и Миркуловски (по камбекот). Манасков, Георгиевски и Стоилов постепено се интегрираа изминативе 5 години, Талески и Нелоски ќе бидат посериозен додаток на ова првенство. Голема штета е повредата на Кузмановски. Мислам дека тој беше спремен да преземе голем дел од товарот и да биде централна фигура во новата стратегија и во напад и во одбрана која ја планира Червар, но барем се враќа Миркуловски за повторно да биде срцето на екипата.

Играчки, на крилата сме пристојни со Манасков и Ојлески лево и Георгиевски и дебитантот Поповски десно. Крилата не ни се јака страна но не ни се ни проблем во тимот. Прашањето е колку тактиката ќе овозможи да бидат користени. Дали ќе се чека само на класична контра или ќе работи и транзицијата. Дали конечно ќе се прават повеќе акции за крило во позицион напад. Во одбрана дали некој од овие ќе добие некоја поинаква позиција во таа 3-2-1 одбрана (пријателската со БИХ не го најавува ова) од стандардните 1 и 6ка за крилата. На пикер сме со Стоилов кој не е веќе во најдобрата своја форма но сеуште е доста квалитетен офанзивен пикер. За жал во одбрана Столе е секогаш голема слабост ако не се замени. Затоа е тука Н. Маркоски, кој може да игра колку толку во два правци, но ќе видиме во каква форма е по сезоната помината во Унгарија.

Од бековските позиции како и секогаш ќе зависи играта на екипата. Десно сме стадардни со за среќа вечниот Кире и вечната замена Митков. На среден се враќа Миркуловски и ќе биде клучен играч во екипата, како во создавања простор за шут на Лазаров и Талески во напад, така и во одбрана, главно на 5ка, понекогаш можеби и на 2ка (веројатно зависи од измените одбрана напад како ќе функционираат). Резерва на среден бек практично и нема. Во квалификациите со Украина и Чешка, а на пријателската со БиХ имаше некои експерименти со Филип Лазаров на среден кои целосно предвидливо завршија катастрофално. Овде ќе мора да импровизира Лино, без Миркуловски очајно ќе недостига брзина и продорност од бековските позиции во екипата. И на лев бек се чини се главните промени. Веќе го нема Наумче. Се чини и Ф. Лазаров е во втор план кај Червар како лев бек. Вниманието ќе биде свртено кон Талески како главен лев бек и Арнаудовски и Нелоски како можни замени (иако овој вториот пред се ќе биде земен како замена за Јоновски во одбрана). Од изданието на Талески многу ќе зависат и резултатите. Ако е сеуште премлад и неискусен Македонија ќе има големи проблеми на првенството, ако блесне и докаже дека неговиот трансфер во РНЛ не е случаен, можно е да испадне и дека го потценуваме овој состав. Не е фер толкав товар да се стави на 20 годишен дебитант но таа е реалноста. Во ситуација во која скоро 10 години не се создадоа скоро никакви таленти, мора дупката да се надомести со најмладите.

Реални можности на екипата се некаде меѓу 2 и 5 место. Доволно е отворена групата, за да можеме сами да си ја кроиме судбината. На Червар е да покаже дали сеуште има магија во водењето на репрезентација на првенство или тоа беше случај само со исклучително талентираната Хрватска.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Се на се доста отворена група во која многу комбинации се можни. Реално и најизедначена од сите - можеби најтешка група за да се мине самата група, но и веројатно најлесна за обезбедување на повисока стартна позиција пред осминафиналето. Само еден аутсајдер но и без сериозни кандидати за медал (иако Шпанија никако не смее да се исклучи пред време). Од наш аспект, со Шпанија тешко ќе можеме да бараме некој резултат, против Ангола сме фаворити, а против сите останати противникот се чини ќе биде благ фаворит, но оваа Словенија, Тунис и распарчениот Исланд никако не се екипи од кои треба да се плашиме. Мислам дека барем еден од овие 3 натпревари би требало да добиеме, а зошто да не и повеќе. Исланд особено е и тоа како во тешка ситуација. Е сега дали тоа би било доволно за да се мине групата ќе видиме. 2 победи може и да не се доволни бидејќи целосно очекувам оваа група да има доста испревртени резултати и 4 екипи кои би требало да имаат 2-3 победи.

Б групата вкрстува со А групата во осминафиналето, а таа по многу нешта е слична на оваа. Франција е апсолутен фаворит, а потоа има 4 квалитетни екипи но и со доста прашалници околу себе – Норвешка, Русија, Полска и Бразил. Ова го прави овој дел од ждребот доста непредвидлив и изненадувања се апсолутно за очекување. Има 2 места во четврфиналето на располагање (Франција и Шпанија би требало да се сигурни) и 8 екипи кои се борат за нив.

Ајде доста е. Сега трк по аптеки по нешто за смирување, а на враќање можи и некое шампањско, гарант ќе имаме и некоја радост.:oeoeoe:
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986


Прво мислев ова во Скопје е :facepalm: :facepalm:




Е па ова е светското што треба да биде turning point за репрезентацијава. Тука треба да се појави некој нов херој во кој што ќе се молиме следните години. Кире игра едни од последните првенства за нас секако. Лино не знам колку ми е сигурен како тренер дека е прав човек за промени..ама ај ќе виидме.

Јас сум доволно оптимист за да сметам поминување на групната фаза како реално и очекувано. За потаму...кој знае, ракометот е полн со изненадувања...или ќе не изненадат или ќе изненадиме :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Абе какво поминување група, со овие голмани, без пикер и со Жути во никаква форма на центар, треба да бидеме задоволни ако ја тепаме Ангола, да изгубиме тесно од Исланд и да не изедеме дебакл од Словенија и Шпанија.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986
Ги преценувате Тунижаните реално...2 победи минимум имаме во групата можеби и уште една или реми...али секако 4то место не ни бега како горе доле реално место
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Ќе ги победеме Тунис а ќе изгубиме од Ангола. :D[DOUBLEPOST=1484116159][/DOUBLEPOST]@dragonsky
Тркачка екипа се Тунис, такви ни се најзаебани , ако се опуштаат и им тргнат лабаво, ќе не потопат.
 
Последно уредено:
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Ако биле слаби Тунис што не ги победија тогаш на квалификациите за ОИ? Значи од нив губиме нема што да се лажеме. Победа против Ангола, и една против Словенија или Исланд и 4то место доста им е. После Французите ќе не отворат и ај чао.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986
Ќе ги победеме Тунис а ќе изгубиме од Ангола. :D[DOUBLEPOST=1484116159][/DOUBLEPOST]@dragonsky
Тркачка екипа се Тунис, такви ни се најзаебани , ако се опуштаат и им тргнат лабаво, ќе не потопат.
Тоа е глупо единствено што на нашиве не им одговараат. Секоја сериозна екипа после бламажата во квалификациите за ОИ ќе се научи и ќе им изигра како што треба. Иначе реално во нормални услови срамота е да се плашиме од Тунис

Ако биле слаби Тунис што не ги победија тогаш на квалификациите за ОИ? Значи од нив губиме нема што да се лажеме. Победа против Ангола, и една против Словенија или Исланд и 4то место доста им е. После Французите ќе не отворат и ај чао.
Пошто беа егоистични дебили што прославија победа пред почеток а Тунис влегоа спремно, мотивирано и ни ги открија сите маани до максимум.

Треба да бидат аматери нашиве после една година пак да го дозволат истото...ипак Тунис е не е Франција...
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
2.905
Поени од реакции
400
Абе какво поминување група, со овие голмани, без пикер и со Жути во никаква форма на центар, треба да бидеме задоволни ако ја тепаме Ангола, да изгубиме тесно од Исланд и да не изедеме дебакл од Словенија и Шпанија.
Трајкоски беше избран за најдобар голман на полусезона во Сеха лига.. тоа ти е слаб голман?
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
2.905
Поени од реакции
400
Кој е овој бе?
Нели метузалемот Колев и Николче се голманите? :cautious:
И Благојче Трајкоски, беше голман во Макс Струмица сега е во Охрид со Колев заедно мислам
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Треба да бидат аматери нашиве после една година пак да го дозволат истото...ипак Тунис е не е Франција...
Па освен 5-6 души, другите комотно може да се наречат полу-аматери :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom