Група Б (Шпа, Сло, МКД, Анг, Тун, Исл)

Кои 4 екипи ќе ја поминат групата?

  • Шпанија

    Гласови: 132 83,0%
  • Словенија

    Гласови: 131 82,4%
  • Исланд

    Гласови: 106 66,7%
  • Тунис

    Гласови: 49 30,8%
  • Ангола

    Гласови: 11 6,9%
  • Македонија

    Гласови: 143 89,9%

  • Вкупно гласачи
    159
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Ви реков дека слават, па пишале во хотелот прославиле :pos: абе бегај демек не ги знаеме дека без алкохол ја оставиле Франција.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
па Сагосен сам да игра против онаа наша "ултра брза и подвижна" одбрана на чело со Велко и Столе а.к.а Рустикана, сам ќе не победи... дечкото има 21 година и договор со ПСЖ од сезона 2017/2018.. на нашиве "таленти" од по 20 - 21 година им се тресат рацете и им паѓаат топките од раце, а кога нема да им паднат ги фрлаат во 24 ред на трибини... илузорно е да се надеваат нашиве на успех против Норвешка...
Abe ko sinkir Sagosen e 3 klasi nad Mirkulovski, ili toj desniot bek e podobar od Lazarov.. edino Bjornsen e podobro krilo od Dzomba, Myrhol so Stole tuka se gore dolu..leviot bek edina prednost vo sporedba so Taleski e sho ima kolku tolku pojke iskustvo.. golmanite tapa mu se.. Norveska vo sporedba so nas e gore dolu tuka vo kvalitetot na igracite ..mozda imaat nesto pogolem roster ama neznaci deka se nepobedlivi, daleku od to.. glaven problem e so tie go imaat toj pobednicki skandinavski mentalitet, nikakov respekt pa makar igrale i so Francija.. mislam deka tuka klucno ke e dali nie ke se adaptirame na nivnata brza igra ili tie na nashata.
 

razbirashh

No puedo,tengo nobio.
Член од
11 мај 2014
Мислења
983
Поени од реакции
2.202
@Bianconer vero
Коментар на место друже. Неверувам дека има покомплексиран и исфрустриран народ од нас. Страшна работа е колку лесно може да се продаде квази патриотизам на народецов наш. А спортските порталчиња одамна го увиделе тоа па го користат максимално тој антички дух ложејќи ги и истовремено правејќи кеш од истите тие. Черварот им е и устав и закон а не се свесни дека Вујо направи повеќе за МК на првенството одколку старчето...
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.955
Поени од реакции
35.486
Проблемот кај нас е што се труба за секое европско/државно првенство како да се работи за влез на Македонија во Европа и освојување 30 милијарди евра годишен буџет. Од старо до младо тоа зборува. Јас сум 100 % сигурен дека сега во една Франција или Германија или Норвешка освен тие што се бават со ракомет , другите 90 % од населението на државата незнаат дека уствари играт СП. Дури и да знаат слушат само резултати на вестите и воопшто не ги боли кур шо се дешава.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
"Прославуваат" пласман во 1/8 финале, као демек се освоиле медал.
И се пијанчат на сред првенство, а денеска играат со Шпанија.
Кој дегени се тоа бе .. ти ебам анти-спортистите.
Само во наша репрезентација го има тоа пијанчење среде првенство.. :pos:
 
S

silmarillion

Гостин
Незнам дали си дозволиле таков луксуз да се испијанчат сред првенство, али ако го направиле тоа веројатно е постигната крајната цел односно 1/8 финале.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.727
@Bianconer vero
Коментар на место друже. Неверувам дека има покомплексиран и исфрустриран народ од нас. Страшна работа е колку лесно може да се продаде квази патриотизам на народецов наш. А спортските порталчиња одамна го увиделе тоа па го користат максимално тој антички дух ложејќи ги и истовремено правејќи кеш од истите тие. Черварот им е и устав и закон а не се свесни дека Вујо направи повеќе за МК на првенството одколку старчето...
што направи Вујо ?? со нас играа на нож а со Тунис се зае*аваа... а ние да направиме такво нешто ќе кренат кампања по сите медиуми... СРАМОТА
Но проблемот постои, затоа има една англиска изрека, сем КУП систем се е лакрдија и местење...[DOUBLEPOST=1484730821][/DOUBLEPOST]
Незнам дали си дозволиле таков луксуз да се испијанчат сред првенство, али ако го направиле тоа веројатно е постигната крајната цел односно 1/8 финале.
во Франција е некултурно после ручок или вечера да не испиеш една чаша вино
 
S

silmarillion

Гостин
Класична неблагодарна фиромчина. Никогаш благодарен за ништо во животот. Затоа и ништо нема да има. Да го пљукаш Вујо после се, е класичен национален лузерски менталитет.
 
P

PewDiePie

Гостин
Класична неблагодарна фиромчина. Никогаш благодарен за ништо во животот. Затоа и ништо нема да има. Да го пљукаш Вујо после се, е класичен национален лузерски менталитет.
Детенце ти си тежок ментол
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
452
Поени од реакции
1.193
Vujo si izigra posteno, druga rabota e so i nego igracite mu se nediciplinirani, i pojketo se deca :) ... cervar si ja zavrsi rabotata so tunis, i mene ne mi e jasno kako gi tepavme :)
Se ponatamu sto ke napravime e plus, mozi ako sme relaksirani mozi pojke ke naprajme...
ZA MAKEDONIJA BRAKjA !!!
 
D

dagau

Гостин
Не знам зошто се крева толкава прашина дали Вујо изиграл за Македонија, па едни го фалат, па други го критикуваат... Човекот си е селектор на друга репрезентација и како таков нема што да игра за/против Македонија. Напротив, максимално го искористи тоа што до детал го познава костурот на нашиот тим и ги мотивираше своите играчи да дадат 120%. Гризеа на тој натпревар и верувам тоа ќе им биде севкупно најдоброто издание на првенствово.
И јас го обожавав тој Вардар на Вујо и самиот Вујо како икона на клубот, но негово мешање со репрезентацијата и воздигнување дека изиграл за нас = муабетите дека треба да се навива за Металург пошто нели македонски репрезентативци играат.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Шта речи,КОЈУ ПОСЛУКУ ПОРАТИ?Коју,коме?.:icon_mrgr:
Да се оди по ред,денес Фуријата.
Реално нема шо да бараме овде,да се приземјиме,да не се лета во облаци,и да скокаат многу и тие новинарите,и порталчињата и сите околу репката да креваат за џабе тензии,нервози и притисоци.
Денес само да се добие некој ЏОКЕР ПЛУС,од таа цела сурија шо ги однесоа на светско,да прошетаат.
Играј го Митков наместо Џомба,еве ти одма поцврста одбрана,ќе игра на Кањелас,може да парира и тоа како во одбрана.
Играј го Дрогата,кога веќе Талески и Нелоски се изгубени во просторот,кога веќе се плашат да шутнат да не им вика Червар,или да не покажи некој со прст на нив.
Вилипче ЗОШТО АКО БОГА ЗНАШ СИ ГО ЗЕМАЛ?А Изборнику?:anco:
Шо ќар видовме од Вилипче?Тој 3 гола со Ангола,Талески 4,Нелоски 1.Дрогата 1.
На 3 текми,180 минути,којзнае колку напади,ако во просек има барем по 45 напади на текма ова ти се околу 140 напади,а ние имаме 24 обиди од лева бековска позиција,не е ова толку важно,има репки со помалку шутеви ама и подобра ефикасност,шо е најжалосно кај нас грото од обидите се или со Ангола или кога беше решена текмата со Словенија:sramezliv:
И тоа грото од неизградени позиции,значи неаме спремна акција за таа страна,ниту за некој блок кој левиот бек би го одбил од пикерот,а ниту за влез на левиот бек и некоја си продолжена топка до десен бек,или крило,или пак игра еден на еден со пикер,едноставно ништо,нада.
Значи денес да не се уморат,да се ОКУРАЖАТ МАЛКУ,ДА СЕ СВЕСТАТ ДЕКА СЕ РАКОМЕТАРИ,А НЕ КОШАРКАРИ ИЛИ БАЛЕТАНИ,па ако сака и 15 нека изгубат.
И Шпанија има слабости,со Исланд губеа 4 едно време,во второ Варгас ги вадеше,со Тунис не можеа никако да се одлепат,на крај ја заверија победата.
Имаат и тие проблеми,останаа само со Дани Сармиенто како класичен плеј,без бекап од некој играчишта како ,Раул Ентрериос,Шема,Руезга,ги нема овие препознатливи симболи повеќе,се нови деца,како Гоби треба да ја понесат играта на бек,секако тука е дуото од Вардар,Кањелас и Алекс,+ Гурбиндо,ептен корисен играч.
Доста новитети донесе новиот селектор Жорди Рибера,почна и Гедеон Гвардиола да го игра во напад,да му ја олесни работата на Агинагалде.
Нови две крила како бекап за старите волци,Фернандез и Балагуер,на гол една од најдобрите двојки на првенството,Де Варгас и Коралес,средина на одбрана киклопи како Виран Морос и Гвардиола.
Засега се недоискажани,иако одат по планот,ќе видиме со на Вујо децата како ќе изиграат,меч кој ќе го решава првото место.
Туку не е важно ова,нивни есап,ние да си ја гледаме нашата работа.
Денес да се изигра колку шо ќе дозволат Шпанците а утре се да се фрли на една карта.
Не чека ГЛАДИЈАТОРСКА МОМЧАД,никогаш не биле толку бавни,играат сеа некој микс на антички ракомет,со многу фајт на линијата,со многу дуели.
А тој шмек сеуште го имаат,брзи крила кои ја користат секоја грешка на нападот.
Затоа ако играме пак со таа КАМИКАЗИ ТАКТИКА 7НА 6 мое мислење е дека нема да се прославиме,сигурно барем 5 лаганица голови на празна мрежа ќе примиме.
Е сеа кога сум кај таа ткатика,има врска и со голманите,односно нивната свежина и концентрација пред се.
Многу е тешко за голман при секој напад да трча на измена,20 и кусур метри во дијагонала,па потоа уште побрзо шпринт да се враќа назад ако згреши напад.
Тоа едноставно ГО УБИВА ВО ПСИХА ГОЛМАНОТ,ај разбирам неколку напади да се тера така,ама цел меч едноставно е преНАПОРНО.
Не дека е некое алиби за голманите,ама не треба да се плука по нив,да беше Борко ќе се откажеше самиот на помислата дека секој напад треба да менува и да трча цик-цак на секое.:ROFLMAO:
Задачата на голманот е да е смирен,да ја корегира одбраната,да укажува на грешките,и пред се ДА СЕ ПОСТАВИ КАКО ТРЕБА,па после се е оставена на среќата и знаењето,и секако на силината и прецизностана ударите,а не да заборави дали да се смени,дали да се врати назад по изгубена топка.
Мое мислење е дека освен почетните и последните 15 минути со Тунис кога ГО ФАТИВМЕ ЏЕК ПОТОТ оваа тактика не ни донесе ништо добро,само донесе дополнилен замор,и пред се не убија во психа Словенците,по неколку брзи гола на празна мрежа,не успеавме да вратиме и толку беше.
Исто не смее да се случи со Исланд,тие со својата игра СЕ НА ТЕРЕНОТ НА ЧЕРВАР.
Лино е основоположникот на
АНТИЧКИОТ МОДЕРЕН РАКОМЕТ:cool:
Многу подобро ќе поминиме ако ИГРАМЕ АНТИЧКИ РАКОМЕТ СО НИВ,да се бориме рововски,за секој гол,ако им поклонуваме голови ништо не прајме,а како шо играат грубо и валкано веројатноста дека САМИ ТОПКИТЕ ЌЕ НИ ПАЃААТ ОД РАЦЕ Е МНОГУ ГОЛЕМА,затоа треба многу внимателно да се простудира сето ова,ваљда имаат нешто спремно.
Го нема сеа Брестовац со лап топот и програмчето,сеа Илче ИКО Мустакот ТЕМЕЛКОВСКИ треба да смисли нешто:pos:,само да не е во негов стил нешто во стил ИДЕМЕ СЕА МУШКИ:icon_mrgr:
Најопасни РИБАРИ

Голманот,Густавсон ВЕШТЕРОТ.
Овај не смее да се разбрани,кај него клучен е стартот на мечот,ако отвори добро НАЈЕБАЛИ СМО.
Ако не се разбрани негова замена е Едвардсон,чист просек,висок голман,со долги раце и нозе,ама ништо посебно.Ама кога ќе се земи во предвид податокот дека ние сме ЕКСПЕРТИ ВО РАЗБРАНУВАЊЕ НА НИШТО ПОСЕБНИТЕ ГОЛМАНИ ТРЕБА ДА СЕ ПЛАШИМЕ.
:pos:
Главен ЧЕКАН ВО НАПАД Е РУНАР КАРАСОН,десен бек,најопасен штер им е.2 метра суртук,силен како бизон,страшен шут,носител на игра им е,не знам кој би го чувал,а треба и удвојување,помош за тој шо ќе игра 5ка,зошто е многу незгоден за чување и пуца од секаде,па тие на средина шо ќе се Нелоски,Талески,Маркоски ќе мора да помагаат на Столе,Никола Маркоски,кој и да е на 5ка.
Негова замена е Халгримсон,екс ПСЖ,солиден десен.
Исто така мора да се обрни внимание и на двата леви бека Гудмонсон и Атласон,опасни пуцачи кој ќе шутираат од секаде ако видат и најмала шанса.
Јонсон,средниот бек е најмалку експониран,не троши топки,цела работа ја бркаат левиот и десниот бек.
Пикерот Арнасон,е класичен суртука,ала Гунарсон на времето,робусен,класичен Викинг,ќе има проблеми со него ако не се затвора добро иако не е класа на Теж,Габер и компанија.
Крилата ,нормално добро познатиот Гудјон,скоро 40 години,игра како ЛУДАК,како детенце,трча,се тепа,машина.
Другите крила се класи зад него,ама сепак се скандинавска школа,знаат од најмал агол да закуцаат,и најмала дупка во зона да ја искористат,во споредба со нашите легенди,кои или имаат ден,или немаат

Тоа е тоа,ако не се глупираме,да ги чекаме нашите 5 минути,без да дозволиме лесни голови и да сме тука некаде имаме шанси.

Ако се распадниме при прво водство на противник ништо не прајме,мора тактички мудро да се влези,без залетување.

Да се искористат грешките на противникот,а да се амортизираат нашите слабости,само така ќе напрајме нешто,

Можно е Лино да оди и со младичот Никола Митревски на гол,како некое изненадување,дали ќе упали ќе видиме?

Тврда текма очекувам,секако ако не си играме комар со луди тактики,да ја чекаме нашата шанса,ако играме некоја смирена игра,до позиција за шут треба да имаме некоја шанса,ако не ништо не прајме,ќе не тепаат со неколку гола,реално во игра со натрчување нема шо да бараме со Скандинавец,тие ја измислија таа игра,иако Исланд не е ни бледа сенка од времето,сепак се многу ѓилав противник,иако според коеф со кладилниците ние сме фаворити(на хартија),ама според она прикажаното досега на терен не е така,дали ќе оправдаме статус на фаворит?видечемо.

Само мудро,смирено,без брзање.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.955
Поени од реакции
35.486
Таман Шпанија да ги дострижи после. :pos:

Иначе после Лазаров на мене Столе ми е број 2 во репрезентацијата. Момакот од секоја ситуација изнудува максимум , чудно ми е како некој со неговата тежина може да издржи такво темпо на игра. Значи зборувам за континуирано добри утакмици на подолг период.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Проблемот кај нас е што се труба за секое европско/државно првенство како да се работи за влез на Македонија во Европа и освојување 30 милијарди евра годишен буџет. Од старо до младо тоа зборува. Јас сум 100 % сигурен дека сега во една Франција или Германија или Норвешка освен тие што се бават со ракомет , другите 90 % од населението на државата незнаат дека уствари играт СП. Дури и да знаат слушат само резултати на вестите и воопшто не ги боли кур шо се дешава.
Тоа е така бидејќи во овие земји се играат и други спортови па медиумите се раштркани по сите страни а ракометот е спореден спорт,додека ние во оваа вукојебина немаме никаков успех во ниту еден спорт бидејќи сме неписмена раја па ракометот е единствениот спорт што играме во некое големо натпреварување што е огромно чудо со оглед на премизерните услови во кои играат ракометарите тука..затоа напишав и со самото тоа што сме пласирани е голем успех за нас...па во Грција каде немаат никаков ракомет барем салите му се топли и можат да тренираат нормално и имаат три пати подобри услови од нас, а кај нас кога ќе влезиш всала е поладно од надвор.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom