Група Б (Шпа, Сло, МКД, Анг, Тун, Исл)

Кои 4 екипи ќе ја поминат групата?

  • Шпанија

    Гласови: 132 83,0%
  • Словенија

    Гласови: 131 82,4%
  • Исланд

    Гласови: 106 66,7%
  • Тунис

    Гласови: 49 30,8%
  • Ангола

    Гласови: 11 6,9%
  • Македонија

    Гласови: 143 89,9%

  • Вкупно гласачи
    159
Статус
Затворена за нови мислења.

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
3.718
Поени од реакции
2.729
Добро шо е со Пољациве ова првенство, едвај успеаа една Јапонија да ја победат во дуелот за претпослено место на табела.

Иначе Тунис нерешено извади против Словенија, мислев Словенциве лесно ќе ги смачкаат. Сеа на Исланд дуелот против нас ќе им биде пресуден и ќе мора да не победат за да идат понатаму така да максимално ќе се борат против нас. Плус ќе имаат предност што ќе имаат одмор пред дуелот со нас (а пред тоа ќе играат со Ангола), така да би требало да бидат пофит него нас што ќе го играме дуелот само ден после тој со Шпанија.
 
Член од
28 септември 2012
Мислења
8.637
Поени од реакции
22.798
Ке не тепа Норвешка оти ќе клава повече голови од нас. :LOL:

А и џабе се фураме на Норвешка. Јас мислам дека и Исланд ќе ни го начука и тоа квалитетно со 5-6 гола разлика , едноставно ќелавицата на голот ќе има 3 одбрани во цела утакмица. После против Франција ќе си играме ревијален натпревар.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.054
Поени од реакции
6.440
Сега кога веќе сме во осмина финале и го немаме притисокот од пласман понатаму не гледам зошто не би се обиделе да ги тепаме наредните два натпревари. Шпанија колку и да е јака сигурно не е непобедлива со добар ден и без калкулации се е можно. До сега милион пати сме калкулирале и никогаш ништо не излегло така да шансите ни се сега да изиграме 110% против Шпанија па што биде нека биде.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.487
Поени од реакции
15.502
Сега кога веќе сме во осмина финале и го немаме притисокот од пласман понатаму не гледам зошто не би се обиделе да ги тепаме наредните два натпревари. Шпанија колку и да е јака сигурно не е непобедлива со добар ден и без калкулации се е можно. До сега милион пати сме калкулирале и никогаш ништо не излегло така да шансите ни се сега да изиграме 110% против Шпанија па што биде нека биде.
:pos::pos::pos:..Да сме ја победеле Шпанија...кузнај во кој филм живеете искрено..Лино Червар изјавува јавно да не се очекува ништо од репрезентацијата бидејќи сме во фаза на ремонт со многу промени и има луѓе што очекуваат победи и после пцујат...9-10 разлика ќе не сомели Шпанија
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
6.772
Поени од реакции
4.878
браво за момците работата си ја завршија со Ангола и Тунис, респект за покажаното :cuc:

благодарница за Словенија, сепак на крајот се потрудија и истуркаа реми некако

не знам какви се овие негодувања кога се исполнува очекувањето, победа над Тунис и Ангола кои не се баш лесни, бродолом од Словенија од кој меч само поука се извлекува дека без максимален труд од селекторот и играчите НЕМА РЕЗУЛТАТ

СЕ оди по планот, одиме понатаму со крајни :oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
16.575
Поени од реакции
11.645
:pos::pos::pos:..Да сме ја победеле Шпанија...кузнај во кој филм живеете искрено..Лино Червар изјавува јавно да не се очекува ништо од репрезентацијата бидејќи сме во фаза на ремонт со многу промени и има луѓе што очекуваат победи и после пцујат...9-10 разлика ќе не сомели Шпанија
добро е нерешено со Шпанија, посебно за обложување.... само немаат шпанците некој како Карабатиќ да менаџира
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.048
Поени од реакции
5.133
Добро шо е со Пољациве ова првенство, едвај успеаа една Јапонија да ја победат во дуелот за претпослено место на табела.
Со оглед на составот со кој допатуваа, успех е и победата со Јапонија. Тешки години ги очекуваат полјаците. Им останаа уште неколку квалитетни играчи кои ќе се вратат од повредите (Јурецки, Јуркиевич, Шипржак, Вишомирски...) но далеку од доволно за да останат на нивото на кое беа изминатава декада. На толку вложување неверојатно е колку им се за никаде младите категории.

Најверојатно ќе направат чекор назад и ќе бидат во таа следна група репрезентации по квалитет со Русија, Македонија, Белорусија, Србија...
 
P

PewDiePie

Гостин
В хотел,а за в кафана ќе има слики ? :coffee:

Добро бе не им е срам вака да се натопорат и да се окезат од 6 до 6 ко да се пласирале во финале и сеа е прашање само каков медал ќе земат ?

Не бе,ние сме ментални што ја следиме репрезентацијава......не се они криви......1/8 финале да славиш еј,кај живееме
 
D

dagau

Гостин
Samo sto sakav da go postiram istoto. Neverojatno, ne mora da odis do Francija, Hrv ili Esp, zamisli gi edni Norveska pa duri i momentalnata Polska vaka da se raduvaat na ishodi na drugi natprevari. Za moment te tera da pomislis dali se sportisti. Zal mi e samo za edna velicina kako Kire sto mora da deli ist parket so ovaa grupa na vecni rakometni talenti tn. makedonska reprezentacija.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.218
Поени од реакции
526
Сега, бидејќи Тунис не елиминира за олимпијадата, ние ќе им вратиме со тоа што "намерно" ќе изгубиме од Исланд и тие ќе се трети, ние четврти, а Тунис отпаѓа :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom