Само јас навивав за Тунис да ја тепа Словенија? Јас можам да се обложам дека подобро ќе беше за нас.
Значи ги мразам овие калкулации. Вака било, онака било. Нема што да рачунаат дали бил обезбеден или не пласманот. Се знае што треба да направат до крај. Да го победат Исланд и да пробаат да ја победат Шпанија.
Нема тука многу што да се калкулира или коментира. Треба да се одработат најквалитетно можно тренинзите, скаутингот, и да се даде се од себе на натпреварите. Ако тоа значи 2 победи до крај на групната фаза, супер ќе се израдуваме и ќе се надеваме на успех против нешто попобедлива репрезентација во осминафиналето. Ако значи 2 порази, ќе се спремат и дадат се од себе против Франција, па после тоа ќе си анализираме во Скопје како да се продолжи понатаму, што било позитивно, што негативно и сл.
Само им се восхитуваме на скандинавците, а никако не сакаме да ја научиме најосновната лекција од нив. Дека се игра натпревар по натпревар додека трае првенството, се вади максимумот, никогаш не се калкулира и се анализира после завршетокот кога е мирен период во Февруари/Март. Ниту се крева паника после катастрофален пораз, ниту се дига во височини после одлична победа. Едноставно се продолжува понатаму како ништо да не било. Анализа, радост, плачење - тоа останува за на крај. Сега е време за натпревар.
П.С. Колку што важи ова за нашите спортисти, толку важи и за нас навивачите, оти реално ние само зборуваме а сме каде каде полоши од нив.