Група Б - Берлин (Гер, Исл, Шпа, Срб, Тур, Ита)

Член од
1 септември 2014
Мислења
5.147
Поени од реакции
7.850
Група Б

Слободно може да се каже дека е “групата на смртта” на првенството. Натпреварите ќе се играат во Берлин, Германија. Освен Исланд, кој со право е сметан за тотален аутсајдер со оглед на квалитетите на другите 5 репрезентации, другите репрезентации објективно би немале никаков проблем за влез во нокаут фазата доколку се најдеа во различни групи. Очекувам жестока борба помеѓу старите познаници од големите натпреварувања (Србија, Шпанија и Турција), секогаш опасниот Новицки и неговата Германија и малку италијански шмек да ги замрси сметките на сите во групата. Првите 4 репрезентации во групата се сретнуваат со претставниците од групата А во нокаут фазата.
Распоредот
Germany v Iceland
5 September 2015
15:00
Spain v Serbia
5 September 2015
18:00
Italy v Turkey
5 September 2015
21:00
6 September
Serbia v Germany
6 September 2015
15:00
Iceland v Italy
6 September 2015
18:00
Turkey v Spain
6 September 2015
21:00
8 September
Serbia v Iceland
8 September 2015
14:30
Germany v Turkey
8 September 2015
17:45
Spain v Italy
8 September 2015
21:00
9 September
Turkey v Serbia
9 September 2015
14:30
Italy v Germany
9 September 2015
17:45
Iceland v Spain
9 September 2015
21:00
10 September
Serbia v Italy
10 September 2015
14:30
Germany v Spain
10 September 2015
17:45
Turkey v Iceland
10 September 2015
21:00

Србија – Меѓу најсериозните кандидати за медал, дури и трофеј. Со оглед на ростерот, прикажаната игра на Светското првенство, традицијата и континуираниот успех на репрезентативен план, никакво изненадување нема да биде доколку стигнат до златото. Марјановиќ, новиот кошаркар на Сан Антонио, нема да настапи поради повреда која ја “ влечел “ речиси цела втора полусезона. Ненад Крстиќ се повлече од репрезентацијата, оставајќи место на помладите но страшно квалитетни играчи, надополнети со луцидноста на Теодосиќ да направат уште еден голем репрезентативен успех.

Шпанија – Кандидати за трофеј во последните 10тина години на сите големи собири. Генерацијата на Пау Гасол е секогаш тука некаде, неколку пати доаѓајќи до круната. Триото на Реал, Фернандез-Родригез-Љуљ, и Ибака како столб во одбраната ветуваат нов атак на златото, со помошта на Миротиќ после солидна прва сезона во НБА. Го нема Марк Гасол, кој поради замор се одлучи да го прескокне настапот. Клупата за нијанса послаба од она што сме навикнати да гледаме, не ме импресионираат играчите кои би биле измена на горенаведената петорка. Единствениот проблем би бил тоа за Шпанците, но знаејќи го нивниот менталитет и гордост, очекувам второ место во групата.

Италија – Мојот фаворит на првенството. Неверојатно компактна екипа, која ако не игра диво и индивидуално, може да стигне до голем успех. Белинели, Барњани, Галинари како квалитетни, играчи од НБА калибар, Џиџи Датоме, одличните за Армани Милано годинава- Хекет и Мели, искусните плејмејкери Чинчарини и Арадори, големите таленти Џентиле и Дела Вале, тоа се веќе одлични 10 играчи кои би можеле во секое време да преземат одговорност. Пјаниџани ќе биде на слатки маки при изборот на првата петорка, и очекувам без изразита “ѕвезда” да стигнат далеку на првенството.

Германија- Новицки се враќа во репрезентацијата и тоа е она што им дава и барем малку надеж дека имаат шанси да поминат понатака. Нешто што според мене, е прилично тешко со оглед на тоа дека речиси сите имаат подобар ростер од Германците а Дирк е веќе стар да може сам да ја носи репрезентацијата на грб. Шансата да изненадат некоја од горенаведениве поради домашниот терен, плус победи со Турција и Исланд би им обезбедило влез понатака.Денис Шродер ( Атланта ) како плејмејкер , Тибор Плајс и Маик Цирбес на центарската позиција, солидното крило Бенцинг и искусниот плејмејкер Шафарцик се позвучните и поквалитетни играчи ќе му помогнат на Новицки во последниот напад во репрезентативниот дрес.

Турција – Солидна репрезентација, но според мене тешко дека ќе можат да парираат на првите три горенаведени екипи. Би требало борбата да ја водат со Германија за четвртата позиција со оглед на ростерот. Без изразит предводник што некогаш беше Туркоглу, без играч кој би ги превземал работите во свои раце и може да направи разлика, не давам на Турците големи шанси за изненадување. Сеуште млада репрезентација, чие време допрва доаѓа, добро покриени на центарската позиција со Ерден, Ашик и Саваш, Илијасова , Ѓулер, младите Сипахи и Чеди од Охрид.

Исланд- Тотална непознаница за мене. Освен Стефансон, овогодинешниот член на Уникаха, не гледам друг познат играч во ростерот, кој е составен од играчи околу 30 години. Во секој случај, шансите на Исланд се минимални , да не речам никакви, па очекувам секоја победа од нивна страна да биде медиумски окарактеризирана како кошаркарско чудо.
 
Последно уредено:
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
1. Шпанија
2. Србија
3. Турција
4. Италија
5. Германија
6. Исланд
 

Andy-95

The Slim Shady
Член од
29 јули 2014
Мислења
285
Поени од реакции
108
Немат многу шанси жабарите во ова група, реално гледано ако за Германија настапат Шурдер и Новицки. Имаат италијаните имиња ама некако како да не му се игра.
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Го гледав турнирот во Грузија на кој настапуваше Италија...играат убава нападачка кошарка но проблемот беше што неможеа да влезат у рекетот, имаа проблем со внатрешната игра, плус на тоа и убаво пеглаат одбрана.

Имаат 4-5 играча кои без проблем можат 20+ поени да затрпаат у секое време.

Единствениот проблем им е што кошарката се игра со една топка, а првата петорка ке ја сочинуваат ептен цариници.

Фаворити од сенка секако...

Sent from my HTC One M9 using Tapatalk
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Наваро, Рубио, Калдерон и Абрињес не играат на ЕП...со пред тоа М.Гасол, значително ослабени Шпанците.

Sent from my HTC One M9 using Tapatalk
 

Andy-95

The Slim Shady
Член од
29 јули 2014
Мислења
285
Поени од реакции
108
Наваро, Рубио, Калдерон и Абрињес не играат на ЕП...со пред тоа М.Гасол, значително ослабени Шпанците.

Sent from my HTC One M9 using Tapatalk
Значи и шпанците испаѓаат од групата глвни фаворити за ова ЕП и одеднаш јужниот сосед како најконкурентен тим за титула да ми има со Спанулис, Јанис и ред други. А се надевав на шпанците пак годинава. :toe:
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Значи и шпанците испаѓаат од групата глвни фаворити за ова ЕП и одеднаш јужниот сосед како најконкурентен тим за титула да ми има со Спанулис, Јанис и ред други. А се надевав на шпанците пак годинава. :toe:
Сеуште ги имаат Чачо, Љуљ, Руди, Миротиќ, Пау, Ф.Рејес...не се за потценување сепак, плус одличните Рибас и Гиље Вивес од Валенсија, Сан Еметерио од Куча, но ни приближно моќно колку можеше да биде со овие останативе...

Sent from my HTC One M9 using Tapatalk
 

Andy-95

The Slim Shady
Член од
29 јули 2014
Мислења
285
Поени од реакции
108
Миротч ќе игра за шпанците ?! :confused: значи не успеа црногорците да го убедат за нив да игра
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Маик Цирбес центарот на Германија поради повреда на лигаментите на скочниот зглоб ке го пропушти Евробаскетот...

Sent from my HTC One M9 using Tapatalk
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.010
Поени од реакции
106.662
Пјаниџани форсира екстра брза кошарка и можеме да очекуваме партии со доста кошеви од страна на италијанците. Они се таков тим што ако им тргне спремни се да тепаат секого.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.147
Поени од реакции
7.850
Обратете внимание на Вили Хернангомез. 21 година, го драфтуваше Филаделфија, ама останува да игра во Реал. На Европското u20 лани 25 поени и 15 скока во просек имаше. Игра и 4 и 5, ако вака продолжи сосема солиден играч ќе биде.
 

Andy-95

The Slim Shady
Член од
29 јули 2014
Мислења
285
Поени од реакции
108
Слушам Фенер не ги пуштал турските репрезентативци шо се нивни играчи да играт за Атаман (турскиот селектор). :)
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Слушам Фенер не ги пуштал турските репрезентативци шо се нивни играчи да играт за Атаман (турскиот селектор). :)
Некој тежок табиет бил тој Атаман, и со Кантер се скарал. Имаше протести на твитер дека не го повикал.
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Андреа Барњани го повреди скочниот зглоб на пријателски натпревар против Грузија...останува да се види колку е сериозна повредата.

Sent from my HTC One M9 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom