- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.311
- Поени од реакции
- 6.533
Не е некое особено изненадување Бразил. Многу сериозна репрезентација се, реално постепено изградија најдобра неевропска репрезентација во ракомет. Толедо и Лангаро се одлични релативно млади играчи кои и не се баш непознати за оне што пратат ракомет. Ништо чудно наскоро да направат и поголем трансфер, макар што и сега играат во доста сериозни екипи (Толедо во Висла Плок, Лангаро во Данкерк). На нив ако се придодаде и Мораеш од Вардар тоа е веќе трио за респект околу кое можат да ја градат репрезентацијата во следните 10 години. А имаат и уште најмалку 5-6 доста квалитетни играчи кои играат по сериозни екипи низ Европа.