Група А (Фра, Гер, Рус, Срб, Бра, Кор)

Кој ја поминува групата?


  • Вкупно гласачи
    34
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
А групата е можеби и најквалитетната група на ова Светско првенство, барем според имињата на репрезентациите кои ќе се во неа. Германците кои се домаќини, заедно со Французите се сигурно во четирите репрезентации фаворити за освојување на златото, заедно со Шпанија и Данска. Натпреварите од група А ќе се играат во Берлин, во Мерцедес-Бенз арената, чиј капацитет е 14800 седишта за ракометни натпревари.



Дуелот Германија - Кореа ќе е дуелот кој ќе го отвори ова СП на 10 јануари во 18:15, а еве го и целосниот распоред за оваа група и целото првенство.

http://www.handball19.com/en/newspage/schedules/Matchschedule/

Репрезентации:

ГЕРМАНИЈА:



Германците како домаќини сигурно влегуваат со доста големи амбиции на ова СП. Последното злато од светско првенство им е во 2007 година, а интересно е што и тоа првенство се играло во Германија. Оваа година на чело на кормилото е Кристиан Прокоп, а зад него со доста квалитетни играчи и домашната публика ќе се обидат повторно да стигнат до златото.

Deutschland: Wolff, Heinevetter; Gensheimer, Lemke, Wiencek, Wiede, Pekeler, Weinhold, Strobel, Fäth, Groetzki, Semper, Musche, Böhm, Kohlbacher, Drux

Ова се последните 16 играчи кои играа на денешната пријателска со Аргентина и се најверојатно 16те играчи со кои ќе настапат на ова СП. Досто проверен состав избра Прокоп за ова СП, со 2ца новајлии, Semper i Bohm. На голманските позиции проверениот двоец Wolf/Heinevetter. Германија отсекогаш негува ракомет со цврста и гранитна одбрана и во овој состав има одлични одбранбени играчи и сигурно одбраната ќе им биде на високо ниво. Лемке, Фет, Винчек, Пекелер, се се тоа играчи кои играат извонредна одбрана, а кога имате и добра голманска двојка, сигурно одбрана ќе биде прво нешто од кое ќе се плашат противниците. На лево крило Генсхајмер и Матиас Муше, две врвни крила, Уве е можеби најдоброто лево крило во последниве години, а Муше со одличните партии во Магдебург во последниве сезони е крило за почит. Десно крило е само Гроецки, но имаат три десни бекови, а и Тобиас Рајхман во резерви. Германции немаат некои врвни имиња од калибарот на Хансен, Карабатиќ на бековските позиции, но како што реков играта им се базира на спор ракомет со перфектна одбрана и што помалку грешки во напад. Доста играат на пикер и на крилата, а на пикер се Колбахер, Винчек и Пекелер, тројца врвни пикери во двата правци.

На пријателските играа перфектна одбрана, домашниот терен плус малку "ветар зад грб" од судиите, сигурно ќе се едни од првите фаворити за медал.

ФРАНЦИЈА:



Французите на ова СП доаѓаат како освојувачи на златото на претходното СП кое се одржуваше во Франција, 2017год. Релативно лесно го освоија златото, перфектно играа целото првенство и немаше екипа која можеше да им се спротистави. Сега како што можеби повеќето знаете на ова првенство ќе настапуваат без две ѕвезди кои им беа костурот на шампионската екипа изминативе години, Тиери Омејер кој се пензионира од репрезентацијата и Никола Карабатиќ кој реши да ја санира повредата со операција за биде спремен за пролетниот дел во ЛШ со неговиот тим ПСЖ.

LE GROUPE DE 20 JOUEURS : Gardiens : Cyril DUMOULIN (HBC Nantes) - Vincent GÉRARD (Montpellier HB) / Ailiers gauches : Raphaël CAUCHETEUX (St-Raphaël Var HB) - Mathieu GREBILLE (Montpellier HB) - Michaël GUIGOU (Montpellier HB) / Ailier-gauche - demi-centre : Kentin MAHÉ (Telekom Veszprem) / Arrières gauches : Romain LAGARDE (HBC Nantes) - Timothey N'GUESSAN (FC Barcelone) - Olivier NYOKAS (HBC Nantes) / Demi-centre : Nicolas CLAIRE (HBC Nantes) / Demi-centre - arrière droit : Dika MEM (FC Barcelone) / Pivots : Ludovic FABREGAS (FC Barcelone) - Luka KARABATIC (Paris SG HB) - Cédric SORHAINDO (cap) (FC Barcelone) - Nicolas TOURNAT (HBC Nantes) / Arrières droits : Adrien DIPANDA (St-Raphaël Var HB) - Nedim REMILI (Paris SG HB) / Ailiers droits - arrières droits : Valentin PORTE (Montpellier HB) - Melvyn RICHARDSON (Montpellier HB) / Ailier droit : Luc ABALO (Paris SG HB)

Oва се последните 20 играчи кои играа вчера на пријателската со Словенија. И без Карабатиќ и Омејер, Французите имаа доста квалитетни играчи кои играат во врвни европски екипи. Можеби ќе се одрази повеќе неиграњето на Карабатиќ, но тука се Мае и Клер кои најверојатно ќе играат на централната позиција. Н'гесан и Ниокас играат одлично сезонава, така да левата бековска позиција треба да им е добро покриена. Е на десен бек е тотално лудило кај Французите, сигурно екипа која има најдобри десни бекови, Мем, Ремили, Ричардсон, Порт и Дипанда. Ништо чудно на моменти да пробаат да играат со два десни бекови, левак како централен, нешто што и Мем и Ричардсон го играат во своите тимови на моменти оваа сезона. На крила и пикери исто така проверени играчи кои играат и претходните првенства, а на пикер исто како и на десен бек имаат ненормално солиден избор на играчи, Фабрегас, Сораиндо, Турно и Лука Карабатич.

Се на се, одличен состав има Франција иако без Карабатиќ, очекувам да се една од екипите кои ќе одат до самиот крај.

РУСИЈА:



  • Вратари: Виктор Киреев,Олег Грамс, Дмитриј Павленко
  • Левые крајние: Тимур Дибиров, Роман Осташтенко
  • Левые полусредние: Виталиј Комогоров, Александр Шкуринскиј, Александр Деревень, Сергеј Марк Косоротов
  • Разыгрывајуштие: Павел Атьман, Дмитриј Житников
  • Линејные: Глеб Калараш, Сергеј Горпишин, Максим Михаилин, Егор Евдокимов
  • Правые полусредние: Дмитриј Киселёв;
  • Правые крајние: Даниил Шишкарёв, Дмитриј Ковалёв, Алексеј Фокин.
Ова се моментално 19мината кои го поминаја последниот филтер во репрезентацијата. Русите долги години не се во врвот на европскиот и светскиот ракомет. Имаат освојувано неколку медали во 90тите години, и на европски и на светски првенства. Во последниве години на сите првенства важат за оние фаворити од втор план, но никогаш да направат некој посериозен резултат, иако гледано секогаш имаат солидни состави.

Еве и оваа година тука се доста квалитетни играчи, посебно познати и за нашата јавност кои настапуваат за Вардар: Дибиров, Калараш, Киселев и Шишкарев, тука е и Деревен кој го носеше едно време дресот на Вардар. Имаат и одлични средни бекови во Атман и Житников, но ми се чини ќе им биде проблем десната бековска позиција каде го имаат само Дмитри Киселев.

Можеби на изглед се трети фаворити за поминување на групата, после Германија и Франција, но поучени од претходните првенства се и репрезентација која може многу лесно да разочара.

СРБИЈА:



Србите имаа мала пауза на претходните две светски првенства во Франција и Катар, но тука успееа да се квалификуваат. Србите имаат некоја си смена на генерации во последниве години во репрезентацијата, но сеуште тоа нема некој позначаен напредок. Нема имиња како Илиќ, Вујин, Шешум во последниве години, некои нови дечки се менуваат.

Тука го има последниот список од 21 играч кој беше на подготовките. http://rss.org.rs/#vest:11275

Имаат солидно голманско дуо во Цупара и Милосављев. На крилните позиции имаат доста солидни играчи Вања и Немања Илиќ лево, Радивојевиќ десно. Тука е и Мијајло Марсениќ од Фуше Берлин на пивот. Главниот проблем на Србите ќе биде на бековските позиции. Освен Немања Зеленовиќ, се се тоа млади и играчи со малку искуство за вакви натпревари како Обрадовиќ, Вујиќ, Сретеновиќ и останатите. Сепак може да се покаже доста солидно тоа и сигурно ќе бидат Србите доста незгоден противник.

БРАЗИЛ:



Најдобар пласман за Бразилците на Светско првенство е 13тото место во 2013 година. Се знае кој е спортот број 1 во Бразил, но сепак и не играат толку лош ракомет. Доста играчи има во репрезентацијата кои играат низ европските клубови, посебно во Португалија и Шпанија.

Leonardo Tercariol e César Almeida, goleiros;
Fabio Chiuffa e Rudolph Hackbarth, pontas direitas;
José Toledo e Gustavo Rodrigues, armadores-direitos;
Henrique Teixeira, central;
Guilherme Valadão, Thiagus Petrus, Thiago Ponciano, Haniel Lângaro e, Raul Nantes, armadores-esquerdos;
Cleryston Novais e Felipe Borges, pontas esquerdas;
Alexandro Pozzer e Vinicius Teixeira, pivôs.

Oва е составот кој ќе патува за Германија. Имаат солидни крила како Чиуфа и Боргес, тука се бекови како Тиагус Петрус, Лангаро, Де Толедо. На пикер е Александро Позер, го нема Мораес од Вардар (мислам поради повреда). Тешко дека би се избориле за пласман во наредната рунда, но се надевам барем ќе се прикажат во добро светло.

КОРЕА:



И последното место во групата го пополнува Кореа. Интересно е што оваа година Кореа ќе настапува со играчи од двете Кореи, Северна и Јужна. ИХФ го одобри тоа и мислам им даде плус 4 дополнителни места во тимот, така што тие ќе се со 20 играчи пријавени на ова СП, а не 16 како останатите репрезентации.

Тука го има поширокиот состав на играчи кои беа повикани.
http://www.ihf.info/files/CompetitionData/aedb0ad3-ea90-4ffa-8f00-73b7121a5b24/pdf/KOR.pdf

Реално Корејците се енигма за мене, нема ниту еден играч кој им игра во Европа. Мислам и дека се најслабиот тим на ова СП, сигурно ќе бидат лесен залак за сите во групата.



 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Тешко дека Атман ќе се врати некогаш во таа форма во која што некогаш беше. Последниве две години се кладам дека нема повеќе од 3-4 натпревари изиграно, константно е повреден, штета.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Дефинитивно најјака група.
- Кореа повеќе ревијално на турнирот во некоја обединета варијанта отколку со реални шанси да мрднат од дното во групата.
- Бразил е многу незгодна екипа, која може да се нос рамо до рамо со Србија и Русија. Мислам дека ќе им недостига Мораеш иако и Позер е солиден (ама не е Мораеш).
- Србија со би рекол анонимен состав за нивни стандарди. Во било каков состав србите се секогаш опасни, тие можат 5 коректни репрезентации да состават, но објективно во моменталниот состав, без разлика што сигурен сум дека ќе имаат нешто подобра хемија, мислам дека немаат реални шанси за нешто повеќе, па дури мислам дека би било изненадување ако ја минат групата.
- Русија мислам дека фати конечно некој нагорен правец со Кокшаров кој мислам дека би требало да резултира со пласман во втора група. Малку им се закомплицираа работите со повредата на Атман, вака преголем товар ќе падне на Житников, Шкурински и Кисељев ми се чини, ама пак би типувал на нив.
- Германија - домаќин, секогаш јаки но некако не баш опасни. Заради домашниот терен не смеат да се отпишат од борбата за медали, знаат да изненадат во вакви ситуации, но некако како да им фали вистинска звезда која би ги повлекло иако реално немаат слаба карика во составот.
- Франција - За првпат без легендарните Карабатиќ, Омејер, Нарцис и Гигу, ќе биде навистина итнересно да ги видиме франзузите како и натаму доминираат со една видоизменета селекција доста подмладена. А пак ќе доминираат, пак се меѓу главните фаворити за злато со цела плејада на одлични играчи.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Јас скроз обратно, ќе ми биде големо изненадување ако Русија помине група. Мислам дека ќе се тешка хаварија и дека и Бразил ќе заврши пред нив. Србите овојпат, без многу егоа во тимот би требало да догураат бар до трето место.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Кореа ја плесна Дојчланд у фудбал, дали ќе се деси такво нешто и овде ? :D
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Овој голманот на Кореа е откритие засега, 17 одбрани..:bravobe:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.719
Srbija 30-30 Rusija
мало изненадување, сега ќе биде НУ зајц борба за 3 место, со гол разлика ???
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Srbija 30-30 Rusija
мало изненадување, сега ќе биде НУ зајц борба за 3 место, со гол разлика ???
Не ги отпишувај бразилците... Третото место барај го помеѓу 3 репки а не 2 :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
По мене Бразил оди ко трета селекција, мислам дека ќе ги чукнат и Србите и Русите.
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
што срање од спорт е ова кога у сред акција свират тајм аут и одма падна гол, и нормално не го признаа.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
што срање од спорт е ова кога у сред акција свират тајм аут и одма падна гол, и нормално не го признаа.
Не еднаш се случува ова, такво си е правилото. На твој напад ја фрлаш картичката за тајм аут, ако избрзаат ракометарите и дадат гол, се поништува.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Страшна е Германија, многу балансиран тим.
Фали само еден лев бек и ќе бидат комплетна репка, Јулиус Кун на пример, иако и Друкс не е лош.
Бразил не е некое мерило и вистински репер за тоа до каде им е лимитот на Швабите, но може барем да даде некоја прогноза дека Германија има ростер за завршницата.
Но ќе треба да се покажат со Франција, за да видиме до каде се, реално.
Франција ме разочара вчера, таков ростер имаат, а изгледаа како анонимуси.
Но со Французите не се знае, синоќа имаа лош ден, очигледно, почеток на првенство, тешки нозе, крајно мотивиран и очигледно потценет противник, Најверојатно ќе ја подигаат формата како одминува првенството, посебно ако ја пронајде вистинската поста ва Динар, премногу се обидуваат да ја "мешаат" поставата, со Гребиј на лево крило, кога далеку попродуктивен би бил дечкото на лев бек, или пак со Мае, паднат е во форма дечкото, не може туку така да се замени Карабатакот, далеку е Мае од неговото ниво и класа,
Не знам зошто Клер не добива минутажа, дечкото е бог и батина во Нант, вистински плеј и организатор на игра, за разлика од Мае.
Би требало да ги намести коцките Динар, но едно е јасно, без Тити, Карабатиќ, Нарцис, или пак од оние како браќата Жил, Динар, полека и Абало ја губи својата препознатливост, Гигу не постои на клубски план.
Не е таа истата Франција, такви играчи тешко дека ќе има повторно.
Но имаат страшна база на играчи, можеби најголема и најквалитетна во светот и долго време ќе бидат при врвот.
Србите ми се интересна репка,
Баш да видиме како ќе одиграат, страшно богат регион за таленти, но никако не ги користат своите ресурси како треба Србите.
Да беа (по)паметни и да вложуваа и работеа плански како во кошарката ќе газеа,
Шансата ќе ја бараат со Бразил, иако како игра Беазил нема да ме чуди да ги размонтира, не само Србите туку и Русите.
Интересна група во секој случај.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom