Грк не му верува на друг Грк ОТИ ЌЕ БИДЕ ИЗЛАЖАН !

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Акооо акооо.. сами шо ке си напрат никој друг нема да им направи. Како почнале со тоа нивните глупости и лудории ке си направат граѓанска војна!
 

derrain

артилерец
Член од
4 февруари 2009
Мислења
364
Поени од реакции
205
Статијата во Ванитифер ја имам читано, и мислам дека доста реално ја претставува ситуацијата во Грција.
Проблемот во Грција е што државата ќе преживее, патем и ништо нема да се промени, менталитетот не се менува, пак никој нема да плаќа даноци, државната каса пак ќе е празна, а тие пак ќе се пензионираат на 55 години. ЕУ нема да дозволи Грција да се распадне, бидејќи ја сметаат за заштитник на европските југоисточни граници и претставник на ЕУ на Балканот. Грците, како стари копилиња, знаеја како да ја искористат оваа шанса за живот на висока нога без многу работа.
Резултатот е :

1. Грција ја малтретира нашата држава;
2. Грција ги исмева ЕУ и нејзините членки, бидејќи французите и германците се пензионираат на 70 години, во меѓувреме работејќи и полнејќи ги буџетите на своите држави кои пак овие пари им ги даваат на грците;
3. Грчките политички и духовни водачи, не играат според правилата ниту на домашна ниту на светската сцена, за потоа да очекуваат нивните граѓани да ги почитуваат истите правила, апсурд;

И така, ништо нема да се промени, макар што распаѓањето на Грција ќе биде почеток на една нова ера на Балканот и Европа, ќе бидат исправени многу неправди од минатото а ќе бидат спречени и некои идни исто така. Спасувањето на Грција ја чини ЕУ многу, но исто така и нејзиното распаѓање ќе биде скапо, бидејќи сигурно ќе биде пропратено со војна, така е тоа секогаш. Ќе се изгубат многу животи, некои држави можеби ќе исчезнат, некои ќе се спојат, а Европа и Светот не се спремни да го преземат овој ризик.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom