Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
[DOUBLEPOST=1497910255][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Македонски Хералд

Повик за статии


Македонското грбословно друштво, за новото издание на Македонски Хералд, го дава овој повик за статии по хералдика, вексилологија, фалеристика, генеалогијаа и слични дисциплини.

Македонскиот хералд е двојазично, македонски-англиски, популарно списание кое објавува статии за хералдика, вексилологија, фалеристика, манусмастика, амблематика, главно фокусирана на Македонија. Во последните 13 години имаше 10 печатени изданија и .pdf слободно достапни на интернет (http://heraldika.org.mk/macedonian-herald/ ).

Новиот број на Македонски хералд ќе има неколку промени:
1. Ќе има меѓународен уредувачки одбор. Сите трудови ќе бидат рецензирани.
2. Списанието ќе има два дела, еден за научни трудови до 10 страници и друго за популарни написи до 5 страници.
3. Статиите можат да се однесуваат на поширокиот регион - Балканот и Источна Европа.
4. Списанието ќе биде објавено на интернет со pdf датотека подготвена за печатење на барање (Print On Demand).

Се прифаќаат и веќе објавените трудови кои ќе бидат преуредени за објавување во Македонски Хералд.
Приоритет ќе им биде даден на статиите кои се занимаваат со балканскиот регион, но тоа не е ограничување.

Документите се објавуваат на македонски и на англиски јазик, а претпочитаме да се поднесуваат статии со англиски превод. Во некои случаи можеме да помогнеме со превод.

РОКОВИ:
1. Апстракт од една страница треба да се достави најдоцна до 15 септември 2018 година.
2. Одобрените трудови ќе бидат известени најдоцна до 20 септември 2018 година.
3. Завршени документи кои треба да се достават најдоцна до 20 октомври 2018 година.
4. Публикација не подоцна од 31.Дек. 2018.

Повеќе технички проблеми во врска со форматирањето ќе следат подоцна.

info@heraldika.org.mk
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Ме интересира што пишува долниот текст?

Прегледај го приврзокот 196684
Исправен црвен лав на златно поле,
Знамение на црквата на која и се прави чест.
Големиот Турчин ја однел дијадемата од лавот;
Изгубив јас секаква чест што толку ја имав.

Грбот на Македонија од „Стематографија“ од Христофор Жефаровиќ, прв пат објавена во Виена во 1741 година.
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
50 години од популаризацијата на Лавот како земски грб на Македонија
Пред 50 години, на 11 октомври 1968 година, во списанието „Журнал“ беше објавен текст во кој за првпат јавно е објавено постоењето на земските грбови на Македонија. Текстот со наслов „Македонскиот грб од XIV век“ не е потпишан, но Алексдандар Матковски смета дека автор е Славко Димовски.

Во написот се пренесени детали и фотографии од Фојничкиот грбовник.

Со овој напис започнува процесот за популаризација на илирската хералдика и земскиот грб на Македонија кој ќе биде крунисан со книгата на Александар Матковски „Грбовите на Македонија“. Во следните неколку години и Димевски и Матковски ќе објавуваат написи и статии за земскиот грб, што ќе доведе и до своевиден спор, кој прв го открил земскиот грб на Македонија. Инаку прв кој ќе пишува за земскиот грб е Стејапан Антољак кој во универзитетскиот учебник „Помошни историски науки“ од 1966 ќе го спомене постоењето на земскиот грб на Македонија како црвен лав на златно поле и обратно, при тоа не заземајќи страна кој од нив е вистинскиот.
 
Член од
2 јули 2017
Мислења
6
Поени од реакции
5
Ве молам, може ли некој да ги постира повторно сите македонски грбови кои содржат грифон? Некои слики не се отвараат ! Ви Благодарам !
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Александар Македонски претставен како средновековен витез со грб со три златни круни на црвена основа.

5jpjkyvw4zx21.png
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Ве молам кога постирате вакви рботи постирајте и извор. Најверојатно станува збор за некој германски ракопис, бидејжи таму круните се на припишаниот грб на Александар, додека во англиско/француските е со лав
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Ве молам кога постирате вакви рботи постирајте и извор. Најверојатно станува збор за некој германски ракопис, бидејжи таму круните се на припишаниот грб на Александар, додека во англиско/француските е со лав
Historia de proelis in a French translation (Le Livre et le vraye hystoire du bon roy Alixandre), France, Central (Paris) c. 1420 клик овде;за целиот ракопис а овде; за сцената Александар и Пор постирана погоре.
 
Член од
25 август 2013
Мислења
2
Поени од реакции
1
Последно уредено:

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
15.5.2019
Нова книга: за хералдиката и вексилологијата на Македонија

Конечно достапна, на 186 страни А4 формат со 22 колорни страни со преку 300 илустрации.

Книгата може да се набави кај авторот jonovski@gmail.com, во Матица, и во Литература.мк


Содржина
ПРЕДГОВОР 9
ВОВЕД 11
Досегашни истражувања 11
Идентификување и формулирање на истражувачкиот проблем 14
Предмет на истражување 15
Цели и задачи на истражувањето 15
Хипотези 15
Начин на истражување 15
Значење на трудот 16
СИМБОЛИТЕ И ОПШТЕСТВОТО: ТЕОРИСКА РАМКА17
Симболи: значење во општеството 17
Грбот и знамето и нивната функција во општеството 19
Избор на амблем и негово поставување на грб и знаме 25
Принципите на науките за грбот и знамето 31
Хералдика 31
Вексилологија 33
СОНЦЕТО И ЛАВОТ КАКО СИМБОЛИ ПОВРЗАНИ СО
МАКЕДОНИЈА ДО 1944 ГОДИНА 35
Сонцето и лавот како симболи 35
Сонцето во духовната и во материјалната култура 35
Лавот во духовната и во материјалната култура 38
Сонцето и лавот во хералдиката и вексилологијата 41
Сонце 41
Лав 43
Припишаните грбови и знамиња на Александар Македонски во средновековна Европа 44
Земските грбови на Македонија 46
Знамињата во текот на националното движење во 19 век 55
СОНЦЕТО И ЛАВОТ ВО СОВРЕМЕНАТА ХЕРАЛДИКА И
ВЕКСИЛОЛОГИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ПО 1944 ГОДИНА 59
Симболичните претстави на сонцето поврзани со Македонија во периодот пред 1944 година: краток осврт 61
Симболичните претстави на сонцето и лавот на македонскиот грб, знаме и химна во „југословенски“ контекст 62
Општествено-политички и културен контекст за појавата на сонцето
во државните симболи на НР/СР Македонија 62
Сонцето како симбол во химната на ДФ Македонија62
Знамето и грбот и на НР/СР Македонија 63
Хералдичка и графичка анализа 69
Интересот и популаризацијата на лавот како македонски симболво СР Македонија 70
Сонцето и лавот како симболи во македонската дијаспора 71
СИМБОЛИЧНИТЕ ПРЕТСТАВИ НА СОНЦЕТО И НА ЛАВОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ГРБ И ЗНАМЕ ПО 1991 ГОДИНА 75
Општествено-политичкиот контекст на изборот на симбол:
сонце/лав на државното знаме и грб 75
Сонцето и лавот во симболизацијата на политичките партии 77
Парламентарни расправи за и околу изборот на симболи на Р Македонија 79
Сонцето и лавот како симболи во предлозите за грб и знаме на Р Македонија 82
Хералдичка анализа на предлозите 90
Сонцето на македонското знаме од 1995 година 94
Сонцето и лавот во обидот за донесување грб на Р Македонија (подоцнежен период) 98
Сонцето на други државни амблеми 103
Симболите сонце и лав на државното знаме и грб во
индивидуалните наративи (современа состојба) 104
СОНЦЕТО/ЛАВОТ ВО ОПШТИНСКИТЕ ГРБОВИ И ЗНАМИЊА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 111
Современа македонска територијална хералдика и вексилологија 111
Општински грбови и знамиња 112
Сонцето во грбовите и знамињата на општините во Република Македонија 113
Хералдичка анализа 129
Сонцето во описите на општините 132
ЗАКЛУЧОК 135
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
не е достапен пдф, само печатена верзија
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150

Kajgana Shop

На врв Bottom