Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Во контекст на превирањата околу предлогот за грб, еве една интересна замисла за грб на Косово, базирана на претставата на грб на Дарданија во Илирскиот грбовник на Витезовиќ, во кој македонскиот грб ја има истата шема на бои како новиот предлог:

 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Во контекст на превирањата околу предлогот за грб, еве една интересна замисла за грб на Косово, базирана на претставата на грб на Дарданија во Илирскиот грбовник на Витезовиќ, во кој македонскиот грб ја има истата шема на бои како новиот предлог:
Heли Дарданија идел од илирско албански збор за круша, така да би требало на грбот да има слика од круша
maraska-kruskovac-pear-liqueur-croatia-10095284.jpg
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
интересен предлог во Отомански стил
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Јован Јоновски на Македонско радио за изборот на грб и знаме во 1992 година

Во своето гостување на Македонското радио на 27.9.2016 година, м-р Јован Јоновски меѓу останатото зборуваше за историските факти околу изборот на грб и знаме на Република Македонија во 1992 година, како и за предлогот за хералдички грб на Република Македонија од 5 декември 2014 година и неговата историчност.

Слушнете го тој извадок од гостувањето:

https://clyp.it/lqnlfttj
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Јован Јоновски на Македонско радио за изборот на грб и знаме во 1992 година

Во своето гостување на Македонското радио на 27.9.2016 година, м-р Јован Јоновски меѓу останатото зборуваше за историските факти околу изборот на грб и знаме на Република Македонија во 1992 година, како и за предлогот за хералдички грб на Република Македонија од 5 декември 2014 година и неговата историчност.

Слушнете го тој извадок од гостувањето:

https://clyp.it/lqnlfttj
Можно ли е негде да се најдат споменатите предлози за знаме од ’92? Затоа што сум 100% сигурен дека ги имам видено уште пред десетина години во еден документарец на МРТ, во сеќавање ми е еден кадар од десетина секунди.
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Во моментот работам на две статии, едната за новиот број на Македонски архивист, со хронологија на предлозите и реконструкции на сите предлози за знаме и грб (36).

Втората е за Македонски Хералд каде главниот акцент ќе биде на типологијата на предлозите.

Во меѓувреме, дел од предлозите се дел од изложбата на државниот архив по повод 25 годишнината од независноста на Република Македонија, се чека каталогот и проспектот.[DOUBLEPOST=1475929124][/DOUBLEPOST]По осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година, за усвојување на грб и знаме беше формирана работната група за координирање на активностите за изработка на државните симболи, која на 25 март распиша конкурс за избор на идејни решенија за грбот, знамето и химната.

На 5 јуни јавно се објавени делата на трите автори за кои комисијата смета дека треба да се најсоодветни, што се смета за јавна дебата за што се оставени оставени 3 дена.



Шифрата „МАКО“ со предлог на грб каде на црвен штит е поставено сонцето од досегашниот грбот, каде сонцето е прикажано во е со помал диск во средината и сонце со 16 тенки дивергентни зраци. Предлогот за знамето е бело знаме со трикажан грб со црвени и жолти појаси над и под грбот. Другата варијанта е со истиот дизајн но белата боја заменета со жолта, и третиот предлог за знаме црвено и жолто поделено по левата дијагонала.



Шифрата „5222“ со предлог базиран на досегашниот грб, со тоа што на црвен штит е преставено жолто изгрејсонце над сини бранови. Дадена е и верзија во со црна апликација на сонцето и брановите на црвен и на жолт штит. Под штитот црвена лента со текст Македонија. Предлозите за знаме се црвен дел при копјето, на некои верзии има на други нема апликација на грбот, и со различни комбинации на три и четири и пет хоризонтални црвени и жолти или бели полиња.



Шифра „Феникс 92“ со преставен грб со разгневен лав во неколку комбинации на бои: златен лав на црвено или црно поле, и црн лав на црвено поле. Над главата на лавот круна. Предлогот на знамето е дадено во три варијанти во црвено бела боја, без апликација на грбот. Едното е хоризонтално поделена, другото е на вертикално стропило. Третото е комплексно уметничко знаме.[DOUBLEPOST=1475930297][/DOUBLEPOST]Но Уставната комисија покрај овие предлози реши да се има друг предлог со сонце на знамето, кое не е воопшто не е понудено од никој од трите избрани автори. Тоа е црвено знаме со сонце во жолта боја со 32 зраци со соодветен предлог за грб, со истото сонце на црвен штит. Под штитот се наоѓа лента со текст Република Македонија.



ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваше со овој предлог и бараше на знамето да е аплицирано друго сонце, со 16 зраци, и грб со златен лав на црвен штит.



На 4 август Уставната комисија го прифати предлогот за знаме со сонце со 16 краци, и грб со истиот дизајн. На 41 седница од 11 август 1992 година, знамето со 16 кракото сонцед е усвоено за знаме на Република Македонија. Покрај предлогот за грб на Уставната комисија, експертската влада на Никола Кљусев поддржа предлог, штит со црвено поле со златно-жолт лав, исправен на двете задни нозе и свртен кон десно со мала трокрака круна на главата и со двокрака опашка свртена нагоре.

На седницата по жестоката расправа, воопшто не дојде до гласање за предлозите за грб. Во текот на август 1992 година имаше уште неколку обиди за договор за решение за грбот. Во игра беше компромисно решение – лав со сонце над штитот.



На последната седница на Комисијата на 25 август се гласаше за амандманите за грб со лав и со сонце, но беа отфрлени и со тоа остана официјалниот предлог за грб со 16-крако сонце. Бидејќи не беше постигнат договор, 41 седница со предлогот за грбот никогаш не продолжи, и со тоа грбот никогаш не се усвои.

Забелешка: сликите се реконструкција на Јован Јоновски според објавите во медиумите

(Извадок од: Јован Јоновски, „Изборот на државните симболи на Република Македонија 1992 година“, Македонски Хералд бр 10, 2016.)[DOUBLEPOST=1475930358][/DOUBLEPOST]http://heraldika.org.mk/heraldry/izborot-na-grb-i-zname-na-republika-makedonija-1992/
 
Последно уредено:
Член од
6 август 2014
Мислења
39
Поени од реакции
42
Иван Нацевски на Македонско радио за грбовите на Александар Македонски

Членот на Македонското хералдичко здружение, Иван Нацевски, во своето гостување на Македонското радио на 21.10.2016 година зборуваше за грбовите на Александар Македонски и нивната распространетост во европската средновековна култура.

Кликнете и слушнете ја емисијата во целост.
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Две години од последниот предлог за грб на Република Македонија. Вашите размислувања со мала временска дистанца?
 
Член од
16 април 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Seuste mislam deka e strasno pogresen vashiot predlog Jonovski, i zaradi obratnata kombinacija na boi, lavot e zlaten a pozadinata crvena kaj site zemski grbovi na Makedonija se do Stematografijata na Vitezovik, a i zaradi upotrebenata nesrazmerna gradska kruna. Ja svedovte Makedonija na grad Skopje! No ona sto e najtazno duri napravivte emisija na MTV vo koja gi plasirate vashite idei i reshenie za grb: Simbolite na teritorija na MK, naslov na vashata kniga koja e zbirstina na se i sesto kako i vashiot tekst plasiran vo emisijata, nenaucna. Duri izmislivte taka narecen makedonski heraldicki sistem spored koj pet kuli na muralna kruna bile drzavna kruna. Go "kreiravte" ova nesto za da imate nekakov argument koj ne e toa. Bidejki site za krunata ve rendaa, kako i koristenje na fantasticen grb na Aleksandar Makedonski a ne grb na Makedonija, sega moravte da si se citirate sam sebesi za da si se pretvorite vo fusnota na koja se bazirate. Tolku ste daleku od nauka, no uporni vo manipuliranje. Za zal nashite politicari se ocigledno neupateni i ne razbiraat sto znaci tradicija dolgovekovna sto ja smenil Riterot iliti Vitez so germansko poteklo sozdavajki ja Stematografijata. Promenata na boite na makedonskiot grb vo ovaa Stematografija moze da se vrzat so zelbata na Avstro Ungarija vo istiot toj vek da ja oslobodi teritorijata na Srbija i Makedonija od Turcite (vremeto na Karposhovoto vostanie). Pri toa taa bi stanala posednik na zemjata. A grbot na Habzburzite, vladari na Carstvoto Avstro Ungarija e, crven lav rampan na zlatna pozadina.
 
Последно уредено:
Член од
8 декември 2014
Мислења
6
Поени од реакции
12
вакво паушално брмчење, исполнето со генерализирачки флоскули, само за да се контрира и после све напишано низ овие више 3 години од овој предлог да се нема простор во умот за проветрување, може само да е резултат на неизмерна плиткост….. или на некои конкретни наменски и насочени цели и потреби….

ај гитла више… ако не ви фаќа црпката дека не е светиња тоа шо ви го сервираше матковски за кујзнае какви потреби на тоа време, и дека не е непобитно...... и ако не ви фаќа црпката дека бугарите едвај чекаат да стаиме жолт лав на црвена позадина и да им го запечатиме она шо го верглаат за с"штиот народ…. ја незнам шо да ви кажам више…..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom