Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Општо за Хералдиката
Хералдиката е помошна историска наука која има за цел да го проучува настанувањето и историскиот развиток на грбот воопшто или на одделни грбови; да даде утврдени правила според кои треба да се составуваат, а потоа и ликовно да се изработуваат грбовите; да го утврди начинот на читањето (блазонирањето) на грбовите и да истражува на кого му припаѓа одделен грб. Името го добила според Германскиот збор "herold", што значи “гласник“.


Грб е специјална фигура или симболичко обликување, белег, амблем т.е. наследен, непроменет, постојан знак, составен според правилата на хералдиката, кој служи за разликување на одделно лице, род, општество, институција, град, област, народ, држава, корпорација, политичка, стопанска или црковна организација.

Првите Грбовници како збирки на грбови се појавуваат за првпат во Западна Европа во XIV век, додека на Балканскиот полуостров кон крајот на XVI век. Најстар Грбовник во кој има грбови на “јужнословенските“ народи бил составен од Ulrich Richental на прочуениот црковен собир во Констанца во 1414 - 1418 година. Вториот многу значаен Грбовник во кој има грбови на јужнословенските народи, е од 1483 година, направен од Конрад Груненберг.

Општо за Македонскиот грб

Македонскиот земски Грб ги има сите елементи што ги бара хералдиката и затоа претставува вистински и наполно оформен грб според сите хералдички правил. Тој бил постојан, константен во сите свои основни елементи и не трпел големи измени, како што бил случајот, на пример, со бугарскиот грб, кој отпрвин имал за амблем глава од вол со крст меѓу роговите, потоа две вкрстени греди со црнечки глави на краевите, па три хоризонтално поставени круни и најпосле - исправен лав. Исто така и српскиот грб долго време се колебал помеѓу лавот, двоглавиот орел и крстот со четири огнила додека станал постојан. Македонскиот грб не се сретнува во друг вид освен со лав. Значи, неговото општо својство е тоа што тој е постојан од неговата појава во 1595 до XX век.

Македонскиот грб за првпат се сретнува во таканаречените “Илирски Грбовници“ што почнале да се јавуваат од крајот на XVI век па се до XIX век. Како прв Грбовник се појавува оној на Петар Охмучевиќ, кој како и другите преродбеници зафатен од напредните идеолошки текови што се јавиле тогаш во Европа и на Балканот и како страстен приврзаник на “илирската идеја“, издигајќи го минатото на Јужните Словени, не можел да го изостави Македонскиот народ и затоа во хералдичките Илирски Грбовници напоредно со Српскиот, Бугарскиот и Хрватскиот грб, го става и Македонскиот, и на тој начин хералдички ја истакнува индивидуалноста на секој од овие народи одделно. Така, тие први на хералдички начин ја истакнувале идејата за автономија на секој јужнословенски народ, вклучувајќи ја тука и Македонија, во една заедничка “илирска држава“. Значи за Македонскиот грб карактеристично е тоа што тој прво се јавува во домашни, јужнословенски грбовници чија појава се врзува за учените католички кругови во Хрватска, Босна, Далмација и Дубровничката Република, а дури потоа во странските грбовници.


Најстар зачуван Грбовник е т.н. Грбовник на Корениќ-Неориќ од 1595 година.


Насловната страна на Грбовникот; Илирскиот грб на кој е претставена млада полумесечина и над неа ѕвездата Деница која ја симболизирала преродбата на Јужните Словени; и Свети Ероним - “Таткото, патронот, огледало и светлина на целата Илирска земја“.
Во овој Грбовник се дадени 11 земски грбови, т.е. “belezi zamalja svetlih plemena“, а потоа 140 семејни грбови на разни “војводи, жупани, кнезови, катунари, витези, властелини“ и др. Меѓу земските грбови се наѓа и Македонскиот, на страна VI. Под грбот пишува “Macedoniae“, а над него со лоша кирилица пишува: “цимери македонске земле“, т.е. “грб на Македонската земја“. Амблемот е жолт, исправен лав на црвено поле. Над главата на лавот има мала круна. Над штитот има голема круна. Штитот е од Германски тип.

Македонскиот грб се сретнува уште два пати во овој Грбовники тоа во т.н. “општи грбови“, “комбинирани грбови“ или “сложени грбови“. Во првиот општ грб што се наоѓа на страна V одделните земски грбови се ставени по следниов ред: на првото горно десно хералдичко поле (т.е. лево од гледачот) е Македонскиот грб, жолт лав, кој овде не е исправен, со круна над главата на црвено поле, што одговара на посебниот Македонски грб од овој грбовник.

Во вториот општ грб, што се наоѓа на страна XVI, ист е распоредот на одделните земски грбови но овде тие се попрегледни и јасно им се гледаат штитовите кои по форма се германски. Над општиот штит е поставена голема кралска круна, а над неа има лента на која пишува: “Крала Степана Уроша Немањича цимери“, а на лентата што е под грбот пишува: “Regis Stephani Urosy Nemagnich insigna“.

Македонскиот грб и овде е жолт лав на црвено поле, со круна над главата, а бугарскиот е црвен лав на жолто поле без круна.


http://bibliotecaestense.beniculturali.it/info/img/stemmihtml/nemagnich.html

Првиот Општ грб; Вториот Општ грб; и Македонскиот амблем (лавот) одделно претставен од општите грбови на Грбовникот на Корениќ-Неориќ од 1595 година.

Македонскиот грб во Грбовникот на Палиниќ од крајот на XVI и почетокот на XVII век


Грбовникот на Палиниќ се чува во архивата на Југословенската академија на науките и уметностите во Загреб. Овој грбовник има вкупно 47 грбови. Грбовите се цртани многу просто и едноставно, а од земските грбови во него ги има само грбовите на Приморските земји, на Србија, на Рашка, на Македонија и на Хрватска.

Македонскиот грб како и сите други во овој Грбовник е многу грубо нацртан со црн туш. Лавот е нацртан со мала круна на главата на грмански штит. Над штитот има голема Војводска круна а под грбот пишува: “Macedoniae Regniy“.


Македонскиот грб во трудот на Мавро Орбини “IL Regnio De Gli Slavi“ од 1601 година

Општиот Грб на Мавро Орбини - “IL Regno De Gli Slavi“ од 1601 година

Делото на Дубровничкиот историчар, опатот на бенедиктанскиот манастир на Млет, Мавро Орбини, пишувано на Италијански јазик е отпечатено во Пезаро во 1601 година под наслов: “IL Regno De Gni Slavi hoggi corrotamente detti schiavoni“. Ова дело е посебно важно бидејќи претставува прв труд со печатени јужнословенски грбови. Грбовите кај Орбини не се во боја, туку во црно-бел бакрорез.

Македонскиот грб, Орбини го претставува во склоп на општиот јужнословенски грб составен од 9 земски грбови. На овој општ грб одделните земски грбови се многу небржно претставени, притоа без да се води сметка за боите на истите. Па така направени се и две кардинални грешки.
Првата грешка е што над грбот напишал:
“Regno Arm Di Stefano Nemagna re, et imperadore Di Rassia “
, што значело дека Орбини го смета за грб на Стеван Немања. Орбини ја познавал добро српската историја па одтаму и чидно како можел наместо името на Стеван Душан, да го стави името на Стеван Намања.
Втората крупна грешка ја
направил со тоа што ги измешал и им ги сменил местата на Македонскиот и Бугарскиот грб
. Во грбовникот на Кориниќ-Неориќ, како и во Грбовниците направени подоцна, местото на Македонскиот грб во општиот грб по правило се наоѓало во првото горно поле во десниот хералдички агол, а Орбини тука на тоа место го ставил Бугарскиот грб, па така Македонскиот бил ставен на местото од Бугарскиот.

 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Македонскиот грб во Алтхановиот Грбовник од 1614 година кој се чува во Болоња


Михаил Адолф Алтхман е роден во 1574, а умрел во Виена во 1638 година. Во својата 20 година бил полковник одликуван во војните против Османлиската Империја, во 1607 станал фелдмаршал, а во 1610 добил грофовска титула.
Грбовникот кој тој го составил е со убаво сликани грбови, натписи и потписи на два јазика, со кирилица и со латиница.
Македонскиот грб во Алтхановиот грбовник е даден само еднаш и тоа како посебен грб. Македонскиот грб е жолт лав, исправен на задните нозе, со круна на главата и со двокрака опашка на црвено поле. Над штитот се наоѓа, со дијаманти богато украсена круна, а на грбот пишува: “Македонске земле цимери“, а под него “Insigna Regni Macedoniae“. Составувачот прво погрешил, наместо “Macedoniae“ напишал “Dalmatie“, но го прецртал, како што се гледа на сликата. Македонскиот грб се наоѓа на VI лист од овој грбовник и уметнички мошне убаво нацртан со штит во Варјашка или Тиаголна форма.



Македонскиот грб од Алтхановиот Грбовник од 1614 година (клик на сликата за зголемување)


Македонскиот грб во Грбовникот од 1620 година, кој се наоѓа во Музејот за Применета Уметност во Белград

Овој грбовник во научната јавност е познат како: “Непознати Грбовник породице Охмучевиќа“, а се до 1936 година се наоѓал во Виенската антикварница “Giehofer und Rauchburg“ од каде тогашниот југословенски конзул во Грац го купил и од 1936-1963 година го чувал во своето семејство.
На листот 6 од овој грбовник е грбот на Macedoniae, на 7 на Illiriae, на 8 na Bosniae, на 9 на Dalmatiae, на 10 на Croatiae, на 11 на Sclavoniae, на 12 на Bugariae, на 13 на Srbiae и на листот 14 грбот на Rasciae. Целиот Грбовник е работен во боја, со голема употреба на злато. Од уметничка страна е еден од најубавите грбовници.Под грбовите на лентите имињата се запишани со латиница и со готица.
Во овој Грбовник Македонакиот грб е даден три пати. Еднаш посебно, а двапати во состав на општите грбови. Посебниот Македонски грб уметнички е многу ибаво нацртан: исправен жолт лав на црвено поле. Лавот е нацртан со златна боја и е со двокрака опашка и мала круна на главата.
Првиот општ грб е даден на листот бр.5 а во него Македонскиот грб се наоѓа во првото горно десно хералдичко поле, а лавот е полу исправен.
Вториот општ грб е претставен на страната бр. 16 и на него Македонскиот грб се наоѓа на истото стандардно место. На овој грб со арапски бројки се одбележани земските грбови, а под лентата во три колони е облежано чиј е грбот.
На сите три грба каде се појавува Македонскиот грб штитовите се во Француска форма а Македонакиот лав е претставен со опашка која се дели на два крака.



Посебниот Македонски Грб; Првиот и Вториот општ грб од “Напознати Грбовник породице Охмучевиќа“ од 1620 година Македонскиот грб во Грбовникот на Марко Скороевиќ од 1636-1638 година во Виена

Овој Хералдички зборник се чува во бившата дворска Бибилотека во Виена (сега Österreichishe Nationalbibliothek) под името “Грбовник на Марко Скороевиќ а се смета дека е правен како подарок за австрискиот надвојвода Фердинанд Фрањо, син на царот Фердинанд III и царицата Марија. Грбовникот е луксузно направен со посебен латински предговор пишуван на убава хартија, со убав ракопис и слики во боја и позлатени. На грбот од грбовникот е залепена хартија со натпис: “Insigna Regnorum Illustris Imperii Illyrici“.
Како и во другите грбовници, и во овој во почетокот го има ликот на патронот на цела Илирија - св. Ероним. Тој во десната рака го држи илирското знаме со сребрена полумесечина и ѕвезда на црвено поле. Потоа доаѓа св. Богородица како “patrona terrae Illyricae“, т.е. заштитничка на илирската земја.
На петтиот лист е првиот општ грб “Insigna Imperatoris Stephani“ , каде што Македонскиот грб е пак во првиот горен агол од десната хералдичка страна. Лавот е полуисправен како и во другите општи грбови.
На листот 6 е даден посебниот Македонски грб, кој носи наслов: “Insigna Regni Macedoniae“. Лавот е во златна боја и исправен на задните нозе, на црвено поле со круна на главата и поделена опашка.
Дури на листот 16 се наоѓа вториот општ грб со натписот: “Insigna Henrici filij Stephani Regis“, каде редоследот на грбовите не е запазен како кај другите општи грбовници. Па така за да се истакне Илирската идеја местото на Македонскиот грб го завзема грбот на Илирија како прв во горниот десен хералдички агол.
 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Македонскиот грб во Белградскиот Грбовник од 1640 година

Овој Грбовник се чивал во Народната библиотека во Белград а таму бил донесен откако бил купен од книжарницата Херолд во Виена во периодот помеѓу 1860-1878 година. Грбовникот не е во боја, туку боите биле означени со т.н. хералдичко шрафирање. Во овој грбовник Македонскиот грб бил три пати нацртан, еднаш посебно и двапати во составот на двата општи грба. Посебниот Македонски грб е многу едноставен: во германскиот штит или бел лав на црвено поле. Ова е едниствен случај каде лавот е во бела боја. Грбот нема круна ниту над главата, ниту над штитот.
Интересен е општиот грб, наречен “грб на цар Урош“ кој е комбинација од повеќе посебни грбови, земски и семејни. Сите штитови се во германска форма.




Општ грб наречен “грб на цар Урош“ од Белградскиот грбовник од 1640 година

Македонскиот Грб во Фојничкиот Грбовник од 1675 година
Ова е интересен Грбовник кој се чува во фрањевачкиот манастир “Цв. Дух“ над гратчето Фојница, кој за време на турското владеење во првата половина на XIV век бил центар на босанските фрањевци и католици. Манастирот има своја богата библиотека, музеј и архив во кој се чуваат многу стари, ретки и скапоцени ракописи.
Во Фојничкиот Грбовник Македонскиот грб се сретнува само двапати, еднаш посебно и еднаш во склоп на општиот грбовник.На првата пагинирана страна има во боја насликан општ грб на јужнословенските народи со правилен распоред на грбовите. Со буквата А е означен Македонскиот грб : жолт лав на црвено поле со круна.
На страната бр.2 е посебниот Македонски грб, жолт лав со грофовска круна на црвено поле. Штитот е во германска форма со уште една круна над него и празна лента на која би требало да стои “грб на Македонската земја“. Под грбот се наоѓа друга лената на која е испишано : “Macedoniae“.


Општиот грб и посебниот Македонски грб од Фојничкиот Грбовник од 1675 година


Македонскиот грб во Оловскиот Грбовник во Болоња од 1689 година
Во Универзитетската бибилотека во Болоња се наоѓа Грбовник со сигнитура Codex 103/I наречен од Соловјев “Оловски Грбовник“ и за него се смета дека е направен во Дубровник од Иван (Giovani) Бенигни, од Олово - Босна, ктитор на Оловскиот манастир. Овој Грбовник има 174 грба.
На листот бр.6 е посебниот грб на Македонија, кој не е во боја, но е многу убаво нацртан.Тоа е исправен лав со двокрака опашка со круна на главата, поставен на штит во грманска форма а над него има петокрака круна. Под грбот на драперија пишува “Macedoniae“. Од сите Македоснки грбови кои не се во боја овој е најубаво нацртан.
Македонскиот грб се појавува и во двата општи грбови. На првиот општ грб, Македонскиот грб е стандардно во првото горно поле на десната хералдичка страна.
Вториот општ грб е т.н. “Regis Stephani Vrosy Namagnich insigna“. И тука Македонскиот грб е прв на десната хералдичка страна.




Посебниот Македонски грб; Првиот општ грб и вториот општ грб -“Regis Stephani Vrosy Nemagnich insigna“ од “Оловскиот Грбовник“ од Болоња 1689 год.
Македонскиот грб во Берлинскиот Грбовник од крајот на XVII век
Овој грбовник денес се наоѓа во Deutche Staatsbibliothek. Грбовникот е правен многу педантно, со златни букви и богато е укоричен. Во овој Грбовник Македонскиот грб фигурира двапати, еднаш е даден посебно (самостојно) : на штит во германска форма, на црвено поле има жолт исправен лав. Над главата на лавот има круна. Опашката на лавот му е крената и на неа се наѓа факел што во хералдиката означува (симболизира) светла иднина. На штитот има златна петокрака круна. Под грбот во лентата пишува “Macedoniae“ а на лентата над грбот пишува “цимери Мачдонске земле“. Од овој кириличен запис се гледа дека авторот на грбот не знаел добро кирилица, па затоа и некои кирилични букви ги заменил со латински.
Вториот Македонски грб се наоѓа во општиот грб на југословенските народи, на неговото стандардно место и во стандардните бои: жолт лав на црвено поле. Едниствена разлика е што лавот не е исправен.




Посебниот Македонски грб и Општиот грб од Брлинскиот Грбовник од крајот на XVII век


Македонскиот грб во ракописната стематографија на Павле Ритер Витезовиќ од 1694 година

Стематографијата на Павле Ритер Витезовиќ од 1694 година во ракопис се чува во Универзитетската библиотека во Болоња во оставнината на грофот Luigi Ferdinando Marsili. Оваа Стематографија заслужува посебно внимание поради тоа што Витезовиќ од невнимание и несакајки направил огромна грешка, која потоа оставила длабоки последици се до денес. Имено тој во составувањето на Стематографијата ги заменил бугарксиот и Македонскиот грб. Таква замена можела да се случи поради фактот дека и двата грба имаат ист или сличен амблем, но боите им се различни. Разликата била во тоа што над Македонскиот грб пишува “Macedonia“, а над бугарскиот “Bulgaria“. Оваа несвесна замена ја направил поради тоа што тој не ги цртал ни составувал грбовите на Балканските народи и семејства; туку туку тој ги сечел грбовите од некои постари збирки на грбови. Овие сечени грбови, потоа ги лепел на бела хартија што потоа ја укоричувал во вид на книга. Исечоците не ги сечел заедно со натписите што биле напишани под или над грбовите. Потоа на хартијата на која ги лепел исечените грбови го пишувал натписот и така над грбот на Македонија напишал “Bulgaria“, а над грбот на Бугарија напишал “Macedonia“.
Така на овој посебен грб на Македонија за првпат има црвен лав на жолто поле. Додека пак оној на Бугарија, кој ги има боите и изгледот на автентичниот Македонски грб подоцна по ослободувањето на Бугарија, кога се поставило прашањето за Бугарскиот државен грб, бил земен со овие бои со кои бил претставен во Стематографијата на Жефаровиќ од 1741 год.(правена по урнекот на онаа од Павле Ритер Витезовиќ од 1694год.)


Посебниот грб на Македонија кој е заменет со Бугарскиот по грешка од ракописната стематографија на Петар Ритер Витезовиќ од 1694 год.
 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Македонскиот грб во печатената Стематографија на Павле Ритер Витезовиќ од 1701 година.

Павле Ритер Витезовиќ бил писател, историчар, печатар, бакрорезец, политичар и одушевен приврзаник на “илирската идеја“. Роден е во Сењ. Пишувал на латински и на хрватски јазик. Завршил исусовска Гомназија во Загреб.
Македонскиот грб во неговата печатена Стематографија е на страна 28 и на него Витезовиќ извршил три значителни измени.
1. Овде грбот има штит во шпанска или квадратна форма, која до Витезовиќ воопшто не се појавува, туку Македонските грбови имаат грманска, а поретко и француска форма.
2. Исто така направил и големи измени на боите на грбот. Се до Витезовиќ, Македонскиот лав бил жолт на црвено поле.
Во стематографијата на Витезовиќ е обратно: лавот е црвен на жолто-златно поле. Ова е многу значајна измена бидејќи се пренесува понатаму во другите (понови) хералдички публикации кои се водат од оваа (тука посебно се мисли на трудот на Жефаровиќ од 1741 год.
3. Над главата на Македонскиот лав нема круна, додека над главата на бугарскиот тука се појавува, за разлика од “илирските“ грбовници каде е обратно.
Се на се, Витезовиќ направил промени кои во хералдиката не се дозволени.
Над штитот на Македонскиот грб има царска круна со пет крака, украсена со дијаманти. Над грбот пишува “Macedonia“ а под има четири стиха на латински јазик, кои во слободен превод гласат:
“Златните мои штитови се украсени со црвен лав
Некогаш биле грбови на царското достоинство,
Тој го заменил големиот лав со турска чалма,
Кој (штит) ја изгубил вредноста по отстранувањето на лавот.“




Македонскиот грб и четирите стихови од печатената Стематографија на Павле Ритер Витезовиќ од 1701 година



Македонскиот грб во Грбовникот наречен “Codex Kevešic“ од 1740
Овој Грбовник се наоѓа кај професорот Глиго Ведран, во Сплит и се чува како семејна реликвија. Во него има 161 грб, од кои некои се повторуваат и по двапати. На корицата од Грбовникот стои “Stemmi Illirici esteri“, а на првата страна е напишано : “Diverse Armi dei Re Imperatore, Contadi e Duchi d`Ungaria e Bosna“.
Грбот на Македонија е на деветтиот непагиниран лист. Македонскиот грб по својата композиција сепак се разликува од другите посебни Македонски грбови. Амблемот му е жолт лав на црвено поле. Над главата лавот нема круна. Штитот има француска форма и е околу во рамка, што не е случај кај другите Македонски грбови. Над штитот има петокрака војводска круна украсена со дијаманти, а под штитот без лента пишува “Macedoniae“.
Во овој Грбовник Македонскиот грб се сретнува и во составот на општиот грб што се наоѓа на вториот непагиниран лист. Македонскиот грб, како и обично е во првото горно поле од десната хералдичка страна: жолт полуисправен лав на црвена позадина.



Посебниот Македонски грб и Општиот грб од “Codex Kevešic“ од 1740 година


Македонскиот грб во Стематографијата на Христофор Жефаровиќ од 1741 година

Христофор Жефаровиќ бил зограф, иконописец, бакрорезец, печатар, калуѓер, трговец, прв Македонски хералдичар и еден од најраните Македонски преродбеници. Предвоената историографија го смета за Бугар или Србин, а Вељко Петровиќ во 1929 година напишал текст за Жефаровиќ во Нaродната Енциклопедија од Станое Станоевиќ, во кој прв напишал дека Жефаровиќ бил Македонец. За неговото родно место се смета дека е Охрид или околината на Охрид, но сеповеќе преовладува мислењето дека тој потекнува од Дојран.
Во Стематографијата на Жефараровиќ Македонскиот грб го има трипати и тоа еднаш посебно а двапати со другите словенски грбови. Во првото издание Македонскиот грб е даден во склоп на една композиција од 56 грба. Во средината е цар Душан на коњ, а околу него се грбовите на сите Словени од Јадранското море па се до Северниот Леден Океан. Овде Македонскиот грб е даден под бугарскиот како црвен лав на жолто полесо штит во италијанска форма. Над Грбот пишува “Macedoniја“. Во второто издание ја нема оваа композиција и таа е заменета со друга, слична.Во оваа композиција околу цар Душан има 20 грба и плус по четири во аглите, вкупно 24. Тука отпаднале грбовите кои не се однесуваат на јужните словени (на Чешка, Русија, Полска и др.). Македонскиот и одве е ист како и во претходната композиција.
Посебниот Македонски грб во Стематографијата на Жефаровиќ е превземен од оној на Витезовиќ, заедно со грешките кој овој ги направил во неговото претставување а образложени погоре. Над грбот пишува
Македонïа“, а под грбот има четири стиха кои се превод од латински на црковно-словенски а тие во слободен превод гласат:
“Исправен црвен лав на златно поле,
Знамение на црквата на која и се прави чест.
Големиот Турчин ја однел дијадемата од лавот;
Изгубив јас секаква честшто толку ја имав. “



Првата и Втората композиција на грбови ос Стематографијата на Жефаровиќ од 1741 год. и Посебниот Македонски грб.


Македонскиот Грб во Патријаршиските печати и грбови на Карловачката Митрополија од 1741 година
Грбот на Пеќските патријарси со грбовите на сите земји што спаѓале под јуриздикција на Пеќскиот патријарх Арсение IV Шакабента меѓу кои и Македонскиот грб: црн лав со двокрака опашка на бело поле. Тој е направен од дрво во облик за да може да се стави над врата или влез. Некогаш стоел над влезот на Карловачката митрополија.



Трите општи грбови на Пеќската Патријаршија од 1741 год. на кои се наоѓа и МАкедонскиот грб и минијатурата одделно на Македонскиот лав.



Македонскиот грб во Грбовникот на Иво Сарака во Дубровник од 1746 година
Овој Грбовник во боја бил во приватна сопственост кај дубровничкиот властелин Иво Сарака а денес се наоѓа во Дубровничкиот архив. Во овој Грбовник Македонскиот грб се сретнува само еднаш и тоа посебно како земски грб на Македонија. Тоа е жолт лав на црвено поле во штит со германска форма. Над штитот има војводска петокрака круна. Под штитот пишува “Macedoniae“. Целиот грб е цртан доста едноставно, но јасно и изразито.



Македонскиот грб од Грбовникот на Иво Сарака од 1746 год.




Македонскиот грб во книгата “Heraldicae Regni Hungariae Specimen“ печатена во Виена 1766 година
Книгата е хералдички прирачник во која како додаток се наоѓа една табла со 20 посебни грбови и еден општ. Македонскиот грб во неа е даден во склоп на општиот грб како исправен лав на првото десно хералдичко поле. Книгата претставува голема реткост бидејќи е печатена во 100 примерока. Сликите од неа се превземени од примерокот кој се чува во бибилотеката на Budapesti törtèneti mùzeum како раритет.

Насловна страна од Книгата “Heraldicae Regni Hungariae Specimen“ печатена во Виена 1766 год. и таблата со 20 грбови и општиот грб на кој се наоѓа Македонскиот грб
 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Македонскиот грб во историјата на Раиќ од 1794 година
Јован Раиќ (1726-1801) бил историчар и писател, еден најпроучените српски калугери на своето време. Во третата книга на неговата историја, веднаш зад страната 682, има еден бакрорез, кој во центарот го прикажува цар Душан на коњ со меч во рака: Коњот ги гази турските знамиња и оружје, анад него летаат ангели кои со труби ја огласуваат неговата победа и му носат круна и ловоров венец. Околу Душан, во круг се грбовите на сите Јужни словени. Во овој венец на грбови се наоѓа и Грбот на Македонија во штит со тркалезна или италијанска форма со исправен црвен лав на жолто поле.




Македонскиот грб во Грбовникот на Грофот Ладислав Фестетиќ од 1837 година
Богато украсениот Грбовник на грофот Ладислав Фестетиќ од Толна денес се чува во библиотеката на Матица српска во Нови Сад.
Македонскиот грб во него се сретнува двапати еднаш посебно и седнаш во состав на општиот грб. И во двата грба е жолт исправен лав на црвено поле. Над главата на лавот има има мала круна , а штитот на посебниот грб е германски со голема војводска круна и натпис “Macedoniae“ под него и празно поле над него на кое веројатно недостига текст “цимери Македонске земле“.



Посебниот Македонски грб и општиот грб од Грбовникот на грофот Ладислав Фестетиќ од 1837 год.

Македонскиот грб во Оставината на Људевит Гај од 1842 година

Од оcтавината на Људевит Гај е земен грбот на Македонија, кој како што се гледа е многу сличен на фојничкиот, бидејќи од таму бил и копиран. Разликата е само што овде ги нема лентите а наместо нив натписот Macedoniae е напишан со ракописни букви и на страна. Амблемот е жолт лав со круна на главата на црвена позадина.


Македонскиот грб во црквата на Рилскиот Манастир од 1844 година

Рилскиот манастир во ХIV век се наоѓал во феудалниот посед на Реља Охмухчевиќ кој бил вазал на српскиот цар Душан. Токму Реља Охмухчевиќ од темели го обновил манастирот за многу подоцна на 13 јануари 1833 година да изгори речиси целиот манастир во пожар. Во периодот од 1844-1846 год. со султански ферман се дозволила обнова на манастирот во која учествувале Македонски живописци од “разлошката“ и “самоковската“ школа водејќи се од стематографијата на Жефаровиќ.
Па така северниот дел од иконостасот, на порталот се зографирани четири грба:Српскиот, Бугарскиот, Босанскиот и Македонскиот. Сите грбови се прикажани токму онака и во оние бои како што се прикажани во Стематографијата на Жефаровиќ.
Но зошто токму овие четири грба ?
Преку овие четири грба зографите всушност сакале да ги истакнат четирите самостојни средновековни држави (Српската, Бугарската, Босанската и Самоиловото царство) , четирите самостојни јужнословенски цркви (богомилската, трновската, Охридската и пеѓската патријаршија) и четирите соседни и одделни јужнословенски народи.
Македонскиот грб е на штит во шпанска форма и над него пишува“Македониа“ а се наоѓа во долниот дел десно на порталот.




Порталот на северниот дел од иконостасот од црквата во Рилскиот Манастир 1844 год и Македонскиот грб одделно



Македонскиот грб во некои преписи од Пајсиевата историја од средината на XIX век




Македонскиот Грб од преписите на Пајсиевата Историја од средината на XIX век Macedonian Emblem XIX

Второто Илинденско Знаме 20.Јули.1903

 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
ЗЕМСКО ЗНАМЕ ШЕСНАЕСЕТКРАКОТО СОНЦЕ

Македонската наука ја нема напишано историјата за македонското знаме. Вакви истражувања и не биле можни поради краткотрајните опстојувања и повеќевековното непостоење на македонската државност. Научни истражувања не се извршени ниту на темата за традициите на знамињата во Македонија, иако тие се развивале во сите битки во античкиот и во средновековниот период, во сите востанија и војни во поново време.

Македонското знаме, како државен симбол, не се разликувало во својот развој од развојот на знамињата на другите народи. Би требало корените да му се бараат во историјата, во антиката кога се појавило како симбол на македонската војска.
Многу подоцна знамето станало симбол на државата. Според тоа, постојат државно и воено знаме, двете се светост за народот и за армијата.

Државното знаме е основен симбол кој го изразува државниот суверенитет и е препознатливо обележје на секоја држава во меѓународните односи. Тоа се појавува на одреден степен од развојот на народите како обединувачки симбол. Знамето ја изразува колективната свест на народот за припадноста на одредена држава. Со развојот на државноста се случуваат промени и на знамето.

Военото знаме е специфичен и особен дел од државното знаме и е препознатлив знак на воена единица, воена институција или поинаква воена формација. Носејќи ја во себеси државната симболика, военото знаме ја олицетворува и државната принадлежност врз единицата на која ј е врачено.

Тоа е симбол на храброст, доблест и слава не само на оние кои го чуваат, туку на сите што низ векови го носеле, кои пред него се заветувале и заколнувале и што за него живот давале.

Во себе содржи безусловно исполнување на воениот завет, почит кон загинатите во борбата за национална слобода на Македонија и целосно исполнување на воената заклетва. Тоа е фокусот кој ги обединува силите и духот на народот. Знамето е симбол кој ги поврзува народот, територијата и настаните низ историјата. Ги обединува минатото, сегашноста и иднината.

Симболите се појавуваат стихијно и го изразуваат заедничкиот стремеж на народот за создавање вредности кои ќе го изразуваат историскиот пат на развојот на општеството. Ги изразуваат заедничките и далечните паметења, идеи, цели, стремежи и состојби. Всушност, симболите и симболиката се постоен атрибут од животот и опстојувањето на државите, религиите, општествените движења, политичките партии, револуционерни и востанички појави. Без нив е незамисливо државното уредување, опстојувањето и функционирањето на државните институции, науката, културата и другите организации.

Една од најзначајните особености на симболите е тоа што тие предизвикуваат целонасочено преживување и поистоветување со опстојувањето и живеењето на сопствениот народ. Со особена сила тоа важи за државните симболи: химната, знамето, грбот кои подразбираат народ, татковина, сувереност, државна граница, државен идентитет и заземаат мошне значајно место во сознанијата на современиот човек, особено ако се инкорпорирани со високи достигнувања во општествениот, економскиот и духовниот живот.

Државните симболи, покрај претставителниот, имаат и општествено-политичко, емоционално и воспитно-образовно влијание врз човекот. Тие обединуваат мноштво и разновидни народи, религии и култури и ја зацврстуваат индивидуалната и колективната свест за припадноста на една држава.

Поврзувањето на уметничките ликови, националните бои, поетските стихови и мелодијата на химната благотворно и влијателно дејствуваат врз сознанието и свеста на луѓето, создаваат силна мотивација за реализација и самодокажување на човекот во општеството, за љубов кон татковината и подготвеност за саможртва во остварувањето на целите и идеалите.

Уште од најстари времиња симболите се изразуваат преку бои, предмети, животни, минерали и небесни тела. Од праисторијата до денес тие симболизираат определени особености на човекот, поврзаност и суштествување меѓу народот, нацијата и државата.
Боите, предметите, животните и небесните тела, кои најчесто во комбинации претставуваат симбол, имаат особено значење и силна порака.

Боите соопштуваат порака и влијаат врз човековите чувства, врз поимањето на предметите, другите суштества, настаните. Со време луѓето научиле да ги "читаат" боите, да се идентификуваат и препознаваат и таа симболика управува со нашите чувства без да бидеме свесни. Во светот боите имаат различни, дури и спротивни значења. Во нашата средина и пошироко тие имаат универзално значење.

Црвената боја симболизира љубов, убавина, грев, страст, храброст, смелост, великодушност, јунаштво, претпазливост, внимание, трпение, мудрост, постојаност и образованост. Најчесто асоцира на крв, војни, сила, востанија, политички преврати, револуции, оган, топлина, борба.

Жолтата боја симболизира богатство, топлина, мудрост. Таа е боја на сонцето, боговите, житото, на плодородноста, изобилството, а асоцира на болест, љубомора, предавство.

Појавата на животните на некои симболи има одредено значење. На пример, лавот симболизира сила, јунаштво, храброст, смелост, великодушност, власт. Меѓу другите симболи најчесто се применува сонцето кое симболизира топлина, богатство, радост.

Македонските државни симболи - знамето, грбот и химната се неразделно поврзани со историјата на народот и на државата. Тие ја олицетворуваат силата и независноста на татковината, нејзиното создавање и развој. Ја изразуваат суштината и духот на македонскиот народ и поврзаноста со другите народи.

Во античкиот период духот и единството на македонскиот народ биле поврзани со шеснаесеткракото сонце на црвена основа. Ова знаме било симбол на античката македонска војска. Се виорело во рацете на Александар Македонски, од Егејското Море до Дунав и од Јадранското Море до Индија. Ги обединувало сите сили на македонската војска, без оглед на нивната племенска, народна или полова припадност. Средновековната македонска војска, цар Самуил, виорела црвено знаме со двоглав орел во средина.

Веројатно вакво знаме имало и во Карпошевото востание, со оглед на тоа дека во Негушкото востание имало црвено знаме со двоглав орел во средина. Во Разловечкото востание - црвено знаме во средина со огнен (црвен) лав на жолто поле. Ова знаме било развеано и во Пијанечкото и во Кресненското востание.

Во Илинденското востание доминирало црвено знаме, со натписот "Слобода или смрт" со жолта боја во средина. Во Младотурската револуција Јане Сандански го носел македонското знаме дури до Истанбул, црвено знаме со осмокрака жолта ѕвезда и полумесечина во средина.

Во текот на Националноослободителната војна македонското знаме е црвено во средина со жолта петокрака. По осамостојувањето на Република Македонија за државно знаме е прогласено црвеното знаме во средина со шеснаесеткракото сонце со жолта боја.

Подоцна, на барање на Грција и по интервенција на меѓународните фактори, државава се откажа од шеснаесеткракото сонце, а за државно знаме го прифати црвеното знаме со осмокрако сонце, чии кракови се протегаат низ целата должина и широчина.

На македонското знаме, како симбол на војската, а потоа и на државата, се менувале сонцето, орелот, лавчето, петокраката, повторно сонцето. Меѓутоа, црвената и жолтата боја секогаш останувале и тие претставуваат континуитет во историјата на симболите, односно на знамето на македонскиот народ. Тоа значи дека македонското знаме не е наметнато од надвор, не е копија од некое друго знаме, туку е конкретен резултат на историскиот развој на македонскиот народ и на неговите борби за слобода и самостојна држава.

Поради тоа, македонското државно знаме претставува особен, препознатлив белег на државата Република Македонија пред останатиот свет. Тоа ја изразува независноста на народот пред други земји и народи. Силно влијае за стимулирање на патриотските чувства на сите граѓани на Македонија во земјата и во дијаспората. Потсетува на борбите на македонскиот народ за слобода и независност.

Сугестивно влијае на сите државници, политичари, спортисти, уметници и мотивира љубов кон народот, татковината, чесност и одговорност. Во воено време го засилува патриотизмот и ги мотивира вооружените сили за исполну- вање на долгот, заклетвата и на саможртва, ако треба, пред олтарот на татковината. Знамето содржи, но и воспоставува строга традиција, култура и правила на користење и на однесување кон него.

Со појавата на новите нации знамето станува неопходност за секоја нација и држава. Меѓутоа, треба да се разграничи државното од националното знаме. Некои држави се составени од повеќе нации. Нивните државни знамиња треба да ја содржат симболиката од сите нации или барем од оние кои преовладуваат. Неприродно е во една држава да се виорат две национални знамиња.

Државното знаме е единствено и во него можат да се инкорпорираат симболите на другите нации во државата. Од друга страна, сите нации не успеале да формираат држави во рамките на своите етнички граници. На пример, дел од македонската нација останал во соседните држави. Тие се лојални граѓани на нивните држави и го почитуваат нивното државно знаме.

Меѓутоа, не треба да се идентификува државното со националното знаме. Националното знаме се идентификува со земското, односно со етничкото знаме. Во случајов, за македонско етничко или земско знаме треба да се прифати црвеното знаме во средина со шеснаесеткракото сонце. Тоа го симболизира единството на сите граѓани кои потекнуваат од етничката територија на Македонија и кои се чувствуваат како Македонци.

Ванче Стојчев
 
Последно уредено од модератор:

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Последно уредено од модератор:
Член од
31 декември 2007
Мислења
212
Поени од реакции
8
Целатa книга на Аaександар Матковски сте ја скенирале-браво. :)

Треба да се почнат поопсежни истражувања околу македонските грбови - се кријат многу по европските библиотеки (не мислам на земскиот - мислам на приватни грбови).
 
Последно уредено од модератор:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Грбот на Александар Македонски е присутен во европската традиција од 14 век. Тој е составен дел од групата на „девете достојни“ и се појавува во пет ракописи, досега откриени. Најчеста е преставата на лав, и тоа златен на црвено поле.

На сликава Александар е придружуван од Цезар (Chavalier errant, B.N Paris, 1394)


 
Член од
2 јули 2007
Мислења
465
Поени од реакции
39
Цела книга на АЛександар Матковски сте ја скенирале-браво :)
Треба да се почнат поопсежни истражувања околу македонските грбови- се кријат многу по европските библиотеки (не мислам на земскиот - мислам на приватни грбови)
Цена на книгата е 300 денари, и ја има во книжарницата Египетска Сонувалка, на улица Македонија. Вреди да се има во домашната библиотека.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Во Македонија имало грбови кога и во Франција

Според доц.д-р Снежана Филипова први издржани хералдички грбови на територија на денешна Македонија имало уште во 12 век. Тоа го потврдуваат грбовите насликани на штитовите на светите воини од црквата Св.Пантелејмон во Нерези, кои потекнуваат од 1164 година



д-р Снежана Филипова

- Најстарите грбови на кои никој досега не се осврнал од хералдички аспект, туку само се спомнува дека штитовите им се поделени на хералдички полиња, ги воочив 2007 година на фреските во црквата Св. Пантелејмон во Нерези, Скопје, кои потекнуваат од 1164 година, насликани на штитовите на светите воини Теодор Тирон, Теодор Стратилат и Св. Димитриј и Св. Нестор. Ова докажува дека првите правилно обликувани - издржани хералдички грбови на македонско тло имало уште во 12 век. До сега земскиот грб на Македонија, насликан во ракопис од 16 век, нарачан од благородникот Петар Охмучевиќ, во вид на златен лав на црвен штит е единствената асоцијација на хералдиката во Македонија. Она што е особено важно е дека овие грбови се речиси истовремени со грбот претставен на надгробната плоча на благородникот Норманот Џефри Плантагенет, роднина на идниот освојувач на Англија - Вилијам Освојувачот, а за кој се смета дека е најстар во Европа. Околу овој грб има дилеми околу староста, според некои е изработен во 1151, според други во периодот меѓу 1155-1160 година, бидејќи го подигнала неговата сопруга, а се спомнува за прв пат во еден документ пишуван во 1171 г, 25 г. По смртта на Џефри, вели доц. д-р Снежана Филипова од Институтот за историја на уметност и археологија.
Филипова потенцира дека ова се всушност и најстарите ликовни хералдички извори во Република Македонија, и на Балканот, со оглед дека до сега биле анализирани само ракописи грбовници и документи како хералдички извори во кои се споменува нашата територија. Таа потенцира дека грбот на којшто стои дека ја претставува Македонија, односно златниот лав на црвен штит, оној на Петар Охмуќевиќ имал за цел вистински или лажно да докаже дека благородникот поседува земја на територија на Македонија и останатите земји кои ги навел како дел од своето наследство.

Тоа биле земски грбови и се однесувале на одредена територија со суверенитет или провинција во состав на држава, но најстари во хералдиката се индивидуалните грбови на благородниците. Веќе во 14 век во Европа грбовите со повелби, кои содржеле насликан грб, им се доделувале на благородниците и се однесувале на земја, област, град, организација, семејство.
- Порано идентификација на територијата на Македонија за повеќето што ги интересира историјата и хералдиката беше златниот исправен лав на црвен штит, но ликовните извори кои ги открив покажуваат дека во Македонија има многу голем репертоар на амблеми кои се користеле во идентификација на благородници или подрачја. До сега од ликовните извори и археолошките ископувања беа познати аплицирани на облеката, воената опрема и на накитот на благородниците двоглавиот орел, орелот, кучето, волкот, грифонот, лавот, лилјанот, а сега ним им го додаваме и златниот кентаур на бел штит од Св. Пантелејмон, и двобојната поделба со црвена и зелена на штитот на 4 хералдички полиња, и повторно се соочуваме со златниот лав, овојпат на бела подлога. Ктитор на Св. Пантелејмон е византискиот принц Алексеј Комнен, кој е познат по своите дипломатски способности и заедно со владејачкиот византиски император Мануел Први, поборник за приближувањето на Истокот и Западот, објаснува д-р Филипова.

http://vecer.com.mk/?ItemID=F082EA2E1EC7F542B18031B07C88557E
 
E

emission

Гостин
Да се види каде се има стари книги кои го содржат Македонскиот грб.


 
A

anaveno

Гостин
pred da ima grbovi,imalo


STITOVI
i toa kakvi...
krstonoscite od Kipar....

ili se francuzi ili nekoj e dedo na Ricard Lavecot-srckata....
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Анавено не биди шкрт на зборови, кажи ни повеќе за сликите кои ги постираше!:)
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
pred da ima grbovi,imalo
STITOVI
i toa kakvi...
krstonoscite od Kipar....

ili se francuzi ili nekoj e dedo na Ricard Lavecot-srckata....
Па не ли е во превод хералдички знак ништо повеќе од заштитен знак или знак на штит?
Од кои знаци на штитови после еволуирале во грбови?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom