Skylake
proseCUTE
- Член од
- 7 јули 2016
- Мислења
- 1.078
- Поени од реакции
- 1.711
Можеш да го смениш и за i5 6500, и тој процесор е доста солиден, верувам дека разликата меѓу 6500 и основната верзија на 6600 е прилично ситна.Штета што во анхоч нема 6600 без overclock опција,али ако не е некој сложен и ризичен процес ќе го оверклокнам до 4 макс.А иначе со моменталнава матична не можам да оверклокам???
Основен оверклок можеш да направиш на речиси било кој процесор со било која плоча со тоа што ќе ја подигнеш базичната фреквенција на самиот процесор, но најверојатно нема да добиеш некоја значителна разлика во процесорската моќ, а од друга страна системот ќе ти биде прилично нестабилен, ова не би ти го препорачал воопшто да го правиш. А ако сакаш да го направиш типичниот оверклок со тоа што ќе го зголемиш мултиплаерот и пропорционално ќе ја кренеш волтажата тогаш ти треба 6600k со плоча што дозволува отворање на мултиплаер, во овој случај Z170, овој метод е далеку по ефективен, а ќе ти треба моќен кулер и напојување за цел тој процес да биде исконтролиран.
А зошто воопшто сакаш да оверклокуваш? Процесорот си го купил сега, нов е, и реално немаш потреба од никаков оверклок. Оверклок правиш кога неможеш да го дофатиш тој 60fps стандард и кога си апсолутно сигурен дека процесорот ја блокира фремажата, неможеш да надокнадиш фремажа со оверклок на процесор ако на пример проблемот е во графичката. Процесот не е премногу комплициран но е ризичен. Освен тоа, сите i5 процесори имаат Turbo boost и ја регулираат фреквенцијата по можност и потреба.