Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
"ГРАД НА МОЖНИ СВЕТОВИ" - НАГРАДЕНА ИЗЛОЖБА НА МИНАТОГОДИШНОТО АРХИТЕКТОНСКОТО БИЕНАЛЕ ВО ВЕНЕЦИЈА
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
СКОПЈЕ ЗА УБАВ ЖИВОТ
[/FONT] Глобализацијата, колку што ги зближува толку и ги раздалечува луѓето, велат архитектите, кои додаваат дека светот или градот, колку што е цел толку се гледаат и сите негови пукнатини. Затоа тие со нивните фантазии даваат решенија.
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Ако го видиме Скопје како Венеција, поделено на острови, и тоа само центарот, во пречник од 2 километра, што ќе добиеме тогаш, каква поделеност и, во исто време, какви модели на заедничко живеење во него?
Тоа било основното прашање што како концепт си го поставиле архитектите кои минатата година ја претставуваа Македонија на 10. Венециско биенале и оттаму се вратија со специјална награда.
Тие во основата на својот концепт, чии куратори се Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља, го потенцираат и моментот што повеќе од половина од светската популација живее во урбани населби, градови кои се повеќе ја асимилираат природата околу себе. Не е веќе како порано, да имаме град и околу него природа. Напротив. Затоа тие поаѓаат од ставот дека во денешно време сите имаме право да го мислиме градот. "Во основа на се е мислењето. Пред да се однесуваме кон нештата, треба однапред да го обмислиме нештото. Така е и со архитектурата. Кон неа се поставуваат многу прашања, кои не зависат само од неа, но на кои таа може да даде свои одговори", рекоа кураторите, тргнувајќи во проектот на "Градот на можни светови", вклопувајќи се во актуелната тема за целото човештво, темата на Венециското биенале "Градот, архитектурата и општеството".
Архитектите на 13 црни табли од 110 на 200 сантиметри, со креда нацртаа и објаснија со зборови 4 проекти или, како што тие ги викаат, 4 сценарија, фантазии на секојдневјето. Проектите, од 4 конкретни локации од централно Скопје, се презентирани на таблите во хоризонтални ленти."Прашината е во заднината на проектот, оти кредата се троши, се рони, се брише, и на крајот може да не остане ништо. Но останува мислењето. Се е во процес на трансформација, како што се и градовите", велат наградените архитекти кои ни ги објаснија своите фантазии.
Михаило Зиноски фантазираше на тема Градски трговски центар и современата шопинг култура. Тој понуди можни визии за пронаоѓање практична спрега помеѓу газдите на дуќаните и потребите на современите купувачи.
Тој не потсетува дека од раните 70-ти, кога ГТЦ беше проектиран и кога во него за тогашните потреби на живеењето постоеја големи стоковни куќи, сега е расцепкан на многу дуќани. "Современите барања на купувачите се стихијни и тие сакаат брзо да влезат и да ја задоволат потребата. Не можеме да ги контролираме закупците кои може да купат голем простор, па да го препродаваат. Но можеме со архитектурата да го препознаеме моментот на трансформација и да го организираме просторот, тој да биде во функција на купувачите", вели Зиноски.
Архитектите од ГТЦ се обидуваат и засега успеваат да ги задржат главните јадра на центарот: "Но живееме во време кога се е хаотично, па и менувањето на ГТЦ, затоа се потребни правила во хаосот, за да не дојде до колапс", ни рече Михаило.
Саша Тасиќ и Димитар Папастеревски понудија едно футуристичко решение за Градскиот sид. Тие сакале да го запазат ринг или прстен концептот понуден од Кензо Танге во постземјотресно Скопје и да направат негово енергетско оживување. "Прстенот како решение за центарот е понуден од Димитрие Леко, во 1917 година, а потоа и од Јосип Михајловиќ во 1926 година, кој бил архитект и првиот градоначалник на Скопје. Тоа е убав пример дека градоначалниците на Скопје треба да ја практикуваат архитектурата", ни рече Тасиќ.
Тие замислуваат лебдечка метална структура, како мембрана над Градскиот sид, која нема да пречи на упадот на светлината, а ќе има и енергетска моќ. Би имала фотоволтни ќелии што ќе можат да произведуваат и нисковолтна струја, па така таа обвивка би имала и еколошка употребна вредност, за осветлување или за топла вода. Нивната визија е таа надградба да се рашири и над левата страна на Вардар и да биде заштитен прстен за центарот на градот.
Јован Ивановски направи сценарио за заживување на оската север - југ, што е речиси комплетно уништена. Тој тргнал од податокот оти градот, кој по Втората светска војна бил соодветен на мобилноста на граѓаните, и кој бил речиси пешачки град, неконтролирано се шири по должината на реката Вардар, во насока исток - запад. Затоа тој во својата фантазија нуди транзициони тактики за реинвентивност на мобилноста.
Ивановски нуди точки кои во процесот на мобилност би требало да ги препознаеме, а кои, според активностите што ги вршиме, би го поврзале центарот во насока север-југ. Јован тоа го црта и го објаснува низ конкретни примери на движење заради трговија, спортски активности, живеење, учење, забава.
Владимир Петровски понуди проект наречен "Урбан-нудизам". Тој ја зема населбата Пролет која во социјалистичка Македонија била формирана како социјална населба за домување. Како се во транзицијата така и оваа населба се менува хаотично, без план. Тој во својот концепт не го мери градот по број на жители во одредена површина туку по густината на бројот на активностите на единица волумен. "Зедов активности, како што се да не правиш ништо, да учиш, трговија, креирање, спорт, и ги прераспределив во населбата", вели Владимир. Новите општествени промени, како што објаснува Петровски, им наложуваат на жителите од населбата стихијно да развиваат разни активности. Тој вели дека потребите на современите луѓе денес треба да се плански организирани и оти човек не мора да патува за да дојде до работа, дека сите негови потреби може да се сместени во тој волумен, а не населбата да има намена само за домување, со не организирани доградби и пренамени на граѓаните.
Архитектите од изложбата "Град на можни светови" на крајот се прашуваат што е светот и што што е градот во него? Глобализацијата, колку што ги зближува толку и ги раздалечува луѓето, велат архитектите, кои додаваат дека светот или градот, колку што е цел толку се гледаат и сите негови пукнатини. Затоа, тие со своите фантазии даваат решенија како противречностите на световите во еден град може да живеат заедно.
извор: Вест [/FONT]