Уф, можда многу слики ќе се... ама не знам дал има соодветна тема за моево.
Секогаш сум сакала малечка, топла куќичка. Не огромно пространство во кое ќе се изгубиш. Не ходник во кој има ехо. Еве овакво нешто.
Не многу мало дворче, средно, убаво оградено, со поглед од дневната - да не ги мислам многу дечињата и кучињата, под контрола да ми бидат
Вака, само многу повеќе трева и дрва, ова оградава цела со ползавци (така ли се викаше паразитското растение ептен убаво), и башка едно базенче, не длабоко, онакво малечко, за да се буричкаат цел ден кучињата и дечињата.
Уф.
--- надополнето: 13 март 2013 во 07:21 ---
само,воздишките ќе ни останат,
кој не сака да има ваков двор и живот покрај него,
ама повеќето сме во кафез50-70кв-наречен стан,
останатите во 300-500кв,кое за куќа,кое за кочина,гаража,..
и малкумина и го имаат ова,само што и не се овдека со нас па да го споделат тоа а мож и некој ќе се јави,во живо мислам, а не преземено од списанија и интернет.
Добро има вакви градини,сум видел на Водно,и Бардовци,Матка,Ќерамидница,Сопиште,Хиподром и др.
Но за ова да се направи ни пружила и наша Македонија,да не биде извештачено туку природно:некаде покрај Црна река во Мариово, во Поречието во сите места, па по текот на Бабуна или Крива река,или Осогово и Плачковица,Кожув и Малеш.
Но може и ова,еден „граѓанин“ со кој мерак направил вакво нешто буквално на асфалт,утре и ќе сликнам да видите,во новата населба во Ново Лисиче,каде нема во околината ни тревка па ни земја,само асфалт и плочки,околу сите згради.
Мојот двор не изгледа баш вака, ама е далеку од асфалтирано како што велиш.
Во живо одма би се јавила, проблемот е што е ова јавен форум со илјадници членови и не би сакала слики од сопствениот двор да ставам.
Башка - ни еден ,,архитект,, ,,уредувач на градини,, не го проектирал. Мајка ми го смислува, татко ми го изведува
Сам со свои раце изѕида летниковец, фурна, чешма, фонтана, леи за цвеќенца, мало делче од дворот за марулка и младо кромидче
Ѕид од убави камења за кучето (да не биде ептен во контакт со комшиите), куќарката негова да одговара со летниковецот итн, итн, итн...
И не го направи преку една ноќ. Лето за лето.
Се со свои раце.
Не секогаш парите се ти купуваат. Меракот и посветеноста не се купуваат. Џабе ти е двор како од сликиве, ако немаш мерак да го одржуваш
Цвеќенцата ќе овенат ако нема кој да ги пресади, да ги прекопа, да ги навади, да ја искорне тревата, да ги тргне полжавите итн, итн, итн.....