Гоце Седлоски ја напуштa репрезентацијата ?!

Член од
29 ноември 2008
Мислења
5.970
Поени од реакции
3.574
Досегашниот капитен на нашата фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, според неофицијални извори го одигра последниот натпревар за нашата репрезентација.

На завчерашниот дуел со Шпанија, тој на полувремето самиот побарал да биде заменет поради "некоректното" однесување на публиката кон него (тој беше исвирукван секој пат кога ја имаше топката во посед) и при тоа на еден од играчите му соопштил дека тоа биле неговите последни минути во дресот на репрезентацијата.
Предходниот ден, Седло физички се обиде да се пресмета со Горан Попов, по што беше осуден од речиси целата јавност. Јонуз се обиде да ја смири ситуацијата и да не ја наруши атмосферата во тимот, но по се изгледа во тоа не успеа, односно успеа само делумно. Очигледно егото и гордоста на одредени фудбалери е пред интересите на репрезентацијата а со самото тоа тие се недобродојдени во дресот со националниот грб.(во овој случај Седлоски)
Дали тоа било кажано во афект или не, не знаеме, но ќе видиме веќе на наредната средба дали Седлоски навистина ја напушта репрезентацијата или сето ова е само непотребна фама, која доаѓа во најлош можен момент. пред најважните настапи на нашата фудбалска репрезентација.
Инаку денеска Мирсад Јонуз излезе со став за инцидентот дека инволвираните во него, Седлоски и Г. Попов, ќе бидат парично казнети. Дополнително ќе се разгледува висината на паричната казна.
Инаку би требало Седлоски јавно да се извини за својот испад, па сите фанови да му простат и повторно ќе ја врати својата доверба кај нив. Тоа е работа на секој капитен. Тој е главен и секогаш треба да ја сноси одговорноста за другите, во друг случај не е способен да ја носи капитенската лента.
 

MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
Без него како столб на одбраната го обравме бостанот....се надевам дека во ова нема вистина!!! А за инцидентот од мравка се направи слон...
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Срамота! Кај се видело капитен на репрезентација да биде исвиркан...само овде и во Боцвана...ебати сеирот и народот никаков! И јас би си отишол...тоа што се случило на тренинг не е причина да биде исвиркан на терен каде што гине за репрезентацијата...пу јазк да ти ебам народот прост!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.235
Поени од реакции
41.551
Leeeeaveeee Goceeee aloooone .

Шала на страна, можност да ни се подобри одбраната конечно . :tv:
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.676
Поени од реакции
4.791
Сам си го бараше ... кога сака да изиграва газда и силеџија
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Leeeeaveeee Goceeee aloooone .

Шала на страна, можност да ни се подобри одбраната конечно . :tv:


Да да ќе се подобри одбраната како во второ полувреме со шпанија кога без него за 5 минути примивме 3 гола :helou:
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Денеска во спорт пишуваше дека Седлоски нема намера да се откаже од репрезентација заради свирежите, незнам од каде е текстов. Читајте и сами иако и на Спорт не им е за верување многу:

http://www.sport.com.mk/WBStorage/Files/031408.pdf
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.235
Поени од реакции
41.551
Да да ќе се подобри одбраната како во второ полувреме со шпанија кога без него за 5 минути примивме 3 гола :helou:
Eпа ај пушти шишка и слушај емо, шо да ти кажам .

Според мене е дрветина тешка у моментов, не е некоја деструкција неговото евентуално заминување од тимот, ти мислиш поинуаку и тоа е тоа . Што би било кога би било не можеме да знаеме, може 10 гола ке примеа со него во екипата ( ко прв пат да биле ужас во втор дел ) . . . затоа такви споредби во фудбалот те молам не прави, банални се . На пријателската со Полска пример, усра добиена утакмица па никому ништо ( ваљда со нив беше кога направи смешен пенал).
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Абе како и да е самата причина за напуштање на репрезентацијата е банална и не би требало да ја напушти според мене. нека си игра додека го викаат и има корист од него а кога ќе остаре или ќе има бољи и спремни нека го заменат. Сега за сега одлично соработува со другите одбранбени играчи и тоа прави целина. Една алка е доволна да скинеш и ќе се растури цела врска.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.235
Поени од реакции
41.551
Ако евенутално ја напушти, иако не верувам, тогаш пази, ја напушта во период кога за прв пат во нашата историја имаат шанси за бараж за настап на едно големо фудбалско натпреварување .

Алал нека му е во една таква ситуација, иако тврдам дека не губат многу, статус кво ке се или за наша среќа би биле поквалитетни на тој дел од теренот .

Како и да е, дегенерик е, зошто ? Зошто пак повторувам, реткост е една ваква прилика, бараж за СП, а он што прави ? За мочани 200 евра дели шамари и уништува атмосвера во тим а капитен е .
А знаете што е најтрагично кај вас ? Тоа што ми давате клипови од Шпанија како тоа Пујол се тепал на тренинг, браво за вас, само бар да додадете дека Шпанија секоја година е редовен учесник на големите натпреварувања ( и моментално Европски Првак ) и може да си дозволи таков лукзуз во својот тим, ние НЕ, кај нас и мува да се исере врз Пачовски ке ги намали значително шансите за бараж, какви такви, сепак постојат што е реткост во оваа фаза од натпреварувањето во групи .
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Да да ќе се подобри одбраната како во второ полувреме со шпанија кога без него за 5 минути примивме 3 гола :helou:
А да не беше тој во Исланд, најверојатно сега ќе немавме грижи за второ место. И да беше во екипа со Шпанија, пак ќе ни бутнеа 3 гола. Нека си оди Седлоски бе, скоро 40 години е, староста му се осеќа, му паѓа концентрацијата. И не личеше ма капитен на оној тренинг, како капитен воопшто не треба да помислува на физичка пресметка со друг играч, туку на мирно решавање на спорот(ова по европски малку:))
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Барем уште овие 2 натпревари од квалификациите да ги одиграше,а не вака кога најмногу треба да замине.А и прашање е колку е точно ова.Шанси за бараж имаме,ќе се откажел !?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Апсолутно го поддржувам. Комплетно е во право.

Извенете што ова ќе го кажам, но сите оние кои го осудија на таков начин и свиреа кога имаше топка во нозе, да им е*ам све по список. Глу*и гове*а, матер им е*ам. Тоа што Гоце Седловски бил за оваа репрезентација, ни Пандев ни никој не бил.

Се изнакења јавноста против Седловски, а никој уствари не слушна што гомна исрал Попов, никој не ни претпостави. “Капитен е, не смее да удри...“ Е одете вие некојда ви пцуе мајка да видам дали нема да удрите, мочковци едни.

Апсолутно го поддржувам, и не заслужуваат такви опинци од фанови да го имаат Гоце Седловски.

Модератор, немој да си ме избришал, све е со цензура. И да, сериозен сум.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom