Гоце Николовски

Член од
6 април 2017
Мислења
11
Поени од реакции
35
Бидејки на Кајгана форумот не најдов ниедна тема за нашиот вечно непрежален Гоце, решив да отворам јас една.

На денешен ден пред 11 години го изгубивме нашиот Бисер Балкански - Гоце Николовски. Јас сум голем фан на неговата музика и многу ми е жал кога гледам дека по кафаните и радијата скоро никој никогаш не пушта ниедна песна од Гоце. За да ги спасам неговите песни од заборавот, пред неколку недели креирав YouTube канал во негова чест и ги објавив сите песни, спотови и видео матерјали што успеав да ги најдам од него.

https://www.youtube.com/channel/UCcKLvtyKsg63GuuFRSLXAdA

Кога почина Гоце, во еден од сега непостоечките весници (Утрински Весник) беше објавен следниов текст за него:



После секаков крај зборовите се раѓаат тешко. Ги има можеби премногу, но секогаш го носат со себе сомневањето дали го имаат капацитетот да ги соберат емоциите, тагата и болката што ги носи конечноста на крајот. Никако не е полесно ни тогаш кога крајот доаѓа како сопствен избор за бегство од безизлезот на животот, што колку што го создаваме самите, сепак, ни е предодреден и со самото постоење.


Гоце Николовски (роден 1947) својата лична борба на сопствените принципи и идеали, со „превртената слика“ на општествени вредности, ја прекина самиот на 16 декември 2006 година. Човекот, кој од 1990 година како своја идентификација ја имаше песната „Бисер балкански“ и неспорно има биографија на автентична македонска пејачка ѕвезда, заврши како „сензација“ од црната хроника, што секако би било неправедно за личноста што носеше „бајроновски дух во време на транзиција“. Велат дека дури и во времето на неговата најголема слава, Николовски ја имал секогаш онаа романтичарска „светска тага“, толку нетипична за времето што го живееше. Таа негова романтичарска природа, соочена со личните и општествени искушенија, го доведува до состојба на хронична депресија, која некогаш повеќе, некогаш помалку успева да ја прикрие. Но, на сите оние што го познаваа, некако премолчано им беше јасно дека тој не се обидува да ја надмине депресијата, особено по првиот обид за самоубиство, во 1996. Се' што е кажано по една трагедија, дури и како „оправдување“, го носи ризикот да звучи неправедно, но ни животот не му „одеше на рака“ со своите прилози на реалноста.


Николовски својата пејачка кариера ја започна кон крајот на шеесеттите години на минатиот век, како пејач со ѕвездена перспектива на тогашната југословенска забавна естрада. Од почетоците на „Скопски фестивал“ во седумдесеттите години, како евергрин е останата песната што тој ја има испеано „Тивко, тивко“ на авторот Григор Копров. Во тоа време тој е откритие за белградското шоу „Максиметар“ и, приближно, во тој период се случува неговата преселба во Ниш. Таму станува херој на градот, особено откако ќе спаси од давење во река една девојка. Но, уште тогаш, неговата аура на музичка ѕвезда како да доаѓа во конфликт со неговите македонско - патриотски насоки во карактерот. Сепак, своето семејство го формира во Ниш, Србија, а на првиот фолк-фест „Валандово“ во 1985 година доаѓа и е прифатен како голема ѕвезда, иако песната „Ино моме веселино“ не освојува награда. Во првите години на фестивалот, Николовски е редовен учесник, каде што во 1990 година победува со песната која станува сензационален хит, како и хит на деценијата во 1998 година. „Бисер балкански“ (автори - Јован Павловски и Хилми Билбил). Ниту една новосоздадена песна претходно, ни потоа немала таква општонародна прифатеност, што во периодот на раните деведесетти, што се совпаѓа со независноста на Македонија, ужива и своевиден статус на химна. Неспорно, во тие години, Гоце Николовски е ѕвезда по која владее еуфорија, и во Македонија и во дијаспората. Тој е веќе интензивно влезен во патриотскиот пејачки период, кој започнува, всушност, пред „Бисер балкански“, со песната „Мајка Македонија“ (од Ристо Краповски), испеана неколку месеци претходно. Патриотизмот и желбата за општествено-политичка праведност на Гоце Николовски беа искрени и далеку од поза и скриен мотив за некакво профитерство, сосема во согласност со неговата романтичарска природа. За цело време на неговата слава во Македонија, тој е невработена ѕвезда, понекогаш на работ на семејната егзистенција. Пријателите, кои признаваат дека тешко се допирало до него во последните години, се уверени во искреноста на неговиот политички ангажман уште од почетоците на Демократската пратија во 1994 година, како и присуството на кандидатската листа на ЛДП, на локалните избори во 1996 година. Дури и причините за неговата лична депресија, распадот на семејството (кое од 1987 е преселено во Скопје) и сите животни премрежиња што му се случувале ги наоѓаат токму во разочараноста од општествено-политичкиот транзиционен развој на земјата. Во последните години тешко било да се натера Гоце да запее, особено љубовни песни. Сепак, во антологијата на новосоздадената македонска лирика остануваат песните што тој ги испеа - „Мојата серенада“ и „Приказна за Ангелина“. Во социјално-административните „тефтери“, Гоце Николовски беше забележан како вработен во скопски „Водовод“. Сепак, Гоце Николовски е бисерот балкански што замина по долгогодишна тивка тага на романтичар во време на транзиција
 
Член од
6 април 2017
Мислења
11
Поени од реакции
35
Стари помалце познати слики од Гоце Николовски:

Ова е Гоце додека беше фронтмен на Нишката група "Далтони". Сликано 1966-1968


Плочава е издадена 1972 година


Гоце Николовски во 1970 година


Плочава е изадена во 1973


Плоча од Гоце Николовски. За жал неможев да дознаам од која година е.



LP плоча од Гоце Николовски изадена во 1987 година.
 
Член од
6 април 2017
Мислења
11
Поени од реакции
35
Убава тема .....Многу го почитував човекот .....Нека биде вечен во меморија ....
Благодарам, мило ми е што ти се допадна темата.
И јас го почитував и секогаш ќе го почитувам нашиот Гоце, затоа што тој не само што беше пеач со прекрасен глас туку беше и прекрасен човек кој незнаеше да направи зло на некому. Многу ми е жал што ваква добра личност со години страдаше од депресија за која што многумина не знаеја (додека беше Гоце жив незнаев ни јас)

По 11 години од неговата смрт сеуште ми е жал што на таков начин си замина. Никогаш не му бев лут нити гневен за тоа што одлучи сам да си го одземе животот, бидејки знам колку хендикепирачка и неподнослива знае да биде депресијата од прва рака (во пубертетот и јас имав тешка депресија)
Се надевам дека Господ ќе му прости за стореното и дека сега неговата душа е во Рајот.
Кога идам во црква понекогаш се молам за неговата душа. Неговата добра и напатена душа не треба повеќе да пати, туку да почива на место каде што има љубов, мир, разбирање и сочуство - во Рајот.
 
Член од
4 јуни 2014
Мислења
123
Поени од реакции
40
Да знае Гоце што се случува со Македонија сега само... Ах брее, солзи ми течат кога и да ја слушнам песнава. Изведена е на Фолк Фест - Валандово, 1990 година :) Валандовчанка сум, иако не сум била родена тогаш уште, горда сум што оваа песна потекнува од мојот град. Кога сите би ги имале истите чувства што Гоце ги има за нашата Македонија, би била и останала за навек наша најмила Македонија.

 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Гоце Николовски често се поврзува со неговите патриотски песни, што е и оправдано. Но има толку убави непатриотски песни, емотивни, како што е опишан и неговиот карактер во горниот текст, и мислам дека за жал тие песни не добиваат таа популарност што ја заслужуваат.

 
Член од
6 април 2017
Мислења
11
Поени од реакции
35
Пред неколку дена (на 16.12.2018) помина уште една година како сме без нашиот Бисер балкански - Гоце Николовски. Пред 12 години згасна животот на еден од нашите најдобри пеачи кои Македонија некогаш ги имала. Жалсно е што денеска многу ретко неговите песни се пуштаат по радијата кои пуштаат народни музики. Наместо неговите песни се пуштаат некои модерни препеви на стари убави Македонски народни песни кои не личат на ништо :(

Да се потсетиме на Гоце со ова видео. Во ова видео Гоцевата песна "Бисер Балкански" беше прогласена за Фолк Хит на Деценијата.

 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
Вчера ова излезе на Youtube.
Со помош на најновата технологија на вештачка интелигенција на Nvidia, неговата најпозната песна успорена 7 пати.
Ја ислушав и има некојa чудна моќ внатрe. Се осетив како кога слушам Enya.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom