Гоце Делчев

Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Еве што на времето мислеле, пишувале и како се однесувале споулавените Бугари и бугаромани кон македонскиот апостол на слободата Гоце Делчев, за денеска официјална Бугарија да се обидува да го присвои:

„Чудна е македонската интелигенција по својата дејност, по својата енергија, по својата упорност. Во историјата ретко може да се најде пример каков што претставува македонската интелигенција, која само што излезе од пелените на своето бебештво, поставена во најлоши услови, пројави животна способност и особини на какви што бевме сведоци во епохата на просветното движење и подоцна во времето на револуционерното движење.

За жал, оваа чудесна интелигенција не беше во состојба од своите пазуви да роди водачи со широки погледи, со свој умствен поглед, со своја просторна мисла, да застанат на чело на македонската фаланга, и да ја водат по патот на сигурниот успех. Малиот број поединци што беа собрале сили да се издигнат како водачи беа отерани во затворите, така што во квечерината на моментите кога требаше да се даде полн развој на револуционерното движење македонската интелигенција беше без вистински предводници.

По еден стек на околностите, кои не е потребно овде да ги третираме, на чело на револуционерното движење се најдоа луѓе кои не располагаат со потребниот морален и умствен полет нужен за едно такво умно дело. Делчев беше најјаркиот тип од тие водачи кои со својата заслепеност и умствена сиромаштија си вообразуваа дека нивните плеќи се доволни да ја изнесат слободата на Македонија. Неговиот повик - додека моето рамо ја крепи пушката, Македонија нема да биде достапна за бугарски офицер - многу јасно го карактеризира и како човек и како водач.“


Оригиналот е од весникот на „Врховистите“: „Реформи“, Софија, Год. 7, бр. 28, (Издаден на 25 јуни 1905 г.), стр. 1.

Цитирано според: Христо Андонов-Полјански, уредник „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, Том 1, Скопје, 1981, стр. 481.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Од 1944-1957, Гоце од бугарите бил сметан за македонски национален херој
Дино Кьосев, „Историја на македонското национално револјуционно движение“ (1954)

Во 1938 година, бугарите го забрануваат весникот по повод 35 годишнината од загинувањето на Гоце
СОФИЈА ЗАБРАНИЛА ВЕСНИК ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТО НЕ ПИШУВАЛ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ БУГАРИ

Македонија има копија од весникот за Гоце Делчев од 1938 година, што бил забранет од Бугарија

Комеморативен медал од 1904 година На бестрашниот македонски апостол Гоце Делчев, 1904

Medal_Gotse_Delchev..jpg

Софија април 1943. Легендарниот македонски револуционер и апостол Гоце Делчев
800px-Илустрација_Илинден,_Гоце_Делчев.jpg
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
....pogore ,a podole koj e ovoj makedonski bulgarin????
Aaaaaa 43 bila okupirana.... i Bulgaria od 1944-1957 isto be okupirana -od komunistite i rusnacite !!!!! Kako gledam golem santiment imate kon ovoj period ....
погоре погоре, овде. Ако Гоце не е споменат како македонски бљгарин, бљгарите веднаш апселе и запленувале, јбг. Или не ти стига дотаму. Бљгрија од 44-57 Гоце го сметале за македонски национален херој. Дали била и од кого окупирана, ваш проблем. Сте ги менувале "ставовите" како ќе дувне ветрот. Па уште ако земеш предвид кој е уредникот што мешал македонски револуционер и македонски бљгарин, треба да ти е јасно дека и тој уредник бил прилично забеган.

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО 1900: НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАДЕВАМЕ НА ТУЃА ПОМОШ, ДА НЕ ЧЕКАМЕ ПОМОШ ОД БУГАРИЈА

За да го отстрани, или барем да го неутрализира разбивачкото влијание на бугарскиот двор и неговата агентура тн. "Врховен македонски комитет", Гоце, и како задграничен претставник, активно дејствувал врз нивните претставници да се откажат од неповиканото мешање во внатрешните работи на Револуционерната организација, која претставува единствен легитимен претставник на македоно-одринското ослободително движење, и да дејствуваат само како помошна сила за материјално помагање на Организацијата. Во нивното отстранување, Гоце водел бескомпромисна борба против мешањето на бугарските влади и челниците на врховистичките македонски комитети. Најпечатливи одгласи од неговата борба за зачувување на единството од надворешните мешања имала неговата отворена реплика со претседателот на Врховниот комитет, генералот Николаев, кого го предупредил дека додека неговото рамо ја крепи пушката, нема да дозволи присуство на бугарски офицери во Македонија. Иста цел имала неговата Директива во 1902 година за забрана на влегување на врховистичките чети од Бугарија, како и предупредувањето до официјална Бугарија” да не мисли за Македонија, туку да си ја чува Бугарија, зашто Македонците ќе си ја чуваат Македонија.”

Прво, наводниот Бугарин Делчев, независно што учел во Военото училиште во Софија, не сакал да биде произведен како бугарски официр. Сакал да стекне воени познавања во корист на Македонија, но не сакал да биде користен од Бугарите. Затоа НАМЕРНО направил така што да биде исклучен еден месец пред да добие звање.
Второ, наводниот Бугарин Делчев во писмо до Ефрем Каранов од 1895 г. му пишува дека гледа на идна Македонија како на „слободна државичка“.
Трето, во истата 1895 г. во судир со претседателот на бугарскиот ВМК генерал Данаил Николаев изјавува: „Но знајте, ние не бараме покровители, а уште помалку господари“.
Четврто, наводниот Бугарин Делчев во Уставот и во Правилникот на ТМОРО од 1896 г. ги исфрла поимите „Бугарин“ и „бугарско“ кои биле ставени две години претходно и ги менува со Македонец и Одринец.
последната порака на наводниот Бугарин Делчев е запишана од неговиот четник Пејо Јаворов во неговите стенографски бележници. На 12 јануари 1903 г. Делчев му кажал: „Ќе го скинеме црниот превез и ќе изгрее сонцето на слободата, но не бугарско сонце“ (верз. м. Ст. Вл. М.)
„Не може да се надеваме на туѓа помош, да не чекаме помош од Бугарија, ни од која и да било друга сила, туку треба да се подготвиме однатре – во душата секој селанец да се проникне под таа идеја, сè да се подготви и тогаш да се крене масовно востание. Дотогаш никој однадвор да не се меша во нашата работа.“ (Г. Делчев до Иван Анастасов-Грчето, 1900 год.)
„Бугарската влада, којашто има чисти завојувачки намери спрема Македонија, штом ќе почне да дава пари, ќе знае како да ја исползува со таа „помош“ создадената состојба на работите внатре; таа нема да се задоволи со некакви платонски чувства, туку ќе сака реални привилегии… Повторувам, ударот ќе биде страшен!“ (Гоце на собранието во Софија, март 1901 год.)
 
Последно уредено:

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Од 1944-1957, Гоце од бугарите бил сметан за македонски национален херој
Дино Кьосев, „Историја на македонското национално револјуционно движение“ (1954)
Ова е одлука на Коминтернот да создаде Балканска федерација, в која Бугарија требаше да биде федеративна држава. Кога Тито и Сталин раскинаа се се врати.

Кој го кажува оваа?


Комеморативен медал од 1904 година На бестрашниот македонски апостол Гоце Делчев, 1904

Прегледај го приврзокот 217185
Еве ја другата страна на медалот.


Софија април 1943. Легендарниот македонски револуционер и апостол Гоце Делчев
Прегледај го приврзокот 217186
Гоце Делчев е револуционер од Македонија - македонски револуционер.
Малку подоцна во истата статија е напишано „Македонскиот Бугарин направи огромен напор за да ја добие драгоцената слобода на својата татковина.“.


Секоја паричка има две страни и добро е да се погледне од секаде и потоа да се извлекуват заклучоци. Сепак, тоа не може да го сторат заслепени луѓе. Тие треба да имат чист ум.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Кој го кажува оваа?
35годишнина не е 30годишнина. 1938ма не е 1933та, чисто информативно.
Еве ја другата страна на медалот.
јаки зборови. Бугарија се грижи за Македонија:vozbud:
На аверсот читко пишува Македонски апостол и револуционер.

IMG_7431-670x578.jpg

1946 година. На големиот македонски револуционер Делчев

Од внукот на Делчев
"...Гоце кој што со целата своја револуционерна дејност и разбирање фактички допринесе исклучително многу за оформувањето на македонската национална свест, /македонско славјанска, ниту бугарска ниту српска/..."

Од В Михајлов
Во белешките на Ванчо Михајлов (Сто години сегашност - В. Андоновски), може да се прочита една порака која што Михајлов им ја упатува на младите според него "македонски Бугари" од Скопје:
"...Ако младите се подготвени за акција, треба најнапред да го оштетат или целосно да го урнат споменикот на Гоце Делчев во скопскиот парк..."

Малку подоцна во истата статија е напишано
прво, споменат е како македонски револуционер. Второ, начинот на феноменот бугарска пропаганда како п. под кошула се јавува и овде како -македонски бугарин. Ова е уредено од уредник кој го пишувал и ова подолу, почетокот на легендата за Хитлер како ослободител на Македонија:


Но, речиси и да нема написи како бил претставуван Хитлер во печатот, откако нацистите влегуваат во Скопје на почетокот на април 1941. Интересен пример е априлскиот број на списанието Илустрација Илинден, посветен на „Царот на Бугарите“ (Борис III) и на Адолф Хитлер, кој е претставен како „ослободител на Македонија“.
Ilustracija-Ilinden-april-1941-naslovna.jpg
Насловната страница на Илустрација Илинден со фотографија на цар Борис.



Во еулогијата посветена на Адолф Хитлер, уредникот на списанието Кирил Христов Совичанов, го претставува фирерот како „недостигнат до сега државник“, како „пратеник божји, маж праведен и чесен“ кој поставува нови светски принципи: „…секој еднакво да се радува на Божјото сонце, секој да се развива согласно способностите, и дарбите подарени од провидението“.

Хитлер е претставен како ослободител и спасител на Македонија на кого му симнуваат шапка сите илинденци: „Илинденците… со симнати шапки се поклонуваат пред величината на спасителот на светата им родна земја, Адолф Хитлер“.

Под текстот е испечатена стихотворба „На фирерот Адолф Хитлер“, опишан како „смелиот борец за правдини“, илустрирана со селанки од с. Кривогаштани, како ги дочекуваат првите бугарски офицери и гости од Софија. Потоа е испечатена уште една стихотворба „Слободна Македонија“, во која се опева „моќната десница на Хитлера велик“ и славата на бугарскиот цар која се разнесува од Солун до Шар. Потоа следуваат текстови (повторно потпишани од главниот уредник) во кои се слави „ослободувањето“ и „големиот ден“, од име на Илинденците: „…мнозина илинденци не ќе можат да стигнат до ослободените им родни места, но славенички и смирено, ќе можат да кажат: „Сега можам спокојно да си умрам, зашто очите ми го видоа спасението на мојот народ“.“
И во рубриката во која се известува за состојбите на фронтовите и меѓународните односи („Положението“) како главен историски факт се потенцира ослободувањето на Македонија од страна на германските војски кои за кусо време ги разбиле војските на Југославија и Грција – „двете угнетителки на Бугарите во Македонија“. Во народниот број списанието се обраќа „Кон новоослободените бугарски граѓани“ да ги остават Царот и „правителството“ да ја управуваат државата, а „ние… смирено да се препуштиме на нашите занати и со труд да се стремиме да придонесеме за доизградувањето на севкупното величие на Голема Бугарија“.
Веќе во септемврискиот број на Илустрација Илинден се пропагира како општоприфатен факт дека Македонија е населена првенствено од Бугари, дека „Македонија е чисто бугарска земја“: „Во Македонија немало, нема, и нема да има Македонци“.
Во април 1942, под огромните нацистички знамиња, „ослободителите“ извршиле ритуално „симболично обединување на бугарскиот народ“ на плоштадот „Цар Борис Трети“ во Скопје. Девојки со „китни носии“ носеле земја од „новоослободените територии“, а владиката ја мешал со бугарската земја. Благословената земја била „торжествено“ донесена во скопската црква „Св. Богородица“ за да остане за „вечни времена“. По урнек на нацистичкиот слоган „Еден народ, еден рајх, еден фирер“, пропаганден слоган на „ослободителите“ бил „Еден цар, еден народ, една држава“, како што соопштува спикерот во пропагандниот филм за „бугарското обединување“.

И за крај, за фалсификатите

БУГАРСКИ ФАЛСИФИКАТ ЗА САМУИЛОВОТО ЦАРСТВО ОТКРИЕН ОД ПРОФЕСОР ОД ХАРВАРД
Бугарски професори ја фалсификувале познатата Битолска плоча, менувајќи ги годините и зборовите на неа, со цел да покажат дека Самуиловото царство билo бугарско.
Познатиот професор - славист од Харвард - Хорас Лунт (Horace G. Lunt), ја испитувал битолската плоча и докажал дека Бугарите направиле груб фалсификат врз плочата. Професорот утврдил дека плочата не е од времето на цар Самуил (11 век) како што ја претставувале бугарските професори, туку дека е од 13 век, кога Македонија била окупирана од Бугарите и со неа владеел бугарскиот цар Јоан Асен.
За несреќа на бугарските фалсификатори, професорот од Харвард го открил бугарскиот фалсификат, со кој тие сакале да прикажат дека Самоиловото царство имало бугарски карактер.
 
Последно уредено:
Член од
25 август 2019
Мислења
263
Поени од реакции
471
Se slozuvam, Goce Delcev e stvoritel na ideologijata za nezavisna i suverena Republika Makedonija. Bez nego makedonskata istorijata bi bila mnogu bleda i mnogu lita. Samo vo Skopje, 3 osnovni ucilista se narekuvaat po negovo ime, dodeka vo Bugarija ima cel grad. Nesomneno e deka Goce Delcev bil pocituvan i od najvisokite komunisticki strukturi vklucuvajki go i Tito. I jas sum za toa deka toj bil makedonec i deka se borel za CISTO MAKEDONSKI ideali.
No zosto toj predaval na bugarski jazik dodeka bil ucitel?
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Зошто предавал на бугарски јазик?!?
Прво и основно, ОВОЈ ДЕНЕШЕН “БУГАРСКИ“ ЈАЗИК НЕ Е БУГАРСКИ ТУКУ МАКЕДОНСКИ!
Не може во никој случај да биде бугарски. Бугарскиот е НЕРАЗБИРЛИВ јазик и за нас а и ЗА ВАС. Македонскиот јазик (источно наречје) бидејќи е службен јазик во државата Бугарија затоа и се вика “Бугарски“.
Второ, Ако би го примиле на работа во некое англиско училиште, тогаш, ќе држел часови на англиски јазик. На кој јазик би предавал во “бугарско“ училиште?!?
Ептен глупаво размислувате, тоа е чудо едно.
П.С. Плочата е фалсификувана за време на Првата Светска Војна. И потоа вратена на истото место. За да по некое време ја пронајдат и да речат : “еј види што најдовме! Чудо!! Ние немаме врска со тоа, првпат дури сега се пронајде оваа плоча и тоа ВИЕ ја најдовте, а не ние, нашите раце се “чисти“ :) Премногу наивно и провидно, ама ништо невообичаено - и “Грците“ истото го прават (правеле), сега се засилија и Србите со својот национализам па ако се врата пак овде, можеби и тие истото ќе го направат,Албанците исто така...
Не можам да ви се изначудам на вашата упорност и пакост, сто години сите околу нас се трудат да не уништат и самите да се прогласат за наследници на НАШАТА историја.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Бугарите викаат дека македонскиот јазик е бугарски јазик, а ние ќе им враќаме со тоа што ќе викаме дека бугарскиот јазик е македонски јазик.
Како малите деца:
- Глуп си!
- Е не е, туку ти си глуп!
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Бугарите викаат дека македонскиот јазик е бугарски јазик, а ние ќе им враќаме со тоа што ќе викаме дека бугарскиот јазик е македонски јазик.
Како малите деца:
- Глуп си!
- Е не е, туку ти си глуп!
Ќе викаме обете страни. Но кај децата е детска игра, а ова не е. Кој е во право?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Небитно ми е кој е у право. Само што, ако ние викаме дека бугарскиот е македонски, а они викаат дека македонскиот е бугарски, објективниот набљудувач, од страна (слушајќи го ова), веројатно би бил блиску до заклучокот дека станува збор за еден ист јазик.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Бугарскиот = не е славјански јазик.
Македонскиот = е во таа група (иако викаат дека ние немаме (јазично) врска со античките Македонци, не е така. И тоа како имаме, така да исто е).
Заклучок = ако “Бугарскиот“ јазик што денес така се вика и се говори во државата Бугарија е очигледно славјански јазик а вистинскиот бугарски јазик не е славјански јазик, тогаш што е ова што го говорат денес “Бугариве“? Ова што денес го говорат “Бугариве“ е просто кажано, Македонски јазик од источното наречје со примеси од “егејскиот“ говор (има многу бегалци од егејска Македонија) кој ПОГРЕШНО го викаат “бугарски јазик“ и така се вика не дека е етнички бугарски јазик туку поради државата Бугарија во која што е службен јазик.
Во Америка се говори англискиот јазик, ама за нив не е етнички, автохтон, домороден јазик туку е англиски, според англискиот етнос. Тој се разликува од англискиот но не е толку различен за да биде окарактеризиран како засебен етнички јазик.
Единствени амерички автохтони јазици се индијанските јазици. Исто како што во Бугарија има автохтон бугарски јазик, но народот кој го зборува е само мала етничка група во Бугарија и не е славјански народ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom