Гордон Сетер

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Раса со префинет и луксузен изглед, а истовремено и добар ловџија. После териерите, сетерите ми се омилени, а особено Гордонот. Се работи за жив пес кому треба голем простор за трчање и смирување на ловечката страст. Според најстарите записи, Гордонот потекнува од Шкотска. Расата е крстена според војводата Гордон, кој го докажал нејзиниот квалитет. Првите примероци на оваа раса се непознати, па се претпоставува дека со вкрстување на некој Шпаниел, Англискиот поентер и уште некои раси од која дошла непознатата висина. Неговата црно-црвена боја е голема мистерија исто така. Гордонот е помал во висина од Англискиот и Ирскиот Сетер. Има изострено сетило за мирис што го прави одличен за лов, а исто така одличен е и во групна работа. Неговото мускулесто тело овозможува издржливост и целодневна работа на терен. Погоден е и за лов во вода бидејки обожава да плива, а успешен е и на изложбите.

Стандард:

Општ изглед: елегантно куче со урамнотежена градба на телото.

Карактер: интелигентен, пријателски настроен, храбар и урамнотежен.

Глава: подолга отколку широка, изразен стоп, долга муцка со паралелни линии кои не завршуваат ни слабо, ни отворено, ни шпицасто. Усните не се опуштени, јасно изразени. Носот е голем, широк и црн. Низдрите се широко отворени, а муцката е подолга отколку длабока.

Очи: темно кафеави со интелигентен израз.

Уши: средна големина, ниско поставени и тенки, кои добро лежат на главата.

Забало: во вид на ножици

Врат: долг, подствиткан, без набори.

Предни нозе: долга лопатка која е добро поставена наназад, коската на лопатката е широка и рамна, затворена на гребенот. Лактовите се добро поставени одоздола и цврсто стојат до телото. Предните носе се снажни и рамни.

Тело: средна должина, длабоко. Ребрата се добро заоблени, слабината е широка, а градите не.

Задни нозе: долги помеѓу колкот и скочниот зглоб, широки и мускулести. Растојанието од скочниот зглоб до перничињата е кратко и рамно. Шепите се овални и затворени.

Опаш: рамен или благо подвиткан, не допира надвор од скочниот зглоб. Носен водорамно или под линијата на грбот. Влакното е долго и рамно од коренот, а накај врвот се смалува рамномерно.

Крзно: кратко на главата и предните делови на нозете. На врвовите на ушите влакното е долго и свиленкасто. На задните делови од нозете влакното е тенко и долго, како и кај стомакот и градниот кош. Влакното не смее да биде брановито.

Боја: Црна со црвен палеж.

Висина: мажјак: 66цм
женка: 62цм

Тежина: мажјак: околу 29,5kg
женка: околу 25kg
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom